Македонскиот вицепрвак, Еурофарм Пелистер одигра уште еден пријателски натпревар во рамките на подготовките за новата сезона во која новиот стратег, Лино Червар и неговите момци, покрај домашните обврски ќе бидат дел од Европската лига. Битолчани ги одмерија силите со Крка, а победник од оваа средба излезе македонскиот тим кој славеше со минимални 34-33. Претходно, Еурофарм Пелистер одигра пријателски натпревар со репрезентацијата на Катар, ...

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не беше дел од составот на Ренџерс во саботниот пораз од Хиберниан, противникот на Шкендија во третото коло од квалификациите за Лигата на Конференции. Ренџерс загубија и тоа на свој терен со 1:2, а јавноста веднаш се запраша што се случува со нашиот репрезентативец. Нашите информации велат дека со Миовски се е во ред, и дека е во прашање само појака настинка ништо повеќе. Не се работи за никаква ...

Македонскиот репрезенаттивец и интернационалец Никола Серафимов денеска полни 27. години. Стоперот е 99′ годиште и е еден од стандардните членови на нашиот национален тим годиниве. Веќе забележа триесетина настапи за А селекцијата, постигна и еден гол, а денеска има задача да се избори за пласман во следната фаза од квалификациите за Лигата на Шампионите. Серафимов вечерва од 17:00 часот со својот Левски на гостински терен против ...

Екипата на Шкендија предмалку објави дека денеска ги пушти во продажба билетите за претстојниот реванш дуел од третото квалификациско коло од Лигата на Конференции, против тимот на Хиберниан. Мечот стандардно се игра на Арената Тодор Проески во Скопје, и е закажан за в четврток од 20:00 часот. Продажните места се набројани во линкот подолу. ...

Катастрофалниот земјотрес што ја погоди Колумбија во понеделник предизвика голема драма во фудбалската заедница, особено во редовите на прволигашкиот клуб Депортиво Переира. Клубот сè уште нема информации за својот фудбалер Мигел Паласиос, кој се врати во својот роден град по тренингот, по што му се изгуби секаква трага. Тренерот Артур Рејес изјави за WIN Sports дека семејствата на играчите се безбедни и дека нема повредени, но дека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој е под зголемен притисок по судирот со водечките континентални фудбалски организации. Трамп рече дека би било „страшна грешка“ ако ФИФА одлучи да го отстрани Инфантино. „ФИФА би направила ужасна грешка ако размисли за замена на претседателот Џани Инфантино од која било причина. Тој е фантастичен“, напиша Трамп на социјалните мрежи. Тој ...

Ѕвездите на Англија беа вклучени во инцидент со закана со бомба пред нивниот полуфинален натпревар со Аргентина на Светското првенство. Протечен безбедносен извештај, објавен од шпанското издание Información, детално опишува голем број терористички закани, вклучително и една насочена кон автобусот на „Трите лава“. Инцидентот се случил пред Хари Кејн и компанијата да претрпат пораз од 2-1 од Аргентина во Атланта на 15 јули, објавија шпанските ...

Македонската кадетска репрезентација покажа дека има потенцијал и причина да веруваме дека од оваа генерација во иднина ќе произлезат кошаркари кои ќе го облечат сениорскиот дрес. Избраниците на Дејан Стојановски се вратија од голема негатива против Швајцарија и ја запишаа втората победа на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје и во Гевгелија. На дело го видовме квалитетот и потенцијалот кој го поседува Илијан Коневски, а ...

Турскиот спортски новинар Бурхан Џан Терзи, познат по своето известување за Галатасарај, беше приведен вчера како дел од истрагата започната поради неговите тврдења дека истанбулскиот гигант го договорил доаѓањето на Џамал Мусиала од Баерн Минхен. Терзи беше однесен во истанбулската полиција на сослушување по наредба на јавното обвинителство во Бакиркој под сомнение за „јавно ширење лажни информации“. Терзи кон крајот на јули тврдеше дека ...

Хулијан Алварез беше главна тема на разговор во Мадрид, бидејќи се очекуваше конечно да се сретне лице в лице со Диего Симеоне и директорот Мигел Анхел Хил. Сепак, никој од нив не го поздрави. Диего Симеоне им даде на играчите два дена одмор по враќањето од турнејата, додека самиот отпатува за Ибица. Во исто време, директорот Хил одлучи да остане во Марбеља денес, иако Алварез и неговите агенти сакаа директна средба лице в лице. Сепак, по ...

Од синоќа веќе јасни се работите со Ендрик во Реал Мадрид. Имаше многу дебати во врска со неговата ситуација, особено со оглед на значајните понуди од врвни клубови како Рома и Астон Вила, кои се обидуваа да го обезбедат неговиот позајмица. Сепак, клубот дефинитивно ја отфрли секоја можност за позајмица. Мурињо смета на него и верува дека ќе игра клучна улога. Ова мислење се совпаѓа со мислењето на Флорентино Перез, кој има посебна ...

Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, откри дека грчкиот клуб се обидел да го доведе Никола Јокиќ и дека веќе му испратил сериозна понуда на трикратниот МВП на НБА. Амбициите на атинскиот гигант очигледно немаат граници. Иако Јокиќ е под договор со Денвер Нагетс и неговото доаѓање во европската кошарка во моментов изгледа речиси незамисливо, Јанакопулос откри дека Панатинаикос веќе се обидел да направи сензација. Сопственикот ...

Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши на најлош можен начин. Шпанските медиуми пишуваат дека еден од играчите на Барселона претрпел сериозна повреда на коленото и дека станува збор за Рони Барџи. Според првите информации што доаѓаат од Барселона, се чини дека Рони претрпел повреда на ...

Ливерпул официјално го објави потпишувањето на дефанзивецот Роналд Араухо, кој пристигнува на позајмица од Барселона со опција за откуп за 55 милиони евра. Уругвајскиот репрезентативец ќе го носи дресот со број 33 и ќе биде задолжен да ја пополни празнината во одбраната на Мерсисајд што остана по заминувањето на Ибрахим Конате. Барса го потпиша Араухо во 2018 година од Бостон Ривер, а тој првично играше во двојната екипа на клубот. Сепак, ...

И дефинитивно војната за тронот во светскиот фудбал продолжува. Европа, Азија и Северна Америка се чини дека се обединети во своето противење на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. УЕФА, КОНКАКАФ (Конфедерацијата на северноамерикански и карипски фудбалски асоцијации) и Азиската фудбалска конфедерација издадоа заедничко отворено писмо во кое го обвинуваат Инфантино за кршење на довербата „преку измама“. Во писмото, потпишано од ...

Се чини дека ГРК Тиквеш не ги крие своите амбиции за следната сезона во ракометната Суперлига на Македонија која ќе биде најсилна во последните неколку години. Имено вечерва преку своите социјални мрежи, кавадарчани се пофалија дека успеале да го ангажираат Чамал Абдула, интернационалец од Франција кој доаѓа од Либија. Абдула во Либија досега настапувал за екипата на Ал Ахли од Бегнгази. Тој доаѓа во Тиквеш на местото десен бек. Се чини ...

Поранешниот репрезентативен голман на Иран, Рашид Мазахери е во затвор во Урмија под обвинение за дејствување против националната безбедност и пропаганда против државниот систем, според активистите за човекови права и членовите на неговото семејство. Властите во Техеран првично го обвинија Мазахери за обид за нелегално преминување на државната граница и плаќање поткуп. Сепак, според објавите на активистот Азар Џахангири и изјавите на ...

Селекторот на македонската кадетска репрезентација, Дејан Стојановски, по втората победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Гевгелија, истакна дека неговите избраници покажале карактер и одлична реакција во второто полувреме против Швајцарија. Македонија славеше со 89:76, во натпревар во кој Швајцарците постигнаа дури десет тројки во првото полувреме, но нашата селекција со одлична одбрана и висок интензитет успеа да направи ...

Александар Јончевски, некогашниот селектор на нашата најдобра кошаркарска селекција, има нов клуб. Вечерва од потврда од Косово дека македонскиот е стратег е нов тренер на Влазними од Ѓаковица. Еве како Јончевски беше претставен од својот нов клуб: “Јончевски носи во Ѓаковица долгогодишно искуство во меѓународната кошарка. Во текот на својата кариера, тој раководел со тимови како МЗТ Скопје, Кожув, Гостивар, Работнички (Македонија), Спартак ...

Македонската ракометна репрезенаттивка Андреа Седлоска, својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Ускудар во Турција. Седлоска по цели шест години минати во тимот на Локомотива Загреб сега заминува во нова средина. Своевремено Седлоска беше дел и од екипата на Вардар, пред да замине како интернационалец. Имаше опции летово да замине и за Унгарија, но ја одбра според неа најдобрата опција. Државниот дрес на Македонија го носи уште од ...

Од денеска Струга ТЛ е посилна за Ќендрим Исмаили (27), интернационалец од Косово. Исмаили е најновата аквизиција на стружани и може да игра на левата бековска линија како и задниот дел од линијата за врска. Тој доаѓа од Теута, клуб од Албанија, а претходно играл и за екипите на Тирана, Фљамуртари. Откако беше промовиран, Исмали изјави: „Дојдов во Струга Трим Лум поради добрата организација на клубот. Во минатото имав контакти со ...

Заминувањето на Кристијан Фабијани беше и е очекувана работа со оглед на тоа дека аргентинскиот стартег уште од првиот ден како шеф на струката во „црвено-црните“ покажа и дозволи да има недисциплина, безредие и општ хаос. Дозволи само неговиот менаџер да носи засилувања во клубот па така истите тие многу фалени играчи од типот на Герсон Родригес, Пуелио, Пирес, Торес и Кастањеда… му ја „скроија“ и капата на шефот од Аргентина. Вардар објави ...

Кога ќе се победи на гости кај Вардар со 0:2, кога твојот тим просто ќе го прегази актуелниот шампион и кога поразениот состав е среќен зошо примил само два гола, тогаш е јасно дека тренер на ова 2.коло е Артим Положани, стратегот на Шкендија и тоа без конкуренција. Иако кога беше назначен за шеф на струката имаше недоумици и недоверба дури и кај тие што навиваат за Шкендија, сепак Положани многу брзо, за само еден месец, покажа дека тој е ...

Дарко Панчев нашиот најдобар фудбалер на векот, светска фудбалска легенда, човекот кој на Ц.Звезда и ја донесе титулата европски првак и натаму е голема ѕвезда на овие простори, а посебно во Србија. Кога ќе се изговори неговите име и презиме сите стануваат во знак на респект кон Македонецот кој во Бари во 1991 ја донесе најголемата радост на фановите на овој клуб. Исто така и неговите соиграчи имаат само почитување кон Панчев, така и Владан ...

Македонските кошаркарски кадети со чудесен пресврт вечерва успеаја да слават голема победа против селекцијата на Швајцарија со 89:76. Ова е втора победа на Македонија на ова ЕП во Б дивизијата. Таа дојде откако нашите кадети одиграа фантастично второ полувреме и со голем пресврт успеаја на крајот да слават. Треба веднаш да се каже дека по првите две четвртини нашите кадети одиграа слабо, имаа голема негатива, но потоа тие покажаа карактер и ...

Уф, каква “бомба“ од Островот? Конзорциум предводен од основачот на Амазон, Џеф Безос, ќе купи значаен удел во Ливерпул, а соопштението би можело да биде објавено до крајот на неделата. Безос е третиот најбогат човек во светот (проценето богатство од 280.000.000.000) зад сопствениците на Гугл, Лари Пејџ и Илон Маск, а заедно со група во која е вклучен еден од основачите на Фејсбук, Едуардо Северин, и индискиот бизнисмен Аминт Батија, сака да ...

Ардијан Нухиу по пауза од неколку години повторно е шеф на струката во Дрита. Раководството на клубот денеска на прес конференција се пофали, односно објави дека имаат нов тренер и го промовираше некогашниот наш познат фудбалер, а потоа и истакнат тренер кој со успех работеше во Шкупи и Шкендија, а како стратег ги предводеше екипите на Тирана, Гњилане, секако Дрита. Да потсетиме дека тој со Дрита во сезоната 2019/20 ја освои титулата и ...

ПСЖ ја упати својата прва официјална понуда за Феран Торес, но таа не ја задоволи Барселона. Според информациите од Мундо Депортиво, францускиот клуб понудил фиксен износ од 40 милиони евра за 26-годишниот шпански напаѓач. Барселона ја отфрли понудата, бидејќи очекува поголема сума за играчот. Каталонците се свесни дека Торес веќе постигнал договор со ПСЖ и сака што поскоро да се пресели во парискиот клуб, но нема да дадат зелено светло за ...

Откако цела спортска Македонија остана шокирана за тоа како изгледа теренот на стадионот во Битола по одржувањето на последните концерти, попладнево со реакција искочи и Оштина Битола. Соопштението кое го добивме во нашата реакција ви го пренесуваме во целост: Вие и јас пренесуваме информации од ЈП „Комуналец“ за состојбата на стадионот „Петар Милошевски“ во Битолa. Како што ја информирав јавноста колку што е можно повеќе, Општина Битолa и ...

Бразилската ѕвезда Нејмар ќе се приклучи на американскиот клуб Интер Мајами на почетокот на следната година, откри неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата Фелипе Мело. Во интервју за порталот „Goals do Brasileirao“, Мело, кој одржува блиски односи со напаѓачот, рече дека околината на Нејмар веќе разговара за неговиот иден трансфер. Се очекува тој да го напушти својот сегашен клуб Сантос за да се соедини со Лионел Меси и Луис Суарез во ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
22%
1015
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
5.66
32%
1016
weather icon

Загреб

34ᴼ / 33ᴼ
3.09
24%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
4.12
28%
1018
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
4.74
26%
1017
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 32ᴼ
2.57
25%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
8.75
46%
1013
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
5.14
30%
1012
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
4.12
21%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
3.6
29%
1019
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
1.56
20%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
12.35
72%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.2218

Currency

72.0205

Currency

37.6704

Currency

38.3539

Currency

65.3905

Currency

7.89266

Currency

0.63222

Currency

0.33409

Currency

0.52502

Currency

1.11186

Currency

0.55759

Платина

56103.05

Злато

140678.81

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Алуминиум

3.25

Бакар

13.28

Сребро

2080.30

Родиум

282926.57

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Калај

56.34

Паладиум

41731.67