Педагошкиот факултет св. „Климент Охридски“ во Скопје го одбележа својот 30 годишен јубилеј од својата работа. Како институција, од неа произлегуваат педагошки кадри, наставници, негуватели кои потоа работат со најмладитe и поставуваат цврсти основи за учење, знање, размислување, социјални и други вештини. Министерката за образование и наука ја истакна важноста на факултетот и неговата незаменлива улога. „Соработуваме со педагошкиот факултет ...
Во понеделник во земјава се слави 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, и патронен празник на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Заедно со Наум Охридски, тој е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија. Покрај црковните ...
По повод претстојниот државен празник „Св. Климент Охридски“, во понеделник паркирањето на паркиралиштата со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе биде бесплатно за сите граѓани. Од претпријатието информираат дека целодневно, во понеделник, паркинзите во рамки на Општина Центар ќе може да се користат без наплата. Ослободувањето важи за сите отворени паркиралишта под надлежност на ЈП ПОЦ – во строгиот центар, околу деловните и ...
На свеченоста што ќе се одржи на 8 декември во Кристалната сала на Собранието, Одборот за доделување на наградата ќе го врачи највисокото признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија. Академик Митевски ја добива наградата за своите придонеси во областа на воспитанието и ...
Во предвечерието на 8 Декември, Денот на Св. Климент Охридски, творец на Охридската книжевна школа, денеска во Битола, Сенатот и Ректорската управа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ го одбележаа патрониот празник на универзитетот. Според востановената традиција, домаќините заедно со своите гости од државата и странство положија цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски, поставен во дворот на ректоратот во Битола, а се чествуваше ...

