Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Продолжуваат активностите за подобрување на локалната патна инфраструктура во административната единица Острен. Во моментов се изведуваат градежни работи за уредување и тампонирање со чакал на патниот правец Владимерица –Пасинки областа Голо Брдо, кој има значење за секојдневното движење на жителите од ова подрачје. Покрај тампонирањето на коловозот, во рамките на проектот се поставуваат и два пропуста за одведување на атмосферските води. ...
Фото: Православна автокефална црква на Албанија Православната автокефална црква на Албанија успешно ги заврши своите годишни летни кампови за деца и млади, во кои учествуваа млади од различни делови на земјата, поминувајќи неколку седмици во духовно надградување, заедништво и рекреација. Меѓу позначајните настани беше Вториот летен камп за девојки тинејџерки, кој се одржа од 20 до 27 јули во манастирот „Свети Јован Владимир“ во Шијон, ...
Фото: НУ Завод и Музеј – Охрид Мозаичната икона била откриена во 1960 година во црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид. Таа претставува исклучително редок пример на пренослива мозаична икона од византискиот период и значајно дело од охридското културно наследство. По повод одбележувањето 75 години од основањето на Музејот во Охрид, денеска напладне во Галеријата на икони ќе биде претставена исклучително вредната мозаична икона „Исус ...
Премиерот Еди Рама го започна утрово со објава на социјалните мрежи, каде што објави неколку фотографии од напредокот на работите на Коридорот VIII Елбасан-Ќафасан. Споделувајќи погледи од градилиштето, Рама нагласува дека работите продолжуваат со брзо темпо и дека оваа инвестиција значително ќе ја подобри поврзаноста на Корча и целиот југоисток со остатокот од земјата. „ДОБРО УТРО и со оглед на тоа што работите продолжуваат со брзо темпо на ...
Фото: Кабинетот на претседателот на Украина Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги разреши амбасадорите на Украина во Албанија, Хрватска и Црна Гора, согласно претседателските укази објавени денеска 6 август 2026. Според Указот бр. 709/2026, од должност е разрешен Васил Кирилиќ, кој ја извршуваше функцијата амбасадор на Украина во Хрватска. Со Указот бр. 710/2026, Зеленски го разреши Володимир Шкуров од функцијата амбасадор во ...
На планината Водно беше промовирано новото натпреварувачко возило на најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски–Иџе, со кое тој ќе настапува во претстојната натпреварувачка сезона. На промоцијата дојдоа и Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со премиерот Христијан Mицкоски, кои му дадоа поддршка на Иџе, кој е синоним за врвни резултати, професионализам и промоција на Македонија на европските патеки. „Иџе со години е еден ...
Во текот на последните 12 часа, на територијата на земјата се пријавени 25 пожари, од кои 10 се уште активни, соопшти денес Министерството за одбрана. 47 противпожарни возила и 454 оперативни сили се ангажирани во операциите за изолирање и гаснење на пожарите, преку координација на Националната агенција за цивилна заштита префектурите, единиците на локалната самоуправа и вооружените сили. 110 лица од вооружените сили, 3 хеликоптери, авионот ...
Ерик Вендт доби одобрение и од американскиот Сенат за нов амбасадор на САД во Албанија. Сега, единствената формална постапка што преостанува е американскиот претседател Доналд Трамп да ја потпише номинацијата за Вендт да започне со работа во Албанија. Кандидатурата на Вендт е изгласана на пленарната седница на Сенатот со 50 гласа „за“ и 44 „против“, по поддршката добиена претходно во Комитетот за надворешни односи. Тој е пензионира генерал ...
Македонскиот национален совет соопшти дека иницијативата за поставување на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад не носи никакви политички, територијални или меѓународни конотации, известува порталот 021 од Нови Сад. Оттаму додаваат дека иницијативата ја одразува желбата да се одбележат осум децении од организираното населување на Македонците во Војводина и да се оддаде признание за нивниот придонес кон развојот на Нови Сад, Војводина и ...
Граѓаните во Албанија отсега можат електронски да поднесат барање за корекција или ажурирање на својата адреса преку порталот е-Албанија, без потреба од посета на административните шалтери. Националниот адресен систем (НКА) претставува единствен и стандардизиран регистар кој овозможува прецизна идентификација на улиците, зградите и административните единици низ целата земја. Менаџерот за информатичка технологија во Дирекцијата за ИКТ при ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски синоќа во обраќањето на партиски настан во Ново Село изјави дека на барање на дијаспората е отворена директна линија Женева-Скопје. Николоски синоќа присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата. Прекрасна енергија во Ново Село! Вечерва ...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков оствари работна средба со градоначалникот на Општина Либражд од Република Албанија, Мариглен Диша на која беше разговарано за унапредување на меѓуопштинската соработка и заедничкиот настап во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Република Македонија и Република Албанија 2021–2027. На средбата посебен акцент беше ставен на подготовката на заедничка проектна апликација за ...
Македонско друштво “Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот на Општинскиот совет и членовите на Советот, со кое бара официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик. Иницијативата се темели на Законот бр. 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“, кој ги гарантира правата на националните малцинства, вклучително и ...
Во зимата 1943 година, еден мал партизански одред се криеше во планините над Крушево. Снегот беше длабок, а гладот постојан придружник. Но во тие услови, борците решија да отпечатат леток на македонски јазик – со рачно изрезбани букви на дрвена плоча и со мастило направено од саѓи и вода. Летокот гласеше: „Македонскиот народ се бори за својата слобода и своето име“. Кога летокот беше пуштен низ селата, луѓето го читаа со солзи во очите – за ...
Повеќе од 1.700 луѓе починале од ебола во источниот дел на Демократска Република Конго, а епидемијата се шири побрзо отколку што здравствените власти можат да ја следат, соопштија надлежните. Заклучно со вчера се регистрирани 3.802 случаи на зараза, од кои 1.707 завршиле со смртен исход. Генералниот директор на Африканските центри за контрола и превенција на болести, Жан Касеја, при втората посета на градот Бунија во близина на жариштето на ...
Фото: Министерот за одбрана, Ермал Нуфи Министерот за одбрана на Албанија, Ермал Нуфи објави дека во текот на изминатите 24 часа бил распореден 727 оперативен персонал за управување со 20 активни жаришта на шумски пожари низ различни делови во државата. Според објавата на Фејсбук, поддршката за локалните власти вклучувала 128 припадници на албанските вооружени сили, противпожарни возила, медицински возила за брза помош и три хеликоптери на ...
Расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“, е избран за најдобро дело на годинашниот конкурс за наградата „Живко Чинго“ што се доделува во чест на еден од најзначајните македонски раскажувачи. Во конкуренција од 24 доставени авторски трудови, стручната комисија во состав проф. д-р Димитар Пандев, претседател, и членовите Славе Ѓорѓо Димоски и проф. д-р Иван Џепароски, одлучи наградата да му припадне на расказот „Службен пат до ...
Италијанскиот Дом на пратеници го одобри предлог-законот за ратификација на Договорот за стратешка соработка со Албанија, потпишан во Рим на 13 ноември 2025 година. Предлогот доби поддршка од 149 пратеници, 81 гласаа против, додека тројца беа воздржани. За договорот целосно да стапи во сила, потребно е да биде разгледан и одобрен и од италијанскиот Сенат. Со договорот се воспоставува сеопфатна рамка за соработка меѓу Италија и Албанија во ...
Фото: Министерство за транспорт Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија. На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Министерот Николоски ...
Амбасадата на САД во Тирана во објава дека е ратификуван договорот со Албанија за заем од 302 милиони американски долари. Амбасадата во објава на Фејсбук нагласува дека „овој договор ќе го поддржи напредокот на Албанија кон исполнување на Хашката обврска за одбрана“. Меѓу другото, овој заем ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година. „Денеска, Соединетите Американски Држави со ...
Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи за „персона нон грата“ уште двајца Албанци од Македонија, поради сомневања дека вршеле активности спротивни на интересите на албанската држава. Станува збор за имамот Бекир Халими и политичкиот аналитичар и поранешен политички активист Валон (Ваљон) Белја. Според информациите, по предлог на Дирекцијата за борба против тероризмот, Министерството за внатрешни работи на Албанија ги ставило ...
Во преубавиот амбиент на Селце, успешно се одржа годинешната Летна школа за македонски јазик во Република Хрватска. Проектот, чиј носител е Заедницата на Македонците во Република Хрватска, а се остварува со финансиска поддршка на Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска, уште еднаш ја потврди својата непроценлива улога во зачувувањето на македонскиот јазик, идентитет и култура кај помладите генерации. На шШолата ...
Фото: Национална агенција за цивилна заштита Пожар од големи размери беснее во јужниот дел на Албанија, кај Делвина и Финиќ, каде според министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, ситуацијата е критична. Со часови се соочуваме со тешка ситуација поради пожарите во неколку села во Делвина и Финиќ, а апсолутен приоритет на службите е заштита на населението и домовите. Сите наши структури се на терен и операцијата продолжува без прекин, ...
Мароканската влада соопшти дека дезинформациите на социјалните мрежи и трговците со луѓе стојат зад масовното преминување на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Мароканската влада соопшти дека дезинформациите на социјалните мрежи и трговците со луѓе стојат зад масовното преминување на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Министерството за внатрешни работи соопшти дека преминувањата биле поттикнати од дезинформации на социјалните мрежи, ...
По повод големиот македонски национален празник Илинден, делегација на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), предводена од претседателот Васил Стерјовски, положи свежо цвеќе на споменикот на борците во селото Туминец, Општина Пустец. Споменикот е подигнат во чест на борците од Туминец кои се приклучија на македонските партизански одреди и учествуваа во борбата за ослободување на Македонија од фашизмот и нацизмот за време на ...
По повод 2 Август – Илинден, Државниот архив објави избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, кои сведочат за борбата, идеалите и жртвата на илинденците. „На денешен ден 1903 година започна Илинденското востание, еден од најзначајните настани во македонската историја. Водени од идеалите за слобода и сопствена држава, македонските револуционери ја започнаа борбата која остави траен белег во колективната меморија на ...
Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, во потпелистерското село Трново ќе ја одржат 55-та по ред, Семакедонска средба. Според востановената традиција, на средбата ќе и претходи утринска богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ со која ...
2025: 19 години од членството на Република Бугарија во ЕУ, 35 години од воведувањето демократија, 62 години од почетокот на политиката на негирање, асимилација и дискриминација на македонското малцинство во Бугарија Содржина: – Вовед: Положбата на македонското малцинство и главни настани во 2025 – Негирање на македонското малцинство, нација и идентитет – Говор на омраза – Недостаток на правна заштита – Прекршување на правото на здружување: ...
За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските заедници. Во Илинден ја гледам искрата на македонскиот револуционерен оган, што им го осветли патот на ...
Со полагање на цвеќиња на спомен обележјата на Методоја Андонов Ченто ,на Пере Тошев, Ѓорче Петров, на Кузман Јосифовски Питу, на Могилата на непобедените, денеска во Прилеп беше одбележан 2 Август, Илинден, Денот на Републиката. Бројни делегации, градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски, со длабока почит им оддадоа признание на македонските херои кои со својата храброст, пожртвуваност и љубов кон татковината ги вградија своите животи во ...