Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев остро го критикуваше справувањето со комарците и западнонилската треска во Скопје. Апасиев преку социјалните мрежи обвини дека прскањето против комарци доцнело, а институциите не ги отстраниле потенцијалните места каде што тие се размножуваат, како канали, бари и мочурливи површини. Тој постави прашања и околу средството употребено при авионското прскање, за кое тврди дека не било соодветно ...

„Откај не испрскале на време за комарци у Скопје и закасниле месец дена, откај прскаат со нелиценцирано средство за авионско прскање, откај не ги исчистиле каналите, барите и мочуриштата со тиња кај што се ројат комарците – па оттаму дури и силни, со пења у устата, не’ убедуваат дека тие се размножувале во ВАЗНИТЕ ЗА ЦВЕЌИЊА НА ГРОБИШТАТА!?“ напиша на Фејсбук лидерот на Левица – Димитар Апасиев. Тој смета дека во септември ќе е пикот на ...