Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, и неговата сопруга Александра станаа родители, и токму тоа е причината зошто тој подоцна ќе доцни во Бразил на ГН на оваа земја. Леклер уште порано објави дека по трката во Мексико Сити, ќе отпатува во Кнежевството за да присуствува на раѓањето на своето прво дете, а новите родители ја потврдија среќната вест во среда. Во заедничка објава на Инстаграм, Александра и Шарл објавија дека Бјанка е родена еден ден ...
Австралиецот Алан Џонс, првиот возач кој ја освои титулата во Формула 1 за тимот на Вилијамс, почина на 80-годишна возраст, соопшти неговото семејство, а пренесе АП. Џонс, кој шампионската титула во Формула 1 ја освои во 1980 година, починал по кратко боледување. „Со голема тага ја известуваме јавноста дека почина нашиот сакан Алан. Многу ќе им недостига на своите најблиски, кои со љубов ќе се сеќаваат на него, но и на бројните навивачи, ...
По 13 и пол години, 62 освоени титули и заеднички пат исполнет со успеси, падови и големи враќања, завршува една од најдолгите и најзначајни соработки во македонскиот тенис. Димитар Лабудовиќ и Лина Ѓорческа ја прекинуваат заедничката работа, а разделбата тренерот ја потврди со емотивна порака на социјалните мрежи осврнувајќи се на долгогодишниот заеднички пат, исполнет со бројни успеси, предизвици, повреди и големи враќања на тениските ...
Специјализираниот одбојкарски медиум Voleyturkiye1 го прогласи македонскиот стратег Жарко Ристоски за тренер на првото коло во најсилната турска лига. Во традиционалниот избор на „Тим на колото“, кој се прави врз основа на постигнатите резултати и статистиката се прогласуваат најдобрите одбојкари, како и најдобриот тренер на колото. Со оглед на одличниот старт кој Ристоски го имаше на клупата на Истанбул Беледиеспор сезонава ова е голема ...
Новиот светски шампион во Формула 1, Кими Антонели, беше во емотивна посета на семејството на легендарниот Аиртон Сена во Бразил. Пред почетокот на викендот за Големата награда на Сао Паоло, на младиот возач му беше дадена посебна можност да седне во еден од иконските автомобили на трикратниот шампион од неговото време во Лотус. Kimi Antonelli al llegar a Brasil fue invitado por la familia Senna y se subió al Lotus de Ayrton Senna con la que ...
Македонската репрезентативка Ерјона Јонузи и словачкиот првак Слован Братислава ќе играат во главната рунда од ЦЕВ Челинџ купот, откако успешно го минаа првото коло од ова европско клупско натпреварување, што е историски успех за клубот. Јонузи и нејзиниот тим со две победи над црногорски Будуќност од Подгорица се пласираа меѓу најдобрите 16 екипи. Откако првиот меч на домашен терен го добија со убедливи 3:0, одбојкарките на Слован имаа ...
Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД се врати со три бода од супер-дербито во домашното првенство против најголемиот ривал, екипатана Струмица. На мечот одигран денеска во рамките на 3. коло од Групата А, штипјани славеа со 1:3. Искучително возбудлив беше првиот сет кој се одигра на разлика и го добија струмичани со 34:32. По овој исцрпувачки сет, Штип УГД се врати во вистинско светло и во следните три сета го реши мечот. Штипјани го ...
ММА борецот, Илија Топурија откри дека одлуката на неговиот брат Александре да ја прекине борбата со Џастин Гејџи на настанот на УФЦ во Белата куќа можеби му ја спасила не само кариерата, туку и видот. Во интервју за подкастот „Fight Disciples“, грузиско-шпанскиот борец призна дека последиците можеле да бидат многу посериозни доколку се врател во октагонот за петтата рунда. „Одлуката на Александре да ја прекине борбата ми го спаси видот. Ако ...
Речиси секој национален тим неделава има свои проблеми кога станува збор за списоците на репрезентативци за следниот репрезентативен прозорец по повод Лигата на Нациите. Откажувања, повреди, суспензии и по некој мини скандал. Како да речеме оној во националниот тим на Белгија. Селекторот Марк ван Бомел стандардно на својот список го впиша стоперот на Милан, Кони Де Винтер, кој што на истиот нема да се јави, туку одлучи да го игнорира. ...
Мајкл Кeрик би можел да остане на клупата на Манчестер јунајтед најмалку до крајот на ноември, дури и ако „црвените ѓаволи“ загубат од Астон Вила во претстојниот натпревар од Премиер-лигата. Според информациите, раководството на клубот сè уште нема целосна доверба во ниту еден од потенцијалните наследници на Кeрик. Еди Хау наводно не ужива толку голема поддршка колку што се претпоставуваше, додека кај Јулијан Нагелсман значително опаднал ...
Голманот на Челзи, Емилијано Мартинез, би можел да се врати на теренот уште во недела, само три недели откако ја скрши вилицата на натпреварот против Евертон. Аргентинецот се опоравува побрзо од очекуваното и веќе тренира со специјална заштитна маска. Тренерот на Челзи, Хаби Алонсо, потврди дека лекарскиот тим му дал зелено светло на голманот, но конечната одлука дали ќе биде во стартниот состав против Сандерленд ќе биде донесена по ...
Ајнтрахт Франкфурт е клубот чии фудбалери забележале најголем раст на вредноста во последните пет години, покажува најновата анализа на Меѓународниот центар за спортски истражувања (ЦИЕС). Германскиот клуб е на врвот на рангирањето со вкупен позитивен биланс од 527 милиони евра. Од оваа сума, 293 милиони евра се однесуваат на зголемената вредност на фудбалерите кои во меѓувреме го напуштиле клубот, додека преостанатите 234 милиони евра се ...
Евертон славеше со 3:1 против Ковентри во натпревар од Премиер-лигата, но вториот гол на Тиерно Бари предизвика големи реакции и незадоволство кај гостите. Напаѓачот на Евертон постигна два гола во само четири минути, но вториот беше спорен поради сомнеж дека претходно ја допрел топката со рака. Ковентри поведе во 52. минута преку Јан Гбохо, но Бари со гол во 57. минута израмни на 1:1. Само четири минути подоцна, по една нафрлена топка во ...
Лос Анџелес Лејкерс го совлада Сакраменто со 116:103 во натпревар од најсилната кошаркарска лига во светот. Ова беше седма победа за „езерџиите“ на деветтиот натпревар оваа сезона, а осми натпревар на кој незапирливиот Лука Дончиќ постигна повеќе од 35 поени. Овојпат Словенецот застана на 40 поени, со одличен шутерски учинок. За три поени имаше 6/13, од линијата за слободни фрлања 12/13, а забележа и девет скока и седум асистенции. Се чини ...
Лангстон Лав е третото странско засилување на ГКК Штип оваа сезона, односно најновото засилување на штипјани. Како што што објавија преку своите социјални мрежи, Американскиот бек од Тексас во Штип носи искуство од НЦАА, каде што настапуваше за Бејлор и Џорџтаун. Во сезоната 2023/24, иако сите натпревари ги започна од клупата, во дресот на Бејлор бележеше по 11 поени во просек. Откако го промовираа своето ново странско име од клубот му ...
Кошаркарите на Мајами Хит претрпеа пораз од Голден Стејт Вориорс во натпреварот одигран во ноќта меѓу четвртокот и петокот, а зад себе имаа и слаба партија на нашиот Никола Јовиќ. Голден Стејт на домашен терен лесно се справи со Мајами, славејќи со 120-100. По лошиот старт на сезоната со три порази, Вориорси ја запишаа шестата победа во низа. Од друга страна, „жешките“ го претрпеа шестиот пораз и сега имаат биланс од 3-6. Што се однесува до ...
Голден Стејт Вориорс би можеле значително да го променат својот тим за следната сезона, бидејќи планираат да доведат неколку кошаркари, а меѓу потенцијалните засилувања би можел да се најде и Никола Јокиќ. Голден Стејт ја следи ситуацијата околу српскиот центар и се надева дека тој би можел да биде достапен следното лето, тврди НБА-новинарот Џејк Фишер. „Вориорси се меѓу тимовите кои се прашуваат: Дали сме сигурни дека Никола Јокиќ нема да ...
Денеска МЗТ Скопје одбележува 30 години од победата над големиот Реал Мадрид, кој падна во Аеродром. Жељко Обрадовиќ, Дејан Бодирога и останатите ѕвезди на „кралскиот клуб“ со наведнати глави ја напуштија култната „Лименка“, совладани од четата предводена од тренерот Александар Књазев. Прецизно изведените слободни фрлања на Перо Блажевски и антологиските зборови „Тишина е потребна…“ на легендарниот коментатор Љубомир Николовски засекогаш ...
Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Док Риверс, откри со какви проблеми се соочувал додека во неговиот тим настапуваше Јанис Адетокумбо. Американскиот стратег призна дека не било лесно да се справи со сите предизвици што ги носи тренерската работа со ѕвезда од калибарот на Јанис. Риверс конкретно го посочи недостатокот на реализација на договорените акции во клучните моменти како една од најголемите причини поради кои било тешко да се работи ...
Најдобрата кошаркарска лига во светот, НБА станува сè помлада. Во сезоната 2025/26, дури 40,5 проценти од вкупната минутажа во НБА им припадна на кошаркарите помлади од 25 години, додека играчите на возраст од 30 и повеќе години учествуваа со само 19,8 проценти. Трендот на подмладување трае со децении. Пресвртот се случи во првата деценија од овој век, кога младите играчи за првпат ги надминаа ветераните според вкупната минутажа. Оттогаш ...
Кошаркарите на Црвена звезда славеа голема победа на гостувањето кај Олимпијакос со 62:57 во натпреварот од 10. коло во Евролигата. Белградскиот тим одигра речиси совршено прво полувреме, стекна предност од 18 поени (40:22), а потоа издржа силен налет на домаќините и го сочува триумфот во драматична завршница. Џонс уште еднаш покажа дека може да преземе одговорност во најважните моменти, потврдувајќи ја својата улога на еден од лидерите на ...
Уште едно име кое долго го носеше дресот на Македонија замина во легендите. Никола Маркоски стави крај на својата кариера, а денешниот натпревар против Луксембург беше совршен момент да му биде оддадена почит за сето она што го направи за националниот тим. Ракометната федерација на Македонија пред почетокот на мечот направи убав гест. Претседателот Александар Стефанов на Маркоски му врачи врамен дрес како знак на благодарност за годините ...
Ракометарите на Партизан оваа сезона, по многу години, се вратија во Лигата на шампионите. Црно-белите создадоа респектабилен тим, но се чини дека идилата траеше кратко, бидејќи, како што пишува „MozzartSport“, сè укажува на распад на клубот. Имено, Партизан беше државен проект во овој спорт, нешто што никогаш не се криеше во клубот. „Црно-белите“ освоија две последователни титули шампион на Србија, како и четири трофеи, а ова лето, по пауза ...
Дмитро Горига дебитираше во дресот на македонската ракометна репрезентација. Во убедливата победа (41-23) против Луксембург, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година, постигна три гола. Горига беше поздравен со овации од македонската публика, што предизвика воодушевување кај него. Тој потенцира дека е голема чест што игра за Македонија и дека од соиграчите е одлично прифатен. „Пресреќен сум, искрено сум ...
Со политичките промени неизбежни се и промените во српскиот спорт. Со денови се шпекулираше дека ќе има оставки во РК Партизан, а за тоа извести „Mozzart Sport“ по седницата на Управниот одбор. Ракометниот клуб Партизан во изминатите неколку години беше државен проект. Тоа не го криеја ниту во таборот на црно-белите. Претседателот Милјан Жугиќ во неколку наврати отворено го истакнуваше тоа. По две последователни шампионски титули на Србија, ...
Луксембург беше одличен вовед за македонската ракометна репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година. Нашите момци пред домашната публика остварија убедлива победа од 41-23 и веќе целосно се насочуваат кон следната пречка, а тоа е гостувањето кај Грција. Еден од најефикасните во нашите редови на првиот натпревар беше Александар Петковски, кој одлично ја искористи својата шанса и постигна пет гола. „Среќен ...
Ракометната репрезентација на Шведска со убедливи 33:24 ја победи Грција во натпреварот од првото коло во квалификациите за Европското првенство во 2028 година, во групата во која се наоѓа и нашата ракометна репрезентација Швеѓаните ја потврдија фаворитската улога, а најзаслужен за убедливата победа беше Албин Лагергрен со седум погодоци. Себастијан Карлсон, Феликс Клар и Аксел Мансон постигнаа по пет гола, додека кај Грција најефикасен беше ...
Грција е следниот противник на македонската ракометна репрезентација. За разлика од нашите момци, нашиот јужен сосед со убедлив пораз од Шведска (33-24) ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година. Натпреварот помеѓу Грција и Македонија се игра во недела, во салата „Тасос Камбурис“ во Халкида, која има капацитет од 1.620 гледачи. Влезот за натпреварот ќе биде бесплатен, што пак е потврда дека нашите ракометари ги ...
Некогашниот македонски ракометен репрезентативец, Филип Лазаров и официјално повеќе не е тренер на германскиот тим на Интерактив од Ратинген. Клубот ја објави оваа информација, секако заблагодарувајќи му се на Лазаров за досегашната соработка. Лазаров пристигна во Германија во 2018 година најпрво како играч на Интерактив, а по завршувањето на активното играње остана да работи во клубот како тренер. Оттогаш поминаа осум години, а очигледно ...
Машката пионерска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на Регионалниот Челинџ куп за ракометари до 16 години во Подгорица. Избраниците на селекторот Никола Матлиески загубија од домаќинот Црна Гора со 26:20, откако на полувремето имаа негатива од 10:7. Војо Клењоски беше најефикасен во македонската селекција со седум погодоци, додека Илија Трајчески, Илија Трајчевски и Марио Георгиев постигнаа по три. Голманите Данило ...