Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Како што се приближува финишот на летото, така почнуваат да се сумираат првичните бројки за посетеноста и успешноста на туристичката сезона. Судејќи според динамиката и фреквенцијата на гости, оваа сезона би можела да се оцени како една од поуспешните во последните неколку години. Охрид овој период пулсира со туристи буквално од целиот свет.Сепак, од фелата потсетуваат дека вистинскиот успех на една сезона не се мери само според бројката на ...
Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега. Како што изјави директорот на Инфективна клиника, Фадил Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход.Починатиот е од скопско Ново Лисиче. Според директорот на Клиниката за инфективни болести, заклучно со денеска се хоспитализирани 21 пациент, од кои 18 со потврдена инфекција на ...
Мобилната апликација за известување за направен сообраќаен прекрошок и со опција за електронски плаќање на казната но само за странски возачи „Безбеден град“ на граничниот премин Табановце, која е функција еден ден, според МВР, веќе дава резултати. Велат дека придонела за нормализирање на сообраќајот и намалување на задржувањата на Граничниот премин. МВР: Преку апликацијата тие можат да добијат информации за евидентираните прекршоци и ...
Хрватскиот весник „Индекс“ објави дека полицијата во Хрватска ја пријавила како исчезната Б.П. (33), родена во Штип. Таа минатата година беше обвинета во случај поврзан со бруталното убиство на А.С. (34) од Зеница во Карловац. Според податоците на NESTALI.HR, Б.П. исчезнала на 17 август, а според досегашните информации, со себе го зела и своето малолетно дете. Исчезнувањето го истражува хрватското МВР, кој ги повикува граѓаните со информации ...
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека затворањето на предметот за модуларните болници не ја исклучува одговорноста на Венко Филипче. Од партијата потсетуваат дека во пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година животот го загубија 14 лица. Според нив, болниците немале соодветни одобренија за употреба, не биле запишани во катастар и немале одлука за трајно користење. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека надлежноста за нивното поставување била префрлена на ...
Политичкат партија Левица оцени дека економските показатели со кои Владата ја претставува земјата не ја одразуваат реалната состојба на граѓаните. Партијата посочува дека минималната синдикална кошничка изнесува 68.675 денари, додека две минимални плати достигнуваат 52.092 денари. Според нив, просечната нето-плата од 49.544 денари не е доволна за покривање на основните семејни трошоци. Левица се повикува и на податоци за економскиот раст, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека затворањето на предметот за модуларните болници потврдило дека немало прекршување на службената должност ниту штета врз државниот буџет. Тој посочи дека набавката била спроведена преку меѓународна постапка, поддржана и водена од Светска банка. Филипче изрази жалење за жртвите и сочувство до нивните семејства. Воедно, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека трагедијата била политички ...
На 20 август, во Дебар Маало, Скопско ги собра своите пријатели и љубители на брендот за заедно да го одбележат освежениот визуелен идентитет на брендот – изглед кој ги задржува препознатливите симболи и карактер на Скопско, но ги носи во посвеж и современ израз. Како дел од прославата, присутните имаа можност да го видат новиот Скопско мурал, дело на нашиот уметник Драш, кој сега е дел од Дебар Маало и ја внесува приказната за Скопско ...
Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50 проценти што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи. - Одлучив да ги прекинам преговорите. Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање ...
Пет тинејџери загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска додека се снимале како со украден автомобил возат во спротивна насока на автопат. Петте момчиња се возеле во украдено БМВ на автопат во округот Килдер југозападно од Даблин, кога удриле во возило од спротивен правец во кое биле четири члена на едно семјство кои се тешко повредени. Тинејџерите, на возраст меѓу 15 и 18 години, во изминатите денови ги „тероризрирале“ локалните жители со ...
Планираната „економска војна“ на Соединетите Американски Држави против Техеран би претсавувала прекршување на меѓународното право. Ниту една држава не може законски да принуди ги банките, претпријатијата или аеродромите на некоја суверена земја, да се откажат од легална трговија со трета држава, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи на Иран, Есмаил Багаеи. Претседателот на САД, Трамп, се закани со остри казни ...
Две лица загинаа при пад на ултралесен авион кој исчезна од радарот над Велебит во Хрватска вчера попладне. Остатоците од авионот и телата на жртвите беа пронајдени синоќа околу 22 часот во тешко пристапна област на Националниот парк Пакленица. Околу 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка (ХСС) служба учествуваа во големата операција за пребарување. - Нашите спасувачи преку радио околу 22 часот известија дека стигнале до локацијата ...
На граничните премини Табановце за влез и излез од државата и на Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Оттаму додаваат дека e зголемен и интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување ...
Десетина европски земји пријавиле локално пренесени случаи на вирусот Западен Нил од почетокот на годината, што е повеќе од отколку во истиот период минатата година, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). Случаи се пријавени во Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Грција, Италија, Холандија, Северна Македонија, Романија, Србија и други земји. Според податоците на ECDC, најмногу случаи се регистрирани во ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, два се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Студеничани - кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод - кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во Општина Кичево - село Тајмиште и месноста Дарда, во Општина Липково - кај селото ...
Шеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, ќе учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска ќе се плива во водите на Охридското Езеро. Маратонците од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Со мјузиклот „Као какао“,инспириран од музиката на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски синоќа на сцената на магичниот Долни Сарај се спушти завесата на 66-тото издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“. Годинашното издание го одбележаа врвна уметност, голем интерес кај публиката, рекордна посетеност и распродадени билети. Програмата понуди 48 фестивалски настани со учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји. Од спектакуларното ...
Работникот мора да има свој организиран глас, за да ја брани социјалната правда и достоинството порача првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов на одбележувањето на 80 години од своето формирање, истакнувајќи го јубилејот како значаен момент во историјата на македонското синдикално движење. На свечената седница присуствуваа актуелното раководство на ССМ, претставници на гранските синдикати, поранешни ...
48 381 денари, толку изнесувала просечната плата во Македонија исплатена во јуни годинава. Тоа значи дека за 1.163 денари јунската плата е помала од таа што била просечна во мај, однсоно 49.544 денари, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. На годишно ниво процентуално просечната плата е зголемена за 6,4 отсто. Ова се најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според извештајот, годишниот раст на просечната ...
Жешка борба со бројки и економски показатели се води деновиве на политичката сцена, додека инфлацијата си го зема данокот. За да се покаже во чие време се живеело подобро и кој има(л) поголеми успеси на планот на економијата се „пука“ со сите средства, од податоци на Евростат, соопштенија на Светска банка, извештаите на ЕУ за напредокот на земјата, а се прават дури и лични анализи. Премиерот Мицкоски и денес ја спореди својата Влада со ...
Не се исклучува можноста случајот за модуларната во Тетово повторно да биде отворен и до ОЈО да бидат доставени нови докази посочи премиерот Христијан Мицкоски откако обвинителството веќе го затвори овој случај кој предизвика реакции во јавноста. Мицкоски и денеска со порака до опозицијата дека истата таа која го критикуваше судството и обвинителството сега го фалат но вели предметот секогаш може дa биде отворен со нови докази и распределен ...
Високи температури, странски туристи и преполни гранични премини. Ова е сликата која речиси секојдневно се гледа на македонските гранични премини особено во текот на летниот период. Но, годинава дополнително се создава гужва поради системот безбеден град кој ги лови и странските возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила. На граничниот премин Табановце се отворени осум пункта каде странските возачи кои направиле прекршок , пред да ја ...
По делови од автопатот Прилеп – Битола ќе се вози веќе од следната година. Владата најавува фазно пуштање на трасата, повеќе од три години по потпишувањето на договорот за коридорите 8 и 10д. Според министерот за транспорт Александар Николоски, летово градежните работи добиле посилно темпо, а динамиката била анализирана и на работен состанок со изведувачот. Но, од првите километри до целосен автопат меѓу двата града ќе треба да се почека уште ...
Неинтонирањето на албанската химна за време на посетата на премиерот Христијан Мицкоски предизвика различни реакции кај премиерот Еди Рама и Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија. За првиот човек на албанската Влада, неинтонирањето на химната е ненамерен пропуст. Еди Рама, премиер на Албанија „Градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, однапред побара да се свири албанската химна. Тој беше игнориран, а потоа се извини за ...
43 Случаи на западнонилска треска, досега се регистрирани во земјава. од нив 40 се сигурно потврдени, додека кај уште три лица вирусот е потврден со еден тест, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Регистрирани се и први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир.Здравствените власти заедно со градоначалниците на скопските општини и скопскиот регион направиле мапирање на подрачјата со зголемен ризик од ширење на вирусот. ...
Шеснаесет пливачи од осум држави утре ќе застанат на стартот на 39. Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи на традиционалната 25-километарска патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охридското пристаниште. На маратонот ќе настапат пливачи од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и од Аргентина, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на денешната ...
Со свеченото отворање вечерва во италијанскиот град Таранто ќе биде означен почетокот на 20. те Медитерански игри. За македонските спортисти ова ќе биде четврто учество, по Мерсин 2013, Тарагона 2018 и Оран 2022 година. Македонскиот тим ќе биде најброен досега со 88 спортисти кои ќе се натпреваруваат во 4 екипни спортови и во 15 индивидуални. Заедно со придружниот тим ова е најбројна спортска делегација со вкупно 130 членови. Медитерански ...
Македонија е европски вицешампион во параглајдинг, а Ана Бергер е новата европска шампионка во женска конкуренција. На домашен терен, пред публиката во Крушево, македонската параглајдинг репрезентација стигна до историскиот успех – сребро во екипна конкуренција, додека Бергер го освои европскиот врв во поединечна женска конкуренција. Европското првенство во параглајдинг се одржа од 8 до 19 август во Крушево, со учество на 130 пилоти од 30 ...
Со денешните два натпревара што се играат во Скопје и Штип стартува четвртото коло од Првата фудбалска лига. Во терминот од 17 часот во Скопје играат истоимената екипа и Тиквеш, додека два часа подоцна во терминот од 19 часот Брегалница Штип ја пречекува екипата на Башкими. Утре (сабота) на програмата е еден натпревар во 16:30 часот играат Шкендија Арачиново и Арсими на стадионот Чаир. Оваа рунда ќе биде комплетирана во понеделник со двата ...