Со навремена и храбра реакција, двајца случајни минувачи вчера успеаја да спасат жена од водите на реката Вардар кај Камениот мост во центарот на Скопје. Жената, на возраст од околу 50 години, била извлечена од реката благодарение на двајца граѓани од Чаир, кои без двоумење скокнале во Вардар и успеале да ја извлечат на безбедно. Набрзо на местото пристигнале две екипи на интервентната полиција, една екипа на „Алфа“ и екипа на Итната ...

Главниот зоонегувател, Сашо Панчев, раскажува за тоа како им го прават попријатен престојот на животните во живеалиштата, во овој период, кога надвор температурите го достигнуваат и четириесеттиот Целзиусов степен. Пингвините имаат климатизирана соба, а е климатизирано и живеалиштето на мајмуните. Мајмуните во овој период обожаваат да јадат овошни сладоледи, кои постојано им ги подготвуваат вработените во Зоолошката градина. Во овој период е ...

Компанијата Мета е задолжена со одлука на суд во американската сојузна држава Ново Мексико да исплати 567 милиони долари, најголем дел од нив во фонд за ментално здравје на тинејџерите како надомест за штетите предизвикани преку своите платформи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап. Според судската одлука, 420 милиони долари ќе бидат наменети за лекување и поддршка на менталното здравје на тинејџерите, додека преостанатиот дел од средствата ќе се ...

Екипата на Куманово продолжува да создава сериозен состав за новата сезона, а најново засилување е македонскиот репрезентативец Бојан Крстевски. Искусниот крилен центар пристигнува во тимот предводен од Марин Докузовски по седум години поминати во МЗТ Скопје, каде што беше еден од лидерите. Со „металците“, тој освои практично сè што можеше да се освои на домашната сцена, а сега реши да прифати нов предизвик и да го засили амбициозниот состав ...

Есенва повторно се отвора прашањето дали ги очекува граѓаните нов ценовен шок. Сушата и пожарите што го погодија регионот, поскапувањето на енергенсите и на суровините, како и предупредувањето од светските организации за нов раст на цените на храната, ги зголемуваат стравувањата од нов бран поскапување. Владата уверува дека засега нема потреба од нови мерки и дека се под контрола инфлацијата и цените, но граѓаните велат дека секое одење во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повика европските лидери на поостри мерки против илегалната имиграција, оценувајќи ја заедно со енергетската политика како двата главни фактори што ја „убиваат“ Европа. За време на обраќањето пред новинарите во Овалната соба, Трамп посочи дека Европа се соочува со два клучни проблеми кои бараат итна реакција од властите. – Две работи ја убиваат Европа. Првата е миграцијата, а втората е ...

Шпанскиот балеарски остров Мајорка забележа рекордна температура на морето од 33 степени Целзиусови. Според шпанската национална метеоролошка агенција AEMET, податоците се снимени од мерното место на шпанската пристанишна управа покрај островот Са Драгонера, а пред официјалната потврда, државниот радиодифузер RTVE го опиша отчитувањето како највисока температура некогаш забележана во шпанските води. Моменталната температура на водата во ...

Во Романија за само неколку часа од пеколна топлина ја зафатија опасни временски услови. По деновите во кои асфалтот се загреваше до 100 степени Целзиусови, а граѓаните бараа засолниште од температури над 40 степени, пристигнаа бури со силни ветрови, град и смртоносни удари од гром кои однесоа два живота. Црвениот метеоролошки аларм поради топлотен бран донесе температури што тешко се поднесуваа во речиси цела Романија. Два дена по ред, ...

Американските истражувачи за прв пат успешно ја користеа вештачката интелигенција (ВИ) за да дизајнираат целосно нови вирусни геноми за кои потоа е докажано дека се репродуцираат во лабораторија. Истражувачите велат дека создале 16 нови вируси, но дека тие инфицираат само бактерии и не претставуваат закана за луѓето, објави Би-Би-Си. Научниците велат дека ова е голем чекор напред во синтетичката биологија, што би можело да отвори нови ...

Со брза и храбра реакција на двајца случајни минувачи денеска е спасена жена која се нашла во реката Вардар кај Камениот мост во центарот на Скопје. Според информациите на „Скопје1“, станува збор за жена на возраст од околу 50 години, која била извлечена од реката благодарение на двајца граѓани од Чаир. Тие без двоумење скокнале во Вардар и успеале да ја извлечат на безбедно. Набргу по интервенцијата, на местото пристигнале две екипи на ...

Млад македонец кој паднал од тобоган на летување во Бодрум, Турција се здобил со тешка повреда , скршил вратен пршлен, ќе биде утре донесен со владиниот авион , потврдија од Службата за општи и заеднички работи за весникот Вечер. Здравствените власти од Турција одобриле момчето да биде донесено во земјава со авион, а не со медицинско возило, па на барање на родителите , Фондот за здравство одобрил, а зад одлуката стои и министерството за ...

Бројот на малолетници евидентирани за кривични дела и насилно однесување во Гевгелија бележи загрижувачки раст, покажуваат податоците на Центарот за социјални работи. Раководителката на Службата, Руска Митрова, предупредува дека семејната нестабилност, врсничкото влијание и недоволниот надзор се меѓу клучните причини за оваа појава. Таа нагласува дека единствено преку навремена мултисекторска соработка меѓу училиштата, полицијата, Центарот за ...

Македонскиот духовник отец Гаврил (Галев) доби три високи признанија за неговиот долгогодишен придонес кон Македонската заедница во Австралија, соопшти Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ-ОА. Во организација на Македонската австралиска заедничка организација (MACO), на свечената Илинденска прослава во Мелбурн, на отец Гаврил, игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинглејк, му беа врачени три високи признанија како знак на ...

Електричните тротинети се значително поопасни од мотоциклите кога станува збор за тешки повреди на главата, покажува анализа на сообраќајни несреќи во Англија и Велс. Според истражувањето, возачите на тротинети имаат повеќе од трипати поголем ризик од трауматска повреда на мозокот, а почесто се здобиваат и со повреди на внатрешните органи и крвните садови. Студијата покажала дека жените имаат повеќе од двојно поголема веројатност да претрпат ...

Подготовките за Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес 2028 веќе започнуваат, а организаторите го отвораат патот за сите кои сакаат да бидат дел од ова глобално спортско случување. Македонскиот олимписки комитет (МОК) ги информира сите заинтересирани дека се отворени апликациите за волонтери за ЛА28. Волонтерите ќе бидат важен дел од тимот кој работи зад сцената на Игрите, придонесувајќи за нивната успешна организација и ...

Спортскиот директор на Барселона, Деко, беше во Мадрид каде што се сретна со агентот на Хулијан Алварез, но тоа не беше единствената средба што ја имаше, бидејќи протекоа детали за „кражбата на векот“ што Каталонците успеаа да ја извршат. Деко успеа да ги заврши трансферите на Ентони Гордон и Карим Адајеми без многу помпа во преодниот рок досега, што беше доста изненадувачки бидејќи за нив воопшто не се зборуваше. Сепак, познато е дека ...

Цената на златото денеска достигна највисоко ниво во последните седум недели, поттикната од послабите од очекуваните податоци за вработеноста во приватниот сектор во САД, слабеењето на американскиот долар и очекувањата дека наскоро би можел да биде постигнат договор за повторно отворање на Ормуската Теснина. Спот-цената на златото во текот на денот достигна околу 4.300 долари за унца, пред да се стабилизира на околу 4.260 долари, ...

Комисија на американскиот Сенат изгласа резолуција со која поранешниот директор на Националниот институт за алергии и заразни болести, Ентони Фаучи, се обвинува за непочитување на Конгресот поради неговото одбивање да одговара на прашања поврзани со управувањето со пандемијата на Ковид-19. Со усвојувањето на резолуцијата се отвора можност Министерството за правда на САД да разгледа дали има основа за покренување истрага за тоа дали Фаучи ...

Иако цените за летување во повеќето делови од Јадранот се зголемуваат од година во година, сè уште има места каде што можете да се опуштите без голем удар врз вашиот буџет. Едно од нив е Чањ, мал град на црногорскиот брег кој во последните години привлекува сè повеќе гости благодарение на своите прифатливи цени и потивка атмосфера, пишува metropolitan.si. Сместен помеѓу Сутоморе и Петровац, Чањ не е дестинација позната по луксузни хотели, ...

Седум лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во денешното пукање во училиште во округот Банг Круаи во покраината Нонтабури во Тајланд, соопшти полицијата. Во нападот, кој го изврши ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години, повредени се најмалку 15 лица, од кои двајца се во критична состојба. Претходно властите соопштија дека напаѓачот убил наставник и ранил четири лица, од кои тројца ученици. Тајландскиот премиер Анутин ...

Американскиот претседател Доналд Трамп им изјави на новинарите во четврток дека верува оти војната со Иран наскоро ќе заврши и дека војската има проблеми со набавка на оружје. „Мислам дека наскоро ќе заврши. Не мислам дека можат да издржат уште долго“, рече Трамп во Овалната соба, осврнувајќи се на Иран. Ројтерс објави во вторник дека американската војска потрошила голем дел од своите глобални залихи на ракети со долг дострел, прецизно ...

Температурата на Лигурското Море надмина 30 степени Целзиусови. Ова е вредност што досега не е регистрирана од италијанската агенција за заштита на животната средина Арпал, поради што беше потребно повторно да се калибрира мерната бова во Капо Мелеа, во близина на Савона. Бовата беше вратена во морето со подобрена опрема што овозможува попрецизно следење на состојбата на Лигурското Море и влијанието на климатските промени, објави весникот „Ил ...

Екстремен топлотен бран продолжува да ја погодува централна и источна Европа, при што неколку земји уриваат температурни рекорди, додека сушите и високите температури предизвикаа енергетски проблеми и го зголемија ризикот од шумски пожари, објавува Гардијан. Словачка, Австрија и Унгарија регистрираа рекордни температури. Словачката хидрометеоролошка агенција соопшти дека вчера во Долне Плахтинце биле измерени рекордни 42 степени Целзиусови. ...

Канцеларијата на Народниот правобранител оформи предмет за загадувањето на водата во Гостивар, од кое повеќе од четири илјади граѓани побараа лекарска помош поради симптоми на труење и кожни инфекции. Омбудсманот формираше предмет по сопствена иницијатива за да утврди како дошло до нарушување на правото на чиста вода за пиење. Побарани се информации од Институтот за јавно здравје, Општината, јавното претпријатие Комуналец и Центарот за јавно ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје времето ...

Украина го искористи практично целото расположиво оружје на НАТО против Русија, но Москва најде начини да им се спротивстави на сè, тврди поранешниот украински врховен командант Валериј Залужни. Пензионираниот генерал, кој моментално е амбасадор на Украина во Велика Британија, се надополни на претходните изјави во кои рече дека Киев никогаш нема да се приклучи на воениот блок предводен од САД. Според Залужни, НАТО останува закотвен во ...

Една недела откако масовниот прилив на мигранти од Мароко влезе во Сеута, шпанскиот град на северноафриканскиот брег постепено се враќа во нормалниот живот, но на неговите улици има ногу малолетници без придружба, објави шпанскиот јавен радиодифузен сервис RTVE во четврток. Владата на Сеута проценува дека околу 1.100 малолетници влегле во градот меѓу приближно 60.000 мигранти, додека централната шпанска влада наведува дека полицијата досега ...

Долгиот период на екстремна топлина ги празни коритата на главните реки. Поради ниското ниво на водата на Дунав, нуклеарните централи во Унгарија, Романија и Словенија се соочуваат со закана од исклучување на реактори. Унгарија и Романија преземаат мерки за заштеда на електрична енергија. Букурешт е потонат во самрак. Декоративното осветлување е исклучено, уличното осветлување е намалено за една третина. Романија прогласи енергетска вонредна ...

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, му порача на американскиот претседател дека неговата „театрална дипломатија“ не успеала бидејќи е сведена на зборови, а не на дела. „Голем напад е на пат… Чекајте, не грижете се, тие сакаат да преговараат“. Овие зборови не се ништо повеќе од повторувачка театрална дипломатија. Користењето на малтретирање + прекршени ветувања + лажни вести како лост за преговори е неуспешна ...

Главниот економист на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Максимо Тореро, предупреди дека војните во Иран и Украина, заедно со силниот временски феномен Ел Нињо, создаваат „совршена бура“ што може да предизвика нов глобален бран на поскапување на храната. Според него, иако цените на храната во текот на оваа година останаа релативно стабилни, сегашната состојба најверојатно е само привремено затишје. Повисоките ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.94
52%
1014
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
1.44
68%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.11
83%
1019
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.78
64%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.21
69%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.4
92%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
48%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.81
42%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.57
48%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
5.36
65%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
2.24
75%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
1.44
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Алуминиум

3.27

Бакар

13.54

Цинк

0.00

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Калај

56.77

Рутениум

53852.50

Паладиум

43435.66

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Родиум

278103.96

Платина

55652.94