Златкова рече дека со нетрпение го очекуваат обвинителниот акт за осомничените полициски службеници во врска со „Пулс“, за кои истрагата ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Мора да има правда за нашите убиени деца. Никогаш не треба да ги заборавиме овие деца, ако сакаме да имаме држава. Овие деца заслужуваат правда. Ова пред почетокот на денешното второ рочиште од судскиот процес за ...

Овој проблем настана со зголемувањето на пензиите од март годинава, кога минималната пензија го достигна прагот од 18 292 денари, додека лимитот за болничко лекување се уште е 18 000 денари. Со тоа, како што велат од партијата, ниту еден пензионер во државата не е ослободен од партиципација за болничко лекување што најмногу ги погодува оние што имаат најниски пензии и нивните семејства Партијата на пензионери и укажува и бара од Владата итно да ...

На изминатото рочиште, застапникот на обвинението Борче Јанев во воведните зборови нагласи дека се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагедијата Во судницата во затворот во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На ова рочиште се очекува одбраната да ги даде своите воведни зборови и обвинетите ...

Си-ен-ен пренесува дека по неколку часа мир во градот, сирените повторно се огласиле околу 5:30 часот наутро по локално време, додека Русија лансирале втор бран крстосувачки ракети кон Киев Најмалку две лица се загинати во руски напад на украинскиот главен град Киев што се случил рано утринава, пренесуваат странските агенции. Нападот бил насочен кон станебни згради и енергетска инфраструктура во неколку области. Во областа Днепровски била ...

За утре се најавува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од јужен правец Променливо облачно време со сончеви периоди е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови од земјата ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од минус 1 до 6 Целзиусови степени, а дневната од 6 до 16 степени. ...

Крајната цел на разговорите, како што нагласи генсекот на НАТО, е да се постигне договор за суверена и силна Украина и Русија што никогаш повеќе нема да се обиде да ја нападне Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги оцени за многу успешни разговорите помеѓу американската и украинската делегација во Женева во врска со предлог-мировниот план на САД за ставање крај на војната во Украина. Вели дека средбата е добра основа за приближување на ...

Олександр Бевз изрази очекување дека средбата меѓу Зеленски и Трамп ќе се одржи во блиска иднина, а оти текстот на предлог-мировниот план ќе се финализира во текот на наредните денови. Додаде дека штом Киев и Вашингтон постигнат договор, САД ќе ѝ го презентираат мировниот план на Русија како дел од следната фаза од преговорите Измените кои ги предложи Киев во мировниот план на САД сè уште се финализираат, а најтешките прашања треба да ги решат ...

Неофицијално, имаме информации што се наоѓа во сефот, така што тоа ќе оди по меѓународна правна помош и набрзо сето тоа ќе се донесе во државата, вели државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „360 степени“ Отворен е сефот во Србија на бизнисменот Борче Марковски, осомничен и притворен поради злоупотреби поврзани со РЕК „Битола“, објави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Во интервју за „360 степени“, Коцевски вели дека во ...

„360 степени“ пред две години објави дека на терен има многу повеќе градби, отколку што Општина Чаир издала одобренија. Објавивме и дека во Општината се архивирале барања за легализација уште пред дивоградбите да почнат да се градат. Дополнително, никој не проверувал на терен – што всушност се легализира Ексградоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, пак, годинава во јавноста излезе со факсимили од документи кои требаше да укажат на тоа дека ...

По последната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека не е задоволен од неговата работа, државниот јавен обвинител се повикува на извештајот на Европската комисија, која, како што вели, не само што не бара смена, туку ги нотира неговите потези Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски не смета дека негово евентуално разрешување или заминување од функцијата ќе придонесе за повисок буџет за Јавното обвинителство. Најавите за негова смена, пак, ...

За констатацијата во извештајот на Европската комисија за земјава дека „корупцијата останува распространета во многу области и е прашање за сериозна загриженост“, Коцевски вели дека за борба против корупцијата треба да се создадат услови Истрагата во која е осомничен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е речиси завршена, единствено се чека на неговата екстрадиција – рече јавниот обвинител на РСМ, Љупчо Коцевски, во гостување во емисијата ...

Инцидентот се случил во петокот, а МВР објави дека презема мерки за расчистување на случајот Перев, деклариран Бугарин од земјава, објави дека остварил контакт со бугарската амбасада во Скопје од каде што му била понудена поддршка. По нападот лично разговарал и со шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев кој изразил жалење за настанот и му понудил институционална помош Поранешниот новинар и публицист Владимир Перев (80), деклариран Бугарин ...

Освен во сметководство, драматичен кусок на кадри има и кај информатичарите, кои се само четворица за цело Јавно обвинителство во државата, вели Коцевски. Ако одиме кон дигитализација, кој ќе го одржува тоа – прашува државниот обвинител Не бараме повеќе пари за повисоки плати, туку за останатите потреби и трошоци на Јавното обвинителство. Ова го кажа државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Коцевски: Еве, ...

„Новиот закон за јавно обвинителство предвидува 0,5% од буџетот. Но, не е битно дали ќе има 0,4% или 0,5%. Битно е дали државата има свест и волја да ни обезбеди услови за работа“, вели државниот јавен обвинител во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 Законски предвидените средства за Јавното обвинителство изнесуваат 0,4 отсто од државниот буџет, а не од бруто-домашниот производ, како што тврди премиерот Христијан Мицкоски, вели во интервју за ...

На стаклото на автомобилот од страната на возачот имало отвор од испукан проектил, а безживотното тело на мажот било облеано со крв во пределот на главата Тело на 42-годишник од Тетово попладнево е пронајдено во автомобил во атарот на селото Нераште, Тетовско. Автомобилот марка „ауди“ со тетовски регистарски ознаки бил пронајден од страна на полицијата во нива во атарот на селото Нераште. На стаклото од страната на возачот имало отвор од испукан ...

Според „Европскиот фронт“, Владата претставила финансиски документ без стратегија, без реформи и без одговорност, за кој велат дека само ги продлабочува постојните кризи Координаторката на пратеничката група на „Европскиот фронт“, Рина Ајдари, го критикуваше предлог-буџетот за 2026 година, нарекувајќи го „најслаб, најнеодговорен и политички најмотивиран буџет“ што земјата го видела во последните години. Ајдари нагласи дека буџетот не е развоен, ...

„Целиот буџет е околу 700 000 евра, а Македонија учествува со 100 000 евра што е фантастична сума во споредба со тоа каков буџет нудат регионалните фондови кои немаат ни филм што има реални шанси за ‘Оскар’“, изјави в.д. директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски Агенцијата за филм ќе издвои 100 000 евра за поддршка на кампањата за „Оскар“ на документарниот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска, сметајќи го за национален ...

Според партијата, очигледно е дека „Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината за Кочани“, поради што се „измислуваат некакви деловнички изговори“ Од партијата најавуваат дека ќе ги искористат сите законски и Деловнички механизми и повторно ќе поднесат нова иницијатива Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) сметаат дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, користејќи го претседателот на Собранието, Африм Гаши, се обидуваат да ...

Секторот за компјутерски криминал во содејство со секторот за тероризам врши истрага во однос на тоа кој е сопственик на електронската пошта, односно од каде се испраќани лажните дојави за бомби Во две приватни училишта и музеj во Скопје утрово пристигнале електронски пораки за поставени бомби, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје при Министерството за внатрешни работи (МВР). Полициските проверки покажале дека се работи за ...

Истите очекувања, според премиерот, се однесуваат и на нивото на базичната инфлација Проекциите на Владата за инфлацијата во наредната, 2026 година, се таа да се движи во рамки од два до три проценти, вели нејзиниот претседател, Христијан Мицкоски. Истите очекувања, според премиерот, се однесуваат и на нивото на базичната инфлација. „Што се однесува да базната инфлација радува фактот што на годишна основа таа е негативна. Очекувам сега во ...

Мицкоски упати порака до градоначалниците да ги разгледаат можностите што ги нуди Ресурсниот центар, да ја користат поддршката, да побараат експертска помош таму каде постојат предизвици или недостиг на капацитети Премиерот Христијан Мицкоски денеска го промовираше отворањето на Ресурсниот центар за поддршка на општините во организација на Министерството за локална самоуправа, кој треба да обезбеди поддршка, експертиза и инструменти за подобра ...

Според спикерот, иницијативата на опозициските партии е неуредна затоа што излегува од рамките на членот 124 од Деловникот, односно во неа се бара анкетната комисија да биде составена од 15 члена и мнозинството во неа да го имаат опозициските партии Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ исто така предлагаат да се формира анкетна комисија, но, освен за трагедијата во Кочани, тие бараат на неа да бидат разгледани и претходните случаи, за ...

Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, се емитува вечерва (24 ноември 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1 Во екот на дебатата за буџетот за правосудството, во „360 степени“ гостува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Темата е актуелна подолг период, но се реактуализира првично со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека судиите и јавните обвинители не ги заслужуваат ни ...

Медицинските лица веднаш ја пружиле потребната помош и извршиле реанимација, но не успеале да го спасат детето Бебе родено во 2024 година починало синоќа во Општата болница во Кичево, и покрај напорите на медицинскиот тим да го реанимираат. Според информациите од СВР Кичево, случајот бил пријавен вчера, во 22:10 часот. Бебето било донесено на детското одделение во тешка здравствена состојба. Медицинските лица веднаш ја пружиле потребната помош и ...

Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 е 75 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 77 денари, а еуродизел (Д-Е-V) за 73 денари за литар Од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензините за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот. Ова е денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените ...

Ексминистерката во објава на Фејсбук вели дека иако поминале речиси пет години од поднесувањето на апликацијата пред ЕСЧП, сознанието дека Судот во Стразбур ги препознал повредите за неа е „една мала лична сатисфакција“ Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарски прашања, го коментираше случајот „Тенк“, односно постапката што ја отвора ЕСЧП, наведувајќи дека тоа е доказ за големите проблеми во македонското правосудство. ...

Крајниот рок за донесување одлука за избор на најповолен понудувач е 12 јануари 2026 година, а 25 февруари 2026 година за доделување одобрение за користење радиофреквенции Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на барање на единствениот понудувач на тендерот „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ ги продолжи за 96 дена роковите од тендерската документација за трет мрежен оператор во државава. Со тоа, согласно oдлуката на ...

„Мислам дека не треба многу внимание да му се посветува на ова. Јасни се законите, јасни се правилата, секој мора да ги почитува“, вели премиерот Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно порача дека „законите и правилата се јасни и секој мора да ги почитува“, одговарајќи на прашање за прекинот на настапот и приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци во петокот. Мицкоски истакна дека не бил информиран за случајот веднаш, туку дека ...

Оваа нацрт-верзија се очекува денеска да се постави и на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со цел пошироката јавност да може да учествува во креирањето и усвојувањето на финалниот стратешки документ со кој ќе продолжи развојот на националниот образовен систем Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска во Владата го претстави нацрт-текстот од новата Стратегија за образование со рок за имплементација ...

Од СВР Охрид велат дека 14-годишник дошол до видео материјалот и го користел за уцена, заканувајќи му се на девојчето дека ќе го објави видеото доколку не биде со него Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид денеска, во 10 часот, лишија од слобода 16-годишен малолетник од Охрид, поради сомнение дека извршил кривично дело обљуба врз 12-годишно девојче, исто така од Охрид. Кривичното дело, според првичните сознанија, било ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1032
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1034
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.01
83%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
99%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 9ᴼ
0.89
82%
1030
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
76%
1030
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1030
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
95%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1030
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Сребро

2128.87

Паладиум

52470.02

Бакар

10.93

Кобалт

58.42

Родиум

258009.74

Иридиум

145787.60

Злато

139470.53

Цинк

3.03

Алуминиум

2.90

Рутениум

29192.88

Платина

61733.50

Калај

42.35