Русија во текот на изминатата ноќ истрела 598 дронови и 31 балистичка и крстосувачка ракета во масовниот напад врз Украина, соопштија украинските воздухопловни сили, цитирани од француските медиуми, а пренесува МИА. Според прелиминарните податоци, 563 борбени и дронови мамки, како и 26 ракети, биле соборени или нивните сигнали биле блокирани, соопштија украинските воздухопловни сили во соопштението. Украинскиот систем оператор соопшти дека ...

Српската влада на седница ја усвои Уредбата за посебни услови за вршење трговија со одредени видови стоки, со која се ограничуваат маржите во малопродажните синџири за основни прехранбени производи и други стоки важни за снабдување на граѓаните. Уредбата, која стапува на сила на 1 септември и ќе важи шест месеци, ќе ги ограничи маржите на максимум 20 проценти за производи класифицирани во 23 категории, објави владата. Меѓу производите што ќе ...

Долгогодишна традиција продолжи и денеска во РЕК Битола денеска каде свечено беше одбележан 28 август, Денот на рударите. На прославата присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како и битолските пратеници Пеце Милевски и Силвана Ангелевска. Меѓу гостите беа и членови на управниот и надзорниот одбор на АД ЕСМ, градоначалниците на Битола, Новаци и ...

За време на денешната посета на РЕК Битола на владината делегација, а по повод одбележувањето на 28 август Денот на рударите, премиерот Христијан Мицкоски направи обиколка и на кујната од која вработените во коминатот ќе добиваат топол оброк. Директорот на „ЕСМ Молика“ Горан Исков вели дека со голем труд и заложби ја ставаат во функција кујната за вработените во РЕК “Битола” и ќе биде отворена кон крајот на септември по предвидениот тест ...

Градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски денеска присуствуваше на свеченоста во РЕК Битола, по повод Денот на рударите. „Денес имав чест да присуствувам на одбележувањето на Денот на рударите во РЕК Битола, настан на кој заедно со премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски им оддадовме признание и благодарност на сите рудари – хероите што со својот труд и пожртвуваност ја движат нашата татковина напред“ вели Стевановски. Во чест на празникот ...

Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија професионално и во потребните рокови го завршија процесот на реновирање и приспособување на стадионот „Петар Милошевски“ за одигрување на меѓународни натпревари од високо ниво, информираат од Општина Битола. Како што стои во информацијата, стадионот ја помина инспекцијата на Европската фудбалска унија (УЕФА) и доби лиценца за втора категорија, што вклучува меѓународни натпревари и на клупско ...

Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска присуствуваше на одбележувањето на 28 август Денот на рударите, од РЕК Битола упати честитки за големиот празник Голема Богородица. „Ја користам оваа прилика да на сите православни христијани им го честитам големиот верски празник, Голема Богородица, а на сите граѓани во Македонија да им посакам пред сè здравје, среќа, љубов за нив и за нивните семејства бидејќи тоа е она коешто на сите нам ни е потребно. ...

По информацијата од пред неколку дена дека „Алта Банка“ АД Белград има намера да даде понуда за преземање до 100% од обичните акции со право на глас издадени од „Стопанска банка “а.д. Битола, а што беше обајвено на интернет страницата на Македонската берза, сега на истата таа страница како ценовно чувствителни информации, а согласно Правилата за котација, објавено е известувањње за промена на преземачот во рамите на истата групација. ...

Тринаесет рудари од различни рудници низ земјата денеска беа одликувани со признанија за својата пожртвувана работа, во рамки на свеченоста што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја организираше по повод Денот на рударите. Меѓу нив е и Страшо Маневски од РЕК Битола – човек со речиси четири децении искуство, кој започнал како сменски инженер, а долгогодишно работел и како технички директор. Признание доби и Златко ...

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема Богородица. Еден од најголемите христијански празници кога се одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот. Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. ...

Страстен љубител на мачки, фан на култната серија The Office и сопственик на еден од најоригиналните музички псевдоними на денешницата – Baby Lasagna доаѓа на Get EXITed журката во Струмица! По неговиот сензационален настап со кој речиси ја освои Евровизија и стана апсолутен победник во очите на европската публика, како и енергичното отворање на нултиот ден од EXIT фестивалот минатата година, тој зачекори на најголемите светски сцени и фестивали ...

Денеска заврши првиот уписен рок за пријавување студенти на прв циклус студии на битолскиот унивезитет „Св. Климент Охридски“. Како што информираат од ректорката управа во првото пријавување кое траеше од 19 до 27 август се пријавиле вкупно 864 кандидати, односно идни бруцоши. Ова значи дека УКЛО не само што успеа да го задржи зголемениот интерес од минатата година, туку и благо да го зголеми. Ланската година во првиот уписен рок биле пријавени ...

На прес конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче, упати критики до премиерот Христијан Мицкоски и неговите насоки за како да работат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, оти резултатите од тоа, вели Филипче, се катастрофално управување со општините од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Спротивно на ова, нагласи Филипче, СДСМ нуди чесни кандидати за градоначалници кои се почитувани во заедницата. Кажа дека ги финализирале кандидатите за најголем дел од ...

Во Нов Зеланд, луѓето имале прекрасна идеја да им помогнат на своите заедници. Тие садат овошни дрвја на места кадешто секој може да ужива во нив, на тротоари и во парковите. Ова значи дека секој што поминува покрај нив може да бере свежо овошје кога сака, без да мора да плати за тоа. Во Битола – не е така. Идејата да се садат овошни дрвја започнала од Велингтон, а веднаш потоа и Окланд. Преку своите политичари граѓаните ја прифатиле идејата на ...

Вчера се асфалтираше паркингот кај манастирот „Св. Архангел Гаврил“ во село Скочивир. Како што информира градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски, оваа активност е дел од програмата за уредување на локални улици и јавни површини на Општина Новаци, со цел создавање подобри услови за жителите и посетителите на овој црковен објект. „Со уредениот паркинг обезбедуваме поголема безбедност, уреденост и олеснет пристап за сите верници и гости кои ...

Украинските власти соопштија дека ќе им дозволат на мажите на возраст од 18 до 22 години да патуваат во странство, што им беше забрането од почетокот на војната во февруари 2022 година, пишува агенцијата МИА. Забраната важеше за сите мажи на возраст од 18 до 60 години, со одредени исклучоци, а неколку илјади од нив се обидуваа нелегално да побегнат од земјата секоја година, што беше опасно по живот. Oдлуката се однесува и на граѓаните „кои ...

Вчера се асфалтираше паркингот кај манастирот „Св. Архангел Гаврил“ во село Скочивир. Како што информира градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски, оваа активност е дел од програмата за уредување на локални улици и јавни површини на Општина Новаци, со цел создавање подобри услови за жителите и посетителите на овој црковен објект. „Со уредениот паркинг обезбедуваме поголема безбедност, уреденост и олеснет пристап за сите верници и гости кои ...

Со седум одобрени научно-истражувачки проекти што ќе се реализираат со финансии од Министерството за образование и наука, УКЛО во пресрет на новата академска година ја потврди својата ориентација кон наука, иновации и академски напредок- вистинска покана и за новите генерации студенти. Освен факултетските единици, проекти ќе реализираат и придружните членки. Јавната Национачна Установа Хидробиолошки завод – Охрид ќе го реализира проектот ...

Во текот на првото полугодие од 2025 година безбедносната состојба во Битола се оценува како поволна, рече Ристо Димовски, командир на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Битола на седницата на Комисиајта за бебедност. На подрачјето на полициската станица од општа надлежност Битола во текот на првото полугодие од оваа година рече тој, направени се 105 прекршоци од 133 сторители. Поднесенени се 95 барања за поведување на ...

Релативно куса беше денешната 56 седница на Советот на Општина Битола. Извештаите за работата на основните училиштата лани и плановите за следната година доминираа како точки од дневниот ред. На крајот беше и гласањето за училиштата, а во овој прилог на почетокот ќе соопштиме како беше гласањето. Овој пат немаше кој директор од која партија е туку вака се гласаше. Програмите за работа за следната учебна година беа изгласани со гласови и од ...

Тој е лидер на партијата, но не значи дека мора да е кандидат за било што. Вака вели Горан Тасковски, претседател на Македонска Ера Трета Суверенисти, прашан дали на овие локални избори ќе биде кандидат за градоначалник на Битола. Нема да биде кандидат за градоначалник, во моментов одлучуваат кој од двајца потенцијални ќе биде кандидат, а Тасковски нема да биде ниту носител на советничката листа, со која ќе настапат на локалните избори. Се ...

Жителите на село Живојно денеска немаат струја и тоа во периодот од 8.00 – 15.00 часот, но и подоцна. Тоа се должи на работите што ги спроведива електродистрибуција и се работи за планиран прекин – се работи на реконструкција, реновирање на 10 киловолтен далекувод заради што до крајот на оваа недела различни делови од општина Битола,. Новаци и Могила ќе имаат прекини на снабдувањето со електрична енергија – информираат од електродистрибуција. До ...

Ќе се преземаат поригорозни мерки против прекршителите кои нелегално користат вода за пиење од ЈКП„Водовод“. Од јавното претпријатие „Водовод“ денеска информираат дека со Општински инспекторат и инспектори од СВР Битола оствариле средна на која се дискутирало за проблемот со злоупотреба на вода преку нелегални приклучоци и кражба на вода. Па информираат: злоупотребата на водата преку нелегални приклучоци и кражбата на водата нанесуват сериозна ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, силно го осудува убиството на Палестинците во израелските напади кои ја погодија болницата Насер во Газа и повикува на брза и непристрасна истрага, изјави портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик. Тој рече дека Гутереш истакнал оти цивилите, вклучувајќи го медицинскиот персонал и новинарите, мора да бидат почитувани и заштитени во секое време. Палестински здравствени претставници ...

Примената на вештачката интелигенција во унапредување на туризмот ќе биде предмет на истражување и обликување на Факултетот за туризам и угостителство при универзитетот Св. Климент Охридски – проект финансиран од повикот на министерството за образование и наука за научно-истражувачки проекти. Туристичката индустрија е сеопфатна и брзорастечка , а потенцијалниот турист има свои барања кои понудувачите на услуги во сместување и угостителски услуги ...

На Саем-Отчетot што го организираше ВМРО ДПМНЕ, под мотото „4 години работа за тебе” се обрати и градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски кој ја истакна изградбата на три главни улици и канализационата мрежа со пречистителна станица. „Максимални напори вложивме во почеток на изградба на индустриската развојна зона во Новаци којашто ќе биде на површина од 20 хектари, дојдовме до реализација на еден од најголемите проекти во ...

За денеска е закажана 56-та седница на Советот на Општина Битола. Од точките на дневниот ред доминираат тие за работата на основните училишта во Општина Битола. Извештаите за работата во учебната 2024/2025 година и годишната програма за учебната 2025/2026 година на основните училишта во општина Битола се најголемиот број од точките на дневниот ред. Исто така советниците ќе треба да расправат и по решенијата за давање согласност за формирање на ...

Викендов во спортско-рекреативниот парк „Коњарка“ се одржа музичкиот излет во природа на реката Коњарка. Како што информираат од Општина Новаци, многубројните гости уживаа во неверојатна комбинација од македонска музика, свеж воздух и пријатно друштво, на прекрасната локација во спортско-рекреативниот парк на реката Коњарка, Скочивир. Настанот беше организиран со поддршка од Општина Новаци, а посетителите дојдоа во голем број уживајќи во ...

На дводневниот настан кој го организираше ВМРО ДПМНЕ во Скопје, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе” свое обраќање на панел-дискусијата „4 години инвестиции во инфраструктурата“, имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека Битола не е слепо црево како во минатото, со тоа што сега се гради забрзано, се вложува во инфраструктурата, со изградба на влезот на Битола, комплетна инфраструктура со пешачки и ...

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,64%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ...

Приправници

11 минути - МРТ

Повик

23 часа - МРТ
weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1025
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.67
83%
1027
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
58%
1025
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
66%
1025
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
75%
1026
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 0ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
95%
1026
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
54%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.8638

Currency

38.0783

Currency

65.8659

Currency

7.43028

Currency

0.66248

Currency

0.33809

Currency

0.52446

Currency

1.22758

Currency

0.57734

Иридиум

145787.60

Бакар

10.87

Родиум

255598.44

Платина

58054.69

Алуминиум

2.87

Цинк

3.13

Калај

41.30

Рутениум

29192.88

Злато

138408.99

Сребро

2060.60

Паладиум

50058.71

Кобалт

58.42