Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Пред точно 34 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, пишува во честитката. Овој историски ден, како што се додава, е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари ...
Соопштение на коалицијата ВРЕДИ: „Денес го одбележуваме еден од најважните датуми во историјата на државата – 8 Септември, Денот на независноста, кој денес е празник на сите граѓани на нашата земја. Ова е моментот кога граѓаните на оваа земја го избраа патот на суверенитет и ги поставија темелите на слободна и независна држава. Но нашата современа историја не може да се разбере без да се спомене и Охридскиот договор, кој ѝ даде на државата ...