Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Две лица загинаа, а снабдувањето со електрична енергија е делумно нарушено во балтичките земји по силните бури и обилните врнежи што го зафатија регионот. Спасувачките служби извлекле тело на маж под паднато дрво во литванското село Мазионис, додека друг маж загинал откако врз него паднале делови од објект во латвискиот град Јелгава. Неколку лица се хоспитализирани поради здобиени повреди. Повеќе од 250 илјади домаќинства во Литванија ...
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, предвреме ја заврши трката во Формула 1 попладнево во Зандворт за Големата награда на Холандија. Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец ја изгуби контролата врз својот автомобил во вториот круг и удри во заштитната ограда. По инцидентот трката е привремено прекината за да се расчисти патеката. Самиот Верстапен веднаш по несреќата преку тимското радио го информираше својот тим дека не е повреден. Гран при на ...
Темата за резултатите од направената анализа за квалитетот на водата во Гостивар и понатаму е актуелна меѓу политичките партии. Речиси и да не поминува ден без едни со други да се обвинуваат и да си ја префрлаат топката за тоа кој е виновен и кој не реагирал навремено, па Гостиварци месец дена беа оставени без вода за пиење. Од опозициската СДСМ денеска повторно побараа да биде објавен целосен, јавен и потпишан документ за анализата на водата ...
За власта – спорна и нелегитимна одлука на обвинителството за запирање на истрагата за модуларните болници, која, како што велат, е одраз на судскиот систем наследен од претходната власт. За опозицијата – политички монтиран случај, преку кој ВМРО-ДПМНЕ собирало политички поени за да дојде на власт. Случајот со модуларните болници кои беа ставени во употреба во екот на ковид-кризата, повторно ги заостри односите меѓу двете најголеми политички ...
Влен бара од Али Ахмети и ДУИ одговори за трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица. Од партијата прашуваат како Обвинителството дошло до одлуката да ја затвори постапката за јавните набавки за 19-те модуларни болници. Вреди бара Ислам Абази целосно да објасни како е донесен ваквиот епилог. Од партијата велат дека трагедијата се случила во период кога ДУИ била на власт, а семејствата и по пет години се соочуваат со ...
Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство со став за обвинувањата на Сојузот на одгледувачи на овци- обезбедените 500.000 дози вакцини против сипаници кај овците и козите, како донација од Република Турција, остануваат дел од подготвениот институционален одговор за можна вакцинација. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство се во непосредна координација со турската ...
Од утре жителите на 11 струшки села остануваат без превоз до Струга. Поради заостанати и со години неподмирени долгови од страна на Општината, превозниците одлучија да не возат сè до целосно решавање на проблемот.Тие бараат исплата на сите заостанати долгови во рок од 15 дена, како и итна ревизија и корекција за зголемување на цените по зони, согласно реалните економски услови. Барањата до Локалната самоуправа ги испратиле уште минатиот ...
Утре од 08:00 часот вода нема да имаат корисниците од улицата „1409“ и индустрискиот дел во општина Ѓорче Петров. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради изведување водоводен приклучок Ф-300 мм на улицата „1409“ бр.9 во населбата Ѓорче Петров, а ќе трае до завршување на активностите. Утре од 08:00 часот вода нема да имаат корисниците од улицата „1409“ и индустрискиот дел во општина Ѓорче Петров. Како што информира ...
Бројот на жаришта со сипаници кај овците и козите е намален од 30 на 11, но институциите остануваат на највисок степен на внимателност. Како дел од подготвениот одговор, во тек е координација за испорака на донацијата од 500.000 вакцини од Турција, потврдуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Обезбедените 500.000 дози вакцини против сипаници кај овците и козите, како донација од Република Турција, остануваат дел ...
Министерството за финансии донесе правилник со кој се воведуваат конкретни услови за проверка на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата на лицата и компаниите кои бараат лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола. При поднесувањето на барањето ќе се проверува дали на лицата им биле изречени забрани за вршење професија или за приредување игри на среќа, како и други санкции и околности што можат да влијаат врз ...
Вкупно 149 лица се отсечени кај вулканот Толбачик на рускиот полуостров Камчатка, откако невреме го уништи патот што води до локалитетот, соопшти прес-службата на локалните власти. Од нив, 117 се туристи и водичи и тие ќе бидат евакуирани, додека преостанатите 32 лица се возачи кои засега ќе останат со своите возила до пробивањето на патот . Туристите и водичите со хеликоптер ќе бидат префрлени до селото Есо, од каде што со автобуси ќе бидат ...
ВМРО-ДПМНЕ и денеска обвинува дека модуларните болници поставени за време на Ковид-пандемијата биле набавени и пуштени во употреба без да бидат запазени сите потребни процедури. Од партијата велат дека немало соодветни одобренија, надзор и запишување во Катастар. Во соопштението се посочува и случајот со модуларната болница во Тетово, каде во пожарот во 2021 година животот го загубија 14 лица. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека тогашниот министер за ...
Од СДСМ им одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски пет години воделе политичка кампања против претседателот на партијата Венко Филипче по трагедијата во модуларната болница во Тетово. Од СДСМ велат дека трагедијата и болката на семејствата биле злоупотребувани за политички цели. Според партијата, Јавното обвинителство утврдило дека нема основа за одговорност на Филипче, злоупотреба на службената положба или штета на буџетот. Од СДСМ ...
Пожарите во прилепско предизвикаа сериозни штети, при што целосно изгореа четири поголеми пчеларници и неколку помали. Во пожарите настрадале голем број пчелни семејства, но и објектите и опремата на пчеларите. Пчеларското здружение „Матица“ Скопје упати апел до пчеларите и граѓаните за помош во обновувањето на уништените пчеларници. Од здружението повикуваат на солидарност, посочувајќи дека секоја помош е значајна за пчеларите кои претрпеле ...
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во изминатото деноноќие, од кои осум се активни, а 23 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во осум општини, меѓу кои Зелениково, Студеничани, Македонски Брод, Кичево, Врапчиште и Маврово и Ростуше. На повеќе локации гори ниска вегетација, грмушки и шума, а најсериозна е состојбата кај Тајмиште во кичевско, каде гори високостеблеста букова шума. ...
На археолошкиот локалитет Врбјанска Чука кај Кривогаштани, вечерва со почеток во 18:30 часот ќе се одржи концерт на Драган Даутовски. Настанот ќе биде надополнет со кратко предавање за неолитската населба и нејзиниот развој низ антиката и средниот век. Како што соопштуваат организаторите, концертот е дел од традиционалните настани кои повеќе години се одржуваат на крајот од истражувањето на локалитетот Врбјанска Чука. - На овој начин ...
Најмалку 37 лица се повредени во земјотресот со интензитет од 5,9 степени што рано изутринава го потресе подрачјето околу Токио, предизвикувајќи нарушувања во железничкиот сообраќај. Земјотресот бил регистриран околу два часот по локално време, со епицентар во јужниот дел на префектурата Ибараки недалеку од Токио, на длабочина од 68 километри, соопшти Јапонската метеоролошка служба. Земјотресот предизвикал нарушувања во железничкиот сообраќај ...
Во Казахстан започна гласањето на првите избори за новиот еднодомен парламент - Курултај. Сите избирачки места во земјата биле отворени во 7 часот по локално време и ќе бидат затворени во 20 часот. Вкупно 107 избирачки места биле отворени еден час порано, меѓу кои 79 во дипломатските претставништва на Казахстан во 61 земја. Гласачите избираат меѓу кандидати на седум политички партии, а повеќе од 12,6 милиони избирачи ќе одлучат за избор на ...
Спогодбата за трговија со услуги и инвестиции (TISIA) меѓу Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Русија официјално стапи во сила, што претставува значаен чекор во унапредувањето на билатералните економски односи, соопштуваат емиратските медиуми. Спогодбата ќе го олесни пристапот до пазарот за извозот на услуги, ќе ја зголеми заштитата на инвеститорите и ќе создаде нови можности за соработка меѓу приватниот сектор во брзорастечките услужни ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има ...
Големиот пожар кој избувна вчера околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар синоќа беше ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, пожарот се контролира на потегот од селата Водоча и Баница, се до месноста Софилар, а единствено се уште гори на едно тешко пристапно место во селото Водоча. Во гаснењето на пожарот покрај струмичките пожарникари учествуваа и пожарникари од ...
Иран дозволил неколку нафтени танкери од соседен Ирак да поминат низ Ормуската Теснина, објави денеска Иранската државна новинска агенција ИРНА. Според ИРНА, дозволата била дадена по барање на ирачкото раководство за време на посетата на претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Галибаф, на Багдад претходно оваа недела. Ирачкиот претседател, Нисар Амеди, изјави дека му укажал на Галибаф оти затворањето на Теснината за извоз на ...
Војната во Иран го доведе глобалниот рафинериски сектор до работ на капацитите, поради што цените на дизелот и бензинот би можеле да останат на високо ниво со години, предупредуваат светските агенции. Иако пазарот на сурова нафта успеа релативно добро да се приспособи на губењето на значителен дел од испораките од Блискиот Исток, можностите за надоместување на недостигот во рафинерискиот сектор се многу поограничени. Цената на референтната ...
Две лица загинаа во денешните руски ракетни напади во близина на Киев, за време додека германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул е во посета на главниот град на Украина, јави ДПА. Во Киев се огласија сирените за воздушен напад за време на настан со ветерани на кој присуствуваа Вадефул и украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека Русија започна напад со балистички ракети врз блискиот град Бориспиљ, каде што се наоѓа ...
Европската Унија ја потврди својата поддршка за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина во пресрет на 35-годишнината од нејзината независност, која ќе се одбележи на 24 август. Европската комисија објави дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина во нејзините напори за постигнување, како што е наведено, сеопфатен, праведен и траен мир, како и на нејзиниот пат кон Европската Унија. Од почетокот на руската инвазија ...
Големиот пожар што избувна денеска напладне меѓу струмичките села Баница и Водоча и месноста Софилар, во непосредна близина на Струмица, делумно е ставен под контрола и со механизација се прават пресеци за да се спречи ширењето, но според последните информации од ТППЕ Струмица пожарот стигнал до населбата Софилар во Струмица, а командирот на струмичките пожарникари, Александар Гудев наредил евакуација на граѓаните. Според директорот на ...
Охрид во знакот на 39-тото издание на меѓународниот пливачки маратон. Маратонот почна околу 11 часот кога во водата влегоа сите 16 пријавени 11 пливачи и пет пливачки. Патеката Климе Савин е долга 25 километри и се протега од Свети Наум до градското пристаниште во Охрид. Боите на Македонија оваа година ги бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошев. Пливачите пливаа по мирно езеро а температурата на водата ...
Македонската репрезентативка во параглајдинг, Ана Бергер освои златен медал во поединечна конкуренција на европското првенство во Крушево, додека репрезентацијата на Македонија се закити со сребро. Повеќе детали за овој историски успех од разговорот со тим лидерот на македонската репрезентација Мартин Јованоски... Македонската репрезентативка во параглајдинг, Ана Бергер освои златен медал во поединечна конкуренција на европското првенство во ...
Политичка одговорност, одлуки на обвинителствата, законски постапки и економскиот јаз беа дел од обвинувањата што денеска беа упатени е на релацијата власт–опозиција. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во врска со случајот со модуларните болници претставува последен атом на сила на претходната власт. Според владејачката партија, одлуката е одраз на начинот на владеење на ...
Серија полициски акции во Тетово и Гостивар резултираа со приведување на девет лица И заплена на поголемо количество огнено оружје, муниција, бела прашкаста материја и марихуана.... Полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар, во координација со специјалната антитерористичка единица „Тигар“, извршија претреси на повеќе локации по претходни пријави за пукање и судски наредби за претрес во текот на денешниот и вчерашниот ден. Полициски ...