Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Оваа информација се појави по извештаите во медиумите дека на 8 јули Трамп се качил во „Ер Форс 1“ пред камерите, но потоа тајно бил префрлен во друг воен авион, пренесува Би-би-си. „Ја слушам Тајната служба и војската. Тие сакаа да летам со друг лет, со друг авион“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи: „Едноставно морам да го правам она што ќе ми го кажат“. Замената на авионот покрена прашања за тоа дали луѓето што останале во ...
Воздушниот сообраќај во Катанија е целосно прекинат до утре во 11 часот. Повеќе од 200 летови мораа да бидат пренасочени или откажани. Воздушниот сообраќај е во прекин петти ден во средината на туристичката сезона, а воздухопловните власти донесуваат одлуки за летовите со кратко известување. Аеродромот во Катанија моментално е под највисоко, црвено, ниво на тревога. Патниците се обидуваат да се префрлат на аеродромот во Палермо. Се проценува ...
Дали навистина Енцо е (не)возможна мисија за Енцо?! Енцо Мареска сака бомбастична замена за Родри, а неговата најголема желба е – Енцо Фернандез. Англиските медиуми потврдија дека Енцо Мареска е во контакт со поранешниот играч, кој беше неговиот мотор во Челзи, но дека шансите тој да му се придружи на „Етихад“ се минимални. Челзи постави цена од 120.000.000 фунти, на крајот на краиштата, платија речиси толку кога го доведоа во зимата 2023 ...
Нивото на водата во реката Рајна во Германија се спушти на ново најниско ниво – соопшти денес тамошната Агенција за внатрешна пловидба (WSV) – поради што сопствениците на товарни бродови се принудени да ја прекинат пловидбата на јужните делници од реката. WSV објави дека пловната длабочина кај Кауб, во близина на Кобленц, изнесува 15 сантиметри, што е под претходното најниско забележано ниво од 25 сантиметри во 2018 година, пренесува ...
Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов со својот Левски успеа да слави против Каират и да се пласира во пклеј – офот. Таму се и Динамо Загреб, Цеље… но не и Ц.Звезда која просто се избламира во двомечот со Хапоел Бер Шева. РЕЗУЛТАТИ – ЛШ Каират – Левски 0:1 Бодо/Глимт – Ројал ...
Обединетите нации го обновија својот повик за итно враќање на нивното право на образование, а УНЕСКО, агенцијата за образование на ОН, вели дека исклучувањето на жените и девојчињата од образовниот систем е сериозно кршење на нивните фундаментални права, објавува АП. Хода Џаберијан, координаторка на УНЕСКО за образование во вонредни ситуации, го објасни обемот на проблемот на видеоконференција со новинарите. „Авганистан останува единствената ...
Уф, каква катастрофа за Црвена Звезда? И не толку поради фактот што и вечерва српскиот шампион во реваншот во Белград беше поразен од Хаопоел Бер Шева со 0:2 (вкупни 0:3), и елиминацијата во 3.квалификациско коло во ЛШ, туку поради начинот на кој дојде до ова. Ц.Звезда имаше 0:1 од првиот меч, и се најавуваше лесно минување против тимот од Израел, така најавуваа барем оние фанови на овој клуб кој не ја гледаат вистинската слика во тој клуб. И ...
Метеоролозите велат дека за да се сруши температурниот рекорд од минатата година во Велика Британија, сè што е потребно е температурите да останат на просечно ниво до крајот на август, објави Би-Би-Си. Според Метеоролошката служба, просечната температура во Велика Британија за метеоролошкото лето (од 1 јуни до 10 август) досега била 16,48 степени Целзиусови, што е за 1,88 степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година. Во текот на ...
Готово е, сагата е завршена. Душан Влаховиќ и Бешикташ постигнаа договор, а српскиот репрезентативец наскоро треба официјално да биде претставен како ново засилување на истанбулскиот гигант. „Бомбата беше фрлена“ од добро информиран турски инсајдер и новинар Јагиз Сабунгзуонглу, а кратко по него информацијата ја потврдија бројни турски портали и спортски медиуми. Турските медиуми објавуваат дека се очекува Влаховиќ да слета во Истанбул веќе ...
И дефинитивно проблем за Ханси Флик. 20-годишниот шведски крилен напаѓач Рони Барџи заработи повреда на коленото за време на тренингот на Барселона во понеделник, а денес е потврдено она од што се стравуваше во клубот. Станува збор за руптура на предниот вкрстен лигамент на десното колено, па Барџи ќе биде опериран во наредните денови, потврдија од Барселона во клупското соопштение попладнево. Ова практично значи дека Барџи ќе ја пропушти ...
Во последните недели, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е на удар на критики од фудбалските навивачи ширум светот – има такви што му замеруваат за низата контроверзни одлуки што ги донесе, има такви што тврдат дека им прави отстапки на Американците поради пријателството со Доналд Трамп, а има и такви што повеќе не сакаат да го гледаат. Можеби заминувањето на првиот човек на ФИФА е поблиску отколку што очекувавме. Најпрво реагираше УЕФА, ...
Големо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партија, како дел од напорите за унапредување на мировниот процес меѓу милитантната група и турската држава. Предлогот, кој би им дал условни помилувања на членовите на ПКК, беше одобрен од 468 пратеници „за“ и 88 „против“, објави државната новинска агенција Анадолија.. ПКК ...
Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и од голем талент на Франција, стана првотимец на Мароко, земјата од каде што потекнува. Сити е подготвен за него да ја плати бараната сума и да го направи следниот свој голем играч. Мароканецот инаку има само 18 години. Гардиан денеска посвети ...
Уште еден голем скандалозен потег на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, барем според пишувањето на повеќето познати спортски медиуми во светот. Фудбалската конфедерација на Мексико го поддржа Џани Инфантино за претседател на ФИФА, бидејќи Швајцарцот наводно ветил можност за напуштање на КОНКАКАФ и приклучување кон КОНМЕБОЛ, која од срце го поддржува Инфантино. Покрај тоа, на Мексико наводно му била ветена оваа можност, која се смета за ...
Популарната кралица на бикини со серија фотки покажа зошто ја оправдува оваа титула. Ѕвездата на бројни филмови ужива во летните денови, а своите следбеници ги воодушеви со нова објава на социјалните мрежи. Познато е дека нејзината колекција на костими за капење и други додатоци за плажа секогаш привлекува внимание, а главна ѕвезда во секоја реклама е прекрасната Лиз. Популарната кралица на бикини со серија фотки покажа зошто ја оправдува ...
Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден од високите делови на катедралата. Спасувачките екипи, со поддршка на полицијата, армијата и волонтери, цела ноќ ги пребаруваа урнатините со багери, но и со голи раце, во обид да пронајдат преживеани ...
Екипата на Јувентус го победи Палермо со 2:0 во последниот пријателски меч од подготовките во Австралија. На стадионот во Перт, за тимот на Јуве, стрелци беа Кенан Јилдиз односно Аркадиуш Милик. Со ова завршува и официјално турнејата на тимот на далечниот континент, каде што голем број на европски гиганти летово престојуваа. Јуве сега се враќа во Торино и последниот меч пред стартот на шампионатот ќе го одигра што се вели во домашни услови ...
Репрезентативецот на Јапонија, 23. годишниот досегашен голман на Парма, Зион Сузуки, прави фантастичен трансфер во екипата на ПСЖ. Во дил кој што е вреден 35 милиони евра, Сузуки заминува за Париз, каде што во следните денови ќе биде и официјално промовиран. Сепак, информациите велат дека Сузуки, поради младоста, а и потребата од минутажа, многу веројатно по потписот и ќе замине некаде на позајмица. Најавено е негово можно пристигнување во ...
Каталонскиот гигант има план Б ако не успее ова лето да го доведе Хулиан Алварез. Новото име што се појави на радарот на каталонскиот великан е Лаутаро Мартинез. Според информациите објавени од новинарот Давид Ибањез, напаѓачот на Интер е меѓу опциите што Барселона ги разгледува како план Б. Ибањез наведува дека тренерот на Барселона, Ханси Флик, и спортскиот директор Деко, навистина го сакаат стилот на игра на аргентинскиот напаѓач, поради ...
Ѕвездите на Англија беа вклучени во инцидент со закана со бомба пред нивниот полуфинален натпревар со Аргентина на Светското првенство. Протечен безбедносен извештај, објавен од шпанското издание Información, детално опишува голем број терористички закани, вклучително и една насочена кон автобусот на „Трите лава“. Инцидентот се случил пред Хари Кејн и компанијата да претрпат пораз од 2-1 од Аргентина во Атланта на 15 јули, објавија шпанските ...
Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој е под зголемен притисок по судирот со водечките континентални фудбалски организации. Трамп рече дека би било „страшна грешка“ ако ФИФА одлучи да го отстрани Инфантино. „ФИФА би направила ужасна грешка ако размисли за замена на претседателот Џани Инфантино од која било причина. Тој е фантастичен“, напиша Трамп на социјалните мрежи. Тој ...
Причината за инцидентот засега е непозната. Полицијата денеска соопшти дека најмалку 14 рудари се пронајдени мртви, а десетици се повредени во напуштен рудник во близина на градот Рустенбург во Јужна Африка. Телата на рударите се пронајдени во напуштен рудник во близина на Рустенбург, на околу 130 километри северозападно од Јоханесбург, пренесе АП. Засега, полицијата не соопшти повеќе детали за околностите на нивната смрт или за причината за ...
Шведската безбедносна служба „Сапо“ спречила руска разузнавачка операција насочена кон собирање информации и дискредитирање на Шведска, НАТО и Европската унија. Шведската безбедносна служба „Сапо“ (Sapo) вчера објави дека спречила руска разузнавачка операција насочена кон дискредитирање на Шведска, во која бил вклучен агент што дејствувал во рамките на странска дипломатска мисија во Стокхолм. „Сапо“ не откри за кое претставништво станува ...
Пресудата ја донесе сирискиот суд во Дамаск, а на Асад и неговиот брат им беше судено во отсуство, бидејќи по падот на режимот се наоѓаат во Русија. Нивната власт беше соборена во декември 2024 година, кога силите против режимот го зазедоа Дамаск, по што браќата побегнаа во Москва. Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад е осуден во отсуство на смртна казна поради злосторства против човештвото и воени злосторства, објави во вторник ...
Хулијан Алварез беше главна тема на разговор во Мадрид, бидејќи се очекуваше конечно да се сретне лице в лице со Диего Симеоне и директорот Мигел Анхел Хил. Сепак, никој од нив не го поздрави. Диего Симеоне им даде на играчите два дена одмор по враќањето од турнејата, додека самиот отпатува за Ибица. Во исто време, директорот Хил одлучи да остане во Марбеља денес, иако Алварез и неговите агенти сакаа директна средба лице в лице. Сепак, по ...
Деновиве, популарната Прија ги полни батериите на црногорското крајбрежје, а на своите следбеници на социјалните мрежи им покажа дел од својот луксузен одмор, што предизвика лавина од коментари. Популарната ѕвезда објави фотографии од јахтата на Лепа Брена, каде што ужива во друштво на своите најблиски, далеку од деловните обврски и концертните гужви. Ова лето, Александра одлучи да си подари неколку дена целосно опуштање, а според објавите ...
Од синоќа веќе јасни се работите со Ендрик во Реал Мадрид. Имаше многу дебати во врска со неговата ситуација, особено со оглед на значајните понуди од врвни клубови како Рома и Астон Вила, кои се обидуваа да го обезбедат неговиот позајмица. Сепак, клубот дефинитивно ја отфрли секоја можност за позајмица. Мурињо смета на него и верува дека ќе игра клучна улога. Ова мислење се совпаѓа со мислењето на Флорентино Перез, кој има посебна ...
Американскиот претседател Трамп вчера одговори на условите на Иран за мировен договор со свои барања иран да плати отштета за луѓето убиени во војни, напади и протести, во реторичка ескалација што веројатно ќе ги комплицира напорите за повторно отворање на Ормутскиот Теснец. Предлогот на Трамп е одговор на барањата на Техеран за компензација и укинување на санкциите. Иранските барања беа во голема мера во согласност со условите на ...
Времето на чекање на некои од најголемите европски аеродроми леттово лето по воведувањето на новиот електронски систем на Европската унија за гранична контрола се удвои, според податоците објавени од „Фајненшл тајмс“ (Financial Times). На аеродромот во Франкфурт, максималното време на чекање во јули достигна 120 минути, што претставува зголемување во однос на 60-те минути претходната година, според податоците на аналитичката компанија ...
Белгискиот нуркач и подводен фотограф Стеф Панис открил гајба со недопрени шишиња пиво и џин во остатоците од брод што потонал во 1864 година кај Довер, во југоисточна Велика Британија; едно шише со етикета „Guinness London“ привлече меѓународно внимание, а компанијата „Гинис“ изјави дека би сакала да го испита во својата лабораторија. Нуркачот го открил потонатиот брод „Миндоро“ на длабочина од 25 метри и внатре пронашол гајба со шишиња, ...