Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Утринава била доставена храна и вода за евакуираните граѓани во Кичевско со помош на тимовите на Црвениот крст, а од Скопје се испратени дополнителни тимови со ќебиња, душеци, кревети и друга неопходна помош Обилните дождови во текот на ноќта предизвикаа поплави на повеќе локации во Кичевско. Според извештајот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Зајашка Река се излеала на улица „Прилепска“ во Кичево, поплавувајќи повеќе куќи. Околу 180 ...
Наглиот раст на склучени договори со посочената фирма, според тврдењата на опозиционерите, започнал во 2024 година, продолжил во 2025 година и трае до денеска Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, денеска изнесе нови обвинувања за сомнителни тендери и јавни набавки поврзани со една од, како што рече, омилените фирми на власта. Се работи за фирмата „Ленди Груп“ за која посочи дека добила 74 тендери во вредност од 17,6 милиони ...
Опозиционерите посочија дека заменик-генералната секретарка на НАТО нема никаква врска со обвинувањата за сецесионизам и дека секогаш се залагала за дијалог и стабилност на Западен Балкан. Според СДСМ, улогата за Радмила Шекеринска во НАТО е доказ за силата и компетентноста на жените во меѓународната политика, а нападите од српскиот претседател Вучиќ ги оценија како обид за минимизирање на таквите успеси Опозицискиот СДСМ го осуди ...
Претседателот на Србија реагираше на изјавата на заменик-генералната секретарка на НАТО во која таа посочи дека Хрватска и Албанија се сигурни партнери на Алијансата и дека придонесуваат за мирот и стабилноста во регионот, алудирајќи на соработката на двете членки на Алијнсата со Косово во поглед на одбраната Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера од Минхенската безбедносна конференција ја критикуваше заменик-генералната секретарка на ...
Во интервју за РТС, Ѓуро Мацут вели дека владата работи одговорно, но дека не е задоволен од работата на некои министри. Нивниот единствен придонес, како што рече тој, е што се фотографираат за социјалната мрежа Инстаграм Српскиот премиер Ѓуро Мацут размислува за реконструкција на владата на Србија бидејќи не е задоволен од работата на дел од министрите. Во интервју за Радио-телевизија Србија (РТС), Мацут вели дека владата работи одговорно, ...
Минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 5 до 17 степени Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар. Претежно во источните делови на земјата ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер кој ќе достигне ...
Од Управата нагласуваат дека обврската за овие граѓани постои независно од тоа дали данокот во странската држава е платен или не Граѓаните кои во текот на 2025 година примиле плата или друг вид доход од странство, имаат рок до 31 март годинава да ги достават електронската пресметка и соодветните докази за остварениот приход до Управата за јавни приходи (УЈП). Пресметката треба да ја поднесат преку системот е-Даночни услуги на УЈП. Од Управата ...
Портпаролката на руското МНР рече дека темата за рускиот опозициски лидер Алексеј Навални повторно се отвора во време кога од западните земји се бара да ги презентираат резултатите од истрагата за гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ Тврдењата за наводното труење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални со токсин од отровна жаба се информативен спин од страна на Западот – рече портпаролката на руското Министерство за надворешни ...
На средбата со украинскиот претседател било разговарано за актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, а пред сè за праведен мир Стратешките односи со САД се темелот на нашата стабилност и економски развој. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски по средбата што на маргините на Минхенската безбедносна конференција ја остварил со Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд ...
На средбата со украинскиот претседател било разговарано за актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, а пред сè за праведен мир Стратешките односи со САД се темелот на нашата стабилност и економски развој. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски по средбата што на маргините на Минхенската безбедносна конференција ја остварил со Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд ...
Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски најави дека годинава ќе се интензивираат контролите на терен со цел субвенциите да завршат кај вистинските земјоделци, а не кај оние кои не обработуваат земјоделски површини, а сакаат да се корисници на субвенции Владата ги скрати субвенциите за земјоделците за 40 милиони евра и ја намали поддршката за лозарите – обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој по повод празникот Свети Трифун денеска ...
Протестот започна со спонтан собир во центарот на Сараево, но набрзо прерасна во масовна блокада на главната сообраќајница во градот. Демонстрантите бараат конкретни реформи во јавниот превоз и одговорност од сите институции одговорни за безбедноста на трамвајскиот систем Илјадници граѓани, меѓу кои голем број студенти, денеска се собраа во центарот на Сараево, два дена по тешката трамвајска несреќа во која загина 23-годишно момче. По ...
Во врска со актуелниот проблем, струшкиот градоначалник ја обвини поранешната локална власт за, како што рече, лошо менаџирање и ненавремено преземање мерки. Додаде дека сите чинители ќе одговараат за ваквата состојба Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека на 16 февруари приватна институција од Скопје, која тој лично ја ангажирал, ќе ги испитува причините за загадувањето на водата во Струшко, објави порталот „Сакам да кажам“. ...
Според Апасиев, членката на ДКСК, која вчера поднесе оставка од функцијата, поднела лажирани податоци во Анкетниот лист со цел да ги прикрие фирмите на своите синови, што, како што вели, е стипулирано кривично дело според важечкиот Кривичен законик Пратеникот и лидер на опозициската Левица најави дека партијата ќе ѝ поднесе кривична пријава на поранешната членка на Антикорупциската комисија, Цвета Ристовска, која вчера поднесе оставка од ...
На Велика Британија ѝ се придружија Шведска, Франција, Холандија и Германија во обвинувањето на Русија дека е одговорна за труењето Опозицискиот руски лидер Алексеј Навални е убиен со употреба на отров развиен од токсин од отровна жаба, соопшти британското Министерство за надворешни работи. Британското МНР го нарече „варварски чин“ убиството на Навални со токсинот и проценија дека „само властите на Владимир Путин“ можат да го спроведат тоа. ...
Според биртанскиот премир и покрај исцрпувачкиот судир со Украина, Русија забрзано се вооружува и ги обновува своите воени капацитети Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер на Минхенската безбедносна конференција предупреди дека Русија направила стратешка грешка со војната против Украина, во која згинаа повеќе од еден милион луѓе. Тој додаде дека и покрај исцрпувачкиот судир, Русија забрзано се вооружува и ги обновува своите воени ...
Од ССМ велат, продуктивноста во Македонија изнесува околу 34 американски долари по час, што е над светскиот просек од 23,27 долари. Пресметано на месечно ниво, со просечни 168 работни часови, еден работник создава 297.024 денари економска вредност Македонските работници создаваат повеќе од двојно поголема економска вредност од она што го добиваат како плата, покажуваат податоците на Меѓународната организација на трудот (ILO), кои денеска ги ...
Проектот финансиран од Град Скопје вклучува четири сообраќајни ленти (по 2 во секоја насока), централен зелен појас за зголемување на безбедноста, велосипедски патеки во двете насоки, нови тротоари, заштитно зеленило од страните и посебно уредени автобуски постојки Градоначалниците на Град Скопје и на општина Чаир, Орце Ѓорѓиевски и Изет Меџити денеска излегоа на теренски увид соопштувајќи ги плановите за модернизација на булеварот „Мит’хат ...
Околу 50 трактори вчера продефилираа низ централните улици на грчката метропола, каде што беа поздравени од граѓани и минувачи. Протестот заврши мирно Како што пристигнаа во Атина, со сирени и свирење, така грчките земјоделци со своите трактори претпладнево го напуштија центарот на Атина, откако ноќта ја поминаа паркирани на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера продефилираа низ централните улици на грчката ...
Во овој исклучително нестабилен период, Европа и Велика Британија мора да се здружат. Десет години по Брегзит, нашата иднина е поповрзана од кога било – рече Урсула фон дер Лајен на Минхенската безбедносна конференција Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Минхенската безбедносна конференција изјави дека Европската Унија треба да „вдахне живот“ на клаузулата за заемна одбрана, загарантирана во нејзиниот основачки ...
Американскиот државен секретар во Минхен ги потенцираше долгогодишните историски врски меѓу САД и Европа тврдејќи дека неговата земја посакува сојузници доволно силни никој да не може да ги тестира Државниот секретар на САД Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција истакна дека САД не се обидуваат да се оддалечат од Европа туку да внесат нов живот во старото пријателство. „Сакаме Европа да биде силна. Веруваме дека Европа мора да ...
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани – објави Мицкоски на Фејсбук Светот веќе не функционира по старите правила. Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук. „Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна ...
Според кумановската полиција, на 12 февруари осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената Полицијата уапси 25-годишник од село Малотино во општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на 78-годишна жителка на село Челопек, соопшти СВР Куманово. Според кумановската полиција, на 12 февруари осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената. „Вчера во 19:30 ...
Освен во 76 општински комитети, ВМРО-ДПМНЕ ќе избира и претседатели на Унијата на ветерани, Унијата на жени и на Унијата на млади сили На првата седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ било решено да се спроведе сеопфатен реизбор на претседателите во 76 општински комитети, како и на претседателите на Унијата на ветерани, Унијата на жени и на Унијата на млади сили, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Во порака ...
Шефот на украинската дипломатија смета дека Русија не покажува подготвеност за сериозни преговори Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на Минхенската безбедносна конференција изјави дека завршувањето на војната помеѓу Русија и Украина е „нереално“ без американскиот претседател Доналд Трамп. Тој на панелот „Во фокус – безбедносните гаранции за Украина“ посочи дека во Абу Даби се одржаа три рунди разговори во трилатерален ...
Пет држави имаат по четири злата: САД, Франција, Германија, Шведска и Швајцарија, а досега 24 земји се закитија барем со еден медал На половина од Зимските олимписки игри 2026, домаќинот Италија и Норвешка се најуспешните според бројот на освоени медали. Норвешка е лидер на табелата медалисти со осум златни, три сребрени и седум бронзени медали. Италија има исто така 18 медали, од кои шест златни, три сребрени и девет бронзени. Пет држави ...
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, на некои места по влажни коловози. Како што информираат од АМСМ намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има во околината на Делчево. ...
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени Времето денеска ќе биде променливо облачно, проследено со врнежи во попладневните часови и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде ...
„Европа мора да научи да биде геополитичка сила, тоа досега не беше во нашата ДНК…Но, мора да престанеме да зборуваме зад затворени врати за тоа кои се нашите задачи и да почнеме да испорачуваме резултати“, рече францускиот претседател во обраќањето до високите политички и воени претставници на Минхенската безбедносна конференција Францускиот претседател, Емануел Макрон, денеска во Минхен ја сподели својата визија за Европа како геополитичка ...
Станува збор за носачот на авиони УСС „Џералд Р. Форд“, најновиот и најголем во американската флота, кој со своите придружни бродови претходно дејствуваше во Карипското Море каде учестуваше во операцијата во Венецуела, во која од власт беше соборен претседателот на земјата, Николас Мадуро Американскиот претседател Доналд Трамп наредил најголемиот носач на авиони во светот да исплови кон Блискиот Исток во обид да го зголеми притисокот врз Иран ...