Љубителите на кафе кои имаат висок крвен притисок често се прашуваат дали треба целосно да се откажат од кофеинот. Иако кафето може привремено да го покачи крвниот притисок, експертите велат дека умерената консумација, во комбинација со редовно следење на здравјето, за повеќето луѓе е безбедна. Кафето е дел од секојдневието повеќе од шест века, а денес просечниот човек годишно консумира речиси два килограми. Начинот на кој телото го ...
За многумина, денот без кафе е незамислив. Првата утринска шолја не е само пијалок, туку рутина и мал личен ритуал што го означува преминот од сон во активен ден. Сепак, иако кафето има бројни придобивки, начинот и времето на консумирање играат клучна улога во тоа дали ќе ни помогне или ќе има спротивен ефект. Кога се пие на празен стомак, во брзање или под стрес, кафето може да ја зголеми нервозата и заморот. Од друга страна, во помирен ...
Луѓето кои со години редовно консумирале кафе или чај со кофеин имаат значително помал ризик од развој на деменција, покажува анализа на здравствените податоци на повеќе од 130.000 лица, објавена од „Гардијан“. Истражувањето опфатило период до 40 години и укажува на 15 до 20 проценти понизок ризик кај оние кои пиеле две до три шолји кафе или една до две шолји чај дневно. Според научниците, лицата што пиеле кафе со кофеин покажале и побавен ...
Мирисот на кафе наутро за многумина е првата „обврска“ штом ќе ги отворат очите. Според последното истражување на Националната асоцијација за кафе во САД, дури 62 отсто од Американците пијат некој вид кафе секој ден. Нутриционистката Лиза Московиц објаснува дека кафето не е нездраво, но дека постојат повеќе навики за пиење кафе кои воопшто не се добри за човековото здравје и водат кон побрзо стареење. Првата од нив е – кафе наместо појадок. ...
Кафето е навика, ритуал и социјален симбол, но истовремено и најкористениот стимуланс во светот. Иако за многумина е неизоставен дел од денот, сè повеќе луѓе се прашуваат што навистина се случува со телото кога ќе се откажете од кафето и кофеинот. Кај лицата чувствителни на кофеин, дури и мали количини кафе можат да предизвикаат забрзано чукање на срцето, зголемен крвен притисок, нервоза и нарушувања на спиењето. Токму затоа дел од луѓето ...

