Иран начелно се согласи да се ослободи од својот високо збогатен ураниум во преговорите со САД, а врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, наводно одобрил нацрт-договор, изјави функционер во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека договорот нема да биде потпишан овој викенд бидејќи сè уште има контроверзни детали, објави денес новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, на мрежата „Икс“. Според изворот, ...

САД ќе одржуваат поморска блокада на иранските бродови во Ормускиот теснец додека не се потпише договорот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додека претставници на неговата администрација тврдат дека преговарачите ќе имаат 60 дена за да постигнат конечен договор. Трамп напиша на Truth Social дека блокадата на САД ќе остане на сила додека не се постигне договор, не се ратификува и потпише. Тој додаде дека двете страни треба да ...

Иранскиот ураниум, кој е речиси погоден за оружје, досега се покажа како камен на сопнување во преговорите, но новинската агенција Ројтерс сега цитирајќи неидентификуван американски функционер, изјави дека Техеран „во принцип“ се согласил да се откаже од своите залихи. Високиот функционер на администрацијата на Трамп рече дека САД разбираат оти врховниот лидер на Иран го одобрил општиот план на договорот. Немаше веднаш потврда од Иран ниту ...

Иранскиот ураниум, кој е речиси погоден за оружје, досега се покажа како камен на сопнување во преговорите, но новинската агенција Ројтерс сега цитирајќи неидентификуван американски функционер, изјави дека Техеран „во принцип“ се согласил да се откаже од своите залихи. Високиот функционер на администрацијата на Трамп рече дека САД разбираат оти врховниот лидер на Иран го одобрил општиот план на договорот. Немаше веднаш потврда од Иран ниту ...

Ајатолахот Моџтаба Хамнеи е жив и здрав – има само површни повреди“ Иранскиот врховен водач, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, претрпел „површни повреди“ на лицето, главата и нозете за време на нападот на американско-израелските сили на 28 февруари, кога беше убиен неговиот татко и претходен ајатолах Али Хамнеи, објави денес иранската новинска агенција ИЛНА. Според агенцијата, повредите на Моџтаба не биле сериозни, па затоа не му бил потребен ...

Иран е подготвен да го премести високо збогатениот ураниум од својата територија, но под услов да биде префрлен во Кина, објавија денес „Ал Арабија“ и „Ал Хадат“, повикувајќи се на извори. Тие додадоа дека Техеран бара гаранции од Пекинг пред да постигне евентуален договор со САД. Иран инсистира дека Кина има улога на гарант во секој евентуален договор меѓу Вашингтон и Техеран. Изворите исто така рекоа дека командантот на пакистанската ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранскиот збогатен ураниум ќе биде испратен во Соединетите Американски Држави на уништување или ќе биде уништен на друга локација, додека продолжуваат преговорите за рамковен договор за завршување на војната со Иран. Збогатениот ураниум или „веднаш“ ќе биде предаден на САД и уништен таму, или ќе биде уништен на самото место или на друга прифатлива локација во координација со Техеран, напиша ...