Во Македонската опера и балет (МОБ) во петок, 23 јануари во 19.30 часот ќе биде изведен балетот „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Гистав Флобер кој ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан. Кореографијата е на Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и суптилен современ ...
На 23 јануари во Македонската опера и балет повторно ќе биде изведена спектакуларната балетска премиера „Госпоѓа Бовари“ – современа, визуелно моќна и емоционално длабока приказна инспирирана од легендарниот роман на Г. Флобер. Главната хероина, Ема Бовари, жена што копнее по страст, слобода и смисла во животот ќе ве води низ измешан свет на фантазии и реалност, преку танц што зборува погласно од зборовите. Не пропуштајте го ова ретко сценско ...

