
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Македонците и Србите земаат кредити за да живеат, а Хрватите за да инвестираат во недвижности. Квалитетот на животниот стандард во овие три земји, некогаш членки на иста државна заедница, дефинитивно се отсликува и преку видот на кредитите што ги земаат граѓаните од домашните банки за да ги финансираат своите потреби и желби. Во Хрватска доминираат станбените кредити, додека во Македонија и во Србија потрошувачките кредити, покажа анализата што ...
Потребно е претпазливо управување со јавните финансии преку одржливо ниво на јавен долг и соодветна фискална политика, иако е дизајнирана системска сеопфатна правна и институционална рамка за управување со јавниот долг и покрај позитивните оценки од ЕУ и ММФ за процесот на сервисирање на долгот поради достигнатото ниво на јавен долг од 62,1 отсто од БДП на 31.12.2023 година и обврските за еврообврзниците кои доспеваат во периодот 2025-2028 ...
Викендот е време за уживање! Затоа впушти се во гастрономска авантура и добиј поврат на средства до 10% со Mastercard картичките на Комерцијална банка за физички лица. Секој прв викенд во месецот, почнувајќи од јули до октомври, за секоја трансакција со твојата Mastercard картичка во ресторани, пекарници, слаткарници, кафулиња, барови добиваш до 10% поврат на средства. Средствата ќе ги добиеш за неколку дена на твојата картичка. Дознај повеќе ...
Со 12,5 милиони денари годинава ќе се субвенционира обновата и развојот на селата. Парите се наменети за изработка на урбанистички планови, улици, плоштади или шеталишта во населени средини до 30.000 жители. Најголем дел од предвидените средства се за исплата на веќе почнати инвестиции … За изработка на урбанистички планови, за изградба или реконструкција улици и атмосферска канализација во должина до 1 километар како и за изградба на плоштади, ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека железничката обиколница околу Ниш ќе биде „голема работа“ за тој град и за целата земја и се заблагодари на ЕУ што донирала 35 милиони евра за реализација на проектот. Во обиколката на подготвителните работи за изградба на обиколницата, Вучиќ рече дека државата многу вложува во Ниш бидејќи е важен град, објави Бета. „Го менуваме ликот на Србија и создаваме помодерна Србија и побогат југ. Ја ...
Германското здружение за автомобилска индустрија VDA ја повика Европската унија да се откаже од новите царини за кинеските електрични автомобили. Здружението VDA наведува дека воведувањето повисоки тарифи ќе предизвика штета на европските и американските производители на автомобили кои извезуваат од Кина, како и дека какви било одмазднички мерки на Пекинг тешко ќе ја погодат германската автомобилска индустрија, пренесува Reuters. Организацијата ...
Светските цени на храната стагнираа во јуни во однос на мај, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Светскиот индекс на цените на храната за јуни изнесува 120,6 поени, исто како и во мај, соопшти ФАО. Поскапувањето на млечните производи, шеќерот и растителните масла го компензираат падот на житарките, додека индексот на цените на месото е речиси непроменет во однос на мај. Во мај, индексот на цените на ...
Цените на нафтата се зголемија минатата недела бидејќи залихите на сурова нафта во САД нагло паднаа, што укажува на посилна побарувачка на почетокот на летната сезона на патувања. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 1,8 отсто, на 86,54 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 2,1 отсто, на 83,16 долари. Во фокусот на трговците на мало минатата недела беа податоците за побарувачката на ...
Народната банка ги објави податоците за „зелените кредити“ за првиот квартал од 2024 година, каде што се забележува годишен раст од 26,37%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, „зелените кредити“ се зголемени за 2,8 пати. Зелените кредити се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски информира дека сериозно ја разгледуваат можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор во земјава. Николоски истакнува дека анализата која ја направиле покажала дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. -На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат ...
Цените во туристичките центри се во постојан пораст, но се поставува прашањето што се нуди за таквите високи цени. Во нашиот најголем туристички бисер во последниве 20 години, особено во угостителскиот сектор тешко се наоѓаат објекти каде што се нуди барем минимален квалитет според светските стандарди пренесува МРТ. „Стандардна е понудата во подолг временски интервал, скоро дека ништо не се менува, а цените одат нагоре. Ние мораме да сугерираме ...
Туркменистан и Иран потпишаа договор за испорака на 10 милијарди кубни метри гас на Туркменистан годишно, кој Иран потоа ќе го проследи до Ирак. Иранските компании ќе изградат нов нафтовод долг 125 километри за да го прошират капацитетот за испорака на Туркменистан, објави АП. Договорот го објави Министерството за надворешни работи на Туркменистан, кое не ја прецизираше паричната вредност на договорот. Министерството соопшти дека Туркменистан ...
Сојузот на синдикати на Македонија веднаш со барања од новата Влада. Оттаму велат дека премиерот Мицкоски треба во првите 100 дена минималната плата да ја направи на 450 евра, а како извор посочуваат дека откако платите на функционерите пораснаа 78 отсто. Мицкоски пак, дециден, „да ги пуштиме нозете колку што е долга чергата“. Старите проблеми ја затекнаа и новата власт. И покрај тоа што минималната плата растеше во континуитет од 8.000 до ...
Продолжен е рокот за пријавувањето за субвенционирање на земјоделството за 2024 година. На сметките на земјоделците треба да се најдат скоро 6 милијарди денари. Најголем дел од вкупната финансиска поддршка е предвидена за растителното производство. Поднесувањето на барањата е до 31 јули. Со 2 милијарди денари годинава ќе се субвенционира растителното производство, а со помал дел сточарството. Право на државна помош земјоделците ќе имаат и за ...
Грција воведе доброволна шестдневна работна недела во одредени индустрии за да го поттикне економскиот раст и да ја зголеми продуктивноста, и покрај противењето на синдикатите кои велат дека овој потег нема да го реши недостигот на работна сила во земјата. Според грчките власти, шестдневната работна недела се однесува само на приватните бизниси во Грција кои обезбедуваат услуги 24 часа на ден. Како дел од продолжената работна недела, персоналот ...
Откупната цена на лебното зрно од 10 денари, како и пред 10 години е неприфатлива, сметаат агрономите зашто тоа може да го урне идното производство на лебно зрно и целосно да зависиме од увозот. Се очекува државата да најде начин да им помогне на производителите, кои пак треба да си го осигуруваат родот, како единствена заштита од сè почестите непогоди… Цената од 10 денари за килограм пченица што ја нудат откупувачите, како и пред 10 години, не ...
Се крои ребалансот на буџетот. И викендов се работи во Министерството за финансии за да се добијат точните бројки на државната каса. Сепак, како што веќе изјави министерката за финансии, просторот за маневар со буџетските расходи е сè помал. Се крои ребалансот на буџетот. И викендов се работи во Министерството за финансии за да се добијат точните бројки на државната каса. Сепак, како што веќе изјави министерката за финансии, просторот за ...
До 2030 година кинеските брендови на автомобили ќе бидат доминантна сила во светот, продавајќи девет милиони единици надвор од Кина, што ќе биде 33 отсто глобален удел. Растот ќе се заснова на предностите во трошоците, локализираните производствени стратегии на други пазари освен Кина и возилата со високотехнолошки можности што ги исполнуваат барањата на потрошувачите, кои се развиваат за дизајн и свежина, се наведува во извештајот на ...
Состојбата со државната каса е во катастрофална состојба, како тајфун да поминал и да ја опустошил државата, одговори премиерот на прашање поврзано со покачување на минималецот. Средба со синдикатите е извесна – Мицкоски вели дека ќе ги повика синдикатите и работодавачите на средба самите да оценат дали има можност за зголемување на минималецот. Ако се утврди дека нема, тогаш вели тој ќе се бара решение како да се постигне. „Каков е буџетот во ...
Visa и Mastercard ќе ги продолжат ограничувањата на надоместоците за плаќање со картички од странски државјани во Европската унија за уште пет години, до 2029 година, објави во петокот Европската комисија. За да се избегнат казни за прекршување на правилата за конкуренција на ЕУ, Visa и Mastercard се договорија во 2019 година да ги ограничат надоместоците за плаќања со дебитни картички на странски државјани во продавниците на ЕУ на 0,2 ...
За првиот човек на Finance Think, Благица Петрески одлуката та за линеарно зголемување на пензиите е спорна од аспект на нејзините последици, поради што ја сугерира потребата од нејзино преиспитување и изнаоѓање поинакви решенија . Ставот го поткрепува со анализа која упатува на тоа дека ваквиот чекор значително ќе ја продлабочи буџетската дупка во Фондот за ПИОМ, а со тоа и зависноста на Фондот од централниот буџет. Со линеарно и големо ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2024 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка, како што се посочува во соопштението, од денеска ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и ...
Не станува збор за тоа колку е долга чергата, туку колку покачувањето на минималната плата е приоритет за оваа Влада. Историјата не учи дека за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не е приоритет покачување на минималната плата и грижа за оваа категорија работници, ниту пак дијалог со синдикатите, соопшти денеска СДСМ. Во партиското соопштение се наведува дека седум години СДСМ обезбедуваше пари за плати во време на најголемите економски и здравствени кризи. ...
Околу 11 отсто од германските компании нудат четиридневна работна недела, покажува најновото истражување на Randstad ifo за менаџери за човечки ресурси. Околу 51 отсто од вработените со четиридневна работна недела се откажуваат од дел од својата плата за да работат само четири дена во неделата, наведува ifo, додека 39 отсто го распределуваат својата полно работно време на четири работни дена наместо на пет. Само 10 проценти можат да го намалат ...
Приврзаноста на Германците за готовина од година во година се топи, така што во 2023 година само 51 отсто од сите плаќања биле извршени со банкноти и монети, објави во понеделникот Бундесбанката. Централната банка во опсежна, редовна студија за навиките за плаќање на Германците рече дека тоа е за седум процентни поени помалку отколку во претходното издание од 2021 година. Плаќањата со дебитни картички се во пораст, а нивната употреба е ...
Уделот на електричната енергија произведена од ветерните централи во последните 24 часа во Европа е 11,7 отсто, според податоците од билтенот „ВиндЕвропа“, пишува „24Часа.бг“. Електричната енергија од копнените фарми со ветерници е 9 проценти или 642 гигават часови, а генерираниот ветер од морските постројки е 2,7 отсто или 191 гигават часови. Со најголем удел во ветерната енергија се Данска (65 отсто), Ирска (54 отсто) и Холандија (21 отсто), ...
Потрошувачката цена на какаото и чоколадото во прав во Европската унија во мај била за 6,3 отсто повисока отколку во истиот период минатата година, објави Евростат. Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека цената на овие две ставки се зголемува од почетокот на 2022 година, а значителен пораст е забележан во последниот квартал од таа година, со годишна стапка на инфлација од над 10 отсто. Танјуг. Повеќето земји од Европската ...
Биткоинот потона четврта последователна трговска сесија, дел од пошироката распродажба на криптовалутите што е во контраст со неодамнешните рекордни високи цени на глобалните цени на акциите. Дигиталното средство падна за дури 8,1% на најниското ниво од февруари, менувајќи се за околу 54.190 долари во 12:21 часот. Помалите монети како Ether, XRP и Cardano, исто така, забележаа поостри загуби во некои случаи кои надминуваат 10%. Крипто ...
Премиерот Мицкоски денеска најави дека граѓаните треба да се спремни на убави нешта бидејќи се очекуваат нови инвестиции, проширување на постоечки и нови 1.000 вработувања, информираат од владината прес-служба. „Периодот што следи ќе бидете сведоци на уште многу такви инвестиции. Ние уште во предизборието најавувавме дека ќе имаме неколку нови инвестиции, проширување на неколку постоечки инвестиции. Така што ќе имаме динамично лето што се ...
Продолжен е рокот за пријавувањето за субвенционирање на земјоделството за 2024 година. На сметките на земјоделците треба да се најдат скоро 6 милијарди денари. Најголем дел од вкупната финансиска поддршка е предвидена за растителното производство. Поднесувањето на барањата е до 31-ви јули … Со 2 милијарди денари годинава ќе се субвенционира растителното производство, а со помал дел сточарството. Право на државна помош земјоделците ќе имаат и ...