Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Илинден не е само датум, туку завет, карактер и најсилен доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, напаѓани, предавани и потценувани, но никогаш покорени, порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. Слободата не започнува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ, истакна ...
На големиот македонски национален празник Илинден, во Јабука се одржа Основачкото собрание на Македонскиот национален сојуз, со што беше означен почетокот на ново и историско поглавје за македонската заедница во Република Србија. Во Сојузот се обединија 29 од вкупно 34 активни македонски организации во Србија, без Националниот совет. Ова претставува најшироко организирано обединување на македонски здруженија, фондации, културно-уметнички ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека 2 Август – Илинден е најсилниот доказ за вековната борба на македонскиот народ за своја самобитност и државност, истакнувајќи дека тој историски пат започнал во 19 век, а својата кулминација ја достигнал со независноста на Македонија во 1991 година. Во изјава од Крушево по повод одбележувањето на националниот празник, Николоски нагласи дека идејата за македонската држава ...
Слика: Излет на Македонците во Тирана за Илинден во 1937 година Македонското друштво “Илинден“-Тирана го честита Денот на Републиката – 2 Август, празникот на двата историски Илиндена: 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ. „Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, посветен на Илинденското востание од 1903 година, како и на славниот Илинден од 1944 година, кога беа поставени ...
Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски упати честитка до граѓаните, припадниците на Армијата и вработените во Министерството за одбрана по повод 2 Август – Илинден, истакнувајќи дека овој датум претставува најголемиот празник и еден од најзначајните симболи на македонската државност. Во честитката, Мисајловски нагласува дека Илинден ги претставува идеалите на слободата, самобитноста, патриотизмот и љубовта кон татковината, ...
Фото: Мечкин камен – Крушево Илинденското востание, кое се слави со посебна величественост, чест и комеморација, секогаш на 2 август, во спомен на 2 август 1903 година, кога народот од Крушевско и околните области херојски се кренаа против суровиот отомански јарем, е навистина единствен случај во ваквите ослободителни движења, не само на нестабилниот и воинствен Балкански полуостров. Ова се вели со полна убеденост, меѓу другото, затоа што ...
† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Сети се на старите денови, помисли за годините на поранешните поколенија[1]. Возљубени празникољупци, Денес, со трепет и со духовна радост, го прославуваме Илинден – големиот настан од нашата ...
Стерјовски: Илинден е вечен симбол на слободата, достоинството и националниот опстанок, а за Македонците во Албанија претставува инспирација за продолжување на борбата за национални права. По повод националниот празник 2 Август – Илинден, Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати честитка до Македонците, во која се нагласува дека Илинден е најсветлиот ден во македонската историја и траен симбол на вековната борба за слобода, ...
По подолго боледување, денес во Скопје, на клиниката за кардиологија, на 72 години почина Исмаил Бојда, примерен сопруг, татко, дедо, прадедо, Македонец, голем патриот, другар и пријател, кој целиот свој живот го посвети во одбрана на правата на Македонците со исламска вероисповед во Македонија, Албанија, Косово и Турција, насекаде каде ги има во светот. Неговите дела ќе останат за пример на идните генерации – да се биде горд припадник на ...
Најмалку 49.000 мигранти нелегално влегле во Сеута во последните денови, покажува првичната проценка на безбедносните сили, а најголем број преминувања е забележан вчера. Оваа бројка значително ја надминува претходната миграциска криза во овој шпански автономен град од мај 2021 година, кога околу 10.000 луѓе успеале да ја преминат границата и да влезат во Сеута, пишува шпанскиот „Паис“. Најмалку 18 лица загинаа за време на обидот за премин, ...
Вчера и денес во Туминец се одржа традиционалната манастирска слава посветена на светата великомаченичка Марена (Марина).Повеќе од илјада верници од областа Преспа, Албанија и Македонија и светот присуствуваа на вчерашниот заеднички молитвен и празничен собир во чест на светицата-заштитничка на манастирот. Свеченостите започнаа со вечерна богослужба на 29 јули, по што следеше богата културно-уметничка програма со македонски народни песни и ...
Премиерот Еди Рама денеска на испораката на првите 40 тактички возила за албанската армија произведени во земјата, изјави дека една од стратешките цели на Албанија во областа на одбраната сега стана реалност, бидејќи првата флота возила произведени дома според стандардите на НАТО е ставена на располагање на вооружените сили. Според него испорака на возилата, произведени во Албанија, од страна на компанијата „Тимак Дифенс“, претставува ...
Летната школа се одржува од 31 јули до 6 август и има за цел да им овозможи на младите генерации од дијаспората да го изучуваат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, историја и традиција и уште повеќе да ја зацврстат врската со својата татковина. Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за учење македонски јазик, на која учествуваат деца на наши иселеници од повеќе држави ширум светот. Летната школа ...
Првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8, се одржа денеска во Софија. Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. ...
Албанија и Србија начелно се договориле да отворат конзулати во Скадар и во Бујановац, изјави српскиот министер за надворешни работи, Марко Ѓуриќ. „Ме радува што имав добри разговори со новиот албански министер за надворешни работи, Ферит Хоџа, со кого постигнавме начелна согласност да отвориме конзулати на нашите две земји во Скадар и во Бујановац“, изјави Ѓуриќ. Зборувајќи за Европската Унија, Ѓуриќ рече дека Србија го забрзала ...
Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на средбата со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски разговарале околу поддршката што оваа општина може да ја даде за друштвото и унапредувањето на соработката во областа на културата. Чест и задоволство ми беше што со градоначалникот имавме срдечна средба. Непосредно го запознав со проблемите со кои се соочуваат Македонците, како и со активностите на друштвото. ...
„Водачу на небесните војски, ние недостојните секогаш те молиме, со своите молитви да нѐ оградиш под заслонот на крилјата на твојата слава бестелесна, пазејќи нѐ нас, кои грижливо ти се приклонуваме и повикуваме: Од неволји избави нѐ, како началник на вишните сили.“ – Тропар на Собор на Свети Архангел Гаврил, глас 4 Во живописниот предел на Долни Дримкол, меѓу спокојот на планинските падини и спомените што ги чуваат манастирските камења, ...
„Јас сакам само да упатам честитки на работата на градоначалникот бидејќи би рекол за овие неколку месеци се направија големи чекори во проекти коишто беа до никаде, односно беа заглавени и со посветена работа, можам да кажам дека за овие неколку месеци откако Орце е градоначалник се гледа огромен напредок, еве како што самите слушнавте до Нова година очекуваме не само овој проект туку уште други 2, па и би рекол 3 проекти ќе бидат завршени. ...
Премиерот Еди Рама, повторно реагираше на протестите и барањето за негова оставка, при што за првпат директно кажа дека нема намера да поднесе оставка. Според него, мандатот што го користи произлегува од гласот на граѓаните и не може да биде прекинат од барањата на демонстрантите.Тие повторуваат дека не сакаат дијалог, не сакаат преговори, само сакаат моја оставка! Големо недоразбирање, напиша Рама на платформата Х . Вели тој нема „договор“ ...
Заедничкиот извештај од 2025 година изготвен од комитетот за човекови права „Толеранција“ со поддршка од ОМО „Илинден“ – Пирин, Здружението на репресирани Македонци во Бугарија – жртви на комунистичкиот терор, ОМО „Илинден“-Пирин, Здружението за заштита на основните граѓански права, Граѓанската иницијатива за признавање на македонското национално малцинство во Бугарија и заштита на правата на бугарските граѓани со македонска самосвест, ...
Скопје денеска ја одбележува 63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, во 10 часот ќе положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел. Во исто време, цвеќе ќе положат и претставници ...
Во првата половина од годинава во Албанија влегле 9.166.350 албански и странски посетители во или 6,6 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Според податоците објавени од државниот институт за статистика(ИНСТАТ), во периодот јануари-јуни, во земјата влегле 5.059.069 странски државјани, што претставува зголемување од 6,2 отсто додека влезот на албански државјани изнесува 4.107.281, што е зголемување од 7,1 отсто. Само во ...
Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, истакна заменик претседателот на ...
Историски моменти што не смеат да бидат заборавени! Постојат настани кои не се само дел од историјата, туку претставуваат сведоштво за непокорниот дух, верата и истрајноста на еден народ. Денес, за првпат, весникот „Македониум“ ја објавува оваа драгоцена архивска снимка од историската посета на Преспанскиот митрополит г. Петар на Мала Преспа, непосредно по падот на комунистичкиот режим во Албанија, за Велигден – 5 мај 1991 година. Оваа ...
Поранешниот унгарски премиер, Виктор Орбан денеска го повика членството и симпатизерите на неговата партија „Фидес“ на „отпор“ против, како што рече, „самоволното владеење“ на неговиот наследник, Петер Маѓар. Во своето прво поголемо јавно појавување по изборниот пораз во април, Орбан пред своите поддржувачи во романското бањско лекувалиште Баиле Тушнад изјави дека „Фидес сега мора да дејствува на сосема поинаков начин и да служи на ...
Фото: Министерство за одбрана Mинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, денеска ги посетија припадниците на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и извршија увид на градежните активности, кои во моментов се реализираат во касарната. Mинистерот Мисајловски одговараше и на новинарски прашања во врска со моменталната состојба со загадената ...
Кандидатите за наследник на Антонио Гутереш по истекот на неговиот маднат, одговараа на прашања за предизвиците со кои се соочува Светската организација, меѓу кои застојот во Советот за безбедност на ОН, финансиските притисоци, зголемениот број меѓународни кризи. Шест кандидати за функцијата генерален секретар на Обединетите нации синоќа пред Генералното собрание на ОН ги претставија своите приоритети, на дебата организирана во формат сличен ...
Црковниот одбор на манастирот “Света Марена“ во село Туминец, Преспа ги поканува сите православни верници да присуствуваат на традиционалната манастирска слава, која ќе се одржи на 29 и 30 јули 2026 година Црковниот одбор на манастирот “Света Марена“ во село Туминец ги поканува сите православни верници да присуствуваат на традиционалната манастирска слава посветена на светата великомаченичка Марена (Марина), која ќе се одржи на 29 и 30 јули ...
Фото: Македонски весник “Илинден” Силното невреме проследено со обилни врнежи и силен ветер, кое во текот на ноќта ја зафати јужна Албанија, однесе два човечки живота, а уште три лица се повредени, соопштија надлежните албански институции. Една од жртвите е Башким Бочи, електричар во државната електроенергетска компанија, кој загинал за време на интервенција во Химара. Според албанските медиуми, несреќата се случила околу 3 часот по полноќ ...
Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, се обрати на свеченото отворање на Интернационалниот фестивал „Играње во Подградец“, нагласувајќи дека фолклорот претставува мост на пријателство, разбирање и соработка меѓу народите. Во своето поздравно обраќање, Стерјовски истакна дека за него претставува особена чест да биде дел од фестивалот, кој, како што рече, ги промовира најдобрите вредности на ...