Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Најмалку 95 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати, вклучувајќи 341 странски државјанин, по ненадејните поплави во Непал, соопшти туристичката организација на земјата. Досега е потврдено дека 31 малезиски државјанин, 12 британски државјанин, четворица јужноафрикански државјанин, тројца американски државјанин, еден австралиски државјанин и еден холандски државјанин се водат како исчезнати, додека националноста на 111 исчезнати лица сè ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од прес-конференција во партиското седиште, објави документ од информации на компанија која тврди дека за дата-центар во земјава веќе има обезбедено капацитет од 100 мегавати електрична енергија, како и директен пристап до реката Вардар и ја обвини владата дека работи „под маса“. Филипче посочи дека документот е објавен пред три месеци и повика новинарите да го истражат и да утврдат како и под кои ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека државата веќе успеала да врати имот вреден илјадници милијарди форинти, дури и пред Националната канцеларија за враќање и заштита на јавниот имот да започне со својата целосна работа. Маѓар ги повика луѓето и компаниите за кои верува дека нелегално користеле јавни средства во текот на изминатите десет и пол години доброволно да го вратат она што го добиле. Во спротивно, рече тој, државата ќе употреби ...
Русија е претставена како закана за Европа и светскиот поредок во новите насоки за надворешна политика за унгарската делегација во Обединетите нации. Документот, подготвен за Генералното собрание на ОН следниот месец, беше објавен од „ Киев Индепендент“ на 26 август . Документот означува остра промена во ставот на Унгарија откако премиерот Петер Маѓар го победи Виктор Орбан на изборите претходно оваа година. Под владата на Орбан, Унгарија ...
Македонскиот претставник во бокс на Медитеранските игри во Тарант Ален Русетмовски загуби во денешниот полуфинален дуел. Рустемовски во категоријата до 60 килограми загуби од Шпанецот Еварт Андрес Марин Хернандез на поени со вкупен резултат 1:4. Сепак, и покрај поразот Рустемовски во Скопје доаѓа со бронзен медал затоа што во оваа категорија нема борби за трето место. Со последниот медал на Ален, Македонија сега има вкупно пет медали, (две ...
По повод 26 Август – Меѓународниот ден на кучињата, ЈП „Лајка“ потсетува дека овој ден не е само можност да ја славиме поврзаноста меѓу луѓето и кучињата, туку и повод сериозно да размислиме за нашата одговорност кон нив. Кучињата се дел од нашето секојдневие и од заедницата во која живееме. Сепак, голем број од нив и понатаму завршуваат на улица како последица на неодговорно сопствеништво, неконтролирано размножување, напуштање и ...
Почна изградбата на втората и најсложена фаза од автопатот Скопје-Блаце, од клучката Стенковец до близина на граничниот премин со Косово. Делницата е долга 10,5 километри, а поради ридско-планинскиот терен на неа ќе се градат пет двоцевни тунели, осум мостови и десетици други инфраструктурни објекти. Изведувач на работите е домашната компанија „Гранит“, а предвидениот рок за изградба е четири години. Новата траса ќе се поврзе со веќе ...
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување годишно префрла околу 13,7 милијарди денари, или повеќе од 220 милиони евра, во Фондот за здравствено осигурување за здравственото осигурување на пензионерите, вели директорот на ПИОМ Никола Мемов. Тој предлага овој трошок во иднина да не се финансира од пензиските придонеси на сегашните вработени. Според Мемов, ПИОМ во моментов за здравственото осигурување на пензионерите издвојува сума во висина ...
Медузите се меѓу животните кај кои тумори се појавуваат исклучително ретко, а научници од Калифорнискиот технолошки институт, Caltech, открија механизам кој може да објасни како нивните организми ги отстрануваат оштетените клетки пред тие да прераснат во абнормални израстоци. Истражувањето, објавено во научното списание Proceedings of the National Academy of Sciences, PNAS, покажува неочекувана врска меѓу брзината на делба на клетките и ...
Македонија стигна до пет медали на Медитеранските игри во Таранто, откако Вероника Консевиќ освои бронза во борење, а боксерот Ален Рустемовски обезбеди најмалку бронзен медал и денеска ќе се бори за пласман во финалето. Консевиќ го освои бронзениот медал во категоријата до 57 килограми во слободен стил, откако во неизвесна борба ја совлада српската репрезентативка Милица Перовиќ со 7:5 на поени. Македонската борачка до мечот за бронза ...
Канада ја заостри трговската пресметка со САД и најави царини од 15 до 50 отсто за повеќе од 700 американски производи, како директен одговор на новите давачки што администрацијата на Доналд Трамп ги воведе за канадскиот извоз. Новите канадски царини ќе стапат во сила на 8 септември и ќе опфатат американски производи во вредност од 27,6 милијарди канадски долари, односно околу 20 милијарди американски долари. Отава најави дека ќе возврати ...
Грчките власти прогласија „црвен код“ за Јонските Острови поради многу висок ризик од шумски пожари, во период кога туристичката сезона е во полн ек и островите се преполни со домашни и странски туристи. Предупредувањето важи денеска, 26 август, за целиот регион на Јонските Острови, каде опасноста од пожари е подигната на категорија 4, односно „многу висока“. Во регионот се наоѓаат и популарните туристички острови Крф, Кефалонија, Закинтос и ...
Почна изградбата на втората и најсложена фаза од автопатот Скопје-Блаце, од клучката Стенковец до близина на граничниот премин со Косово. Делницата е долга 10,5 километри, а поради ридско-планинскиот терен на неа ќе се градат пет двоцевни тунели, осум мостови и десетици други инфраструктурни објекти. Изведувач на работите е домашната компанија „Гранит“, а предвидениот рок за изградба е четири години. Новата траса ќе се поврзе со веќе ...
Цените на нафтата продолжија да паѓаат трет ден по ред, откако новите разговори меѓу Иран и Оман ги зголемија очекувањата дека сообраќајот низ Ормускиот Теснец би можел да се нормализира. Истовремено падна и цената на златото, додека инвеститорите ги чекаат новите американски податоци за инфлацијата. Брент нафтата во средата се спушти за повеќе од два долари, до околу 86 долари за барел, додека американската WTI падна до околу 80 долари. Тоа ...
Повеќе од 170 чадори, лежалки и друга опрема што трајно зафаќала делови од плажата Каливес на Халкидики се отстранети во нова акција на Општина Полигирос. Дел од чадорите биле толку цврсто фиксирани што за нивно вадење била потребна механизација. Општинските екипи ја започнале акцијата рано наутро и расчистувале долж околу еден километар од крајбрежјето. Освен чадори и лежалки, биле отстранувани и маси, столчиња и други предмети оставени на ...
Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“, со што правосилно завршува постапката поврзана со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Со одлуката паѓа и основата за конфискација на „Белата палата“ и другиот партиски имот опфатен со предметот. Апелација денеска ја одбила како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и ја потврдила пресудата на ...
СДСМ побара Апелациониот суд во Скопје веднаш да постапи по жалбата на Обвинителството за предметот „Талир 2“, кој се однесува на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Предметот застарува на 31 август. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, изјави дека Апелација има уште неколку дена да одлучи по жалбата на Обвинителството на првостепената ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски. „Талир 2 не смее да ...
Интензивната интервенција на депонијата „Мелци“ во Кавадарци продолжува и денеска, а на терен се ангажирани булдожери, багери, камиони, цистерни и екипи на ЈП „Комуналец“ со цел целосно да се прекине чадењето и состојбата да се стави под контрола. Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев информира дека механизацијата и човечките ресурси се максимално ангажирани. „Ќе се работи интензивно и континуирано, сè до целосно стабилизирање на ...
Во Скопје денеска се одбележуваат 116 години од раѓањето на Мајка Тереза, една од најпознатите личности родени во македонската престолнина и добитничка на Нобеловата награда за мир. Владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото каде што се наоѓала родната куќа на Мајка Тереза во центарот на Скопје. Централното одбележување е предвидено во Музејот ...
Луксузните автомобили, јахтите и приказната за огромното богатство со кои Ендрју и Тристан Тејт со години го градеа својот имиџ на интернет не треба да се сфаќаат како доказ за нивната реална финансиска состојба, тврдат нивните адвокати во судски поднесок во САД. Одбраната сега наведува дека браќата намерно се претставувале како многу побогати отколку што навистина се, бидејќи нивниот бизнис-модел зависи од вниманието на социјалните мрежи. ...
Кирилицата не исчезнала од мобилните телефони на Македонците. Напротив, резултатите од анкетата што Рацин.мк ја спроведе минатата недела покажуваат дека големо мнозинство од учесниците ја користат, барем дел од времето. Но истовремено, македонскиот јазик останува релативно мал и недоволно застапен во дигиталниот свет, каде дури и најголемите технолошки системи понекогаш го мешаат со бугарскиот или српскиот. Во анкетата на Рацин.мк учествуваа ...
Претстојниот викенд ќе се претвори во вистински тест за трпението за сите српски туристи кои планираат патување во Егејското Море или се враќаат од него. Големиот верски фестивал се приклучува на стандардниот бран туристи на самиот крај на август оваа година. Во Северна Македонија, на 28 август се слави празникот Успение на Пресвета Богородица, кој официјално е неработен ден. Затоа, се очекува локалните служби и граничните власти да работат ...
Речиси сме израмнети со Европа по секојдневно користење на интернет, но кога интернетот треба да стане алатка за работа, знаење и создавање – Македонија останува далеку зад ЕУ На прв поглед, Македонија изгледа како дигитално општество. Речиси девет од десет граѓани на возраст од 16 до 74 години интернетот го користат секојдневно. Во 2025 година тој удел достигнал 89,2 отсто, што е речиси идентично со просекот на Европската Унија од 89,5 ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека европската комесарка за проширување Марта Кос ја имала на ум Србија кога зборувала за земјите што би можеле да станат „тројански коњи“ во Европската Унија, пренесуваат медиумите во Србија. „Марта Кос наскоро треба да дојде во Белград“, рече Вучиќ за време на посетата на Парчане, во близина на Варварин. Тој додаде дека според него „нема сомнение“ дека Кос мислел на Србија. Српскиот претседател ...
Опозициската СДСМ обвинува дека Владата се обидува да го релативизира застојот на европскиот пат и порачува дека членството во ЕУ и стратешкото партнерство со САД не се меѓусебно исклучиви. Стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави не може да биде замена за членството во Европската Унија, порача опозициската СДСМ, реагирајќи на последните ставови на премиерот Христијан Мицкоски за европските интеграции. Од СДСМ оценуваат дека ...
„Светот буквално се менува додека спијам“, вели 28-годишниот Чен Тианју. За него, тоа е вистина. Тој предава вештачка интелигенција и роботика на студенти, а за да знае на што да се фокусира, ги следи најновите технологии и го поминува слободното време во фабрики кои преминуваат на автоматизирано производство. Пред него седат околу 30 студенти. Еден од нив френетично пишува на тастатурата, гледајќи напред-назад од екранот кон индустрискиот ...
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Онкологија“, во кој поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Нино Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски се обвинети за несовесно лекување пациенти. Обвинението ги товари за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување. Според обвинителството, кај вкупно 47 пациенти биле применувани неподобни терапии, ...
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против Фатмир Шехоли за соработка со Српската безбедносно-разузнавачка агенција (БИА), како и за изнудување на повеќе од 13.000 евра од едно лице. Шехоли е обвинет за извршување на кривични дела „шпионажа“ и „изнуда“. Во обвинението се тврди дека во неодреден период до 9 октомври 2025 година, Шехоли бил регрутиран од БИА и извршувал инструкции и задачи што му ги довериле службеници на ...
Тајниот лет на Џон Ретклиф, осум часа во Москва и необичниот момент во кој доаѓаат нови предупредувања за Русија – што навистина се случува зад затворени врати? Директорот на американската Централна разузнавачка агенција, Џон Ретклиф, на 25 август пристигна во Москва со американски воен транспортен авион, во посета која не беше најавена ниту од Вашингтон ниту од Москва. Ниту ЦИА, ниту Белата куќа, Пентагон и американските воздухопловни сили ...
Центарот за управување со кризи утрово регистрира 31 пожар на отворен простор – три се уште активни, четири се под контрола, а 24 се целосно изгаснати Македонија се разбуди со 31 регистриран пожар на отворен простор во текот на ноќта и утрото, покажува најновиот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК) до 07:30 часот. Од вкупниот број пожари, три се активни, четири се ставени под контрола, додека 24 се изгаснати. Најсериозна е ...