За иранската државна телевизија, министерот за економија, Али Маданизаде, изјави дека Иран исто така има свои алатки и знае како да ја игра таа игра, додавајќи дека во Техеран „долго време чекаат на овие планови“. Освен на Иран, Вашингтон им се закани и на државите, банките и компаниите кои продолжуваат да работат со Иран, а на прашањето дали заканата се однесува и на Кина, која купува 90 проценти од иранската нафта, американскиот министер за ...

Иранската државна телевизија објави видео во кое, очигледно, животот на Барон Трамп, најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп, е директно загрозен, пишува Си-ен-ен. Речиси во исто време, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се пожали дека Иран се обидел да убие еден од неговите двајца синови, без да даде повеќе детали, ниту да каже за кој од нив се работи. Веќе подолго време, тврдокорните ирански медиуми често објавуваат ...

Едно лице загина, а повеќе од 80 се повредени во експлозија и пожар во гасно-хемискиот комплекс Амур во источна Русија Силна експлозија се случи во единица за пиролиза, а снимките од местото на настанот покажуваат густ чад и огромна огнена топка. Според првичните извештаи, главната фабрика не е оштетена, но причините за експлозијата и пожарот сè уште се непознати. Се споменува сè, од проблеми во технолошкиот процес за време на изградбата до ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека САД сериозно размислуваат за преименување на езерото Онтарио во „Езеро Америка“ поради растечките тензии меѓу Вашингтон и Канада. „Соединетите Американски Држави сериозно размислуваат за промена на името на езерото Онтарио во езеро Америка, бидејќи повеќе не очекуваме да соработуваме многу со Онтарио“, напиша Трамп на Твитер. Трговскиот спор меѓу САД и Канада ескалираше во отворена ...

Американски воен транспортен авион Боинг Ц-17 Глоубмастер III слета на московскиот аеродром Внуково во вторник наутро, 25 август. Според Flightradar24, авионот летал под повикувачкиот знак RCH4555, со регистрација 07-7181, и полетал од Рига околу 8:50 часот по московско време. Летот завршил со слетување на аеродромот Внуково околу 10:04 часот. Flightradar24 моментално не прикажува никакви дополнителни информации за следење на авионот, што ...

Српскиот метеоролог Недељко Тодоровиќ денес изјави дека високите температури ќе продолжат до крајот на август, кога температурите ќе се движат од 30 до 35 степени Целзиусови, но и дека и во септември се очекуваат температури над просекот. „Надпросечното топло време продолжува, утрата се малку посвежи, а ноќите во големите градови, како Белград, се уште се топли“, изјави Тодоровиќ за Танјуг. Тој објасни дека тоа е затоа што површинскиот воздух ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) добива современи лабораториски, метеоролошки и хидролошки капацитети, со инвестиции реализирани во изминатите две години. Во рамки на ИПА-проектот за Секторот за квалитет на води е набавена современа лабораториска опрема во вредност од 671.000 евра. Директорот на УХМР, Игор Лазаровски, информираше дека со буџетски средства се реновирани и адаптирани околу 200 квадратни метри лабораториски простор. ...

Најавата за можно намалување на ДДВ-то доаѓа во период кога поскапувањето на горивата повторно го зголемува притисокот врз семејните буџети, но и врз транспортниот и бизнис-секторот. Владата, според најавите на премиерот, ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата на светските пазари и развојот на кризата на Блискиот Исток, а конкретните мерки ќе ги носи во зависност од движењето на цените. Мицкоски уверува дека целта е истовремено да се ...

Родот е собран, пиперката стигнува на кантар, но кај земјоделците расте стравот дали ќе им биде платена како што е договорено. Од откупните пунктови стигнуваат забелешки за цените и за класификацијата, па инспекторите најавуваат дополнителни контроли. Министерот за земјоделство, Борче Серафимовски, по средбата со струмичките земјоделци порача дека договорот не смее да остане само на хартија и дека маката на земјоделецот мора да се плати ...

Двете железнички претпријатија „МЖ-Транспорт“ и „МЖ-Инфраструктура“, здравствени установи и клиники, енергетскиот гигант АД ЕСМ, како и општините, се најголемите должници во државата. Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврски (ЕСПЕО), што го води Министерството за финансии покажува дека вкупниот долг, заклучно со јуни достигнал 42,7 милијарди денари, или околу 693 милиони евра. Овој износ не само што ги парализира основните ...

Шејдон Шарп ќе биде надвор од терените околу шест месеци поради скинат менискус на коленото, објави „ЕСПН“. Дваесет и тригодишниот бек на Портланд Треилблејзерс доживеа сериозна повреда која ќе го оддалечи од кошаркарските терени во долг период. НБА-инсајдерот Шамс Чаранија не објави дополнителни детали околу повредата или околу начинот на кој ја заработил. Ова е голем удар за Портланд, бидејќи Шарп минатата сезона имаше важна улога во тимот. ...

Наградата за најслушана песна меѓу двата фестивали ја освои Раде Младеновски, за песната „Ракија”, композиција потпишана од хитмејкерите Ристо Самарџиев и Цане Петров. Наградата за трајни вредности ѝ припадна на популарната Ленче Дедејче-Кукиќ, за популаризација на македонската народна шеговита песна и за самата промоција на фестивалот „Тумба-фест”, музички настан кој е заштитен знак на градот Во организација на Здружението за уметност, ...

Од древните набљудувања на ѕвездите до современото истражување на Месечината и Марс, изложба во источната кинеска провинција Анхуи открива како кинеската цивилизација повеќе од 5.000 години го истражува космосот. Меѓу речиси 300 артефакти се издвојува плочка од жад стара до 5.800 години, која e можеби постара од Стоунхенџ. Меѓу највпечатливите експонати е и древна астрономска карта со повеќе од 1.400 ѕвезди, изработена врз основа на реални ...

Во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, завчеравечер, беше отворена изложба на ликовната уметница Мелихат Тузун од Турција, насловена „По стапките на животот“, со која стартуваше и јубилејното триесетто по ред издание на меѓународната ликовната колонија „Михајлово – Кавадарци 2026“. Мелихат Тузун има одржано 21 самостојна изложба, од кои 13 во Турција и 8 во странство, и учествувала на бројни национални и ...

Документарецот „Руини“ на Елена Чемерска, вчеравечер, во Куршумли ан во Скопје, ја имаше својата македонска премиера во рамките на 17. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“. Дебитантскиот документарец на визуелната уметница Чемерска ги следи преплетените патишта на личната тага и на колективната меморија, а произлегол од нејзиниот долгогодишен ангажман околу ревитализацијата на Споменикот на слободата во Кочани, ...

Пред министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, ги претстави гостите од Бугарија, реномираниот писател, издавач и преведувач, м-р Пламен Тотев, и поетесата и преведувач, Наталија Димитрова-Недјалкова, притоа осврнувајќи се на нивната досегашна научна, професионална и творечка дејност. Присуството на вакви гости на еден од ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли тврдењата на лидерот на Демократската партија (ДС) Срѓан Миливојевиќ дека ќе ја напушти земјата ако ги изгуби изборите. За време на посетата на винаријата Цветковиќ во Стањево кај Александровац, Вучиќ рече дека нема причина да бега од Србија и ги истакна резултатите од неговата влада. „Велеа дека ќе избегам, дека ќе се кријам. Зошто да бегам? Затоа што ја подигнавме Србија и ја изградивме како ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот се регистрирани 11 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, еден е ставен под контрола, а четири се изгаснати. Активни се пожарите во Студеничани, Зелениково, Гостивар, Чашка, Пробиштип, Градско и Кичево. Пожарот во Тајмиште, Кичево, е ставен под контрола, додека изгаснати се пожарите во Сарај, Гостивар, Куманово и Берово. Во меѓувреме, директорот на Дирекцијата за ...

Европа повторно се вооружува. Воените буџети растат, НАТО го зајакнува источното крило, Русија ја продолжува војната против Украина, а зборовите „ескалација“, „одвраќање“, „мобилизација“ и „подготвеност за војна“ повторно станаа дел од секојдневниот политички речник. По повеќе од три децении во кои верувавме дека големата европска војна останала во учебниците по историја, денес повторно мораме да си го поставиме прашањето: што ако ова не е ...

Уште една голема спортска приказна доаѓа од македонското воздухопловство. Mакедонските пилоти се вратија од Приједор, Босна и Херцеговина, со злато и во поединечна и во екипна конкуренција, резултат кој има посебна тежина во силната меѓународна конкуренција. Раде и Марјан Ивановски се татко и син од аероклубот „Римин ер“, кои постигнаа одличен успех на 21. „Бланик куп“ во Приједор, освојувајќи го златниот медал во екипна конкуренција на ...

Нелегалните ѓубришта во државата се проблем што им е познат на сите. Ги има преку 2 илјади што се регистрирани од Министерството за животна средина. Но, ги има многу повеќе – поголеми или помали, ама буквално ги има на секој чекор. Деновиве, жители на Кичево јавно алармираа дека е створена нова голема дива депонија помеѓу две села во Кичевско. Тие посочија дека ѓубрето наводно било донесено по расчистувањето на кичевската нелегална градска ...

Невремето што неодамна го зафати главниот град, кога летаа покриви од згради, а паѓаа и дрвја од силниот ветер, па настрадаа и повеќе автомобили, предизвика штети и на градските гробишта – Бутел. Граѓаните прашуваат кој ќе биде одговорен за надоместување на штетата настаната од паднатото дрво? Од Акционерското друштво за погребни и придружни активности „Бутел“, кое стопанисува со гробиштата велат дека тоа е регулирано со Законот за ...

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Краљево го уапсија Ј.А. (26) од овој град, под сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста во јавниот сообраќај. Тој, вчера околу 19 часот, на улица 4. Краљевачки баталјон во центарот на Краљево, управувајќи „Сеат Ибица“, при престигнување, прво удрил во патничко возило „Фолксваген“ кое се движело од спротивната насока, а кое го управувал осумнаесетгодишен сограѓанин, по што ...

Во пресрет на Светскиот ден на езерата, Македонското еколошко друштво, Општина Ресен и НП „Галичица“, денеска, на градскиот плоштад „Цар Самоил“ во Ресен, ќе ја организираат јавната манифестација „Мојот дел од природата“. Станува збор за вечер исполнета со разговори, дружење, локални вкусови, игра и музика – но пред сè, можност заеднички да се размисли за тоа како да се зачува природното богатство на Преспа и да се создаде иднина во која и ...

Јас би бил најсреќен ако може САД да ги затегнат условите за иселенички визи за македонските граѓани, истакна вчера македонскиот премиер Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос за затегнатата политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, за издавање на иселенички визи. Мицкоски потенцира дека оваа Влада сака да ги врати иселениците, а не да овозможи нивно заминување од државата. -Ако може да ги ...

Целосен авторски проект инспириран од сликовниците на Наташа Дукоска, продуциран од наша, македонска продуцентска куќа, анимиран од македонско студио за анимација, сега и тематската музика ја потпишува актуелната Дина Јашари. Личи на Дуа Липа, музичкиот стил ѝ е на Нора Џонс, но сега стана и автор на филмска музика за анимираниот филм „Лефти и Рајти“. На прашањето што претставува компонирањето музика за „Лефти и Рајти“, Дина Јашари во ...

Во Изложбениот салон „Империјал 2“ на Културно-информативнот центар во Скопје на 26 август, во 20.00 часот, ќе се отвори изложбата на Марк Јанура „Хоризонт на светлината“. -Во свет преполн со сензации и визуелна бучава, оваа изложба повикува да застанете и да ја почувствувате светлината. Преку серија апстрактни монопринтови, Марк Јанура ја истражува архитектурата како простор на тишина, каде линиите се издигнуваат, хоризонтите се протегаат, а ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка за унапредување на образованието на учениците од основните училишта на територијата на Општината. – Со овој Меморандум поставуваме основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на ...

И оваа година, сите првачиња од Општина Бутел на 1 септември ќе добијат висококвалитетен анатомски ранец со потребен училиштен прибор за непречен почеток на учебната година. Заедно со висококвалитетниот анатомски ранец, овој пакет ќе содржи и помагало за броеви, блок, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, моливи, острилка и гумичка. Покрај тоа, сите првачиња во општинските основни училишта ќе добијат и униформи. – Овој ...

Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење. Со набавката на новите „смарт-табли“, училиштето е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска го посети училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа технологија, подобри услови и средина во ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76