На состанок во Белата куќа, Венс и Кејн изразиле загриженост оти натамошните напади би можеле да доведат до опасна ескалација на конфликтот, пренесува Си-Ен-Ен. Загриженоста околу залихите на оружје била само една од повеќето теми што биле разгледувани на состанокот Соединетите Американски Држави ги запреа нападите врз Иран по речиси двонеделното последователно бомбардирање, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори од Министерството за ...

Наша должност е да продолжиме таму каде што застанаа генерациите пред нас – да го чуваме, унапредуваме и градиме со визија, одговорност и љубов кон секој негов дел. Да создадеме современо, безбедно и достоинствено Скопје, град што ќе го почитува своето минато, но храбро ќе ја гради својата иднина, вели Ѓорѓиевски Најголемата почит кон оние што ги загубивме е да создадеме град достоен за нивниот спомен и за генерациите што доаѓаат, порача ...

Тогаш земјата се тресеше дваесет секунди. Денес, веќе повеќе од две години, се разоруваат довербата, институциите, економијата и перспективите. Повеќе од две години се трујат: водата, народот, медиумите, информациите, институциите. Иднината. Тогаш последиците беа урнатини и жртви. Денес гледаме разболени граѓани, празни фрижидери, задолжена и изолирана држава и млади што си заминуваат, велат од СДСМ Денес се сеќаваме на земјотресот што го ...

Разорниот земјотрес во Скопје се случи во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови и 28.000 оштетени. Над 200.000 луѓе остана без покрив над главата. Трагедијата остана запаметена и како симбол на светската солидарност, бидејќи десетици земји учествуваа во обновата на градот Со полагање цвеќе, изложби и концерт, Скопје денеска ја ...

Три лица се во животозагрозувачка состојба, а уште осум се со тешки повреди. Поради инцидентот, организаторите ја прекинаа Парадата на гордоста и ги откажаа преостанатите настани. Полицијата распиша потерница по осомничениот Едно лице загина, а најмалку 16 се повредени откако возило влета во толпа луѓе за време на одбележувањето на Парадата на гордоста во Берлин. Инцидентот се случил во близина на паркот Тиергартен, недалеку од трасата на ...

Од СДСМ велат дека со 4000 заболени граѓани состојбата е алармантна, а никој од власта не презема одговорност. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Социјалдемократскиот сојуз ја користи кризата за собирање политички поени и реагираат зошто СДСМ не го повикува на одговорност гостиварскиот градоначалник Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ повторно испратија пораки со меѓусебни обвинувања кој е виновен за епидемијата по труењето со загадената ...

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степена Сончево време со мала до умерена локална облачност, најавуваат синоптичарите за денес. Од УХМР информираат дека ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната ...

Според податоците на министерството, вчера во Општата болница Гостивар биле реализирани 65 прегледи, од кои 40 на инфективно, 12 на педијатрија и шест на Ургентен, со четири нови хоспитализации. Во Здравствениот дом се направени 15 прегледи Се намалува бројот на пациенти кои бараат лекарска помош во Гостивар, по труењето со загадената вода – на 24 јули во текот на денот 80 граѓани за првпат побарале лекарска помош во болницата и Здравствениот ...

Дадов јасна насока на сите скопски општини кои имаат градежна инспекција и инспектори за домување, а ние со останатите наши инспекторски служби, како комуналната инспекција и сите останати во Градот Скопје, ќе помогнеме да се направат строги контроли, најпрво на позициите каде што имавме аномалии од ваков тип, рече Ѓорѓиевски Потребни се строги контроли и инспекции за да не се повтори сликата од невремето кога граѓаните беа сведоци на ...

Сакам да ги информирам граѓаните дека градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира. Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на ’Железници’ ќе има, патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има, порача Николоски Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека била одржана координација по кражбата на електровлечната подстаница Драчево во која беа украдени ...

Податоците денеска ги соопшти националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, на панел-дискусија за органодарителство која се одржа во Велес. Со примената на новиот Закон за органодарителство, најавена за 1 октомври годинава, граѓаните ќе може кај својот матичен лекар да потпишат согласност за органодарителство Дваесет и девет пациенти во Македонија чекаат трансплантација на срце, 12 на црн дроб, околу 160 на ...

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно дванаесет пожари на отворен простор, информира ЦУК Три активни, еден под контрола и осум изгаснати пожари до 18 часот се регистрирани денес низ државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен, како што посочија, е пожарот во општина Пробиштип во атарот на село Плешинци кон село Стрмош каде гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума. Пожар има и во ...

При кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било испуштено и истурено трансформаторското масло, додека бакарните намотки и другите вредни компоненти биле целосно отстранети и украдени, велат од Министерството за транспорт Бакарни жици, шини и прачки, како и други уреди и елементи неопходни за функционирање, се украдени од електровлечната подстаница ...

Од Општина Штип информираат дека станува збор за проценка на штетите на институциите кои се под надлежност на локалната власт, додека за пријавите на граѓаните кои се однесуваат на оштетени кровови, возила и други штети, пресметката ќе се знае откако Комисија ќе излезе на терен и ќе изврши проценка Околу еден милион денари се потребни за поправка на оштетените кровни конструкциии на Општинското основно училиште (ООУ) „Ванче Прќе“ и на ...

Референтот во Агенцијата за вработување барал по 6 000 денари месечно од оштетениот за да не му го укине социјалниот надоместок и незаконски да ја евидентира неговата сопруга како активен барател на работа Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против виш референт во локалниот Центар за вработување поради основано сомнение за кривично дело примање поткуп, а поради тежината на делото и околностите, надлежниот јавен обвинител веќе ...

По посетата на Специјалната болница во Лешок, министерот за здравство соопшти оти таму се очекуваат резултати од новите зафати кои треба да го решат деценискиот проблем со квалитетот на водата Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска од Лешок информираше оти кризата со труењето од водата во Гостивар бележи надолен тренд и влегува во смирувачка фаза, а според најновите податоци, бројот на пациенти кои бараат лекарска помош е значително ...

Претседателот на движењето ЗНАМ од Прилеп порача дека партијата не се бори за функции туку за подобар живот на граѓаните, а за советниците и пратениците кои заминале, истакна дека најчесно е да го вратат мандатот добиен од партиските гласачи Движењето ЗНАМ не е во власта за функции, туку за да биде коректив и примарна движечка сила за општествени промени кои ќе им овозможат подобар живот на сите граѓани, рече претседателот на партијата, ...

Во своето прво поголемо обраќање по изборниот пораз, поранешниот премиер ја обвини актуелната власт за обид да ја елиминира опозицијата, откако беа донесени закони кои го ограничуваат неговото враќање на власт Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан упати отворен повик до членството и симпатизерите на неговата партија „Фидес“ за, како што нагласи, отпор против самоволното владеење на неговиот наследник на премиерската функција, Петер Маѓар. ...

Вработениот во АВРСМ со месеци уценувал корисник на социјална помош, барајќи му пари за да не му го укине правото на паричен надоместок Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници во Прилеп го лишиле од слобода Д.Т. (50), вработен во локалната Агенција за вработување (АВРСМ), поради основано сомнение за сторено кривично дело примање поткуп, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека осомничениот ја ...

Во масовниот напад со над 300 беспилотни летала, украинските сили таргетираа руски воен брод, пловила со иранско оружје и клучна енергетска инфраструктура оддалечена над 2 000 километри Украина изврши серија координирани напади врз стратешки руски цели, погодувајќи нафтена платформа, воен брод и транспортни пловила во Каспиското Море, како и рафинерија длабоко во Западен Сибир. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги оцени резултатите ...

Вицепремиерот и министер за транспорт денеска изврши увид на трасата, најавувајќи скоро пуштање во употреба за како што ја нарече најкомплицираната делница во државата Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со забрзана динамика и наскоро ќе резултира со пуштање во сообраќај на нова клучна делница, порача денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, по направениот увид на градежните работи на потегот од Пресека ...

Шефот на дипломатијата на својот претходник му порача дека наместо да извртува факти и да бега од одговорноста за позициите во кои ја остави државата, требало да се повлече по изборниот пораз во Чаир Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на социјалните мрежи му реплицираше на поранешниот шеф на дипломатијата Бујар Османи, велејќи дека тој е последниот човек кој има право да држи лекции за тоа што е прифатено, ...

СДСМ обвинува за системски колапс и еколошка катастрофа, барајќи средствата од Државна лотарија наменети за Денот на независноста итно да се вложат во водоводна инфраструктура Членот на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Јон Фрчкоски на денешната прес-конференција ја обвини власта за системски колапс кој резултираше со неисправна вода за пиење во дури седум населени места. Додека јавното здравје е загрозено, ...

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека опозицијата манипулира со стари извештаи за квалитетот на водата и свесно бега од фактот дека локалната власт во градот ја сочинуваат СДСМ, ДУИ и Таравари Скандалот со водата во Гостивар е само изговор за Венко Филипче и актуелното раководство на СДСМ да се појавуваат во јавноста и да шират лаги со цел собирање евтини политички поени рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на денешната ...

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да побегне од одговорноста за системскиот распад на институциите, додека граѓаните со денови пиеле отровна вода, обвинуваат од локалниот огранок на СДСМ Општинската организација на СДСМ во Гостивар бара кривична и политичка одговорност од актуелната власт на локално и централно ниво во врска со масовното труење со вода кое погоди над 3 000 граѓани. Овој настан, според Бојан Зафироски од СДСМ, е огромна здравствена ...

Макрон ја вклучи војската и побара помош од ЕУ за справување со огнот во Жиронд и Ланд, додека Мадрид прогласи вонредна состојба поради најлошиот пожар во историјата на регионот Властите во Франција и Шпанија наредија масовна евакуација на повеќе од 220 000 лица поради разорните шумски пожари кои неконтролирано се шират во двете земји, а ситуацијата е особено критична во југозападна Франција, каде во регионите Жиронд и Ланд своите домови ...

Владејачката партија ја обвинува коалицијата на СДСМ, ДУИ и Таравари за морална капитулација и собирање дневнополитички поени, порачувајќи дека секој што го загрозил здравјето на граѓаните ќе сноси законски последици Опозицијата е морално капитулирана и целосно деориентирана, се вели во сооштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ по повод кризата со водата во Гостивар. Според владејачката партија, настаните во овој град, кои се резултат на ...

АМСМ информира за зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини и апелира на внимателно возење поради можни одрони на неколку патни правци Зголемена фреквенција на возила утрово се бележи на граничниот премин „Богородица“, каде што времето на чекање за излез од државата изнесува околу два часа. На „Табановце“, пак, за влез во земјава се чека околу 30 минути, а според извештајот на Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ), на ...

Јапонија, Европската унија и Австралија ги нарекоа неосновани новите давачки од 10 до 12,5 отсто воведени под изговор за принудна работа, а американскиот претседател најави одмазда кон Брисел поради високите казни изречени за американските технолошки корпорации Најновите царини во висина од 10 до 12,5 проценти, кои администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за околу шеесетина земји, предизвикаа бран на негативни ...

За време на викендот се очекува стабилно време со умерена облачност, додека од почетокот на следната недела следува краткотрајна дестабилизација, па повторен пораст на температурите Времето денеска во државата ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, придружено со умерен до засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде најизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната утринска температура ќе се движи во интервал ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
51%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
63%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.2
50%
1014
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 16ᴼ
0.51
79%
1014
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.09
52%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 20ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.0
88%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
0.45
75%
1015
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
0.89
39%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
93%
1013
Currency

61.53

Currency

53.1786

Currency

72.0206

Currency

37.7098

Currency

38.3228

Currency

65.492

Currency

7.88626

Currency

0.63317

Currency

0.33382

Currency

0.52479

Currency

1.11095

Currency

0.55713

Паладиум

41731.67

Родиум

282926.57

Злато

140678.81

Кобалт

56.29

Платина

56103.05

Калај

56.34

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Бакар

13.28

Иридиум

252383.36

Сребро

2080.30

Алуминиум

3.25