Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против едно лице и презема предистражни дејствија поради сомненија за повеќе кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и Проневера во службата. Постои основано сомнение дека осомничената, раководителка на филијала на штедилница во Кавадарци, подолг временски период преземала дејствија на измами и ...

Македонската ракометна репрезентација утре, 8 ноември, гостува кај Грција во второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Домаќините најавуваат силна поддршка од трибините и бесплатен влез во салата „Тасос Камбурис“ во Халкида, која собира околу 1.620 гледачи. Избраниците на Кирил Лазаров го отворија циклусот со убедлива победа над Луксембург од 41:23, додека Грција загуби на гостувањето кај Шведска со 33:24. ...

Банките во Македонија претстојниов викенд ќе спроведат планирани технички прилагодувања на своите системи поради воведување нови стандарди во денарскиот платен промет од понеделник, 9 ноември. За време на зафатите можни се привремени прекини и ограничена достапност на дел од услугите, особено кај платежните трансакции. Македонската банкарска асоцијација соопшти дека техничките интервенции се неопходни за непречена примена на новите ...

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек. За 46% од европските потрошувачи, вештачката интелигенција ја подобрила комуникацијата со банките. Долго време личното советување се сметаше за незаменлив дел од односот на банката со потрошувачите. Студијата EOS Banking AI Barometer – Како Европа навистина се чувствува во однос на ВИ ...

Пензионерите што сакаат следната пензија да ја примат во друга банка прво треба да се одјават од исплата преку „Алта банка“ АД Битола. Потоа треба да се пријават во банката во која сакаат да продолжат да ја примаат пензијата, соопшти Народната банка. За пријавувањето во новата банка може да приложат потврда со пензискиот број. Потврдата ја издаваат филијалите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Одјавата и пријавата се вршат во ...

Најзначајниот оризопроизводствен регион во државата, Кочанско Поле, ја привршува годинешната жетва на оризот во услови на сериозни производствени проблеми, намалени приноси и незадоволство од откупните цени. Иако Владата најави дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за килограм предадена оризова арпа, производителите оценуваат дека тоа не е доволно за да се надоместат загубите и да се обезбеди економска исплатливост на производството. ...

Народната банка ќе обезбеди превоз за пензионерите и примателите на социјална помош од Ресен, Прилеп и Охрид до филијалата на Алта банка во Битола, за да ги подигнат средствата. Автобусите се најавени за утре, 7 ноември, соопшти гувернерот Трајко Славески на прес-конференција. Според него, организирањето превоз е логистички поедноставно отколку носењето готовина во филијалите во трите града. Битолската филијала ќе работи и во сабота. ...

Цените на житарките, месото и млечните производи паѓаат на светските пазари, но тоа не значи дека потрошувачите веднаш ќе плаќаат помалку за лебот, сирењето, млекото и месото во продавниците. Најновите податоци на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) повторно го отвораат прашањето колку брзо светските поевтинувања стигнуваат до домашните потрошувачи. Во октомври индексот на светските цени на храната се намалил за ...

Народната банка е законски независна институција, но нејзиниот гувернер Трајко Славески потврди дека за влезот на Алта банка на македонскиот пазар го консултирал премиерот Христијан Мицкоски. Објаснувањето дека банкарскиот сектор е стратешка гранка за која мора да се води сметка и за „политичката сензитивност“ отвора суштинско прашање: каква улога имала политичката власт во постапка за која законските надлежности се во рацете на независниот ...

По повеќе од четири децении од затворањето на рудникот за антимон во Крстов Дол, кај Крива Паланка, повторно се отвора можност за негова експлоатација. Додека државата и инвеститорите во проектот гледаат економски потенцијал и стратегиска можност за снабдување со критични минерали, локалното население и еколошките организации стравуваат за водата, за здравјето и за животната средина. Во услови на недоволно информации и сè уште незавршени ...

Ограничени банкарски услуги ќе има викендов, на 7 и 8 ноември, за клиентите на Стопанска банка Скопје и НЛБ банка. Причината се технички прилагодувања на системите поради промените во националниот платен промет што почнуваат да се применуваат од понеделник, 9 ноември. Ограничувањата се разликуваат кај двете банки, особено во однос на електронските налози и уплатите на готовина преку банкомати. Ограничени банкарски услуги: во Стопанска налози ...

Средствата што граѓаните ги издвојуваат за идните пензии во вториот пензиски столб се инвестираат на финансиските пазари, но приносите од тие инвестиции не се гарантирани. Вредноста на пензиските заштеди зависи од движењата на пазарите, економските услови и одлуките на друштвата што управуваат со фондовите. Ова го посочува Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС), во соопштение со кое ги објаснува ...

Судот изрекол забрана за приближување, полицијата имала пријава за насилство, а Центарот за социјална работа бил вклучен во постапката. И покрај тоа, 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци е мртва. Нејзиниот случај отвора сериозни прашања за тоа како институциите ја следеле опасноста, дали мерките биле доволни и дали можело да се спречи трагедијата. Поради последниот случај на сомнеж за фемицид, неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ за ...

Музичките традиции на Медитеранот, кои со векови ги поврзуваат Европа, Африка и Блискиот Исток, утревечер ќе се сретнат на сцената на Филхармонијата на Северна Македонија. Марија Костраки и ансамблот „Mosaico Mediterraneo“ ќе настапат во сабота, 7 ноември, во 20 часот, со концертна програма што обединува класична музика, традиционални мелодии и современи грчки композиции. Поради зголемениот интерес на публиката, организаторите соопштија дека ...

„Стоп за фемицидот“, „Гласни против насилството“ и „Молкот е соучесништво, одбивам да молчам!!!“ – ова се пораките испишани на транспарентите на вечерашниот мирен протест во Богданци, каде што граѓаните се собраа во спомен на 17-годишната Билјана Кириќ, убиена пред три дена. Во Градскиот парк, покрај запалените свеќи и положеното цвеќе, стоеја транспаренти што повикуваат на прекинување на насилството врз жените и на одговорност од ...

Македонија ја очекува претежно сув викенд на 7 и 8 ноември. Според УХМР, ќе има сончеви периоди, студени утра и магла по одделни котлини. Услови за слаб локален дожд повторно ќе има од понеделник, 9 ноември, до средината на неделата. Во сабота ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а маглата е најверојатна во котлините. Во недела ќе се задржи претежно суво време. Температури ...

Љупчо Коцарев ја опишува МАНУ како институција што „тивко“ се распаѓа, а Претседателството во реакцијата објавена на 6 ноември ги отфрла неговите обвинувања за незаконско работење и финансиски малверзации. Поранешниот претседател преку колумни го обвинува актуелното раководство за поткопување на самостојноста на Академијата, додека неговите колеги застануваат зад претседателот Живко Попов и најавуваат проверка од државната ревизија. Во ...

Студентите во Македонија од 6 ноември можат да конкурираат за 3.000 државни стипендии за академската 2026/2027 година, со месечни износи од 6.050 и 18.000 денари. Највисоката поддршка е наменета за студентите што се образуваат во седум области од стратешки интерес, меѓу кои математика, физика, хемија и земјоделство. Пријавувањето трае до 20 ноември и се спроведува исклучиво електронски, а новиот конкурс воведува посебни места за студенти со ...

Викенд прогнозата за Македонија најавува сончеви периоди и дневни температури до 17 степени, но и утра со температури под нулата. Стабилното време ќе се задржи до недела, додека од понеделник повторно ќе има услови за слаб локален дожд. Во сабота, 7 ноември, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Во одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Минималната температура ќе се движи од минус еден ...

СДСМ побара македонското Обвинителство да постапи по наводите за можни врски меѓу српски политички и криминални структури и нивното влијание во Македонија. Во соопштението партијата упатува обвинувања кон премиерот Христијан Мицкоски, поврзувајќи ги со Александар Вучиќ и работењето на Алта банка. Повод за реакцијата, според СДСМ, е барање на новата власт во Србија до врховната јавна обвинителка Загорка Доловац и обвинителот за организиран ...

Жените сочинуваат околу 70 проценти од дипломираните во природните науки и математиката во Северна Македонија, а повеќе од половина од истражувачите во земјата се жени. Сепак, нивното учество е значително помало во технологијата: жените се околу 33 проценти од дипломираните во информатичко-комуникациските технологии, а сочинуваат помалку од една четвртина од работната сила во ИТ-секторот. Овие разлики беа во фокусот на вчерашната ...

OpenAI блокираше група сметки на ChatGPT за кои компанијата вели дека најверојатно потекнуваат од Русија и биле користени за ширење политичка содржина како дел од тајна операција за влијание. Кампањата беше изградена околу лажно претставување на израелскиот тинк-тенк International Burke Institute (IBI). OpenAI вели дека идентификувал и суспендирал група сметки што се користат за креирање објави за X, Facebook, LinkedIn, Substack и Telegram. ...

Словенија го блокираше усвојувањето на заедничка декларација од 27-те земји на Европската Унија со која се осудуваат плановите на Израел за проширување на населбите во окупираниот Западен Брег, објави порталот EUobserver со седиште во Брисел. Словенечкото Министерство за надворешни работи потврди дека, по консултациите, Љубљана не го поддржала предложениот заеднички став на ЕУ. Министерството објасни дека ставот на земјата за меѓународното ...

Едно кафе, една достава, една претплата или кратко возење со автомобил изгледаат како ситница. Но кога ќе ги помножите со деновите во годината, „само уште ова“ може да стане сума од која ќе ве заболи глава Каде отидоа парите? Ова е веројатно едно од најчестите прашања што си го поставуваме на крајот од месецот. Платата стигнала. Сметките се платени. Не сме купиле нов телефон, телевизор или мебел. А сепак, на сметката останало многу помалку ...

Договорот за реализација на интерконективниот гасовод Северна Македонија – Србија ќе биде потпишан денеска, на 27 август, соопшти Владата на Северна Македонија. Како што е најавено, премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на официјалниот почеток на имплементацијата на проектот за интерконективен гасовод меѓу Северна Македонија и Србија. Во интервју за Breitbart News, емитувано претходно, Мицкоски изјави дека ...

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) објави примарна епидемија на антракс во сточарска фарма со 205 говеда во селото Стефаново, округ Ловеч. Присуството на болеста беше лабораториски потврдено на 26 август. Регионалниот здравствен инспекторат (РЗИ) беше веднаш известен и спроведува истрага, пренесуваат бугарските медиуми. Инспекцијата започна по добивањето информации на 24 август за пациенти примени во медицинска установа со ...

Четири пожари на отворен простор се активни утрово, три се ставени под контрола, а 24 се целосно изгаснати, покажува најновата информација на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во периодот од 26 до 27 август, до 07:30 часот, во земјава се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, што уште еднаш ја покажува сериозноста на пожарната сезона. Најсериозна е состојбата во реонот на Студеничани и Зелениково, каде пожарот зафаќа мешана ...

По летната пауза, собраниските комисии продолжуваат со работа, а денешната агенда носи повеќе теми што директно ги засегаат функционирањето на правосудството, националната безбедност и именувањето на функционери. Во Собранието денеска се закажани пет комисиски седници, на кои ќе се разгледуваат предлог-закони, стратегии, извештаи за работата на правосудните институции, но и повеќе кадровски прашања. Во фокусот е Комисијата за одбрана и ...

Сахарска прашина и песок ќе стигнат над Македонија од петок, 28 август, а нивното присуство во атмосферата ќе продолжи и во текот на викендот. Истовремено продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат околу 36 степени. Прашината се пренесува со воздушните струења од Северна Африка преку Средоземното Море кон Балканот и може да создаде заматена, жолтеникава атмосфера и намалена видливост. Не се очекува класична песочна ...

Вознемирувачки случај од Прилеп ја потресе јавноста. Полицијата поднесе кривична пријава против 48 годишен жител на градот, поради сомнение дека во повеќе наврати во текот на август сексуално ја злоупотребувал својата малолетна поќерка, дете кое сè уште нема наполнето 15 години. Според информацијата на Министерството за внатрешни работи, СВР Битола го товари пријавениот за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Калај

46.54

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35