Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Граѓаните на Европската Унија во просек работат помалку отколку пред десет години, покажуваат најновите податоци на Евростат. Според статистиката, вработените на возраст од 20 до 64 години во 2025 година во просек работеле 35,9 часа неделно на главното работно место, додека во 2015 година просекот изнесувал 36,9 часа. Најдолга работна недела имале вработените во Грција со просек од 39,6 часа. Следуваат Бугарија и Полска со по 38,7 часа, како ...
Ескалацијата на тензиите меѓу САД и Иран повторно ги потресе глобалните финансиски пазари, при што цената на нафтата нагло порасна, акциите забележаа висок пад, а инвеститорите се насочија кон безбедни засолништа како американскиот долар и благородните метали. Цената на суровата нафта „Брент“ скокна за 3,7 проценти и достигна 97,79 долари за барел, откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападнала американска воздухопловна база и ...
Цената на златото забележа пад во текот на последното дневно тргување, откако го проби клучното ниво на поддршка од 4.500 долари, покажува најновата анализа на Economies.com. Продажниот притисок продолжил и дополнително ја турнал цената кон нивото на поддршка од 4.400 долари, по што следувал ограничен отскок, поттикнат од подобрување на моментумот и обиди за намалување на препродадените услови според индикаторите за релативна сила. Сепак, и ...
Серија сомнителни тргувања со нафта за време на американско-израелскиот конфликт со Иран повторно ја отвори дебатата за инсајдерското тргување и злоупотребата на доверливи информации на финансиските пазари во САД. Според анализите и извештаите на американските медиуми, сè почесто се појавуваат „пророчки“ облози и трансакции што предизвикуваат сомнежи дека одредени инвеститори однапред располагаат со чувствителни информации од владата. Како ...
Институтот на овластени ревизори годинава одбележува две децении од своето основање, јубилеј што претставува значаен момент за развојот на ревизорската професија и финансиската транспарентност во Македонија. По тој повод, Ненад Тортевски во видео интервју за Bankarstvo.mk и FinSight зборува за состојбите на ревизорскиот пазар, улогата на ревизијата во современиот бизнис и предизвиците што ги носи новото време. Во разговорот, Тортевски ...
Iute Group објави дека успешно пласирала дополнителни 140 милиони евра од својата постојна обврзница, со што вкупниот износ на издадени обврзници достигна 300 милиони евра. Компанијата, која работи на пазарите во Југоисточна Европа, соопшти дека новото приватно пласирање е дел од нејзината стратегија за понатамошен раст и зајакнување на финансиската позиција. Iute Group е финтек компанија со седиште во Естонија, која нуди потрошувачки ...
Цените на нафтата паднаа за околу четири проценти во средата наутро, бидејќи надежите за можен договор меѓу САД и Иран ги засенија стравувањата поради брзото намалување на залихите и затворањето на Ормутскиот Теснец. Американската сурова нафта WTI во утринското тргување во Европа падна за 4,32 проценти и се тргуваше по цена од 89,83 долари за барел. Во исто време, цената на северноморската нафта Брент се намали за 3,66 проценти, на 95,94 ...
АЛТА Банка АД Битола информираше дека денеска, 27 мај 2026 година, ќе биде извршена исплатата на пензиите за месец мај. Од Банката соопштија дека пензиите ќе бидат навремено достапни на трансакциските сметки на пензионерите, како и преку мрежата на банкомати и експозитури. „Пензиите ќе бидат навремено достапни на Вашите трансакциски сметки и преку мрежата на банкомати и експозитури на Банката“, соопшти АЛТА Банка. АЛТА Банка АД Битола ...
Од Банката соопштија дека од денеска, 27 мај 2026 година, средствата се достапни на сметките на пензионерите во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство. Доколку пензионерите претходно дале согласност, пензиите можат да ги подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија. „Пензиите за мај се веќе достапни“, соопшти Халкбанк АД Скопје. Од Банката соопштија дека од денеска, ...
NLB Banka Skopje информираше за нова промотивна понуда за младите корисници на NLB Next пакетот, со која секоја среда овозможува гратис билет за кино. Од Банката велат дека со Mastercard Debit картичката за млади, корисниците при купување на еден билет добиваат втор билет бесплатно. Промоцијата важи денеска, 27 мај, во киното Cineplexx. Поволноста се однесува исклучиво на билети купени на билетарницата во Cineplexx со Mastercard debit ...
Населението во Северна Македонија продолжува да се намалува, покажуваат најновите податоци на Евростат, според кои земјава за три години изгубила околу 14.500 жители. Според статистиката, бројот на жители во државата во 2022 година изнесувал 1.837.114, во 2023 година се намалил на 1.829.954, во 2024 година на 1.826.247, а во 2025 година достигнал 1.822.612 жители. Во меѓувреме, населението на ЕУ во 2025 година достигнало 451 милион жители, ...
Советот на Европската Унија донесе одлука привремено да ги укине царините за увоз на азотни ѓубрива што се користат во земјоделското производство, како и за суровините за производство на ѓубрива, со цел да се намалат трошоците во производството на храна и кај производителите на ѓубрива. Според Европската Комисија, се проценува дека поради укинувањето на царинските давачки увозните трошоци ќе се намалат за околу 60 милиони евра. Дополнителна ...
Американскиот пазар на акции достигна размери без преседан во финансиската историја. Според податоците од април 2026 година, вкупната пазарна вредност на компаниите котирани во САД изнесува повеќе од 75 билиони долари, што ја надминува комбинираната вредност на следните девет најголеми пазари на акции во светот. Овие податоци се засноваат на пресметките на Блумберг за домашно котираните компании на главните берзи во секоја држава. ...
Еврозоната би можела да се соочи со изолирани жаришта на финансиски стрес поради потресите на пазарите на кредити што ги одобруваат „нетрадиционални“ финансиски компании, но не и со системски ризик, оцени во вторникот Европската Централна Банка. Одделни делови од американскиот пазар на кредити што ги одобруваат финансиски компании надвор од банкарскиот сектор во последно време покажале знаци на стрес, поради стравувањата од прекумерна ...
Цената на златото во последните тргувања покажува мешани сигнали, додека инвеститорите внимателно ги следат техничките показатели и глобалните економски движења. Според анализата на „Economies.com“, златото забележало раст во текот на последните внатредневни тргувања, поттикнато од формирање позитивна дивергенција кај индикаторите за релативна сила, откако цената претходно падна на нивоа што се сметаат за препродадени. Ова придонело за ...
Во нов, современ простор во срцето на Скопје, Стопанска банка АД – Скопје ја отвори својата нова централна филијала, сместена во новата управна зграда на Банката. Станува збор за простор создаден да им понуди поудобно и помодерно банкарско искуство на клиентите. Како Банка со најдолга традиција во Македонија, Стопанска банка со овој нов објект отвора ново поглавје во своето работење, комбинирајќи современ дизајн, функционалност и финансиски ...
Управата за јавни приходи информира дека за користење на апликацијата „МојДДВ“ граѓаните мора успешно да се регистрираат и да добијат одобрување во системот е-Даночни услуги. Според информациите објавени од УЈП, без успешна регистрација и одобрен профил, апликацијата „МојДДВ“ не може да се користи. Од институцијата посочуваат дека доколку профилот сè уште не е одобрен, лицето треба лично да се упати во најблиската организациона единица на ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на горивата, со која од 27 мај на полноќ бензините и екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапат за 0,50 денари по литар, додека цената на дизелот останува непроменета. Со последната пресметка, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,46 проценти во споредба со одлуката донесена на 18 мај. Новите максимални цени ќе бидат: ЕУРОСУПЕР БС-95 – ...
NLB Banka Skopje освои 11 медали на годинашните NLB Group Games, натпреварување кое ги обединува вработените од групацијата преку спорт и тимски активности. Од банката информираа дека покрај освоените медали, учеството на настанот придонело и за зајакнување на тимскиот дух и сплотеноста меѓу колегите. „Се враќаме дома со 11 освоени медали, но и со нешто подеднакво вредно, уште поголема сплотеност и потврда дека најдобрите резултати доаѓаат ...
Во АЛТА банка АД Битола успешно е реализирана анкета за организациска култура и задоволство на вработените, во соработка со консултантот Драгана Николиќ од N&P Business Consulting GmbH. Како што информираат од Банката, во анкетата активно учествувале 87 проценти од вработените, а резултатите покажале дека тие ја препознаваат АЛТА банка како стабилна и просперитетна институција во која се градат доверба, тимска поддршка и вредности што ги ...
Растечките цени турнаа речиси една третина од Европејците во „несигурна“ финансиска состојба, покажува вториот Европски барометар за сиромаштија, спроведен на примерок од 10.000 испитаници. Истражувањето имало цел да ја испита способноста на Европејците да ги покриваат секојдневните трошоци, а резултатите покажуваат дека таа значително се намалила во последните три години. Дури 29 отсто од испитаниците ја опишале својата финансиска состојба ...
На пазарот на криптовалути повторно расте оптимизмот, откако биткоинот неодамна по подолг период повторно се тргуваше над границата од 80.000 долари. Иако оваа недела цената повторно падна под тоа ниво, биткоинот засега се стабилизира веднаш под психолошката граница, додека инвеститорите внимателно ги следат движењата на глобалните финансиски пазари. Аналитичарите оценуваат дека криптосекторот и понатаму е силно зависен од расположението на ...
Европа сака да ја намали зависноста од американските платежни гиганти како Visa и Mastercard, но планот за воведување дигитално евро отвори сериозни поделби меѓу Европската централна банка и финансиските компании кои стравуваат за своите приходи. По пандемијата, безготовинските плаќања доживеаја силен раст, што дополнително ја зголеми зависноста на еврозоната од американските компании кои обработуваат речиси две третини од сите картични ...
Комерцијална банка објави промотивна понуда за станбени кредити, која ќе трае до 30 јуни, а во рамки на која клиентите ќе можат да аплицираат без трошоци за одобрување и без трошоци за процена на имот. Од банката информираат дека кредитот се нуди со фиксна каматна стапка од 3 проценти за првите пет години, рок на отплата до 30 години и можност за грејс период до 12 месеци. Станбениот кредит е наменет за купување, изградба или реконструкција ...
Цените на суровата нафта се обидуваат да закрепнат по претходните загуби, но техничките показатели сè уште сигнализираат внимателност кај инвеститорите. Според најновата анализа на Economies.com, нафтата бележи ограничен раст, поттикнат главно од обидите на пазарот да ги намали претерано препродадените услови, при што индикаторите за релативна сила почнуваат да испраќаат позитивни сигнали. Сепак, и покрај ова краткорочно стабилизирање, ...
Разговараме со Снежана Станковиќ, претседателка на Управниот одбор на Сава пензиско друштво, за мерките што компанијата ги воведува со цел подобра поддршка на вработените и нивниот семеен живот. Според неа, една од клучните политики на ниво на целата Сава осигурителна групација е токму поддршката на родителството и балансирањето помеѓу приватниот и професионалниот живот. „Една од главните мерки што ги преземаме е заштитата на родителството ...
Разговараме со Снежана Станковиќ, претседателка на Управниот одбор на Сава пензиско друштво, за предизвиците со кои се соочува пензискиот систем и демографските трендови кои влијаат врз неговата одржливост. Според неа, бројките јасно покажуваат дека традиционалниот модел на финансирање на пензиите станува сè потешко одржлив. „Првиот столб повеќе не може целосно да ја исполни својата обврска. Тоа значи дека сите ние како граѓани сме загрозени ...
Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија. Ние не следиме трендови. Ги создаваме. Сега го шириме тимот и бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст: Раководител на партнерски екосистем Не бараме само раководител. Бараме ...
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 25 мај (понеделник) поради прослава на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. „Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка“, велат од Комерцијална банка. За корисниците на ...
Седиштето на Стопанска банка АД – Скопје е добитник на престижниот LEED Gold сертификат, со што објектот стана првиот LEED-сертифициран проект во Скопје и првиот во Северна Македонија што достигнал Gold ниво. Информацијата ја објави компанијата Focal преку објава на социјалните мрежи, каде што се наведува дека зградата покажала одлични резултати во сите поднесени категории за оценување, при што биле прифатени сите кредити. Од компанијата ...