Воведувањето на 7- от авион во базата на Визер во Скопје е огромно достигнување во развојот на ависообраќајот во Македонија. Веќе имаме преку 2 милиони патници во првите шест месеци, многу нови дестинации и оваа визија продолжуваме да ја развиваме заеднички, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на промоцијата на новиот 7-ми авион на Визер во Скопје. „Ова е трета најголема база што Визер ...

Фото: Министерство за одбрана Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски упати искрена благодарност до амбасадорот на Турција, Фатих Улусој, и до одбранбеното аташе, полковникот Реџаи Јилмаз, за нивниот професионализам, посветеност и значаен личен придонес во унапредувањето на партнерството и пријателството меѓу нашите две земји, со што успешно го заокружија својот мандат. Во изминатиот период заеднички работевме на ...

Mинистерот за внатрешни работи Бесфорт Ламалари информираше дека полициски дронови ќе бидат употребени за да регистрираат сообраќајни прекршоци во Албанија, со што според албански медиуми, се очекува намален број на смртни случаи на патиштата за 45 отсто. Секој прекршок регистриран од дрон ќе биде пријавен кај најблиската полициска патрола, која ќе го запре возачот за да му ја даде казната. Ламалари додаде дека наскоро ќе бидат поставени ...

САД ја разгледува можноста за повлекување од Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), јавува Ројтерс, повикувајќи се на осум извори, меѓу кои дипломати и извор од американскиот Конгрес. Според информациите, Вашингтон, кој традиционално е најголемиот донатор на УНХЦР, размислува не само да се повлече од агенцијата, туку и да го прекине нејзиното финансирање и да се повлече од нејзиниот Извршен комитет. Пет извори наведуваат дека ...

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму која ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава. Индиската претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба, пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на ...

Фудбалската репрезентација на Шпанија е нов светски шампион, откако во финалето на стадионот „Метлајф“ ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженијата. Херој на шпанската репрезентација беше Феран Торес, кој во 106. минута го постигна единствениот гол на натпреварот и ѝ го донесе највредниот трофеј на својата земја. Избраниците на Луис де ла Фуенте од самиот почеток беа поконкретен и поопасен противник. Првата голема шанса ја имаше Ламин ...

Повод: Иницијативата „Вертикален коридор“ и приклучувањето на македонскиот национален оператор за пренос на природен гас НОМАГАС во групата оператори. По три децении поврзаност од една гасна маршрута, Македонија првпат добива реална можност да стане дел од европската енергетска мрежа што ќе носи природен гас од повеќе извори. Вклучувањето во проширениот „Вертикален коридор“ е стратешка одлука што може да ја промени позицијата на земјата на ...

Соединетите Американски Држави вчера извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ). Според соопштението, нападите имале цел веднаш да го казнат иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) по загинувањето на двајца американски војници во Јордан при ирански напад во петокот. Од ЦЕНТКОМ наведоа дека ударите биле насочени и кон дополнително намалување на ...

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија, а пренесе регионалната телевизија „Н1“. Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со ...

Одлично се одвива подготовката за изградба на брзата пруга на Коридорот 10, следуваат јавни презентации за студиите по што има изработка на договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финасирање пред Собранието – информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој потврди дека рокот за почеток на работите останува крајот на годината, како што изјави претходно премиерот Христијан ...

Извонреден трансфер на еден од најголемите македонски кошаркарски таленти Александар Сотир кој на свои 17 години потпиша со еден од најдобрите клубови од Шпанија, Уникаха Малага! По извонредните сезони во младинските шпански конкуренции со досегашниот свој клуб Елче, Сотир сега со трансфер во дефинитивно еден од најпрепознатливите кошаркарски брендови на Шпанија, Уникаха Малага, член на АЦБ лигата. Сотир престојнава сезона, ќе се приклучи на ...

Албанија и ако стане членка на Европската Унија нема да го користи правото на вето против Македонија во процесот на европска интеграција, изјавил албанскиот премиер Еди Рама пред учесниците на кампот „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, на кој има и млади од Македонија. Одговарајќи на прашањето на студент од Скопје, дали Албанија ќе стави вето на европскиот пат на Македонија, тој нагласил дека отсекогаш бил против употребата на вето во ...

Постојат моменти кои не се само дел од историјата, туку и вечен потсетник дека верата, идентитетот и човечкото достоинство не можат да бидат уништени. Денес за првпат весник “Македониум” ја објавува оваа драгоцена архивска снимка од 1991 година, која ја документира посетата на Преспанскиот митрополит г. Петар на Мала Преспа, непосредно по падот на комунистичкиот режим во Албанија. Во видеото е забележана посетата на селото Туминец, каде ...

Ансамблот „Студио Фолклор“ 0д Скопје ја донесе победата за Македонија, освојувајќи го првото место на престижниот „International Folk Festival Tirana“, каде што настапија фолклорни ансамбли од девет држави од Европа, Азија и Африка. Со извонредни настапи, богата кореографија и автентична изведба на македонските народни песни и ора, членовите на ансамблот достојно ја претставија Македонија, оставајќи силен впечаток кај публиката и стручната ...

Фото: Министерство за дигитална трансформација Изработена е физибилити студија, се обезбедува локација и финансиски модел за проектот што ќе биде основа за владиниот облак, сајбер безбедноста и развојот на вештачката интелигенција. Во вечерашното интервју на Македонската телевизија, во емисијата „На прва“, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека Владата започнува со реализација на еден од најзначајните ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по состанок во Париз на Коалицијата на подготвените, изјави дека проширувањето на Европска Унија кон Украина, Молдавија и Западен Балкан е најважна геополитичка инвестиција. ЕУ е целосно обединета во својата стратегија за мир преку својата моќ – зајакнување на поддршката на Украина, зголемување на притисокот врз Русија и подготовка на патот кон праведен и траен мир, објави Кошта на ...

Нов стратешки исчекор во зајакнувањето на енергетска безбедност и регионална поврзаност. Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа. Проширувањето на Коридорот кон Западен Балкан е резултат на интензивните дипломатски активности што ...

Фото: Министерство за одбрана Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во кумановската касарна „Боро Менков“ присуствуваше на церемонија за затворање на Командата на Бригата на Југоисточна Европа во Македонија. Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) – Шест години достигнувања, зајакната доверба и партнерството. Денеска заврши едно успешно поглавје за SEEBRIG, во кое Македонија беше домаќин на Командата на оваа значајна регионална ...

Фото: Собрание на Македонија Собранието денеска ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на дневен ред на 112. собраниска седница. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за нов ...

На 14 јули во Брисел ќе се одржи 9. Меѓувладина конференција Албанија-Европска Унија, каде што се очекува Албанија да ги затвори првите три поглавја од преговорите. Премиерот Еди Рама објави дека Албанија се подготвува за оваа важна фаза од процесот на европска интеграција, нагласувајќи дека патот кон ЕУ продолжува напред. Во објава на социјалните мрежи, Рама наведува дека состанокот ќе се одржи во Брисел, во Советот на ЕУ, при што „првите ...

Во својата кампања за културолошки геноцид против Македонците, Бугарија продолжува да бара бришење на македонскиот идентитет, историја, култура и јазик, во замена за кревање на ветото за кандидатурата на Македонија за членство во Европската Унија. Откако виде колку успехот имаше и колку западна поддршка доби Грција за нејзините слични барања за присилна промена на името со многу навредливото име „Северна Македонија“ во замена за укинување на ...

Во Македонија во моментов се градат шест автопати истовремено, што е невидено во целиот регион. Динамиката на работите на секоја од овие делници се одвива одлично и во наредните години ќе имаме модерно патно поврзување во сите делови на државата, посочува заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Вицепремиерот детално информирал за напредокот на сите автопатски проекти што во моментов се реализираат низ ...

Штотуку објавената „Страв од плетење“ од Ведрана Рудан, во издание на „Панили“, е достапна за македонските читатели преку „Матица македонска“. Првите примероци од книгата се вклучени во летната акција „Со книга на плажа“ и се достапни во книжарниците на „Матица“ и онлајн преку „Матица“, со специјален летен попуст. Со вклучувањето на „Страв од плетење“ во акцијата „Со книга на плажа“, „Матица македонска“ и ова лето ја потврдува својата ...

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Алијансата за еднаквост и европска правда и Партијата за европеизација и интеграција на Албанија доставија заеднички препораки до Специјалната парламентарна комисија за изборна реформа, Народниот правобранител, Делегацијата на Европската Унија во Албанија, Присуството на ОБСЕ во Албанија и Канцеларијата на Советот на Европа во Тирана, со кои бараат суштински измени во изборното ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека по завршувањето на посетата на мисијата на УНЕСКО е многу поголем оптимист за изградбата на автопатската делница Требениште–Струга–Ќафасан и посочува дека сега останува само да се одбере трасата. Најважно е, посочи, дека ќе се реализира. Во однос на изградбата на автопатот, веќе не е прашање дали ќе се гради, тоа беше прашање пред да дојдат, имаше одредени размислувања ...

Албанската полиција го објави завршувањето на меѓународната операција со кодно име „Бес“, за време на која во Драч беа уапсени двајца државјани барани од властите на Македонија за тешки кривични дела, објави ТВ21. Според соопштението на државната полиција, уапсените се М.Џ., 26 години, роден во Скопје, и С.Н., 34 години, роден во Норвешка. „За овие граѓани, ИНТЕРПОЛ издаде меѓународни потерници за: убиство, повреда, нелегално поседување ...

Вистина е дека оваа земја (се мисли на Бугарија з.н.) силно сочувствува со Македонското движење. Близу половина од населението во Бугарија се Македонци, по род или по потекло. Како и да е, руското влијание за контрола на (бугарската) влада е неверојанто умешно, а засега нема знаци на какво било јавно движење за промена на вистинскиот став, што Русија толку строго го има пропишано“, пишува покрај другото дописникот на Вашигтон Тајмс од Софија ...

Со проекцијата на кипарскиот филм „Држи се за мене“ во режија на Мирсини Аристиду, вечерва во 21 часот во амфитеатарот во Стар Дојран ќе биде отворен официјалниот натпреварувачки дел од петтото издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“. Свеченото отворање на фестивалот е закажано за 20 часот, по што во 20.30 часот ќе биде прикажан краткометражниот филм „Вошки“ на македонската режисерка Роза Симоновска. Првата фестивалска вечер ќе заврши ...

Министерството за транспорт работи на железничко поврзување на Македонија со Албанија, дополнително со воведување на меѓуградски возови. Заедно со Европската Унија во рамки на планот за раст интензивно работиме на документација за железничко поврзување на Скопје со Тетово и Гостивар во прва фаза. Во втора фаза и со Кичево и во трета фаза со Охрид, Струга и Република Албанија. Идејата е да се направат меѓуградски возови, нешто што многу ќе го ...

Бројот на жртви од двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 3.811, со 16.740 повредени лица, а 17.907 останаа без покрив над главата, изјави во вторник претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез. Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, повторно повика на укинување на меѓународните санкции и ослободување на замрзнатите државни средства во странство за да се забрза реконструкцијата ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75