Учениците кои не се задоволни од резултатите од августовскиот рок на Државната матура имаат уште еден ден за реакција. Државниот испитен центар на 19 август ги објави прелиминарните резултати, а приговор може да се поднесе најдоцна до 20 август во 16:00 часот. На официјалната страница за матура е објавен и посебен пакет „Приговори август 2026“. Право на приговор има кандидат кој смета дека е направена грешка при оценувањето на задачите, ...

Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од полагањето на Државната матура 2026 година. Резултатите освен на интернет страницата http://www.matura.gov.mk, се објавени и на огласните табли во училиштата. Сите ученици кои сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот имаат право да поднесат приговор до Училишната матурска комисија. Согласно упатството на Државниот испитен центар, ...