Првиот денешен натпревар од 12.коло од Првата фудбалска лига меѓу Скопје и Силекс заврши без голови – 0:0. Гостите од Кратово беа поактивни, но немаа завршница да остварат нова победа откако во претходните две кола освоија шест бодови. Во тек се последните два натпревара од оваа рунда: Вардар – Струга (0:1 на полувреме) и Башкими – Арсими (0:0 на полувреме). На вчера одиграните дуели: Шкендија Арачиново – Тиквеш 1:1 и Брегалница – Шкендија ...

На МТКФ државниот шампионат во енбу одржан викендот во Скопје најуспешни беа каратистите од Работнички. Во категоријата кадети – сениори мешано најдобри беа: 1.Работнички 1 (Матеј Мангаровски и Камелија Недев) 2.Работнички 5 (Матеј Мангаровски и Матеј Јарчевски) 3.Работнички 7 (Георги Кокорманов и Андреј Трпков) 3.Скопје 5 (Александар Зафировски и Андреј Мишиќ). Победници во категорија деца 11-13 год се Работнички 2 (Филип Недев и Георги ...

Македонската репрезентација во футсал ја започнува трката за пласман на Светското првенство во футсал 2028 година. Националниот тим в петок ќе го одржи собирот пред премиерниот квалификациски натпревар против Финска, што ќе се одигра на 10. ноември на гостински терен во Ванта. Селекторот Газмед Хисејини го објави списокот на повикани играчи за овој натпревар, кој е дел од главната рунда на европските квалификации за Светското првенство во ...

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо денес го објави своето пензионирање од репрезентацијата. Четириесет и едногодишниот фудбалер својата одлука ја соопшти преку социјалните мрежи. Роналдо го имаше своето деби за репрезентацијата на Португалија во 2003 година. Одигра 234 натпревари за репрезентацијата, постигнувајќи 146 гола. Тој го освои Евро 2016 и е двократен победник на Лигата на нации на УЕФА. На 27 септември, Роналдо беше резерва ...

„Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош“, информираше гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на средбата со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), Станка Трајкова, и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското ...

Германската влада, и покрај острите критики, усвои уредба со која од почетокот на 2027 година за половина ќе ја намали, од 50.000 на 25.000, годишната квота за работници од Западен Балкан кои имаат олеснет пристап до германскиот пазар на труд. Уредбата, усвоена на вчерашната владина седница, треба да добие одобрение и од мнозинството во Горниот дом на германскиот парламент, во кој се застапени германските сојузни покраини. Покрај неколку ...

Случајот со Алта банка не може да го наруши банкарскиот сектор на Македонија, уверува министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска. Уделот во целокупниот банкарски сектор на Алта е незначителен, вели министерката и додава дека од аспект на индивидуалец како штедач во банката или клиент кој има сметка кај нив е легитимен е ставот. Но регулативата за банкарскиот систем треба да им биде гаранција дека никој нема да биде оштетен и во ...

Милионски загуби, прескапи проекти, дотраени пруги...државниот завод за ревизија откри сериозни пропусти во работењето на јавното претпријатие македонски железници инфраструктура ..ревизијата за 2024 година покажала дека компанијата продолжила да генерира милионски загуби, кои достигнуваат околу 80 милиони евра. Во документот, посебно внимание се посветува на инфраструктурата, која на одредени делови е во очајна состојба...Големи проблеми се ...

Алта банка е увезен проблем од нашиот северен сосед вели премиерот Христијан Мицкоски и се надева дека ќе биде избегнато најцрното сценарио бидејќи како што вели Србија била еден од најдобрите стратешки партнери на земјата. Сепак изразува надеж дека по формирањето новата владата во Белград ќе водела проевропски политики но и изрази надеж дека ќе се најде и купец со кој позитивно би се решил проблемот на сите засегнати страни но и на клиентите ...

Од 1 декември годинава граѓаните ќе се соочат со построги услови за задолжување во банките. Народната банка ги намалува максималните лимити за кредитна задолженост и го скратува рокот за отплата на станбените и хипотекарните потрошувачки кредити. Исклучок се граѓаните кои за првпат купуваат сопствено живеалиште, за кои се задржуваат поповолните услови. Новите правила, кои централната банка ги објави на 2 октомври, предвидуваат максималниот ...

Сите домашни банки претстојниов викенд ќе спроведат технички прилагодувања на своите системи заради воведување на новите стандарди во денарскиот платен промет од понеделник, 9 ноември 2026 година. Македонската банкарска асоцијација соопшти дека за време на овие зафати се можни привремени прекини и ограничена достапност на електронските и мобилните трансакции. Граѓаните и компаниите треба навремено да ги испланираат итните плаќања и да ги ...

Народната банка продолжува со олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „Алта банка“ АД Битола. Гувернерот Трајко Славески соопшти дека од понеделник ќе бидат отворени шалтерите во Тетово иСструмица и граѓаните што немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Утре Народната банка ќе организира бесплатен автобуски превоз за граѓаните од Ресен,Прилеп и Охрид до филијалата на Алта банка во битола.исто ...

Остра распродажба на акции го одбележа тргување на светските берзи, при што најголем удар претрпеа компаниите поврзани со изградбата на центри за податоци за вештачка интелигенција. Со тоа целосно беше избришана добивката што американскиот пазар на акции ја оствари претходниот ден кога го забележа најголемиот раст во последните три месеци. Индексот S&P 500 на „Волстрит“ падна за 4,4 отсто, што е негов најлош резултат од април 2025 година, ...

Турскиот парламент вчера го ратификуваше договорот за заедничка одбрана меѓу Пакистан, Саудиска Арабија и Турција. Тоа ѝ овозможува на Анкара да му пружи воена поддршка на Саудиска Арабија по нападите од јеменските бунтовници Хути. Договорот за заедничка одбрана од Мека, потпишан во август од трите регионални сили, предвидува дека вооружен напад врз која било од трите земји ќе се смета за напад врз сите нив. „Хуриет“ минатата недела објави ...

САД денеска воведоа нови санкции против поединци и субјекти поврзани со Куба. - Мерките се насочени кон транспортна мрежа за сурова нафта, државни претпријатија и добавувачите со седиште во Кина, кои ги снабдуваат кубанските вооружени сили, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Во исто време, САД презедоа чекори за воведување нови санкции насочени кон кубанските сектори за електроника, производство, поморство и технологија. - ...

Третпат неделава лажни дојави за поставени бомби го нарушија европскиот воздушен сообраќај, а само денеска 27 патнички авиони беа пријавени како цел на безбедносни закани. Дојавите за поставени бомби предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, принудни слетувања, пренасочувања на летови, итни слетувања и безбедносни проверки, иако досега не се пронајдени експлозивни направи. Ниту една земја или група нема преземено одговорноста за заканите, ...

Осум полицајци уапсени поради смртта на братот на обвинетиот за исчезнувањето на две годишната Данка Илиќ, по која се трага веќе неколку години. Српското МВР ги сомничи дека го злоставувале и мачеле Далибор Драгијевиќ кој почина на 7 април 2024 година, во просториите на Полициската управа во Бор... Сите осомничени добија 48 часовен притвор.. Од Обвинителството во Ниш велат дека досега биле издадени неколку наредби за апсење, но дека ...

На 89-годишна возраст почина Џон Д. „Џеј“ Рокфелер IV, долгогодишен американски сенатор, поранешен гувернер на Западна Вирџинија и прабнук на славниот нафтен магнат Џон Д. Рокфелер. Неговото семејство потврди дека тој починал во својот дом во Вашингтон. За разлика од поголемиот дел од своето економски моќно семејство кое традиционално ја поддржуваше Републиканската партија, тој беше истакнат член на Демократската партија и го посвети својот ...

Европската комисија ги започна преговорите со шесте партнери од Западен Балкан за нивно вклучување во европската шема „Роаминг како дома“, со која на граѓаните ќе им се овозможи да ги користат мобилните услуги во ЕУ без дополнителни трошоци за роаминг, соопшти Европската комисија. Преговорите ги опфаќаат Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Иницијативата ја најави претседателката на Европската ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го именуваше Стивен Милер, кој важи за главен архитект на неговата строга имиграциска политика, за нов шеф на кабинетот во Белата куќа на местото на Сузи Вајлс. Оваа персоналан промена доаѓа само неколку дена откако републиканците претрпеа убедлив изборен пораз на конгресните избори во вторникот, на кои демократите освоија контрола врз двата дома на Конгресот, добивајќи можност да ја блокираат ...

Шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Буданов, ќе ја предводи украинската делегација на трилатералните преговори со Русија и Соединетите Американски Држави, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати. Буданов ова го изјави во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес (CBS). Како што пренесе украинската новинска агенција Укринформ, тој истакна дека не очекува значителен пробив на претстојната ...

Проширувањето на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан е стратешка инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на Европа - изјави денеска словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар. Таа повика на поголемо единство во Унијата, која се соочува со променливи геополитички околности, и порача дека Брисел мора да се приспособи и да ја зајакне својата улога на меѓународната сцена. „ЕУ не може да си дозволи да биде поделена во момент ...

Француските синдикати, младинските организации и движењето „Жолти елеци“ денеска повторно се мобилизираат за масовни демонстрации ширум земјата, што е четврти последователен викенд на протести во Франција. Претходно во текот на неделата имаше блокади и протестни акции, како и штрајк на национално ниво во четвртокот, во кој учествуваа повеќе од половина милион луѓе, според Министерството за внатрешни работи. Синдикалната федерација ЦГТ ја ...

Судството и правосудниот систем остануваат рак-рана на македонското општество и еден од најсериозните предизвици со кои треба да се справи земјава на патот кон Европската Унија. Претставниците на Делегацијата на Европската Унија во Македонија ги посочуваат како клучни сегменти во евроинтегративниот процес. Заменик-шефот на Мисијата, Бен Нупнау, истакна дека во најновниот извештај за напредокот се нотирани мешања на други државни институции во ...

Пратка од скоро 20 тони македонски јаболка е вратена од бугарската граница откако лабораториските анализи на Бугарската агенција за безбедност на храната покажале остатоци од пестициди над дозволените законски граници .Но, она што особено ги револтира домашните јаболкари е што овој инцидент се случува во најлошо можен момент – во период кога откупната цена на јаболката е катастрофално ниска, а производителите едвај ги покриваат трошоците за ...

„До први“ документарен филм во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија. Проектот го обработува секојдневието и предизвиците на живеењето со минимална плата во Македонија. Пратеничката Моника Зајкова прва го прифатила предизвикот да се обиде да го преживее месецот со износ еднаков на минималната плата, со цел да се пренесе реалноста со која се соочуваат илјадници работници во државата. Зајкова успева да преживее со минимална плата ...

Ниту еден Албанец меѓу новите кадети на Воената академија. ДУИ отвори нов политички фронт, обвинувајќи дека за првпат од основањето на академијата во 1995 година, ниту еден припадник на албанската заедница не е примен на школување. Од Мала Речица бараат владеачиот партнер Вреди да објасни зошто не го исполнил ветувањето за застапеност на Албанците во државните институции. Порачуваат дека застапеноста не е привилегија и не смее да биде предмет ...

Меџити изјави дека редовно се среќава со премиерот. Иако понекогаш имаме различни гледишта или ставови, секогаш успеваме да ги решиме во рамките на Владата, рече Меџити. Тој ова го изјави по вториот круг од вонредните избори за градоначалник на Брвеница, кога ВМРО-ДПМНЕ го нарекоа коалицискиот партнер „тројански коњ“, незадоволни од поддршката од Влен. „Имаме редовни средби со премиерот Мицкоски. Ние сме дел од Владата, но сме и партнери. Не ...

Основниот кривичен суд Скопје определи притвор до 30 дена за две лица осомничени во истрагата за злосторничко здружување, изнуда и перење пари, поврзана со криминалната група од Куманово. За уште едно лице е одреден куќен притвор, додека четвртиот осомничен доби мерки на претпазливост. Притвор во траење до 30 дена им е определен на Д.П. и М.К. поради опасност од бегство, можност за повторување или довршување на кривичното дело, како и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 степен до 7 степени, а дневната од 8 до 18 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Калај

46.54