Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Централниот Совет на Македонците во Германија ја поддржува кандидатурата на Тони Менкиноски за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСПЧ). Изборот на новиот судија од Македонија ќе се одржи во јануари 2026 година преку Парламентарното собрание на Советот на Европа, по завршување на деветгодишниот мандат на актуелниот судија. Господинот Менкиноски има долгорочно искуство во областа на меѓународното и уставното право и примената на ...
Албанската полиција по 12-часовната операција, која наиде на отпор од две лица осомничени за извршување терористички акти, ги уапси истите а во објектот каде се криеле открила и оружје, муниција и знамиња на терористичката организација ИСИС, објави Топ чанел, повикувајќи се на полициско соопштение. Во акцијата „Орош“ спроведена во селото Орош, кај Мердита во северниот дел на земјата, освен полициските службеници од градот Пук, биле вклучени ...
По промоциите на универзитетите во Мадрид, Париз, Задар, Бања Лука и Скопје, колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ подготвена од македонски тим истражувачи, вчера беше претставена и на Универзитетот во Загреб. Ова капитално дело веќе е во фондот на загрепските библиотеки и ќе биде дел од наставата на загрепскиот Филозофски факултет. Како што беше истакнато од предавачите по македонистика на Универзитетот во Загреб на ...
Во село Шиштеец областа Гора каде што уривањето на мост целосно изолираше 20 семејства. Жителите известуваат дека се заробени со денови, без излез од областа и без алтернативен начин да стигнат таму. Уривањето на мостот го прекина снабдувањето со храна и основни производи, додека децата не можат да одат на училиште, што дополнително ја влошува ситуацијата во заедницата. Жителите бараат итна интервенција од Општина Кукс и одговорните ...
Во Албанија поплавите го погодија северот и југот, едно лице загина. По обилните дождови што ја погодија Албанија, околу 1.000 домови и над 1.500 хектари земјоделско земјиште се поплавени, стотици семејства беа евакуирани, а регистрирана е една жртва. Најпогодени се регионите Лежа, Пешкопеја, Фиер, Берат, Корча, Ѓирокастро и Валона, каде што речните текови и дождовите предизвикаа оштетувања на мостови и инфраструктура. Армијата и службите за ...
Во селото Орош, во општина Мирдита на северот од Албанија, во тек е голема антитерористичка операција на албанската полиција и специјалните сили, јавуваат локалните медиуми. Според top-channel, куќа во тоа село е опколена од утрото. Полицијата од градот Пука и специјалната единица за неутрализација на вооружени елементи – единица на албанската полиција задолжена за најопасните и најсложени акции се на терен. Според извештаите, сомнежите се ...
Македонското друштво „Мала Преспа“ во Канада, го одржа својот традиционален годишен банкет во чест на Свети Архангел Михаил, заштитникот на Македонците од Преспа. Настанот се одржа во Мисисага и собра голем број македонски семејства, гости и пријатели од пошироката област на Торонто и од САД. Друштвото „Мала Преспа“ претставува едно од најзначајните и најактивни македонски друштва во Канада, обединувајќи членови од различни генерации кои ...
Од 13-18 Октомври, во организација на Медицинскиот симулациски центар, а во соработка со Европскиот Совет за Ресусцитација, се одржа тренинг обука за Основно и напреднато одржување во живот (АЛС и БЛС). На оваа обука, најголема од овој вид досега во Македонија, 39 доктори и медицински сестри од итната медицинска помош од 24 општини во државата, беа обучени во согласност со европските стандарди и се стекнаа со ЕРЦ сертификати за основно и ...
Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвора сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против мене, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата, напиша поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својот профил на Фејсбук. „Овие прашања не се само потврда на целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите на претходната власт во ...
Македонското друштво “Илинден“- Тирана, до година ќе биде домаќин на семинарот на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Ова едогласно е одлучено на 28. семинар на работната група на словенските малцинства што се одржува во Горица, Италија, во чија работа учествува и Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Ова е многу значаен, би го оценил историски ден за Македонците во ...
Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвора сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против мене, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата, напиша поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својот профил на Фејсбук. „Овие прашања не се само потврда на целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите на претходната власт во ...
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски, беа дел од Самитот на градоначалници против антисемитизмот, кој се одржа во Париз. Самитот, со кој претседаваше градоначалничката на Париз Ан Идалго, ги обедини градските лидери, креаторите на политики и претставниците на заедниците, во нивната заедничка мисија за активно спречување и сузбивање на антисемитизмот во сите негови форми. Настанот ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воведува современ дигитален систем и специјализиран дрон за надзор и мониторинг на концесиите за минерални суровини, соларна енергија и ветерни инсталации. Новата технологија овозможува прецизно следење на експлоатацијата на минералното богатство, како и проверка на точните координати и инфраструктурата на соларните панели и столбовите за мерење на ветерните паркови. На овој начин, ...
Намалувањето на меѓународниот надзор врз Бугарија би го поткопало кредибилитетот на системот за заштита на човековите права на Советот, бидејќи земјата не ги спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права. Време е Советот на Европа да ги засили своите напори во заштитата на правата на малцинствата во Бугарија. На 2 декември, Комитетот на министри ќе се состане за да одлучи дали да продолжи со следење на кршењата на правата на ...
Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше на 28 -ти семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН) се одржи од 20 до 23 ноември 2025 година во Горица, Италија. Настанот беше организиран од ФУЕН во соработка со локалните организации на словенечките малцинства „Свет Словенских Организација“ (SSO), „Словенска културно-господарска ...
Академик Стојко Стојков смета дека односите меѓу Македонија и Бугарија се во жална состојба и дека ќе има блокада од источниот сосед на нашите евроинтеграции можело да се претпостави претходно. Сега, вели, Македонија нема друг избор освен да се бори, затоа што, смета дека една отстапка би водела кон нови отстапки. „Односите меѓу Македонија и Бугарија се во многу жална состојба. Но, тоа е нешто што се очекуваше и коешто со децении се ...
Претседателката на Македонија, Гордaна Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упатува честитка до сограѓаните Албанци, во која, како што се вели, со особена почит го честита 22 Ноември – празник којшто претставува силен симбол на просветителскиот напор, културната зрелост и историскиот опит на албанскиот народ. -Пред 117 години унифицираната азбука го започна своето патување од Конгресот во Битола, како најважен ...
Лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски во Брисел остварил средба со Ана Јунгнер-Нордгрен, претседателка на европската Мрежа за промоција на лингвистичка разновидност со седиште во Брисел. Чест ми беше да се сретнам со Ана Јунгнер-Нордгрен, со која разговаравме за нови иницијативи што ќе придонесат за силна и видлива промоција на македонскиот јазик во Албанија, информира ...
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, утрово ги посети екипите на ЈКП „Комуналец“ кои интензивно работат на уредување на просторот и парковските површини во централното градско подрачје. Тој им упати искрена благодарност за нивната посветеност, секојдневен труд и „тивка храброст“ со која го прават градот поубав, побезбеден и попријатен за живеење. Проданоски најави дека активностите за уредување ќе продолжат и во наредниот период, ...
За Македонија, Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст во Тирана. Тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена, продолжи Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот. Ова беше резултат на ...
Специјалниот суд против корупција и организиран криминал (ЃККО), денеска ѝ изрече две безбедносни мерки на вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку: „суспензија од вршење на должност и функцијата“ и „забрана за напуштање на земјата“ како дел од истрагите за прекршување на еднаквоста на тендерите. Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) на 31 октомври поднело обвинение ...
Процесот за воспоставување на првиот Национален инвентар на јавни згради официјално започна, отворајќи ново поглавје во начинот на кој државата ќе планира, инвестира и управува со својот јавен инфраструктурен фонд. Новата база на податоци треба да обезбеди целосна слика за состојбата, енергетската ефикасност и потребите од инвестиции во сите јавни објекти низ земјата. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ...
Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од Охрид ја доби меѓународната награда The Bizz Award, најпрестижното глобално признание за деловна извонредност што го доделува World Confederation of Businesses (Worldcob). Наградата е признание не само за деловна извонредност, туку и за континуираниот развој на компанијата, се вели во официјалното известување пратено до д-р специјалист Небојша Баткоски, сопственик и генерален менаџер на центарот. Она ...
Општина Прилеп е прворангиран добитник на грант од 50.000 американски долари во рамки на Третиот повик на Фондот за техничка документација (ФТД). По деталната евалуација на пристигнатите апликации, проектот на Општината е оценет како најквалитетен и најперспективен за развој на еколошката инфраструктура. Средствата ќе бидат искористени за изработка на техничка документација за капиталниот проект: „Постројка за складирање, третман и ...
Тирана утре станува главна станица на европската агенда за Западен Балкан. Во Палатата на Бригадите ќе се одржи Самитот за план за раст „Нашиот пат кон ЕУ“, на кој лидерите од регионот заедно со еврокомесарката за проширување Марта Кос ќе разговараат како постепено да се отвори вратата кон единствениот пазар на Европската унија, пред формалното членство. Самитот е закажан од 09:30 до околу 12 часот. Домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, кој ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, денес го предводеше македонскиот тим на регионалниот стратешки состанок одржан во Тирана, Албанија, организиран и поддржан од агенциите за спроведување на законот на Обединетото Кралство. Фокусот на состанокот беше насочен кон справување со предизвиците поврзани со нелегалната миграција, прекуграничниот криминал, дејствувањето на организираните ...
Две лица се водат како исчезнати откако лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови го натера северозападниот италијански регион Фриули Венеција Џулија да прогласи вонредна состојба и да побара помош од централната влада и другите региони, објави новинската агенција ANSA. Пожарникарите извлекоа едно лице од урнатините на местото на лизгањето на земјиштето, човек кој ја скршил ногата, во болница во Удине. Екстремното време ...
Фото: Министерство за одбрана на Албанија Невремето проследено со обилни дождови и силен ветер, што ја зафати Албанија во последните денови, доведоа до поплавување куќи, евакуација на семејства и прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови во земјата. Министертвото за одбрана соопшти дека поради поплавени домови евакирани се дваесеттина семејства во областа Тат, поради одрони блокирани се повеќе патни правци, а траектот ...
Фото: Facebook/Hristijan Mickoski Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски вечера имаше средба со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, кој престојува во работна посета на земјава во рамки на турнејата во земјите од Западен Балкан. На средбата, како што е објавено на Фејсбук профилот на премиерот Мицкоски, станало збор за тековните регионални предизвици и можностите за заеднички иницијативи. Претседателот ...
Екипите на јавните претпријатија и Водостопанство Битола од раните утрински часови се на терен поради интензивните врнежи што го зафатија регионот. Со механизација и работници се интервенира на сите критични точки со цел навремено справување со можните последици од обилните дождови. Според градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ситуацијата засега е стабилна, а активностите ќе продолжат во текот на целиот ден. Тој нагласи дека ...