Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција објави документ од информации на компанија која тврди дека за дата-центар во земјава веќе има обезбедено капацитет од 100 мегавати електрична енергија, како и директен пристап до реката Вардар и ја обвини владата дека работи „под маса“. Филипче посочи дека документот е објавен пред три месеци и повика новинарите да го истражат и да утврдат како и под кои услови се обезбедени ...
Општина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата Дексион, во непосредна близина на новата детска градинка која е во фаза на изградба. Во рамки на акцијата „Clean up session“ беше расчистен просторот околу игралиштето и беа обновени постојните клупи. Во следниот период ќе продолжат активностите со обновување на корпите за ...
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет. Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава“, кажа Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на ...
„Венко Филипче откако се врати од одморот на Егејот со неговиот другар Зоран Заев продолжи со истиот речник на лаги, манипулации. И неколку дена го слушавме како се фалеше што обвинителството непокренало обвинение за 19 модуларни болници, а во една од нив изгореа 14 пациенти“, кажа Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Замислете Филипче се фали со дел од правосудството кое има два проценти доверба, конкретно обвнителството и ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на автопатот Скопје–Блаце, еден од најзначајните инфраструктурни проекти кој ќе овозможи побрзо и поефикасно поврзување меѓу Скопје и Приштина, олеснувајќи го движењето на граѓаните и развојот на економската соработка меѓу Северна Македонија и Косово. На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, премиерот ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост поради растот на доспеаните, а неплатени обврски на државата, кои на крајот на јуни 2026 година изнесуваат речиси 700 милиони евра. „Според податоците на Министерството за финансии, објавени во новата „должничка листа“, доспеаните и неплатени обврски изнесуваат 692,5 милиони евра. Тоа е зголемување од повеќе од 26 милиони евра за само шест месеци, а во однос на март годинава ...
Американскиот рапер Еминем се збогува со Доли Партон во емотивна објава на социјалните мрежи, споделувајќи писмо што легендарната кантри пејачка му го испратила по повод неговото приклучување во Рокенрол куќата на славните. Еминем призна дека никогаш немал можност да ја запознае Доли лично, но нејзината порака оставила силен впечаток врз него. „Жал ми е што никогаш не се сретнавме, но кога ја добив оваа порака од Доли, навистина ме погоди. ...
СДС не може да се помири дека Македонија има најевтини нафтени деривати и најниска инфлација од земјите во регионот, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ дека цените достигнале високи нивоа. „СДС не може да се помири се реалност и состојбите во државата. Во време на една од најголемите светски кризи предизвикани од немирите на Блискиот Исток, Македонија успева да ги задржи цените на нафтените деривати на најниско ниво од сите земји во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одликува американскиот милијардер и извршен директор на SpaceX, Илон Маск, со Орден на слободата на Украина, што е објавено со претседателски декрет. Киев, исто така, бара согласност од Маск да го користи Starlink на дроновите што делуваат во Русија. Зеленски ги наведе „придонесите на Маск во заштитата на човечкиот живот и слободата и развојот на односите меѓу народите на Украина и Соединетите ...
Објавен е апел за собирање финансиска помош за Гордана Мирческа, која се бори со карцином. Средствата се потребни за продолжување на лекувањето, медицински испитувања и други трошоци што таа, како невработена, не може сама да ги обезбеди. Донации може да се направат со повик на бројот 143506 за корисниците на А1 и на 143139 за корисниците на Македонски телеком. Контакт-телефонот е +389 75 611 340. Објавен е апел за собирање финансиска помош ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Форумот на шефови на гранични полиции од Западен Балкан, кој во рамки на Берлинскиот процес се одржува на 26 и 27 август во Скопје, со учество на претставници од регионот, земјите членки на Европската Унија, Обединетото Кралство, Меѓународната организација за миграции (ИОМ), како и европски, регионални и меѓународни партнери. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна ...
Продолжуваме со активности за ослободување на јавните паркинзи и подобрување на комуналниот ред во Општина Аеродром. По спроведена постапка и претходно известување на сопствениците, општинскиот Инспекторат започна со подигнување и отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните површини, извести градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески. „Возилата се подигаат со шлеп-транспортна служба и се транспортираат на собирно ...
Перењето завеси често завршува со истиот проблем – наместо чисти и прави, тие излегуваат од машината изгужвани, што значи долга сесија на пеглање. Сепак, постои едноставен трик што може да им помогне на завесите да се гужваат помалку за време на перењето. Обичен бел алкохолен оцет може да се користи наместо омекнувач за одредени видови ткаенини. Околу 100 милилитри се истураат во преградата наменета за омекнувач. Оцетот може да помогне во ...
„Цените на горивата се до плафон, од вчера дизелот е над 100 денари за литар. Ова е нов удар врз стандардот на граѓаните кои чекаат мерки, но Владата на Мицкоски не презема ништо. Нема намалување на ДДВ. Нема намалување на акцизата. Нема мерки за заштита на стандардот“, кажа Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Дури Мицкоски кажа дека нема намера да го намали ДДВ за горивата. Граѓаните во Македонија со најниски плати сега ќе ...
„Денес и официјално ги започнуваме градежните работи за изградба на автопатот Скопје–Блаце, една од најзначајните инфраструктурни артерии за поврзување на Северна Македонија со Косово“, извести Влен. „Повеќе од една деценија, овој автопат беше повеќе политичко ветување отколку конкретна реалност. Редовно служеше како изборен аргумент; неколкупати беше „пресечена лентата“ за почеток на работите, многупати беше предвидуван во државниот буџет, ...
Едно од десет деца (10% од децата) на возраст од 12 до 17 години што користат интернет во Северна Македонија – околу 12.000 деца – биле изложени на сексуална експлоатација и злоупотреба со помош на технологијата во една единствена година, според новиот извештај Disrupting harm (Спречување на штетата) во Северна Македонија, во кој се истакнува итната потреба од поцврсти системи за превенција, заштита и поддршка на децата. Сексуалната ...
Почнува изградбата на најсложениот и најтешкиот автопат кој на мало растојание од само 10.5 км ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови, галерии на комплексен ридско-планински терен кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите, изјави директорот на Јавното претпријатие Коце Трајановски на денешното поставување на камен темелник за започнување на изградбата на втората фаза на автопатот Скопје-Блаце. „Денес не поставуваме само ...
Не секој знак добива две децении среќа, а три од нив влегуваат во фаза во која парите, љубовта и успехот радикално се менуваат. Прочитајте кои се тие. Постојат периоди што траат две недели и оние што оставаат трага со години, а 20 години среќа спаѓаат во оваа втора група. Три хороскопски знаци влегуваат во фаза што може да го промени начинот на кој гледаат на парите, љубовта и сопствениот живот. Овој период не е само за парите. Заедно со ...
Од „Еко – свест“ алармираат дека добиле информации од населението дека се поставени машини за сеча на шума со што се отвора пат за изградба на МХЕ Рибничка. „Деновиве во паркот се подготвува нова сеча на шума, за потребите на изградба на малата хидро централа на реката Рибничка. За овој проект имаше силна критика од меѓународната стручна јавност и Бернската конвенција, македонските граѓански организации како и локалното население. Овој ...
Геенералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, упати јавен повик до Апелациониот суд да постапи во „Талир 2“ и рече дека случајот не смее да заврши со спас на Никола Груевски. „Случајот „Талир 2“ поврзан со Никола Груевски и криминално стекнатото седиште на ВМРО-ОКГ може да врати повторно со одлука на надлежниот Апелациски суд. Скопска апелација треба да донесе одлука да се преиначи првостепената ослободителна пресуда за ...
Водно доби нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и развивање здрави навики кај сите генерации. На планината е изграден нов моторички парк, со природни препреки и реквизити наменети за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. Моторичкиот парк е изработен од здравите стебла на паднатите дрвја по силното невреме што го зафати Скопје. „Нашата обврска не е само да ја санираме ...
Дали шемите на градоначалникот Боби Стефковски ќе ги чинат граѓаните на Гази Баба и Скопје околу 20 милиони евра од буџетот на Општината и Градот, праша Александар Вељановски, советник во општина Гази Баба од СДСМ. „Денеска, во пресрет на седница на Советот на Општина Гази баба сум на оваа локација за да отворам едно исклучително сериозно прашање и да побарам одговори од надлежните институции во Општината и Градот Скопје. Врз основа на ...
Во насока на преземање активности за справување со вирусот на западнонилска треска, Општина Карпош ги исклучи четирите фонтани кои се наоѓаат на нејзина територија. „Општинските служби го преземаат овој чекор, како превентивна мерка за спречување на појава на ларви и комарци, кои шират вирусни заболувања. За таа цел се исклучени: Фонтаната во населбата Бардовци; Фонтаната спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“; Фонтаната на плоштадот Делфина ...
Извори блиски до Том Круз откриваат за „Дејли меил“ дека актерот сака трајна врска, но дека снимањето филмови е на прво место и дека тој останува длабоко посветен на саентологијата. Актерот Том Круз можеби е една од најголемите филмски ѕвезди во светот, мултимилионер и едно од најпрепознатливите лица во Холивуд, но според луѓе блиски до него, постои еден дел од неговиот живот кој останува фрустрирачки нерешен – љубовта. Извори блиски до ...
Интензивно се работи на терен на депонијата „Мелци“, со максимално ангажирање на механизација, опрема и човечки ресурси, со единствена цел – целосно нормализирање на состојбата, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Во моментов се ангажирани булдожери, багери, екипи на ЈП „Комуналец“, камиони и цистерни. „Во акцијата се вклучени и општествено одговорни компании и институции, кои со својата механизација и ресурси даваат значаен ...
Кајли Џенер отворено проговори за тоа дали планира да има деца со актерот Тимоти Шаламет, со кого е во врска три години, и го откри своето мислење за сурогат мајчинството. Таа е мајка на осумгодишната Сторми и четиригодишната Еир, кои ги доби со нејзиниот поранешен партнер, раперот Травис Скот. Во интервју со пријателката Ирис Палмер во ријалити серијата на Клое Кардашијан „Девојките“, Џенер откри дека трето дете засега не е во плановите. ...
Утрово во 03:00 часот завршија теренските активности за вонредно прскање против комарци на територијата на општина Гази Баба, информира градоначалникот, Бобан Стефковски. Во текот на ноќта екипите поминаа низ Керамидница, Смилковци, Црешево, Стајковци, Сингелиќ, Ченто, Инџиково, Маџари, Триангла, Хиподром, Ергеле, Трубарево, Раштак, Булачани, Виниче, Брњарци, Гоце Делчев, Јурумлери, Идризово, Дрма, Колонија, Кирил Петрушевски, Автокоманда и ...
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, вели дека постојат сериозни индиции дека пожарот во депонијата „Мелци“ е подметнат. Доцна синоќа тој се огласи на „Фејсбук“ и сподели видеа и фотографии од борбата со огнот. „На депонијата „Мелци“ продолжува интензивната интервенција. Екипите ќе работат во текот на целата ноќ, се додека не биде изгаснат и последниот жар и не се создадат услови за целосно ставање на пожарот под контрола. Станува ...
Уште еден скандал излегува на површина под власта на ВЛЕН: тендерот во Психијатриската болница „Бардовци“, во вредност до 42 илјади евра годишно, завршил кај компанија во сопственост на братучедот на директорот на болницата, објавија од ДУИ. „Според објавените информации, сопственикот на „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, Бесим Авдулаи, е братучед на директорот Иса Авдулаи. Самиот директор ја потврдил семејната поврзаност, признавајќи дека станува ...
Словачката полиција спречи обид за палење на фабрика на украинскиот производител на дронови „Скајетон“, која се наоѓа на истокот од земјата. Полицијата вчера објави детали за операцијата со кодно име „Дрон“, според украинскиот портал Militarii. Претставник на „Скајетон“ изјави дека Русија редовно се обидува да напаѓа компании кои работат за Украина. „Русите систематски се обидуваат да ги таргетираат нашите производствени погони во Украина, ...