Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Најавуваното еколошко освежување на јавниот превоз во Скопје доживеа целосно фијаско откако пропадна тендерот за набавка на еколошки автобуси. Иако граѓаните со нетрпение очекуваа модерни возила кои требаше значително да го намалат аерозагадувањето во главниот град, купените еко-автобуси сепак ќе останат во Унгарија. Овој неуспех дополнително ја продлабочува кризата во јавниот градски превоз, оставајќи ги скопјани да се соочуваат со стари, ...
Променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер – над 50 километри на час, најавува за денес УХМР. Локално, според најавите, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер – над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 9 до 16, а максималната да достигне од 21 до 28 ...
Денот носи полесна, емотивна и привлечна енергија. Photo by Margo Evardson on Unsplash Секстилот помеѓу Сонцето во Близнаци и Нептун во Овен ја зголемува харизмата, интуицијата и способноста да се поврзете со другите. Луѓето полесно ве слушаат, а и вие полесно разбирате. Ова е ден за нежност, креативност и искрени гестови, но без губење во илузии. Овен Комуникацијата ви е магнетична и може да привлечете внимание без многу труд. Во љубовта, ...
Земјотрес со јачина од 3.5 степени според Рихтеровата скала попладнево беше почувствуван во Скопје и околината, предизвикувајќи вознемиреност и паника кај дел од граѓаните. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот бил регистриран во 17 часот и 41 минута, а неговиот епицентар потекнува од скопското епицентрално подрачје. „Според податоците со кои располага Сеизмолошката ...
Малолетник се обидел да силува друг малолетник во јавна установа за згрижување деца во скопски Центар. - На 22.05.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, од јавна установа за зргижување на деца на подрачјето на Центар во Скопје е пријавено дека на 21.05.2026 околу 23:00 часот, 15-годишен штитеник се обидел да изврши обљуба врз 14-годишен штитеник, а откако тоа го забележала една вработена 15-годишникот заминал од домот, инфрмираа од полицијата. ...
Дете физички било нападнато од родител на друго дете во школски двор во Илинден. Случајот во полиција го пријавила мајката на нападнатотот дете. - На 22.05.2026 во 16:35 часот во Полициското одделение Петровец, Б.П.(34) од село Марино, општина Илинден, пријави дека во 14:50 на игралиште во училишен двор во населба Илинден. Нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од од Н.Т. – татко на малолетник со кој заедно си играле и имале кратка ...
Скопјанец сакал да спречи кражба, па бил нападнат од крадците. Полицијата го расчитува случајот. - На 22.05.2026 во 14:02 часот во СВР Скопје, С.Ј.(60) од Скопје пријави дека на 20.05.2026 околу 13:45 часот забележал две лица како се обидуваат да извршат кражба на мотоцикл од гаража сопственост на З.А.(47), кои физички го нападнале при обид да ги спречи, соопштија од полицијата за овој случај. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...
Петгодипно дете тешко повредено откако било удрено од електичен тротинет од поголемо дете во пехчевско. - На 22.05.2026 околу 11:00 часот во ОВР Берово е пријавено дека во село Црник, пехчевско, 12-годишен малолетник од с.Црник управувајќи електричен тротинет, удрил во петгодишно дете од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил петгодишникот, констатирани во Итната медицинска помош Пехчево, информираа за несреќата од ...
Возило се запали среде ноќ во Драчево. Пожарот го гаселе пожарникари, а повредени лица нема. - На 23.05.2026 околу 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скендербег Кастриоти“ во населба Драчево настанал пожар во патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ќ.А.(22) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема, информираа од полицијата во ...
Малолетник вчера пред полноќ останал без својот електичен тротинет. Кражбата се случила на „Партизанска“, а еден од крадците физички го нападнал детето. - На 22.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, И.Г.(58) од село Кондово, скопско, пријави дека околу 21:15 часот на бул.„Партизански одреди“ на подрачјето на Центар, четири лица со закана одзеле електричен тротинет на неговиот малолетен син, при што едно од лицата и физички го нападнало, ...
Полицијата уапси двајца крадци во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. - На 22.05.2026 околу 04:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со пари од простории на правно лице за брз трансфер на пари на ул.„Козара“ на подрачјето на Центар во Скопје. Одземеното е ...
Од локалната самоуправа на општина Карпош изразија сочувство за прераната смрт на четворицата карпошани - оперскиот уметник Ристе Велков, неговиот син и уште двајца другари - сите млади момчиња. - Општина Карпош со длабока тага ја прими веста за тешката сообраќајна несреќа на Скопската обиколница, во која животот го загубија четворица наши сограѓани. Меѓу настраданите е и истакнатиот карпошанец, оперски уметник и баритон Ристе Велков, заедно ...
Од Управата за хидрометеолошки работи за утре најавуваат променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава ...
Уапсен гостиварец кој возел пијан доцна синоќа. - На 22.05.2026 во 22:45 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода В.Б.(40) од Гостивар. Претходно, полициски службеници забележале дека тој со патничкото возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, поминал на црвено светло на семафор, информираа од полцијата. Набргу, возилото било запрено и при контролата било утврдено ...
Ако во минатото се пдоразбираше дека со купувањето на стан, по автоматизам се добива и подрумски простор и гаража, денеска праксата е сменета. Новите инвеститоти, паркинг просторите ги продаваат посебно. „Твитерџија“ реагира дека не ретко цените на гаражите се речиси и како самиот стан, a подрумите ги промовираат како нешто екстра во понудата. - Во кој момент стана луксуз и „дополнителна услуга“ да имаш гаража и подрум во нов стан во Скопје? ...
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, преку објава на социјалните мрежи информираше дека поднесува оставка од функцијата во партијата. Во својата објава, Земон наведува дека одлуката ја донел со цел да го заштити угледот на партијата од, како што посочува, „непринципелни напади“ насочени кон него и неговото семејство. „Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го ...
По повод празникот „Св. Кирил и Методиј“, на ден 25 мај 2026 година (понеделник), шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. „Со редовно работно време ќе се продолжи од 26 мај 2026 година (вторник)“, посочуваат од Јавното градско претпријатие. Оттаму ги повикуваат корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои ...
Во Стајковци, утре (недела), со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи свечена манифестација посветена на Свети Кирил и Методиј – сесловенските просветители и основоположници на словенската писменост, духовност и култура. - Настанот ќе понуди богата културно-уметничка програма исполнета со македонска песна, традиција и духовна атмосфера, во чест на делото и значењето на светите браќа кои оставиле неизбришлива трага во историјата на словенските ...
Денес, 23 мај 2026 година, се одбележува Националниот ден на Власите, со што се навршуваат 121 година од признавањето на Власите како посебен народ со декрет на султанот Абдул Хамид Втори во 1905 година. Овој датум е значаен за влашката заедница бидејќи симболизира официјално признавање на нивниот етнички, јазичен и културен идентитет во рамки на Отоманската Империја. Воедно, се одбележуваат и 19 години откако 23 мај е прогласен за државен ...
Професорка по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ Татјана Алексиќ со емотивни зборови се прости од тројцата млади кои смртно настрадаа во сообраќајната несреќа кај скопската обиколница. Порача дека немирот ни останува на нас, живите... - Единствените две сериозни нешта во животот се болест и смрт. Сѐ друго може да се поправи, освен изгубено здравје и живот. Македонија повторно завиткана во црно, ...
Со огромна тага, неверување и емотивни пораки, гимназијата „Никола Карев“ денеска се прости од своите поранешни ученици Марко, Петар и Адам, кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница, во близина на Радишани. Во несреќата животот го загубија четири лица, а од силината на ударот возилото целосно изгорело. На местото интервенирале екипи на полицијата, противпожарната служба и Итната медицинска помош. ...
Денот носи продуктивна и стабилна енергија. Photo by Oleg Rostovtsev on Unsplash Тригонот помеѓу Месечината во Девица и Марс во Бик помага работите да се движат без хаос, со фокус и истрајност. Месечината во Девица го насочува вниманието кон детали, рутина и практични задачи, а првата четвртина бара прилагодување. Ова не е ден за големи идеи, туку за конкретна работа што носи резултат. Овен Имате енергија да завршите нешто што долго го ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесувала 48.433 денари, и во однос на март 2025 година е повисока за 8.2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.6 проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 12.2 проценти и Информации и ...
Во врска со проблемот со дивиот пешачки премин кај Бит-пазар, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека има само една алтернатива – или преминот да биде легален во согласност со законот и да се отстрани натпатник за да се добие сообраќајно решение или натпатник да стане функционален и преминот да се затвори. Одговорајќи на новинарски прашања пред дебатата „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и ...
Во врска со проблемот со дивиот пешачки премин кај Бит-пазар, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека има само една алтернатива – или преминот да биде легален во согласност со законот и да се отстрани натпатник за да се добие сообраќајно решение или натпатник да стане функционален и преминот да се затвори. Одговорајќи на новинарски прашања пред дебатата „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и ...
По повод празникот „Св. Кирил и Методиј“, во понеделник шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Од јавното претпријатие посочија дека со редовно работно време ќе се продолжи од вторник. Оттаму ги повикуваат корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите. ...
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска одбележува 18 години од своето постоење. „Место каде што се создаваа спортски успеси, се славеа победи и се градеа спомени што остануваат засекогаш. Во изминатите години бевме дом на врвни спортски настани, концерти, манифестации и илјадници моменти исполнети со енергија, заедништво и инспирација. Благодариме на сите посетители, спортисти и пријатели што се дел од нашата приказна, велат од СЦ ...
Синоќа во 22:30 часот на улица „107“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ш.(26) од Тетово. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој се сомничи за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, односно дека претходно одзел електричен тротинет на Б.Б.(41) од Тетово. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Б.Ш. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на ...
Премала земја, премногу трагедии... Македонија жали за прерано згаснатите животни на познатиот уметник Ристе Велков, неговиот син, 20-годишниот Адам Велков и уште две млади момчиња кои трагично настрадаа во сообраќајна несреќа изминатата ноќ кај скопска обиколница. Емотивни редови, тага, сеќавања, болка... - Во оваа земја тешко се живее, а лесно се умира. Па ни смртта нема ред веќе, толку млади животи покосени, уште не почнати да живеат. ...
Моторџија е тешко повреден откако излетал од пат во светиниколско. - На 21.05.2026 во 12:05 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на патот кон село Кнежје, светиноколско, Д.М.(43) од Свети Николе, управувајќи мопед со светиниколски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип, информираа од полицијата. Извршен е увид од увидна екипа на СВР ...