Со почетокот на летниот распуст, Стопанска банка ги повика учениците и нивните родители да го искористат периодот за одмор, но и за создавање навики за штедење. Од банката порачуваат дека свидетелствата исполнети со петки се добра можност за дополнување на „Пчелка депозитот“, штеден производ наменет за најмладите. „Распустот е идеално време за освежување и полнење на батериите. А свидетелствата полни петки се добра прилика да го наполните и ...

Континуираната посветеност кон општествено одговорно делување и поддршката на повисоките општествени цели, на Комерцијална банка ѝ ја донесе наградата „Добри соседи“ од Клубот на одговорни бизниси на Конект во партнерство со Министерство за економија и труд на РСМ. Континуираната посветеност кон општествено одговорно делување и поддршката на повисоките општествени цели, на Комерцијална банка ѝ ја донесе наградата „Добри соседи“ од Клубот на ...

Кроација Осигурување ги повикува граѓаните да ја обезбедат својата иднина преку производот „Ексклузив осигурување – Живот“, кој нуди животно осигурување, можност за штедење и оплодување на средствата во рамки на едно решение. Од компанијата посочуваат дека станува збор за производ кој овозможува финансиска сигурност и долгорочно планирање, комбинирајќи осигурителна заштита со можност за акумулација на средства. Заинтересираните граѓани можат ...

Халкбанк АД Скопје започна нова промотивна кампања со која на корисниците им нуди ваучер во вредност од 1.000 денари за гориво од Makpetrol при отворање онлајн сметка. Од банката информираат дека процесот на отворање сметка се одвива целосно дигитално, брзо и едноставно, без потреба од посета на филијала. Заинтересираните граѓани можат да ја отворат својата сметка преку онлајн платформата на Халкбанк, по што ќе можат да го искористат ...

Едно секојдневно плаќање со Visa картичка му донесе незаборавно доживување на клиент на Комерцијална банка. Банката ја додели главната награда од наградната игра „Плаќај со Visa – Disneyland® Paris те чека!“, а среќниот добитник е Игор Наумоски. Наумоски заедно со своето семејство ќе отпатува во Disneyland Paris, каде ќе има можност да ужива во магијата на еден од најпознатите забавни паркови во светот. „Навистина сме пресреќни и благодарни ...

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за мај 2026 година. Од банката соопштуваат дека корисниците на парична помош од социјална и детска заштита можат да ги подигнат средствата во секое време преку банкоматите на НЛБ Банка. Воедно, од банката ги потсетуваат клиентите дека средствата можат да ги користат и безготовински, односно за плаќања во трговската мрежа, како и преку ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, учествуваше на панел-дискусијата на гувернерите „Трасирање на идниот развој“, одржана во рамки на меѓународниот симпозиум „Навигација низ светската финансиска неизвесност – развој на финансиските пазари, инвестициските стратегии и меѓународниот монетарен систем“ во Шангај. Настанот беше организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина, а на него се дискутираше за ...

Како изгледа иднината на плаќањата во време кога дигитализацијата и вештачката интелигенција сè повеќе го менуваат начинот на кој купуваме, плаќаме и управуваме со сопствените финансии? На овие и на многу други актуелни прашања одговори дава Филомена Пљакоска Аспровска, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на CaSys, во најновата епизода на поткастот FinSight, реализирана со поддршка на GEA – Алијансата за родова еднаквост ...

Цената на златото продолжи да паѓа во текот на последното тргување и го достигна нивото на поддршка од 4.200 долари, кое аналитичарите го посочуваа како крајна цел на актуелниот надолен тренд. Според анализата на Economies.com, падот е резултат на континуираниот продажен притисок и доминацијата на продавачите на пазарот. Негативната техничка слика останува непроменета, бидејќи златото и натаму се тргува под 50-дневниот експоненцијален ...

Цената на суровата нафта забележа раст во текот на последното тргување, откако успеа да се задржи над клучното ниво на поддршка од 86 долари за барел, кое претходно беше посочено како важна цел во анализите на пазарот. Според аналитичарите на Economies.com, стабилизирањето над ова ниво овозможило позитивен импулс и делумно закрепнување на цената, при што се намалени условите на препродаденост на пазарот. Дополнителна поддршка за растот доаѓа ...

Акциите на американските и азиските берзи забележаа пад, откако технолошкиот сектор повторно се најде под притисок, а дополнителна неизвесност предизвикаа и новите тензии на Блискиот Исток. На Волстрит, индексот Dow Jones во вторникот порасна за скромни 0,17 проценти и затвори на 50.872 поени. Од друга страна, индексот S&P 500 ослабе за 0,26 проценти на 7.386 поени, додека Nasdaq загуби 0,97 проценти и се спушти на 25.678 поени. ...

Писмата на легендарниот инвеститор Ворен Бафет до акционерите на Беркшир Хатавеј, објавувани во периодот од 1965 до 2024 година, денес се сметаат за едно од највлијателните дела за инвестирање, бизнис и управување со капитал. Новата збирка од речиси 1.000 страници ги обединува шесте децении искуство на човекот кој изгради едно од најголемите богатства во светот. Во своите писма Бафет не нуди само инвестициски совети, туку и лекции за трпение, ...

Глобалниот пазар на ризичен капитал влегува во нова фаза откако четири од највредните приватни технолошки компании во светот најавија излегување на берза во период пократок од три недели. Заедничко за сите нив е што работат во секторот на вештачката интелигенција, што дополнително ги засилува очекувањата дека 2026 година ќе биде пресвртна за AI индустријата. Прв во редот е SpaceX на Илон Маск, кој веќе го започна процесот за иницијална јавна ...

Претставници на институциите за осигурување на депозити од земјите во регионот се состанаа во Загреб на 1 јуни, каде што разговараа за унапредување на системите за пресметка на премии врз основа на ризик и зајакнување на финансиската стабилност. На состанокот беа презентирани искуства и добри практики од повеќе држави, со посебен акцент на моделите што се применуваат за утврдување на премиите кои ги плаќаат банките во рамките на системите за ...

Компанијата Iute Group преку својата македонска подружница ИУТЕ Кредит Македонија ќе издаде корпоративна обврзница во вредност од 3 милиони евра, откако Комисијата за хартии од вредност на Северна Македонија ја одобри јавната понуда. Станува збор за прво издавање обврзници на компанијата на македонскиот пазар на капитал. Според одобрениот план, ќе бидат издадени 30.000 корпоративни обврзници со номинална вредност од по 100 евра. Средствата ...

Годишната стапка на инфлација во Северна Македонија во мај изнесуваше 4,8 проценти, што претставува забавување во однос на априлските 5,7 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. На месечно ниво, потрошувачките цени во мај пораснале за 0,6 проценти, по растот од 1,3 проценти забележан во април. Најголем годишен раст на цените е регистриран кај алкохолните пијалаци и тутунот, каде инфлацијата достигнала 9,3 ...

Дигиталното евро, за кое сè почесто се дискутира во Европа, е замислено како нова форма на јавни пари што ќе им овозможи на граѓаните дополнителна опција за плаќање во дигиталното опкружување, без да ја замени готовината или постојниот банкарски систем. Според објаснувањата на Европска централна банка, дигиталното евро нема да биде криптовалута, туку дигитална верзија на парите издадени од централната банка, наменета за секојдневни ...

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија. Ова значајно национално признание се доделува за најдобрите практики и иновативни решенија што организациите ги применуваат за унапредување на благосостојбата на ...

Во среда, 3 јуни, во дворот на ООУ „Браќа Миладиновци“ во Куманово свечено беше пуштено во употреба новото мултифункционално спортско игралиште, реализирано со поддршка на финансиското друштво Flex Credit како генерален спонзор и донатор на проектот. Новото игралиште ќе го користат учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“, а неговата посебна вредност е инклузивниот пристап што овозможува активно користење и од страна на ...

Од полноќ стапија во сила нови малопродажни цени на горивата, при што бензините поевтинија за два денари по литар, додека цената на дизелот се зголеми за 1,50 денари по литар. Според новата одлука, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 86 денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88 денари за литар. Од друга страна, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 87 денари за литар, што претставува поскапување во однос на досегашната цена. Новите цени важат ...

Силниот раст на американските берзи во последните месеци повторно ги поттикна дебатите дали бумот на вештачката интелигенција создава нов финансиски балон. Загриженоста дополнително се зголеми по неодамнешната нестабилност на пазарите и падот од 5 проценти на индексот Насдак-100 минатиот петок. Сепак, според анализите, актуелниот раст на американскиот пазар на акции не е резултат на шпекулации или претерано високи вреднувања, туку пред сè на ...

Федерален суд во САД пресуди дека таксата од 100.000 долари за новите H-1B визи, воведена од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, е незаконска и не може да се спроведува без одобрение од Конгресот. Одлуката ја донесе окружниот судија Лео Сорокин во Бостон, постапувајќи по тужба поднесена од 20 државни обвинители од Демократската партија. Тие ја оспорија мерката што Трамп ја најави во септември минатата година, со која значително се ...

Цената на златото ја загуби позитивната динамика и повторно се соочува со ризик од натамошно намалување, покажува најновата анализа на Economies.com. Според аналитичарите, златото во текот на последното тргување се приближило до клучното ниво на поддршка од 4.300 долари, што укажува на продолжен притисок од продавачите и доминација на краткорочниот надолен тренд. Дополнителен сигнал за слабост е движењето на цената под 50-дневниот ...

Суровата нафта го продолжи падот и во последното тргување, при што аналитичарите предупредуваат дека краткорочниот надолен тренд сè уште доминира на пазарот. Според анализата на Economies.com, цената се движи долж секундарна надолна тренд-линија, што укажува на континуиран продажен притисок и ги поддржува очекувањата за натамошно слабеење. Дополнителен негативен фактор е фактот што нафтата останува под 50-дневниот експоненцијален подвижен ...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја назначи Екатерина Соловова за придружна директорка и шефица на канцеларијата за Црна Гора, а на новата функција ќе стапи на должност на 1 септември 2026 година. Соловова ќе ги предводи активностите на Банката во Црна Гора, вклучувајќи ја реализацијата на инвестициите, дијалогот за јавни политики и поддршката на реформските процеси во земјата. Таа ќе го наследи Ремон Закарија, кој ќе ја преземе ...

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја заврши редовната консултација со Република Северна Македонија согласно член IV од Статутот на ММФ, при што даде позитивна оцена за спроведувањето на монетарната политика и за состојбите во финансискиот систем. Во својата оцена, директорите на ММФ истакнуваат дека домашната економија се соочува со неповолни влијанија од светскиот енергетски шок, што претставува ризик за забавување на ...

Халкбанк ја доби наградата за одржлив развој во категоријата „Животна средина“, за проекти и иницијативи во областа на климатската акција и зачувувањето на природата, која ја доделуваат Министерството за економија и Клубот на одговорни бизниси – Конект. Признанието е доделено за иницијативата „Милион садници“, еден од најзначајните проекти во рамките на платформата ХалкЕко, преку која банката веќе години наназад активно придонесува кон ...

Наглото закрепнување на биткоинот кон нивото од 64.000 долари предизвика ликвидација на повеќе од 320 милиони долари во кратки позиции на криптопазарот за само 15 минути. Станува збор за т.н. „short squeeze“, појава при која трговците што се обложиле на понатамошен пад на цената се принудени да ги затворат своите позиции, што дополнително го поттикнува растот на вредноста на криптовалутата. Пресвртот дојде откако биткоинот на 5 јуни падна до ...

Халкбанк ги повикува пензионерите да ги искористат придобивките од ПЕНЗИ пакетот, кој нуди повеќе банкарски услуги и дополнителни поволности за полесно секојдневие. Со пакетот, корисниците добиваат исплата на пензијата пред првиот ден во месецот, можност за подигнување готовина од сите банкомати во земјава, како и пристап до низа услуги наменети за нивните секојдневни потреби. Дополнително, сите новопријавени корисници на ПЕНЗИ пакетот ...

Народната банка четврта година по ред обезбедува поддршка за македонските ученици кои ќе ја претставуваат државата на Меѓународната економска олимпијада. Годинашната Деветта меѓународна економска олимпијада ќе се одржи од 12 до 20 јули 2026 година во Шенжен, Народна Република Кина. Во рамки на подготовките, учениците посетуваа стручни предавања и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството организирани од ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
60%
1012
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
6.3
64%
1010
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
89%
1011
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
49%
1013
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
3.75
54%
1010
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 15ᴼ
0.51
97%
1012
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
0.89
63%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 21ᴼ
2.06
55%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.0
57%
1013
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
82%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
6.69
72%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
94%
1010
Currency

61.525

Currency

52.552

Currency

71.7053

Currency

37.5633

Currency

38.2474

Currency

65.829

Currency

7.83255

Currency

0.63599

Currency

0.33113

Currency

0.52487

Currency

1.09575

Currency

0.55011

Сребро

2219.78

Паладиум

42824.79

Рутениум

53852.50

Бакар

13.15

Иридиум

252383.36

Калај

55.08

Алуминиум

3.19

Кобалт

56.29

Платина

60089.75

Злато

146070.49

Цинк

0.00

Родиум

282926.57