Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Водно доби нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и создавање здрави навики кај сите генерации. Од здравите стебла на паднатите дрвја по неодамнешното невреме е изграден новиот моторички парк. Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека станува збор за внимателно уреден простор со природни препреки и реквизити за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. Простор ...
По повод 26 Август – Меѓународниот ден на кучињата, ЈП „Лајка“ и Волт Македонија започнаа заедничка иницијатива преку која граѓаните можат, на едноставен и непосреден начин, да испратат подарок за кучињата што престојуваат во прифатилиштето Во текот на оваа недела, преку опцијата „Send as a gift“ во апликацијата „Волт“, корисниците можат да изберат храна, грицки, играчки или други производи од пет-шоп партнерите на платформата и да ги ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека во земјава и натаму се активни три пожари на отворен простор, додека четири пожари се ставени под контрола. Во изминатото деноноќие, до 07:30 часот, биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 24 се целосно изгаснати. Активни се три пожари во Студеничани и Зелениково, Гостивар и Македонски Брод, како и во Чашка. Горe мешана и нискостеблеста шума, ниска вегетација и ...
Завршени се активностите за оградување и партерно уредување на депонијата за градежен шут, која се наоѓа на локалниот пат „Берово – Абланица – Црвен Брег“. Со реализацијата на проектот е создаден соодветно уреден и ограден простор наменет за одлагање на градежниот шут. – Целта е да се овозможи подобро управување со градежниот отпад, но и да се спречи неговото неконтролирано одлагање на несоодветни локации – соопштија од Општина Берово. Оттаму ...
Жестината со која се појавуваат пожарите на отворен простор не се намалува. Според информациите на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, речиси сите се предизвикани од човек. – Најголемиот дел од нив се предизвикани ненамерно, од небрежност, но одреден број пожари се намерно предизвикани, односно со умисла – нагласи тој. Притоа додаде дека сите институции работат на откривање на сторителите и апелираше граѓаните ...
Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Талир 2“, откако ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје. Одлуката е донесена по нејавна седница одржана на 26 август, по разгледување на списите од предметот и земајќи го предвид и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје. Од Апелациониот суд наведуваат дека не биле изведени докази со кои би се ...
– Заедно со нашите истражувачи, учесниците имаа можност да научат како се набљудуваат и следат птиците на терен, но и зошто нивното присуство, бројност и движење се важни показатели за состојбата на екосистемите во Преспа – информираа од Македонското еколошко друштво, еден од реализаторите на манифестацијата „Мојот дел од природата“. Целта на настанот е зајакнување на локалната свест за зачувување на природните вредности Дваесетина граѓани ...
Македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума беше прикажан во понеделник вечерта во кулата Канли, како дел од главната натпреварувачка програма на 39. издание на Филмскиот фестивал во Херцег Нови – Црна Гора. По проекцијата, режисерката Дума и актерката Симонида Селимовиќ, која ја игра Есма, мајка на две девојчиња, се поклонија пред публиката… Одличните реакции на присутните, гласните аплаузи и стоечките овации ...
Општина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата Дексион, во непосредна близина на новата детска градинка која е во фаза на изградба. -Во рамки на акцијата „Clean up session“ беше расчистен просторот околу игралиштето и беа обновени постојните клупи. Во следниот период ќе продолжат активностите со обновување на корпите за ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека во земјава и натаму се активни три пожари на отворен простор, додека четири пожари се ставени под контрола. Во изминатото деноноќие, до 07:30 часот, биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 24 се целосно изгаснати. Активни се три пожари во Студеничани и Зелениково, Гостивар и Македонски Брод, како и во Чашка. Горe мешана и нискостеблеста шума, ниска вегетација и ...
На поранешна стјуардеса на „Ер Франс“ ѝ е признаен ракот на дојка како професионална болест, што претставува преседан во францускиот воздухопловен сектор. Сега во ремисија, 59-годишната Софи Лејно работела за француската авиокомпанија 30 години, од 1989 до 2019 година. Прво била стјуардеса, а потоа и главна стјуардеса на долги летови. Вкупно, летала повеќе од 12.600 часа, од кои повеќе од 6.500 биле ноќе. На почетокот на јули, судот во Бајон ...
На една од плажите во Тиват е воведена забрана за пливање откако најновите анализи покажаа незадоволителен квалитет на морската вода. На плажата е истакнато црвено знаме, а властите ќе спроведат вонредни контроли сè додека резултатите не покажат дека водата е повторно безбедна за капачите. Јавното претпријатие за управување со крајбрежната зона на Црна Гора објави дека анализите покажале дека квалитетот на морската вода на плажата „Доња ...
Реал (М) продолжува да го реконструира својот состав ова лето, а се чини дека Жозе Мурињо не сака ништо да остави на случајот пред предизвиците што го очекуваат „кралскиот клуб“ во новата сезона. Доаѓањето на Бернардо Силва веќе е официјално потврдено, додека Јан Диоманде е практично пред вратата на „Сантијаго Бернабеу“ и неговиот трансфер, според достапните информации, треба наскоро да биде финализиран. Поради ова, во шпанските медиуми се ...
Триесетгодишнината од постоењето на „Плазма –Спортските игри за млади“ беше одбележана со спектакуларно меѓународно финале во Сплит, на кое учествуваа 1.224 деца од шест земји. Од 17 до 22 август, најдобрите млади спортисти од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија, како и учесниците од Украина, која оваа година беше земја гостин, се натпреваруваа во различни спортски дисциплини: кока-кола куп, мал фудбал, атлетика, ...
Кирил Лазаров е едно од најголемите имиња во историјата на македонскиот спорт и светски ракометен бренд кој со години ја претставуваше Македонија на највисоко ниво. Легендарниот десен бек остави огромна трага во светскиот ракомет, а по завршувањето на блескавата играчка кариера реши своето знаење, искуство и авторитет да ги стави во служба на македонскиот ракомет. Наместо да замине и да гради тренерска кариера во странство, Лазаров избра да ...
Дваесет и три лица останаа заглавени високо над земјата околу три часа откако рингишпил се расипа на саем во северниот германски град Хамбург, соопшти полицијата. Возењето запрело доцна синоќа поради технички дефект, што предизвика голема интервенција на полицијата и пожарникарите во обид да ја спуштат конструкцијата и да спречат паника каѓу заглавените луѓе, јави ДПА. Според весникот „Билд“ (Bild), патниците биле заглавени на околу 30 метри ...
Доли Партон оставила зад себе бројни песни кои сè уште не се објавени, а меѓу нив е и една што намерно ја зачувала за во иднина. За разлика од многу други песни што можеле да ја видат светлината на денот по нејзината смрт, таа одлучила да ја скрие оваа до 2045 година. Партон ја потврдила приказната за тајната песна во 2022 година, кога открила дека ја напишала како дел од посебен проект за 30-годишнината од ресортот „Доливуд Дриммор“. Потоа ...
Пожарот во областа Шашица, на околу осум километри од Валона, Албанија, продолжува да се шири, објави „Албаниан пост“. Четири работници во каменолом останале на своето работно место за да ја заштитат својата опрема, но биле повикани поради зголемената опасност. Противпожарно возило било испратено да ги собере за да можат безбедно да се евакуираат. Интервенцијата е отежната од силни ветрови и нерамен терен, а надлежните служби ја следат ...
Германскиот гигант, Баерн (М), планира до крајот на летниот преоден рок да ангажира уште еден класичен напаѓач кој ќе биде подготвен да ја игра улогата на резерва на Хари Кејн. Откако Душан Влаховиќ рече „не“ на прилично скромната понуда што му ја упатија, баварскиот клуб започнаа преговори со 25-годишниот Игор Тијаго од Брентфорд. Брилијантниот Бразилец игра навистина одличен фудбал во Премиер лигата и затоа Баерн (М) одлучи да го доведе во ...
Македонија има уште едно медитеранско одличие, а овој пат во центарот на вниманието е борачката Вероника Консевиќ, која освои бронзен медал на Медитеранските игри „Таранто 2026“. Консевиќ се закити со бронзата во категоријата до 57 килограми во слободен стил, откако во борбата за третото место ја совлада српската претставничка Милица Перовиќ. Македонската борачка одигра одличен и неизвесен меч, во кој на крајот славеше со 7-5 на поени. Со ...
Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на Тринаесеттата биенална конференција на Комитетот на Ирвинг Фишер за статистика на централните банки (IFC), којашто се одржа во Базел, во организација на Банката за меѓународни порамнувања (БИС). Годинашното издание на Конференцијата беше под наслов „Пополнување на информациските празнини во централното банкарство: ефикасно искористување на податоците и иновативните алатки“. Во рамките на настанот, ...
Молотов коктел е фрлен пред хотел во Нов Белград денеска во раните утрински часови, објавија српските медиуми. Инцидентот се случил околу четири часот наутро, кога непознато лице фрлило запалива направа пред зградата. Полицијата пристигнала на местото на настанот, а во тек е истрага за да се утврдат сите околности на инцидентот. Во моментов нема официјални информации за евентуална штета, повредени или идентитетот на лицето кое го фрлило ...
Во Кавадарци продолжува засилената теренска операција на депонијата „Мелци“, каде што со максимално ангажирање на опрема и човечки ресурси се работи на целосно нормализирање на состојбата. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, информира дека на терен се работи интензивно и без прекин, со цел целосно да се стави депонијата под контрола и да се прекине чадењето. Екипите ќе останат на терен сè додека не биде изгаснат и последниот жар и не ...
Македонските граѓани кои овој викенд ќе тргнат кон Грција треба да се подготват за зголемена фрекфенција на сообраќај и можни поголеми задржувања на граничните премини. Поради продолжениот викенд, голем број граѓани се очекува да заминат кон грчкото крајбрежје уште во петок, 28 август. Покрај продолжениот викенд дополнителен притисок на патиштата се очекува поради традиционалната смена на туристите на крајот од август. Тоа значи дека на ...
Барселона се обидува да донесе засилувања во врвот на нападот уште од почетокот на летниот преоден рок откако Роберт Левандовски го напушти клубот, а се чини дека и Феран Торес ќе го стори истото. И на птиците на гранката веќе им е јасно дека најголемата желба на Барселона е Хулијан Алварес, за кого веќе понудија 100 милиони евра, но Атлетико (М) не сака да го продаде. Самиот Аргентинец се обидува на секаков можен начин да оди во Барселона, ...
Сите мини во меѓународните води на Ормускиот проток се отстранети и на Иран му е соопштено дека секој брод или чамец што ќе поставува нови мини ќе биде уништен, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп напиша дека САД преку Вселенските сили го набљудуваат секој сантиметар од Ормускиот проток. „Ќе има политика на нулта толеранција кон поставувањето мини, која ...
Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар што утрово избувна во одделението за мајки и деца при Пакистанскиот институт за медицински науки во Исламабад, објави телевизијата Гео њуз, повикувајќи се на локалните власти. Во одделението во моментот на избувнувањето на пожарот имало 16 бебиња, од кои било спасено само едно. Пожарот избувнал околу 6.45 часот во просторијата за новороденчиња на третиот кат од болницата. Според првичните информации, ...
Научниците долго време предупредуваат дека светот ќе доживее сè поинтензивни екстремни временски настани, но она што некогаш изгледаше како фикција сега се смета за реална можност, дури и неизбежност. Предупредувањата за „екстремност на екстреми“ можат да бидат бескорисни бидејќи никој не може со сигурност да каже кога ќе се случи временска катастрофа. Но, во последниве години, сите состојки за нарушување од огромни размери се акумулираат, а ...
Системот за централно ладење во Виена моментално снабдува околу 300 згради, а потребата за ладење расте поради се почестите топлотни бранови. Со мрежа од 33 километри, Виена веќе има околу три четвртини од вкупната мрежа за централно ладење во Австрија, а планираните инвестиции дополнително ќе го зголемат нејзиниот капацитет. Виена развива централно ладење веќе две децении, што прерасна во важен дел од енергетската инфраструктура на градот ...
Исланд ќе одлучи на 29 август дали да ги обнови преговорите за пристапување во ЕУ, замрзнати во 2013 година, потег за кој Европската комисија се надева дека би можел да даде нов импулс на нејзината забавена политика на проширување. Референдумот за тоа дали да се отворат преговорите за членство во ЕУ ги подели гласачите речиси подеднакво. Според анкетата на Галуп објавена во август, 46 проценти од граѓаните го поддржуваат и подеднакво се ...