И САД и Иран соопштија дека постигнале договор кој треба да стапи во сила во петок, додека целосниот текст сè уште не е објавен. Американскиот Претседател Трамп изјави дека САД ќе ја укинат поморската блокада врз иранските пристаништа и дека Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен за меѓународен сообраќај по потпишувањето на договорот.и покрај оптимистичните најави, двете страни изнесоа различни ставови за следните чекори. ...

Селекцијата на Брегот на Слоновата Коска го доби натпреварот од првото коло од Групата Е на Светското првенство против Еквадор со 1:0 одигран во Филаделфија. БСК освои големи три бода и направи голем чекор кон пласман во нокаут фазата. Првото полувреме беше полно со можности и чудо е што немаше голови. Еквадор имаше повеќе шанси, прво преку Валенсија, а потоа јужноамериканската репрезентација двапати ја гаѓаше рамката на голот. Од другата ...

Силна, моќна Шведска која го отвори Светското првенство на импресивен начин. Швеѓаноте го декласираа Тунис со 5:1 во дуелот од групата Ф и се најдоа на врвот на табелата. Херој на триумфот е Јасин Ајари, човек кој има корени од Тунис. Синот на Тунижанец и Мароканка ги постигнаа првиот и последниот гол против “своите“. Помеѓу головите на играчот од средниот ред на Брајтон, се издвоија првите ѕвезди на тимот, Виктор Ѓокереш и Александар Исак. ...

Намалувањето на тензиите на Блискиот Исток веднаш се одрази врз светските финансиски пазари. Инвеститорите позитивно ја примија најавата за мировен договор меѓу САД и Иран, што доведе до пад на цените на нафтата и раст на берзанските индекси ширум светот. Цената на суровата нафта од типот Брент забележа значителен пад од 3,45 долари по барел и се спушти на 83,88 долари, објави Sky News. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите очекуваат ...

Во меч со две различни полувремиња, Холандија и Јапонија одиграа 2:2 и поделија по бод во првиот меч од групата „Ф“ на СП. Во Далас, навивачите видоа лудо второ полувреме со четири гола и вистински фајтерски фудбал, што не беше случај со првите 45 минути. По ужасно досадното прво полувреме, во вториот дел како сосема други две селекции да се појавија на теренот во Далас. Уште во 51. минута го видовме првиот гол. Ван Дајк во негов стил по ...

Легендарниот голман на Баерн Минхен и на репрезентацијата на Германија, Мануел Нојер, денес повторно собори мноштво рекорди. 40-годишниот голман се врати во Бундес-тимот и започна од првата минута на натпреварот против Курасао. Нојер со тоа сега е највозрасниот германски играч кој играл на Светско првенство, со 40 години, 2 месеци и 19 дена. Голманот на Баерн игра и на своето петто Светско првенство, подвиг што го постигна само рекордерот ...

Холандија и Јапонија останаа со празни мрежи по првите 45 минути на вториот денешен меч на Мундијалот. Во Арлингтон, Тексас, „лалињата“ и „самураите“ создадоа по две шанси за гол, но не успеаја ниту една да ја претворат во гол за водство. Видовме цврсто прво полувреме, тактичка битка, без голем ризик. Куман и Моријасу подготвиле вистина „шаховска партија“ на теренот, па останува да очекуваме промена со барем еден постигнат гол во второто ...

некогашниот германски репрезентативец и фудбалер на Реал (М) се приклучи во тренерскиот штаб на Жозе Мурињо во редовите на „кралскиот клуб“. Според „Атлетик“, поранешниот играч од средниот ред на германската репрезентација, кој играше за Реал Мадрид од 2010 до 2015 година, ќе ја преземе позицијата помошник тренер. Ова ќе биде прво тренерско искуство за Кедира. Мурињо наводно сакал асистент во својот персонал кој би служел како врска меѓу ...

И дефинитивно некои работи што ги гледаеме на актуелното СП не се по волја на фудбалските фанови, но и на некои познати фудбалски фаци. Германскиот тренер Јирген Клоп ги критикуваше паузите за време на натпреварите од Светското првенство, како и фактот дека играчите на теренот чекаат да заврши предвиденото време за рекламите. На Светското првенство во САД, Канада и Мексико беа воведени неколку новини, а тие се една од централните теми од ...

Откако Мароко повторно се претстави на светската сцена со престижното реми 1-1 против Бразил, претседателот на локалната фудбалска федерација, Фузи Лекџа, веќе смело гледа кон финалето на Светското првенство. Четири години по нивниот сензационален настап во Катар, каде што стигнаа до четвртото место, елиминирајќи фудбалски гиганти како Шпанија и Португалија, „Атласките Лавови“ повторно покажуваат класа. Ова му даде можност на шефот на ...

Германската фудбалска репрезентација стана рекордер по бројот на постигнати голови на Светското првенство. Составот на Јулијан Нагелсман вечерва во првиот меч на денот на шампионатот, славеше со високи 7:1 над Курасао на средбата во Хјустон. Со оваа висока победа, Германија сега има вкупно 239 гола на сите Светски првенства, надминувајќи го Бразил за еден гол. sportmedia.mk Германската фудбалска репрезентација стана рекордер по бројот на ...

Рутинска и убедлива победа на репрезентацијата на Германија во првиот свој настап на Светското првенство во САД. Вечерва во Хјустон, момците на Јулијан Нагелсман го „потопија“ Курасао со 7:1 и ги прокнижија првите очекувани три бода во групата „Е“. Момент за кој ќе се зборува многу повеќе отколку за очекуваната убедлива победа на „панцирите“ е 21. минута, кога фудбалерот на швајцарски Цирик, Коменесана, успеа да погоди за 1:1, за голема ...

По серијата беспрекорни изданија на црвениот тепих, луѓето имаа можност да видат еден нејзин жежок стајлинг и далеку од гламурот. Џенифер Лопез работи напорно на промоцијата на филмот „Канцелариска романса“ во кој игра една од главните улоги. Сега мегапопуларната Џеј Ло изненади со жешко издание кое го покажа во филмот. Таа „контроверзна“ сцена брзо стана вирална и предизвика разни чувства меѓу гледачите - многумина останаа без здив од еден ...

Реал Мадрид постигна усмен договор за потпишување на договорот со левиот бек на Челзи, Марк Кукурела, објави новинарот Фабрицио Романо. Според информацијата, договорот е постигнат меѓу сите страни, вклучувајќи го и самиот играч. Играчот беше посакуван од новиот главен тренер на „Лос Бланкос“, Жозе Мурињо. Минатата сезона, Кукурела одигра 50 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и имајќи четири асистенции. Неговиот тековен ...

„Среќен роденден, Доналд“, напиша Нетанјаху на мрежата „X“, истакнувајќи дека роденденот на Трамп оваа година доаѓа во „соодветно време“, кога „Америка, голема нација изградена врз слободата и верата слави 250 години слобода“. Нетанјаху рече дека мирот доаѓа преку силата, што е можен коментар за новиот Меморандум за разбирање со Иран. „Ви посакувам континуирана сила и енергија додека ја водите Америка кон светла иднина на мир постигнат преку ...

Трагедијата се случила на мостот Понте до Ескелето во Лимеира, во државата Сао Паоло, а девојката објавувала возбудени пораки на социјалните мрежи непосредно пред скокот, објави Unilad. Застрашувачко видео кое стана вирално го прикажува моментот кога тројца инструктори ја креваат девојката, која стои со раширени раце, и ја фрлаат од работ на мостот. Додека таа паѓа, ужаснатите сведоци почнуваат да викаат на португалски. „Јаже, луѓе, јаже!“, ...

Вечерва во Хјустон, во меч од групата Е испишана е историја на Мундијалите. Имено дебитантот, селекцијата на Курасао, земја од околу 150.000 жители, го постигна својот прв гол на СП и тоа против една Германија. Се играше 21.минута кога Комененција успеа да израмни на 1:1 и го шокира некогашниот четирикратен светски шампион, туку и цел фудбалски свет. Следуваше невидена еуфорија кај играчите на Курасасо и кај фановите на таа селекција. Па така ...

Ете тоа е фудбалот. Утринава во Њу Џерси, фудбалерите на Мароко ремизираа со Бразил со 1:1 во првото коло од Групата Ц на Светското првенство. Иако за ривал имаа петкратен светски шампион, Мароканците се тие што жалат за двата бода, бидејќи беа значително подобри и го надиграа „Селесао“ во сите елементи на фудбалот. Натпреварот во Њујорк засекогаш ќе биде запишан во историјата на Светското првенство, а за тоа се погрижија Мароканците, кои ...

Неверојатна вест доаѓа од кампот на репрезентацијата на Катар. Буалем Куки предизвика целосен шок кога во четвртата минута од судиското продолжение против Швајцарија ја затресе мрежата на Грегор Кобел со глава. Тоа беше историски момент за фудбалот во Катар. Оваа арапска земја го доби својот прв бод на Светското првенство. Меѓутоа, ако Куки ја излуди нацијата, тогаш она што го направи Катарскиот јавен инвестициски фонд е уште полудо. Имено, ...

Мисијата потврди дека најмалку 274 цивили биле убиени, а 1.763 повредени во мај во Украина како резултат на насилство поврзано со конфликтот. Во претходните години, бројот на жртви постојано се зголемуваше месец по месец во текот на пролетта и летото. Причината е што употребата на моќно оружје од страна на Русија во урбаните средини беше главната причина за големиот број жртви во мај. Мисијата потврди дека најмалку 274 цивили биле убиени, а ...

Безбедносните сили започнаа масовна операција за пронаоѓање на одговорните. Службениците потврдија дека градоначалникот починал по нападот во регионот Миктек. Случајот се третира како кривично дело од висок профил и е започната официјална истрага. Државните истражители и форензичките тимови беа брзо испратени на местото на настанот за да соберат докази и да го пронајдат телото, соопшти канцеларијата на државниот обвинител. Истрагата се ...

Португалската репрезентација направи трогателен гест за да му оддаде почит на поранешниот играч на Ливерпул и репрезентативец Диого Жота, кој трагично загина во сообраќајна несреќа минатата година. Кристијано Роналдо, сите негови соиграчи и целата репрезентација ќе носат специјални комеморативни нараквици за време на нивната кампања на Светското првенство, кое започнува следната недела со натпревар од Групата К против ДР Конго. Додатокот беше ...

Според владини податоци, во 2025 година се родени нешто повеќе од 671.000 деца, околу 15.000 помалку од претходната година и најниска бројка откако почна да се води статистика во 1899 година. Пад побрзо од предвиденото Стапката на плодност, која претставува просечен број деца по жена, падна на рекордно ниско ниво од 1,14. Ова е десетта година по ред на пад на бројот на новороденчиња, а експертите се загрижени бидејќи падот се случува многу ...

Во првото коло од Групата Ц на Светското првенство, фудбалерите на Мароко ремизираа со Бразил (1:1), а во центарот на вниманието беше мароканскиот 18-годишен репрезентативец Ајуб Буади. Буади целосно доминираше против бразилскиот среден ред, а за тоа сведочи фактот дека Карло Анчелоти мораше да го замени Касемиро на полувремето, кој ги загуби сите дуели со Буади. Буади, кој на 18 години веќе има речиси 100 настапи за Лил, го заврши ...

Затоа фудбалот е чудо, секако и животот е чудо. Фудбалските фанови кои се разбудија рано утрово можеа да видат изненадување на Светското првенство и победа на Австралија од 2-0 над Турција во Ванкувер во првото коло од Групата Д. Тие можеа да ја видат „дефанзивната клиника“ на Австралијците, но и дрскоста на левото крило, „брз како куршум“, за кого Турците не можеа ништо да направат кога почна да трча. Тој човек има 20 години, се вика Нестори ...

Како дел од двојната прослава за 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп и големиот јубилеј – 250 години од Декларацијата за независност на САД, во претседателската резиденција е поставен октагон за борба. Претседателот Трамп, кој е долгогодишен страствен фан на мешаните боречки вештини, борбите според најавите ќе ги следи од првиот ред заедно со членовите на неговиот кабинет и илјадници вип гости Фото: Индекс.хр Како дел ...

Покрај спектаклите на тековниот Мундијал, секако дека стартуваа контраверзите, грешките и судиските одлуки кои се под знак прашалник. На синоќешниот дуел од групата Ц во кој што се сретнаа селекции на Хаити и Шкотска имаше спорна одлука. Шкотска победи со 1:0, но многу лесно можеше резултатот да оди во сосема спротивен правец. Зошто? Во финишот на мечот, Хаити имаше ситуација за пенал затоа што еден од дефанзивците на Шкотска очигледно играше ...

За време на тековното Светско првенство, шпанските фудбалери тренираат во специјални елеци исполнети со замрзнат гел, со цел подобро да се справат со жештините во Северна Америка. Шпанската фудбалска федерација објави дека шпанската репрезентација е една од 14-те екипи кои ја користат новата технологија, развиена од компанијата „Адидас“, на Светското првенство. Во соопштението се наведува дека елеците што ги носат нивните играчи можат да ја ...

Не се пребројани сите гласови, но сегашниот тренд покажува дека 55% од учесниците гласале против, во споредба со 45% кои биле „за“, пренесе Би Би Си. Предлогот дојде од десничарската швајцарска Народна партија, која долго време води кампања на антиимиграциска платформа. Во швајцарија која има над 9 милиони жители, една третина се лица кои се родени во странство Не се пребројани сите гласови, но сегашниот тренд покажува дека 55% од учесниците ...

Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги предупреди своите играчи дека мора да бидат целосно подготвени да поминат низ изведување пенали во најмалку две нокаут рунди на патот до нивната сонувачка титула на Светското првенство. Според „Мирор“, аналитичарите на „Трите лава“ спроведоа студија во која зедоа предвид различни аспекти и статистички индикатори за да дојдат до такво предвидување. Тоа е во контекст на фактот дека постои дополнителна ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
68%
1029
weather icon

Софија

6ᴼ / -1ᴼ
1.54
54%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.69
93%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
84%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
74%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
0.45
74%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
66%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Злато

130856.75