Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Познатиот американски кошаркар Расел Вестбрук одлучи да ја заврши кариерата и ја објави својата одлука преку социјалните мрежи. Вестбрук имаше долга и успешна кариера која траеше во НБА од 2008 до 2026 година, а на најголемата светска сцена пристигна од престижниот универзитет UCLA. Вестбрук ја започна својата кариера во редовите на Оклахома Сити Тандер, а остана со нив дури и откако Кевин Дукент замина во тогаш најсилниот тим во лигата – ...
Охрид не само што убедливо го дони „езерското дерби“ со 37:24 против домашниот состав на “Струга 2026“, туку покажа моќно издание со кое порача дека има намера го одбрани трофејот освоен лани. Иако не беше се така лесно за големиот фаворит во првата фаза од средбата, сепак како што одминуваше времето ракометарите на Охрид го искажаа својот квалитет и на крајот славеа со убедлива разлика од +13 голови. На Охрид сега им треба победа и против ...
Еден од најстарите и најпрепознатливи спортски настани во земјава, Меѓународниот ракометен турнир „Струга“, продолжува и ова лето. Од 12 до 15 август, Струга повторно ќе живее со духот на ракометот, традицијата и спортската енергија. Македонски Телеком, како долгогодишен партнер на македонскиот ракомет, ја продолжува својата поддршка на турнирот и оваа година, а настаните ќе може да се следат во живо. Во среда започнува 54. издание на ...
Денеска на Арената Тодор Проески во Скопје, екипата на Шкендија ја одржа официјалната прес конференција по повод реванш дуелот од третото коло од квалификациите за Лигата на Конференции, против тимот на Хиберниан од Шкотска, кој што ќе се одигра на нашиот најголем стадион утре со почеток од 20:00 часот. Првиот дуел во Шкотска заврши со пораз на тетовци од 2:1, но тоа е далеку од некаков негативен момент. Шкендија покажа и на гости дека има ...
ПСЖ – Астон Вила 2:1 е исходот од вечерашниот меч во УЕФА Суперкупот, кој се одигра во Салцбург. Нова победа, нов трофеј за актуелниот европски првак. Со ова составот на Луис Енрике ја одбрани титулата и во Суперкупот ако се знае дека ПСЖ лани успеа да слави против Тотенхем. Стрелци на головите за ПСЖ беа Кварацкелија во 20. и Дуе во 61.минута, додека тимот од Бирмингем успеа преку Маџо да израмни на 1:1 во 45.минута од првото полувреме. ...
И официјално и дефинитивно, Чави Ернандез е новиот селектор на Холандија. Она што беше највено во текот на денешниот ден, вечерва и се оствари. Чави Ернандез чекаше вистинска понуда цели две години, откако ја напушти клупата на Барселона, а сега конечно ја доби. Беше споменат како потенцијален тренер на Тотенхем, Милан, Мароко му беше понуден од националните тимови, но на крајот тој беше најдобар. Холандија е земја чија филозофија, како ...
Утре со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, екипата на Шкендија го игра реванш дуелот од третото квалификациско коло од Лигата на Конференции против тимот на Хиберниан од Шкотска. На првиот дуел на гости, тетовци загубија со 2:1, а сега треба да ја анулираат негативата и да се пласираат во плеј офот, последната пречка пред групната фаза во ова натпреварување. Составот на Шкендија е релативно истиот нема поголеми ...
На првиот меч на годинашниот турнир „Струга 2026“, Вардар успеа без никакви проблеми да дојде до рутински триумф против составот на Прилеп со 39:29 (18:13). Уште на стартот се покажа кој е кој на овој меч. Шампионот брозо “набилда“ разлика а на пауза се замина со 18:13. Прилепчани малку дадоа посилен отпор на почетокот од второто полувреме со два гола за 18:15, но сепак во продолжение од ова средба на теренот тимот на стратегот Иван Чупиќ ...
Сега е готово. Нов “земјотрес“ попладнево во Турција, во тамошниот фудбал. По Мохамед Салах кој минатата недела му се приклучи на Трабзонспор, попладнево уште две нови ѕвезди и официјално ќе играат во Суперлигата во новата сезона во таа земја. Имено попладнево, еден по друг, Бешикташ официјално потврди дека Душан Влаховиќ е нивни фудбалер, а потоа и Фенербахче тоа го стори со Ромелу Лукаку. Ете, тоа е тоа. Во секој случај сега турскиот ...
ПСЖ – Астон Вила 1:1 е резултатот по првото полувреме од вечерашниот дуел во УЕФА Суперкупот, кој се игра во Салцбург. Кој, ако не, Квича Кварацкелија или Кварадона беше стрелец за европскиот шампион против победникот во Лигата на Европа од минатата сезона, и тоа во 20.минута. Убав гол во стилот на Грузиецот. Во првото полувреме ПСЖ имаше свои шанси за уште некој гол, додека на другата страна англискиот тим успеа да дојде до три шанси и тоа ...
Од попладнево ексопедицијата на Хиберниан е во Скопје. Уште кога слетаа во главниот град на Македонија, се соочија со големи проблеми во однос на температурата која и денеска е пеколна во нашата земја, во Скопје. Потоа го одработија и официјалниот тренинг на Арената “Тодор Проески“, а притоа самите меѓу себе се прашуваа: „Што е ова?! Пекол…“. Па, нека им биде пекол утре вечер од 20 часот кога почнува мечот. Да кажеме дека Шкендија има ...
Да се знае кој е кој. “Фараонот“ како фараон во Трабзон. Доаѓањето на Мохамед Салах во Трабзонспор предизвика огромно внимание од светската јавност, а турските медиуми сега открија каде ќе живее египетската ѕвезда за време на престојот на брегот на Црното Море. Како што објави турскиот портал Хаберлер, повикувајќи се на Сабах, Салах избрал луксузна вила во населбата Јалинџак во Трабзон, каде што неговото семејство наскоро треба да му се ...
Лос Анџелес Лејкерс се продадени на американските бизнисмени Џошуа Кушнер и Боб Игер за над 12 милијарди долари, објави ESPN. Ова е нова рекордна сума во историјата на американскиот спорт за спортска франшиза и е дури две милијарди долари повеќе од онаа за која семејството Бас ги продаде Лејкерс на Марк Волтер пред само една година. Кушнер и Игер претходно беа вклучени во проектот за нова франшиза со седиште во Лас Вегас, но имаше пресврт и ...
Шпанец на клупата на Ц.Звезда, ама на Рафа Бенитез туку Алберт Риера. Ситуацијата околу изборот на нов тренер на Црвена Звезда е таа. Во текот на утрешниот ден или најдоцна во петок наутро, се очекува официјално да биде Алберт Ријера прогласен за шеф на стручниот штаб. Според медиумите во Србија, преговорите, оние завршните навројатно ќе се одржат во четврток во Белград со Шпанецот и неговиот менаџер Енди Бара. Риера ќе пристигне на ...
Така тоа го прават големите луѓе. Имено Кристијано Роналдо му се обрати на Лионел Меси по смртта на неговиот татко Хорхе, кој почина на 68-годишна возраст по долго боледување. Португалската ѕвезда му испрати порака на својот долгогодишен ривал откако Меси објави емотивно проштално писмо до неговиот татко. „Голема прегратка за тебе и твоите најблиски во ова тешко време, Лео. Остани силен“, му пишал Роналдо на Меси. Колку за потсетување ...
Сега е веќе официјално. Она што беше најавено пред неколку недели, денес е официјализирано. Златко Далиќ е новиот тренер на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Денес, фудбалската асоцијација на оваа земја ја официјализираше соработката со легендарниот хрватски тренер и го претстави на јавноста на задоволство на навивачите на овој тим. Далиќ со тоа ја презема селекцијата на Обединетите Арапски Емирати во нов ...
Неколку дена откако почина татко му Хорхе Меси, Лионел Меси конечно собра сила, и и се обрати на светката јавност по повод семејната загуба. Меси сениор, почина по долга и тешка болест, за која што очигледно малкумина знаеја. Лео Меси преку социјалните мрежи упати срцепарателна порака, до неговиот сега веќе починат татко. „Тато, сè уште не можам да поверувам дека си замина. Не паѓам, или подобро кажано, не сакам да паднам. Многу ми е тешко ...
Кошаркарскиот клуб Работнички предмалку објави дека е продолжена соработката со стандардниот негов член Виктор Ефремовски и искусниот кошаркар и во следниот период ќе го носи дресот на нашиот трофеен клуб. Тој веќе десет сезони е дел од овој клуб и прераснува во вистинска легенда на тимот од Градски парк. Ефремовски константно во изминатиот период е еден од најдобрите кошаркари на Работнички и логично е управата да направи се за да тој и ...
Македонската машка одбојкарска репрезентација во мир, тишина и ладовина што се вели, ги одработува своите подготовки за претстојниот ЕвроВолеј 2026 во својата база во Крушево. Селекторот Јошко Миленкоски во својата денешна изјава вели дека е задоволен од тоа како се одвиваат подготовките и дека се е во најдобар ред сега засега. „Сѐ оди според планот! Екипата, но и стручниот штаб се комплетирани, дел од младите одбојкари кои се на поширокиот ...
По традиција вистинската сезона во Европа стартува со УЕФА Суперкупот. Така ќе биде и сега. Победникот на Лигата на шампионите, ПСЖ и освојувачот на Лигата на Европа, Астон Вила, ја отвораат сезоната на европските натпреварувања со судир за Европскиот Суперкуп. Судирот ќе се одржи вечерва на „Ред Бул Арена“ во Салцбург од 21 часот. Двата тима го имаат освоено трофејот претходно. ПСЖ е актуелен носител на пехарот, откако драматично ...
Досегашниот играч на тимот на Рајо Ваљекано, Пеп Чаварија и официјално денеска е претставен како нов играч на тимот на Челзи. Левиот бек потпипа договор со траење до 2031 година, што ќе рече дека шпанецот го прави трансферот на кариерата. „Многу сум возбуден што ќе почнам. Ова е сон што ми се оствари, бидејќи Челзи е еден од најголемите клубови во светот. Тоа е голема можност, но јас сум подготвен и ќе работам напорно за да му помогнам на ...
Македонскиот интернационалец, Стефан Ристовски и официјално си замина од тимот на Сараево. Ова беше најавено пред извесен период, но секако поради активниот договор кој што искусниот дефанзивец го имаше со клубот беше потребен одреден период да се нивелираат некои детали. Со ова дефинитивно завршува уште една епизода од богатата кариера на еден од најдобрите македонски фудбалери во изминатата декада. Ристовски како што е добро познато во ...
Главниот тренер на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека не знае на кое ниво се неговите играчи. Некои од нив се приклучија на тренинзите на тимот минатата недела, додека други дури вчера. Утре, ПСЖ се соочува со Астон Вила во натпревар за Европскиот Суперкуп, кој ќе се одржи во Салцбург. „Одморав цело лето. Свежи сме и среќни што се вративме. Постепено играчите се враќаат. Ја започнуваме сезоната со финале, што значи дека направивме ...
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, е решен да продолжи да го води клубот кон нови височини. Тимот од Бирмингем се подготвува за судир со европскиот шампион Пари Сен Жермен во Суперкупот на УЕФА, откако минатата сезона заврши 30-годишно чекање за голем трофеј. Вила го победи Фрајбург со 3-0 во финалето на Лигата на Европа во мај, освојувајќи ја рекордната петта титула во Лигата на Европа за Емери и првиот голем трофеј на клубот од Лига ...
Првиот дел од Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува во Скопје и Гевгелија и официјално заврши. Денеска е слободен ден, а од утре, исто во двата града ќе се играат натпреварите за пласман. Пред продолжението на шампионатот од ФИБА подготвија листа на потецијални кандидати за МВП на ЕП Б Дивизија. На списокот се најде и македонскиот репрезентативец Дион Шабани, кој воедно е еден од најдобрите стрелци, не само во „црвено-жолтиот“ ...
Македонската кадетска репрезентација по завршување на групната фаза на Европското првенство „Б“ Дивизија ќе продолжи да разигрува за пласман од 9. до 16. место. Нашите кошаркари го добија патот во битката за подобра позиција на овој шампионат. Прв противник е селекцијата на Ирска, а натпреварот ќе се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:30 часот. Македонија групната фаза ја играше во Гевгелија и ја заврши со скор од две победи ...
Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, изјави дека нема намера да му ја предаде капитенската лента на Ерлинг Халанд бидејќи Норвежанецот постигнува премногу голови. Халанд се смета за нов капитен на тимот по заминувањето на Бернардо Силва и очекуваниот трансфер на Родри. Сепак, Мареска ја отфрли можноста да му ја предаде капитенската лента на својот водечки стрелец. „Во Лестер и Челзи имав правило: кога ќе постигнеме гол, капитенот доаѓа ...
Македонскиот репрезентативец Петар Бошалески (22 години, 197 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона, откако денеска официјално стави потпис на договорот со нашиот клуб. Станува збор за талентиран бек-шутер, кој откако ги мина сите младински национални селекции, летово ги одигра и првите два натпревари во дресот на сениорската репрезентација на Македонија, во првата фаза од претквалификациите за ЕП 2029. ...
Некогашниот македонски младински репрезенаттивец, а сега интернационалец, Стефан Јевтоски и официјално стана дел од тимот на ПСМ Макасар од Индонезија. Иако Јевтоски веќе извесен период е дел од овој клуб, денеска конечно е промовиран како нов член на прволигашот од Индонезија. Се работи за амбициозен фудбалски колектив, каде што условите се одлични и каде што може да се игра на навистина високо ниво. Јевтоски во Индонезија замина откако ...
Пожарот во ФК Вардар АД Скопје се разгоре по дерби-поразот на домашен терен во неделата од 0:2 против Шкендија, по кој на виделина излегоа сите глупости и нефудбалски работи кои се случуваа во таборот на првакот на Македонија изминатите месеци. Хаваријата на резултатски и играчки план прво се одрази врз тренерот Кристијан Фабијани, кој доби експресен отказ и веќе е на пат за Аргентина, иако неколку дена претходно, од нејасни причини, но како ...