Кливленд Кавалирс го совлада Оклахома Сити Тандер со 129:122 во меч кој беше опишан како историски и понуди вистински спектакл. Тоа беше дуел меѓу најдобрите тимови на Западот и Истокот, по што Кавси останаа најдобра екипа во лигата со резултат 32-4, додека Тандер се на импресивни 30-6. Нивниот дуел по многу нешта е окарактеризиран како историски, барем што се однесува до регуларниот дел од сезоната. Покрај тоа што тимовите се во извонредна ...

Англискиот дефанзивец Кајл Вокер ќе добие шанса да дебитира за Милан на претстојното дерби против Интер во недела во рамките на 23. коло од италијанската Серија „А“. 34-годишниот фудбалер минатата недела му се приклучи на Милан како позајмен од Манчестер Сити. Неговиот прв тренинг и физичките тестови брзо го убедија тренерот Серхио Консеисао и неговиот тим дека Вокер е подготвен веднаш да се приклучи на натпреварите на Милан, пишува ...

Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокунбо го оствари својот 432-ри дабл-дабл во регуларниот дел од сезоната во НБА натпревар. Ѕвездата на Бакс ноќеска против Сан Антонио постигна 25 поени и 16 скока. Триесетгодишниот грчки спортист постави клупски рекорд во оваа статистичка категорија претекнувајќи го Карим Абдул-Џабар. Адетокунбо исто така е на првото место по поени, скокови, асистенции, блокади и одиграни минути во историјата на Бакс. Милвоки ...

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед синоќа го совлада Фулам со 1-0, а Маркус Рашфорд повторно не беше дел од таа победа. Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим повторно беше прашан зошто отсуствува Рашфорд, а медиумите добија многу остар одговор… – Секогаш е истата причина. Причината е тренингот. Што мислам дека еден фудбалер треба да прави на тренинзите, во животот, секој ден. Ако работите не се сменат, јас нема да се сменам… Подобро да ...

Медиумите во Франција говорат дека Јувентус стапил во контакт со шпанскиот тренер Чави Ернандез во време кога тренерот на Старата дама, Тиаго Мота и неговиот тим се мачат во италијанската Серија А. „Бјанконерите“ го претрпеа првиот пораз во лигата од лидерот на табелата Наполи на мечот одигран во Неапол, но имаат 13 нерешени и осум победи. Оваа статистика покажува дека Мота го бележи третиот најлош резултат во историјата на Јувентус по 22. коло ...

Милан во вистинска драма ја совлада Парма со 3-2, но најголемо внимание привлече она што се случи по натпреварот. wtf they literally jumped calabria lol pic.twitter.com/HwtGl86LXF — gabe🇵🇹 (@itsgabe20) January 26, 2025 По последниот судиски свиреж, тренерот на Милан, Серхио Консеисао, се упати кон Давиде Калабрија и за малку ќе се тепаше, пред да биде разделен од клупскиот персонал додека тој вриеше од гнев. Калабрија се обрати на пресот по ...

Бразилската суперѕвезда Нејмар е на чекор од враќање во неговиот поранешен клуб Сантос, изјавија извори за ESPN во неделата. Се наведува дека фудбалерот постигнал вербален договор со клубот, останува да се решат деталите. Многумина очекуваа дека ќе замине во МЛС, но тој е се поблиску до враќање во родниот Бразил. Нејмар сè уште е на списокот на саудискиот клуб Ал Хилал, но менаџерот на тимот Хорхе Жесус претходно во јануари изјави дека ...

Португалскиот фудбалер Ренато Веига е новиот член на Јувентус откако ги помина лекарските прегледи и им се приклучи на „бјанконерите“ од Челзи. Buongiorno 👋 pic.twitter.com/jzxEw1qTzZ — JuventusFC (@juventusfc) January 27, 2025 Веига доаѓа во Торино на позајмица до крајот на сезоната, без опција за откуп и ќе се обиде да ги „закрпи“ дупките во одбраната на Старата дама предизвикани од повредите на Глисон Бремер и Хуан Кабал. Јувентус ќе ...

Победата над Фулам која фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја постигнаа во Лондон е најдобриот подарок за тренерот Рубен Аморим, кој во неделата на 26 јануари наполни 40 години. Португалецот при неговата изјава по натпреварот на „Крејвин Котиџ“ доби честитка од новинар со забелешка дека животот започнува на 40 години, но поранешниот тренер на Спортинг имаше уште поинтересен одговор: „Немам 40, имам 50. За два месеци работа во Манчестер Јунајтед ...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги искажа своите очекувања за натпреварот со Катар, втор во Главната фаза на Мундијалот 2025. – Катар имаше одлични натпревари на Светското првенство. Борбена селекција со многу натурализирани играчи кои прават разлика на теренот. Не очекува уште еден неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво. Ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат, ...

Италијанскиот печат денеска објави повеќе детали за несогласувањата меѓу тренерот на Милан, Серхио Консеисао и дефанзивецот Давиде Калабрија на крајот од натпреварот против Парма (3:2), истакнувајќи дека Златан Ибрахимовиќ морал да интервенира за да се смират работите. Davide Calabria speaks after #MilanParma 🗣️#SempreMilan pic.twitter.com/SOvT826jL3 — AC Milan (@acmilan) January 26, 2025 Португалскиот тренер и капитенот на Милан за малку ќе ...

Енис Барди и официјално има нов клуб. Останува во Турција, барем до крајот на сезоната. Турскиот тим Бодрумспор објави дека постигнале договор, кој е со важност за следните шест месеци односно до крајот на сезоната. Инаку, Барди пред неколку дена го раскина договорот со Трабзонспор и како слободен играч можеше да се пресели во друг клуб. Од Шпанија имаше информации дека за неговите услуги биле заинтересирани Еспањол и Рајо Валјекано, но ...

Абдукодир Хусанов самошто го облече дресот на Манчестер Сити веднаш беше „фрлен во оган“ на натпреварот против Челси, а тренерот на англискиот шампион Пеп Гвардиола смета дека згрешил што донел таква одлука. Младиот Узбекистанец не даде се од себе, тој беше виновникот за првиот гол на лондонскиот тим, но искусниот шпански стручњак ја префрли вината врз себе. -Не, Хусанов не требаше да биде на теренот. Тоа беше моја грешка. Тој штотуку ...

Поранешниот белгиски репрезентативец Раџа Наинголан е приведен во Антверпен како дел од операцијата против трговија со дрога, соопштија локалните власти. Ова се случи утрово кога полицијата изврши рација на околу 30 адреси во Антверпен и Брисел. Инспекторите работат на канал за дистрибуција на дрога преку пристаништето Антверпен. Наинголан, кој сега има 36 години, пред само неколку дена потпиша со белгискиот второлигаш Локерен-Темсе. Ова е ...

Се уште не е познато каде Елиф Елмас ќе ја продолжи кариерата, иако се погласни се шпекулациите дека во продолжението од сезоната нема да го носи дресот на германски Лајпциг. Има опција да се врати во Наполи, Фенербахче исто така е во игра, но се чини дека најконкретна е шпанска Валенсија за која настапува нашиот Столе Димитриевски. Најновите информации велат дека Валенсија понудила шестмесечна позајмица на Елиф Елмас, со можност потоа за ...

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа во претпоследното коло од Лигата на Европа го совладаа Ренџерс, а нивното славје можеше да го расипе Хари Мегваер, кој направи уште една неверојатна грешка во самиот финиш на натпреварот. World class from Dessers 🇳🇬 pic.twitter.com/J5fVBIpcsH — Declan 🏄🏻♂️ (@declan_19) January 23, 2025 Јунајтед поведе на „Олд Трафорд“ во 52. минута со автогол на гостинскиот голман Џек Батланд, кој несмасно ...

Новак Ѓоковиќ го победи Јиржи Лехечка, а потоа даде изјава во една реченица на теренот и продолжи понатаму. Го видовме како многу луто му објаснува на директорот на турнирот Крег Тајли што го мачи, а потоа на прес-конференција веднаш објасни што е проблемот. Тој всушност бил налутен од новинарот Тони Џонс! Тој е познат австралиски спортски новинар кој пред неколку дена даде скандалозна изјава. Тој даде непримерни коментари не само за Новак ...

Манчестер Сити го донесе своето трето и најголемо засилување во овогодишниот јануарски преоден рок. По дефанзивците Витор Реис и Абдукодир Хусанов, Сити го доведе и напаѓачот Омар Мармуш. Мармуш пристигна во Сити од Ајнтрахт за 75 милиони евра, а со Граѓаните потпиша договор до летото 2029 година. 25-годишниот Египќанец важи за наследник на Мохамед Салах, а ќе видиме дали ќе може да ја продолжи одличната форма од оваа сезона во Сити. Мармуш, ...

Фудбалерите на Барселона направија неверојатен кам-бек против Бенфика во Лисабон во седмото коло од Лигата на шампионите. Иако по половина час губеше со 3:1, а во 68. минута со 4:2, Барса успеа да го сврти резултатот и да победи со 5:4! Јунак на чудесниот триумф беше Рафиња, кој ги врати Каталонците во игра во 64. минута и намали на 2:3, за да постигне гол во шестата минута од судиското надополнување за победа од 5:4 и еден од најголемите ...

Поранешниот фудбалер на Барселона, Рики Пуиг (25) покажа како изгледа неговата нога нешто повеќе од еден месец откако заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти. Актуелниот играч на ЛА Галакси на почетокот на декември се здоби со тешка повреда, па дури одигра повеќе од 30 минути со скинати предни вкрстени лигаменти на мечот против Сиетл Саундерс (1:0). 25-годишниот подоцна мораше да оди на операција, а сега сподели фотографија на ...

Никола Јокиќ во последните години важи за најдобар кошаркар во светот, бидејќи во три од последните четири сезони беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА. Воглавно, Јокиќ за навивачите е препознатлив како опуштена личност која доста се забавува на теренот и ретко влегува во конфликтни ситуации, но на последниот натпревар на Денвер го видовме Србинот во поинаква верзија. Nikola Jokic expects accurate passing from the refs as ...

Двајца од фаворитите Александар Зверев (Германија) и Карлос Алкараз (Шпанија) се пласираа во четвртото коло на тенискиот шампионат на Австралија опен. Носителот број 2 Зверев по два часа игра го совлада Британецот Џејкоб Феарнли со 6:3, 6:4, 6:4. 23-годишниот Фернли, кој го елиминираше локалниот миленик Ник Киргиос во три сета во својот воведен меч, за прв пат играше во третото коло на Грен слем, но не можеше да го предизвика минатосезонскиот ...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги искажаа своите импресии по нерешените 29:29 со Австрија. – Можеме да бидеме и задоволни и незадоволни од ремито со Австрија, затоа што постигнавме гол во самиот финиш, но промашивме пенал за водство на две минути пред крајот. Тоа е спортот, тоа е ракометот. Горд сум на момците, одиграа добар ракомет против силна Австрија која знае што сака во секој напад. Задоволен сум, во ...

Македонската ракометна репрезентација одигра уште еден одличен меч, овој пат против Австрија кој заврши без победник 29:29. Водството се менуваше во текот на мечот за двете репрезентации, се играше речиси гол за гол. На пет секунди до крајот на мечот Австрија имаше победа во рацете со погодокот на Хутечек. Остануваа уште пет секунди до крајт, Кире Лазаров побара тајм-аут, договорена акција, а потоа старт од центарот и „бомба“ на Кузмановски од ...

Нури Шахин е разрешен од тренерската функција во Борусија Дортмунд, објави „Sky Sport Germany“ на социјалната мрежа Икс. Според германскиот медиум, турскиот фудбалски специјалист дознал за отказот синоќа, веднаш по поразот од Болоња во натпреварот од 7. коло од Лигата на шампионите. Борусија загуби четири натпревари по ред. Тимот во моментов го зазема десеттото место во Бундеслигата, со 25 бодови. Минатото лето Шахин ја презеде тренерската ...

Карлос Алкараз лесно се пласираше во третото коло на Австралија опен откако го победи Јапонецот Јошихито Нишиока со 3:0, 6:0, 6:1, 6:4 за само 81 минута. Светскиот рекет број три имаше целосна доминација во текот на целиот меч и не мораше да спаси ниту една брејк топка. Во првите два сета Алкараз му даде вкупно еден гем на Нишиока. Загуби само 15 поени, има 26 винери и 6 неизнудени грешки. Третиот дел беше најрамноправен. Единствениот брејк ...

Светската ракометна федерација во соработка со домаќинот Хрватска ги објави цените за втората фаза од Светското првенство, а најскапи се во „Вараждин арената“ каде што игра Македонија. Цените на билетите за средбите во Вараждин се зголемени од 50 и 70 евра на 80 и 100 евра. Македонската селекција денес од 15:30 часот, Македонија ќе игра со Австрија. За разлика од Вараждин, во „Арената Загреб“, каде што ќе се играат натпреварите од втората ...

Турскиот клуб Фенербахче потпиша со едно од најголемите засилувања во својата богата историја. Имено, нов член на турскиот гигант ќе биде поранешниот дефанзивец на Пари Сен Жермен, Милан Шкриниар, кој денеска ќе пристигне во Истанбул и ќе ја комплетира преселбата во Фенербахче. Фенер веќе објави фотографија од словачкиот дефанзивец со дресот на Фенербахче, со што ги потврди информациите од турските медиуми за можното доаѓање на Шкриниар во ...

Абдукодир Хусанов и официјално е претставен како играч на Манчестер Сити. Момчето кое има само 20 години и игра за репрезентацијата на Узбекистан, според информациите на Островот пристигнал од Ленс за 40 милиони евра. Оваа година младиот дефанзивец одигра 16 натпревари за францускиот клуб, а договорот го врзуваше со Ленс до 2027 година. Тој во Франција пристигна пред година и пол од Белорусија, каде беше член на второлигашот Енергетик БГУ. ...

Италијанскиот фудбалер Федерико Бернардески (30) беше голема надеж на Јувентус. „Старата дама“ го купи за 40 милиони евра летото 2017 година од Фиорентина, а премалку е да се каже дека во тимот од Торино зажалија за оваа инвестиција. Always. Ready. Homemade Pt.2: Offseason with Federico Bernardeschi in Turin 🇮🇹 | All For One presented by @Bell Full Episode 📺: https://t.co/qx7FQOvK9o pic.twitter.com/pUd4nvB3HS — Toronto FC (@TorontoFC) ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
7.72
37%
1016
weather icon

Белград

29ᴼ / 26ᴼ
7.72
44%
1019
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
48%
1022
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
4.12
39%
1016
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
5.26
29%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
3.09
50%
1022
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
7.15
37%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.12
26%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
11.83
27%
1016
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 27ᴼ
3.09
52%
1014
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
6.17
39%
1021
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
7.72
100%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74