
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Во интерес на безбедноста на сите граѓани, а посебно за безбедно прославување на матурските и полуматурските вечери, Секторот за внатрешни работи Битола апелира до сите учесници во сообраќајот, а посебно матурантите кои имаат стекнато право за управување со моторно возило, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на неконсумирање на алкохол доколку се управува возило и приспособување на брзината спрема условите и ...
Денешните генерации на ученици, поготово, основците, не знаат што точно значи принципиелен и доследен наставник, по однос на она што го работи и очекува од учениците. Нормално, оној наставник / професор, што работи на часовите со учениците и сака да ги научи, за возврат бара повратни знаења, размислувања, тврдења макар логични и критички, но да бидат лични, не, напамет (а тоа се постигнува, само кога се размислува со своја глава). Тој е ...
Претседателски и парламентарни избори во град Битола Анализата за двојните избори 2024 ја направија авторите м-р Мите Ристов, м-р Гордана Богоевска и истата можете да ја следите на следниот линк https://storymaps.arcgis.com/stories/ Претседателските и парламентарните избори во град Битола се одржаа на вкупно 114 избирачки места. 24.04.2024 Претседателски избори - 1 круг 08.05.2024 Претседателски избори - 2 круг и Парламентарни избори ...
Активностите во рамките на проектот вклучуваа обука, посета на Општина Битола и завршна конференција. Обуката беше одржана на 16 и 17 март 2024 година, а посетата на Општина Битола на 2 април 2024 година. Потоа, на 26 април 2024 година се одржа и завршната конференција на која беа претставени активностите и резултатите од проектот. Потоа се спроведе панел дискусија со советничката за млади на Општина Битола, Гордана Цветковска Бошевска, на тема ...
На 19.05.2024 во 00.20 часот на ул.„Охридска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(36) од Битола. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен Суд Битола за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено ...
На 18.05.2024 во 01.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Г.(54) од с.Долно Српци, битолско и патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(57) од Битола,соопшти МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.К., констатирани во Клиничка болница Битола. ...
На 17.05.2024 во 12.16 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Новаци, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(50) од Кавадарци и трактор со приклучна земјоделска работна машина со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(71) од с.Новаци, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот констатирани во ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица – маж и жена кои се осомничени дека во група извршиле грубо насилство врз дете родено 2009 година, со што сториле кривично дело – Насилство согласно член 386 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Двајцата сопружници, на 15 мај, влегле во основно училиште во Битола, при што таткото физички ја оттурнал наставничката и директно нападнал еден од учениците, соученик на ...
Камион што носел јаглен за РЕК Битола, се судрил со трактор на сообраќајницата која минува низ село Новаци, потврдуваат за АПЛА.мк, жители на селото, очевидци. Од СВР Битола потврдуваат дека во сообраќајката има едно повредно лице. Граѓанин ни ги испрати фотографиите со објаснување дека најверојатно тракторот во движење бил зафатен од камионот по што се превртил, засега немаме информации за состојбата на трактористот и очекуваме подетални ...
Во Домот на културата во Битола вечерва свечено ќе биде отворен 13. Меѓународен поетски фестивал „Поетски синтези-2024“, во организација на Здружението за наука и култура „Нова“ и под покровителство на Министерството за култура и општина Битола. Како што информираат организаторите, на првата фестивалска вечер ќе настапат 15 автори меѓу кои и поети гости од Италија, Хрватска и Црна Гора, како и поети од Битола, Скопје, Прилеп, Крушево и Гостивар. ...
Трета година по ред, Општина Битола е дел од оганизираната пролетна акција за чистење и селектирање на отпад „Генералка викенд“, која се спроведува на иницијатива на Мен енд Маунтен во соработка со Пивара Скопје и ПАКОМАК. Утрово, акцијата во Битола ја започнаа јавните претпријатија, 10 основни, 3 средни училишта од општината, а во еко активностите се вклучуваат и Оф Роуд клубот „Пелистер“ од Битола, КУД Илинден и дел од граѓаните преку своите ...
Спласнува еуфоријата во јавноста, особено кај членството на СДСМ кои јасно и недвосмислено бараа оставки од носителите и коносителите на пратеничките листи по изборниот дебакл. Поведени од народната – Секое чудо за три дена!, ни избраните патенички кандидати не се одзваа на крикот на членството, да се понесе одговорност од оние кои донесоа досега незапаметен пораз на партијата. Така, битолчани, членови на СДСМ, велат дека ветрот ги издрпа ...
На 15.05.2024 во СВР Битола, Р.М.(48) од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Р.Л. и Н.Л., родители на негов соученик. Истиот ден, М.Т.(44) од Битола, наставничка во истото одделение, пријавила дека за време на настава била физички нападната од Р.Л. и Н.Л.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти полицијата. Пред нецел месец професорка од средно ...
Автор м-р професор Даниела Петровска (Кога би можела, би гласала за легализација на евтаназија за болните во терминална фаза) Оваа колумна се бави со одбрана на правото на човекот (оној кој е неизлечиво болен и се наоѓа во терминална фаза) да одлучи да побара смрт од милост поради желбата да си ги скрати „маките“ во претсмртната агонија, а истовремено да го надмине чувството на немоќ и долготрајна несреќа. Мое лично уверување е дека евтаназија е ...
Судскиот совет ги утврди кандидатските листи за членови на судски совет од Врховниот суд и од Апелационото подрачје Битола. На двете листи има вкупно пет судии. Со шест гласа за и 5 против, Судскиот совет ја утврди кандидатската листа за член од Врховниот суд на која се кандидатите Цветанка Периќ и Исамедин Лимани. На кандидатската листа за избор на член на Советот од апелационо подрачје Битола беа утврдени кандидатите Александар Камбовски, ...
Вкупно 1.918 правни лица и 3.790 физички лица се најдоа на последната листа на должници на Управата за јавни приходи. Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.610.197.639 денари (околу 173 милиони евра). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.431.812.675 денари, додека долгот за царински давачки е 178.384.964 денари. Листата се однесува на долгови доспеани до 31.01.2024 и неплатени до 30.04.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, ...
Контролите се спроведуваа и во изминатиот период, но по барање на граѓаните, деновиве истите се интензивираат и ќе траат се до комплетно уредување на Широк Сокак пред секој објект, согласно законските прописи. Зголемениот инспекциски надзор е во согласност со политиката на локалната самоуправа за спроведување и почитување на правилата и прописите, а со тоа и постигнување на целта за уреден град, во кој Широк Сокак навистина ќе биде широк. ...
На денешната средба со дел од одговорните лица на одделението, присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој напомена дека, при разговорите со донаторите кои претходеа во изминатиот период и како лекар и како градоначалник, посебно ја потенцираше и иницираше потребата од вакви инвестиции за подигнување на квалитетот на условите во здравствените установи, пред се во битолската болница, иако оваа област не е во ...
Реализацијата на проектот за реконструкција на спортските игралишта кај ОУ „Елпида Караманди“, се одвива согласно предвидената динамика. Деновиве, интензивно се работи на ископ и гребење на стариот и значително оштетен асфалт, а отстранети се и оградите. На овој начин, се овозможува соодветно прилагодување на теренот за изградба на новите терени за фудбал, кошарка и одбојка, како и фитнес зона и патека за трчање. Овој проект, произлегува од ...
Со забрзана динамика, продолжуваат активностите за изградба на новиот противпожарен дом, еден од капиталните проекти на оваа локална самоуправа и градоначалникот Тони Коњановски. Целосно е отстранет, стариот руиниран објект на негогашниот армиски магацин на просторот на поранешната касарна. Со ова создадени се потребните услови за започнување на комплетно новата градба со површина од 1600 м² . Објектот ќе биде во согласност со современите ...
Граѓанскиот активист Драган Велјанов од Битола, направи анализа на резултатите од двојни избори, парламентарни и претседателски. Според него на избори СДСМ доживеа потоа, ДУИ пирова победа, а за ВМРО оваа голема доверба од граѓаните значи уште поголема одговорност за успешно раководење со државата. Сума сумарум: На ниво на држава имаме поголем одзив за гласање, иако бројот на новозапишани гласачи е многу мал. Бројот на неважечките гласачки ...
Максималниот капацитет на прифатилиштето е за сместување на 55 кучиња. Со одобрувањето на прифатилиштето од Агенцијата за храна и ветеринарство, истото е внесено во официјалниот државен регистар на прифатилишта и општината може да премине кон спроведување на завршните административни чекори за ставање во функција на прифатилиштето. Во оваа фаза, потребно е со одлука на Совет, прифатилиштето да биде предадено на управување од страна на ЈП ...
Секој час, секој миг, членови на битолската организација на СДСМ чекаат оставки од раководството, и во централата во Скопје, и на локално ниво, за изборниот дебакл на 8 мај. Истакнати членови, социјадемократи, на социјалните мрежи бараат одговорност од партиските функционери за изборниот пораз. Прстот на локално ниво е особено вперен во потпретседателот на СДСМ од Битола и министер за култура во оставка, Бисера Косадиновска Стојчевска, како ...
Претседателот на ОО на СДСМ Битола, Драган Крајовски, по вчерашниот изборен дебакл на СДСМ во Битола за Апла.мк вели дека во овој момент не поднесува оставка и ќе чека насоки од централата во Скопје. Крајовски во изјава за Апла.мк вели дека -Поразот на СДСМ е во целата држава по што треба да се направи генерална анализа. -Со општинската организација на СДСМ Битола управува Извршен и Надзорен одбор, без консултации со овие два органи и сите ...
Државната изборна комисија информира дека од обработени 99,6 отсто од податоците на вчерашното гласање за парламентарните избори во Македонија коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Твоја Македонија освои 58 пратенички места, коалицијата на СДСМ 18, ДУИ 19, коалицијата Вреди 1, а Левица и ЗНАМ по 6 мандари. Или според бројот на освоени гласови: коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ 431.084 гласови или 43,22%, СДСМ – 153.195 или 15,36%, ДУИ 137.485 или 13,79%, Вреди ...
Првичните резултати од денешните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени 21 отсто од избирачките места, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 47.196 (33,19%), Европски фронт на ДУИ 33.284 (23,41%), Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 27.792 (19,55%), а Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 15.908 (11,19%). Лавица има 7.228 ...
Општинската организација на СДСМ Битола на два часа пред затворањето на гласачките места на својот Фејсбук профил се жали на нерегуларности во однос на изборниот ден во Битола. Во исто време објави и фотографии со скриени ликови. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост "Добредојде" назад МВРО!? Набљудувачи без соодветни акредитации, кандидати за пратеници пред избирачки места, партиски функционери и војници кои агитираат да се гласа за определена ...
Одзивот на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, а на парламентарните е 46,93 отсто Вкупно 42,32 отсто граѓани гласале на претседателските избори до 17 часот, односно гласале 452.412 гласачи од податоци пристигнати од 2.040 избирачки места, со вкупно запишани 1.069.021 гласачи, рече Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија(ДИК), на прес-конференција попладнево. Најголема излезност за претседателски избори ...
Денес се одржуваат единаесеттите по ред парламентарни избори во Македонија, како и вториот круг од претседателските избори. Граѓаните со само една посета денеска ќе можат да гласаат на 3.480 избирачки места. На парламентарните избори, тие ќе можат да избираат помеѓу 17-те изборни листи, меѓу кои коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Храбро за Македонија“ ...
Повеќе од 250 волонтери вклучени во 11 акции учествуваа на националната волонтерска акција Ден на добри дела во Македонија кој се организираше по прв пат во земјава. Во организација на Младинскиот културен центар (МКЦ) Битола, иницијативата која има за цел да ги обедини луѓето од целиот свет да прават добри дела за другите, се спроведе во 7 градови низ Македонија Денот на добрите дела во Македонија промовираше солидарност, волонтирање и помагање ...