Лидл Северна Македонија го освои првото место за најдобар правен субјект во областа на безбедност и здравје при работа за 2025 година. Компанијата е добитник на наградата во категоријата Услужни дејности, која ги опфаќа финансиските, информативните, транспортните, трговските, сервисните и други услуги, како признание за системските инвестиции и високите стандарди што ги применува во грижата за своите вработени. Признанието се доделува по ...

Денеска пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, дека средствата од ИПАРД-програмата се повторно достапни за македонските земјоделци. Во согласност со навреме преземените активности, направената целосна и детална контрола за користење на ИПАРД-средствата, утврдено е дека нема неправилности во постапките. Тоа значи дека системот функционира, институциите постапуваат ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, повтори дека пратеничката група на СДСМ ја напушта само работата во работната група за Изборниот закон, образложувајќи дека ќе се искористат сите демократски методи за да не се укине техничката влада. „Ние ја напуштаме само работата во работната група за Изборниот закон, поради тоа што новиот Закон за влада, кој што се носи на овој начин, е нешто што значи сузбивање и ...

Министерството за внатрешни работи води активна истрага за случајот на врсничко насилство во скопската населба Ѓорче, во кој, според официјалните информации, веќе се повикани на разговор 14 лица, а за дел од нив ќе следуваат соодветни процесни дејствија. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека станува збор за сериозен проблем кој бара институционален, но и поширок општествен ангажман. – Ова е сериозен проблем кој нè ...

Со завршни зборови на странките, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против Стојанче Јовановски, на кое Обвинителството побара максимална казна за обвинетиот, оценувајќи дека во постапката е докажан континуитет на физичко, психичко и економско насилство врз Ивана Јовановска, кое, според обвинението, кулминирало со трагедијата на 2 март годинава, кога таа и нејзината шестгодишна ќерка Катја го загубија животот. ...

Заменик-министерот за одбрана на Иран денеска учествува на состанокот на министрите за одбрана на Шангајската организација за соработка во Киргистан. Алијансата е позната како платформа за земјите да дискутираат за алтернативи на западните блокови, а меѓу учесниците се Кина, Русија и нивните евроазиски соседи, како и Индија. Според изјавите објавени од државните медиуми, Реза Талаеи-Ник им рекол на колегите дека Иран е „подготвен да ги ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека премиерот Христијан Мицкоски ја негира реалноста во однос на евроинтегративниот процес, посочувајќи дека последните оценки од европратеникот и известувач за Северна Македонија, Томас Вајц, го демантираат. „Вајц експлицитно вели дека не гледа сериозна посветеност на Владата за реформите, особено во владеењето на правото, со директна оценка дека во последната година нема никаков напредок ниту ...

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска со почеток во 12:00 часот пред Собрание на Р.С.Македонија, на улица 11 Октомври од страна на група граѓани ќе се организира протест како израз на незадоволство поради постапувањето на Управа за јавни приходи (УЈП) во врска со барање данок за приходи остварени во странство, и доколку има потреба сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини СВР Скопје – ...

Обдукцијата на 59 жртви на пожарот во дискотеката “Пулс” во Кочани покажува дека нивната смрт е насилна и настапила како резултат од труење со јаглероден моноксид. Кај пет од жртвите, обдукциското мислење од Институтот за судска медицина, исто така, констатира насилна смрт, но која настапила од задушување од притисок врз градниот кош или како резултат на недостиг на воздух и кислород во околната средина. Обдукцијата на три од жртвите кои ...

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија обвини дека во СДСМ има „конфузија, некоординираност и очигледен раскол“ во ставовите околу измените на Законот за Влада. На прес-конференција, Никола Мемов посочи дека во рок од еден ден од партијата биле испратени „меѓусебно спротивставени пораки“, што, според него, укажува на недостиг од единствен став. Како пример, го наведе претседателот на СДСМ Венко Филипче, кој изјави дека партијата нема да го ...

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека Пулс, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот, во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор. На ваквото барање од одбраната со негодување реагираа родителите на жртвите кои го следат процесот во судницата. ...

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд, во однос на најавениот протест пред Судот денеска (28.04.2026) информираме дека во конкретниот предмет е поведена постапка врз основа на изразен сомнеж за уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура и на член 76-љ од Законот за културата. Станува збор за втора фаза во која ќе се оценува уставност и законитост, конечна одлука за оспорените акти се уште не е донесена. Со особено ...

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирала на два пожара на отворен простор. Првата интервенција била во селото Ваксинце, каде од 15:15 до 23:40 часот со едно противпожарно возило и четворица пожарникари гаснеле опожарена борова и ниска дабова шума, соопшти денеска РЦУК Куманово. Од Шумско стопанство Куманово информираат дека од 13:20 часот нивни екипи со четворица шумари биле ангажирани на ...

Заменик-министерот за одбрана на Иран денеска учествува на состанокот на министрите за одбрана на Шангајската организација за соработка во Киргистан. Алијансата е позната како платформа за земјите да дискутираат за алтернативи на западните блокови, а меѓу учесниците се Кина, Русија и нивните евроазиски соседи, како и Индија. Според изјавите објавени од државните медиуми, Реза Талаеи-Ник им рекол на колегите дека Иран е „подготвен да ги ...

Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Тимот обвинители кои го застапува обвинението, на брифинг со медиумите, вчера информираше дека остануваат уште неколку сведоци кои се предложени – тие што од психички причини не може да бидат сослушани и еден кој е во ...

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, по информации добиени од ФБИ, спроведе координирана истрага за нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“. Според МВР, платформата била активна од јули 2023 година и функционирала преку повеќе интернет домени. Таа содржела база на компромитирани лични податоци кои се користеле за регистрација на кориснички и продавачки сметки. Евидентирани биле над 2.600 корисници и ...

Во Белград синоќа беа отворени јубилејните 15-ти по ред Денови на македонската култура – „Допир на Македонија 2026“ – организирани од здружението „Македониум“ и под покровителство на Македонскиот национален совет. Настанот беше отворен со изложбата „Еруптивни форми“ на реномираниот уметник Славе Ајтоски. За уметничкото дело и творештвото на авторот говореше скулпторот Синиша Новески, осврнувајќи се на специфичниот израз и длабочината на ...

Иранските власти вчера објавија детали за повеќестепениот предлог што Техеран наводно го доставил до Вашингтон. Планот прво би вклучувал преговори за отворање на Ормутскиот теснец, додека чувствителното прашање за збогатувањето на ураниум на Иран би се оставило настрана додека не заврши војната и не се решат споровите околу превозот во Заливот, објави Ројтерс. Првиот чекор би ги сопрело САД и Израел нападите и би гарантирало дека тие нема ...

САД и Иран жестоко се судрија во Обединетите нации околу назначувањето на Техеран за еден од потпретседателите на конференцијата за неширење на нуклеарно оружје. Вербалната расправија избувна на отворањето на 11-тата прегледна конференција на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (ННП), кој е во сила од 1970 година. Иран, заедно со 33 други земји, беше избран за потпретседател по предлог на „групата на неврзани и други држави“, како што ...

Затворањето на Ормутскиот теснец, стратешки морски премин низ кој нормално минуваат околу една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас, предизвика домино ефект на економски последици какви што светот не видел од нафтените кризи во 1970-тите. Кризата, која се развива од нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, не е само енергетско нарушување, туку и се заканува на стабилноста на глобалните синџири за снабдување со ...

Раководството на Иран ги понижи САД, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, сугерирајќи дека Техеран ја надмудри администрацијата на Трамп на преговарачката маса. Острата оценка на германскиот канцелар за застојот во преговорите меѓу САД и Иран е во директна спротивност со напорите на Доналд Трамп да ја прикаже ситуацијата во позитивно светло и веројатно ќе го продлабочи сериозниот трансатлантски јаз меѓу САД и нивните сојузници во НАТО, ...

Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати за нов ректор на УКИМ – Биљана Ангелова и Дарко Данев. Тие се кандидираа на огласот за ректор на Универзитетот, за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029. Проф. д-р Биљана Ангелова, која е во трка за втор мандат за ректор, е кадар од ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе ...

Американски функционер изјави дека претседателот Доналд Трамп не е задоволен од иранскиот предлог за завршување на војната бидејќи тој не го опфаќа прашањето за нуклеарната програма на Иран. „Нему не му се допаѓа предлогот“, рече американскиот функционер, осврнувајќи се на Трамп. Претходно во текот на денот, Трамп разговараше за иранскиот предлог со своите врвни помошници за национална безбедност. Застојот меѓу САД и Иран останува во ...

Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Тимот обвинители кои го застапува обвинението, на брифинг со медиумите, вчера информираше дека остануваат уште неколку сведоци кои се предложени – тие што од психички причини не може да бидат сослушани и еден кој е во ...

OpenAI предупредува дека вештачката интелигенција би можела значително да го промени пазарот на трудот, со ризик од исчезнување на одредени професии, но и можност за пократка работна недела благодарение на поголемата продуктивност. Според извештајот на OpenAI, најизложени се работните места каде што голем дел од задачите можат да се извршуваат дигитално, аналитички или административно. Меѓу нив се: -деловни и финансиски операции ...

Првата дама на САД, Меланија Трамп, на социјалната мрежа X наговести дека водителот Џими Кимел треба да ја изгуби работата поради шегите што ги направи за време на скеч што симулираше вечера на дописниците од Белата куќа во неговата емисија минатата недела. Монологот на Кимел, изнесен во четвртокот во емисијата „Џими Кимел во живо!“, неколку дена пред наводниот вооружен напаѓач да се обиде да влезе на настан од кој беа евакуирани ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес разговараше со врвните советници за национална безбедност за нов ирански предлог за решавање на конфликтот, кој вклучува отворање на Ормутскиот теснец, а подоцна и разгледување на нуклеарната програма, според портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. Левит истакна дека основните барања на претседателот Трамп остануваат непроменети, вклучувајќи го слободниот проток на нафта низ Ормутскиот теснец и ...

Кол Томас Ален (31), осомничениот за пукањето на вечерата на дописниците од Белата куќа, беше изведен пред федерален суд во Вашингтон. Обвинението му беше официјално прочитано, а денешното рочиште е процедурален дел од судскиот процес што го чека. Тој беше обвинет по три точки: „Обид за атентат врз претседателот на Соединетите Американски Држави, употреба на огнено оружје за време на кривично дело насилство и транспорт на огнено оружје во ...

„Никој не е подобар од ПСЖ“, изјави тренерот на парискиот тим, Луис Енрике, пред утрешниот прв натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Баерн. „Не станува збор само за напаѓачка статистика, туку ако се погледне и дефанзивната статистика, ова се најдобрите тимови во Европа“, изјави Луис Енрике пред новинарите пред натпреварот во Париз. „И ниеден тим не е подобар од нас“, додаде тој. ПСЖ ја брани европската титула откако ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1019
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
4.12
69%
1020
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1019
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1020
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.84
93%
1023
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
90%
1020
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
3.58
74%
1015
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1017
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1017
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 2ᴼ
3.6
79%
1021
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
55%
1021
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
7.25
77%
1014
Currency

61.6417

Currency

52.5617

Currency

71.4228

Currency

37.8569

Currency

38.6575

Currency

67.2063

Currency

7.69809

Currency

0.70112

Currency

0.33571

Currency

0.52509

Currency

1.16441

Currency

0.55383

Алуминиум

3.51

Калај

49.43

Рутениум

51376.89

Платина

63819.23

Цинк

0.00

Родиум

323115.00

Злато

148242.19

Паладиум

48547.63

Иридиум

253540.09

Бакар

11.99

Кобалт

45.39

Сребро

2422.91