Косовскиот обвинител Наим Абази денеска побара од судот во Приштина да ги осуди на доживотен затвор обвинетите Срби, Благоја Спасојевиќ, Владимир Толиќ и Душан Максимовиќ за вооружен напад врз косовската полиција во Бањска во септември 2023 година. Тие беа уапсени веднаш по вооружениот судир во Бањска помеѓу вооружени Срби и косовската полиција. Специјалното обвинителство во Приштина за случајот Бањска подигна обвинение против 45 лица, од ...

Во Основниот суд во Приштина денеска започна првото рочиште за нападот во Бањска, при што адвокатот на семејството на убиениот полицаец Африм Буњаку побара доживотен затвор за обвинетите. На почетокот на рочиштето, обвинетите Владимир Толиќ, Благоје Спасојевиќ и Душан Максимовиќ се изјаснија за невини по обвиненијата за тероризам, финансирање тероризам и тешки кривични дела. Тројцата беа уапсени по нападот во септември 2023 година во Бањска, ...