Организаторите на АБА-лигата стравуваат од инциденти на претстојните полуфинални дуели меѓу Партизан и Црвена Звезда, но сега се соочија со нов неочекуван проблем, откако Будуќност објави дека нема намера да патува на гостувањето против Дубаи. Тимот на Дубаи обезбеди пласман во полуфиналето, по што побара домашните средби до крајот на сезонава да ги игра во својата сала, по смирувањето на тензиите во Иран поради кои Дубаи беше домаќин во ...
Црногорскиот кошаркарски тим Будуќност треба да игра против екипата на Дубаи во плејофот на АБА-лигата. Сепак, постои проблем откако тимот од Подгорица испрати официјален допис дека донеле одлука да не патуваат во Дубаи поради загрозена безбедност. „По состанокот со тимот и тренерскиот штаб, беше организирана седница на Управниот одбор на КК Будуќност, на која беше донесена едногласна одлука тимот да не патува во Дубаи. Искрено жалиме што ...

