Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Водата од локалните јавни чешми селата во Ореовец и Леништа не е здравствено исправна, соопшти Општина Прилеп, откако лабораториските анализи покажале присуство на бактерии, поради што се препорачува посебна претпазливост. Според соопштението, водата од локалниот водоснабдителен систем во Ореовец, односно од јавната чешма во центарот на селото, содржи бактерии од цревно потекло и зголемен број бактериски колонии на 37 степени, објави 4news.mk ...
Републиканците во американскиот Конгрес објавија аудио снимки што Џо Бајден се обидуваше да ги чува во тајност со години. Во снимките, кои беа направени додека ги пишуваше своите мемоари, Бајден признава дека чувал доверливи документи откако ја напушти функцијата потпретседател. Разговорите се меѓу Бајден, сега 83-годишен, и авторот Марк Звоницер за неговата книга од 2017 година „Вети ми, тато“, објавува Би-Би-Си. „Тукушто ги најдов сите овие ...
Неколку лица беа повредени, згради се урнаа, пожари, беа пријавени прекини во снабдувањето со електрична енергија, а инфраструктурата беше оштетена по силниот земјотрес со јачина од 7,1 степени што го погоди југозападниот дел на Јапонија. Земјотресот беше регистриран во 16:27 часот по локално време на островот Кјушу и достигна највисоко можно ниво од седум степени според јапонската сеизмичка скала Шиндо, која ја мери јачината на тресењето на ...
Опозициската СДСМ реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека за состојбите во Гостивар Владата се консултира со експерти, оценувајќи дека таквите консултации требало да започнат уште на почетокот на кризата. „После толку дена пинг-понг, префрлање одговорност и признанија од министерот за здравство – сега одеднаш се потребни експерти? Во нормална држава експертите и институциите што ги има државата би биле прашани од првиот ...
Пожарникарите во Франција и Шпанија ги користат клучните часови пред нов топлотен бран за да ги локализираат некои од најразорните пожари во последниве децении, објави АФП. Пожарот изгоре огромни шумски површини, уништи стотици домови и принуди стотици илјади жители и туристи да се евакуираат. Во близина на Бордо, големиот пожар предизвика формирање на редок пирокумулимбусен облак кој може да произведе силни ветрови и молњи и да ги ...
Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (МММ) „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва ќе настапи во рамки на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Годинава Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија одбележува четири децении од постоењето. Основан е како прв сегмент на Летниот музички ...
Проблемот со телефонот можеби не е само во часовите поминати пред екранот. Многу поголем удар врз концентрацијата можат да бидат десетиците кратки проверки што го прекинуваат вниманието во текот на целиот ден. Бројката од 150 проверки не важи за секој корисник. Истражувањата покажуваат големи разлики: некои луѓе го отклучуваат телефонот неколку десетици пати, додека кај најактивните корисници бројот може да надмине 100 или 150 проверки ...
Управата за заштита на културното наследство не издала дозвола за поставувањето на металните решетки на галериите со витражи на споменикот „Илинден“ – Македониум во Крушево, а инспектори ќе извршат вонреден увид на објектот за да утврдат што точно е направено и дали интервенцијата е во согласност со прописите. Ова го изјавила директорката на Управата Весела Честоева за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК. Според Честоева, Управата не дала согласност за ...
Службите за итни случаи во северна Германија велат дека торнадо предизвикало штета на околу 50 згради во недела навечер, јави ДПА. Германската метеоролошка служба (DWD) потврди за dpa во понеделник дека торнадо го зафатило Гликштат и околните заедници во покраината Шлезвиг-Холштајн. Никој не е повреден, но полицијата соопшти дека едно лице се здобило со ментални нарушувања и му била потребна привремена нега. Торнадото предизвикало особено ...
Новинската агенција Мета.мк, направи истражување кое ги вклучи квантитетот и квалитетот на медиумските и на објавените содржини и настапи во живи на премиерот Христијан Мицкоски. Од сознаените резултати и анализите на врвни експерти за политичка комуникација. Мета.мк го извлече следниот заклучок: Премиерот како персонификација на партијата, власта и државата, носен на крилата на политичкиот маркетинг финансиран директно од буџетот, сурфа на ...
По шестмесечен прекин, повторно е ставен во функција хидросистемот „Ѓавато“, преку кој започна дополнување на Дојранското Езеро со вода. Од надлежните информираат дека системот работи без застој, а во наредните часови се очекува да се зголеми количината на вода што се испушта во езерото. Во моментов, во Дојранското Езеро се влеваат околу 200 литри вода во секунда, а дополнителен дотур се очекува во текот на денот или најдоцна утре. Од ...
Човештвото веќе влегло во нова технолошка ера во која вештачката интелигенција на одредени полиња работи побрзо и поефикасно од луѓето, а промените се случуваат толку постепено што најголем дел од јавноста сè уште не го забележува пресвртот. Ова е суштината на најновата порака на извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман. „Сега сме во сингуларноста“, изјави Алтман во поткастот „Relentless“, отворајќи ја повторно дебатата за моментот во кој ...
Наместо на Мечкин Камен, каде што годинава според државниот протокол требаше да се обрати по повод 2 Август – Денот на Републиката, претседателот на Собранието Африм Гаши ќе биде на меѓународна конференција во Египет. Одлуката отвори прашања за односот кон најзначајниот државен празник, особено ако се има предвид дека ова е вторпат по ред Гаши да не ја преземе централната улога што му припаѓа според распоредот на државниот врв. Претседателот ...
Проблемот со телефонот можеби не е само во часовите поминати пред екранот. Многу поголем удар врз концентрацијата можат да бидат десетиците кратки проверки што го прекинуваат вниманието во текот на целиот ден. Бројката од 150 проверки не важи за секој корисник. Истражувањата покажуваат големи разлики: некои луѓе го отклучуваат телефонот неколку десетици пати, додека кај најактивните корисници бројот може да надмине 100 или 150 проверки ...
Србија во овој момент не може да стави вето на членството на Украина во Европската Унија. Белград сè уште е кандидат, а правото да блокираат одлуки го имаат само земјите членки. Но, доколку Србија влезе во Унијата пред Украина и ги добие сите права што произлегуваат од членството, теоретски би можела да го употреби ветото во една од фазите во кои е потребна согласност од сите држави. Таквото сценарио засега не е официјална политика на ...
Македонското правосудство повеќе не се соочува само со криза на доверба. Податоците за недостигот од судии и обвинители, законски недоволното финансирање, политичките притисоци и прекинатото создавање нов кадар покажуваат дека системот се приближува до состојба во која нема да може навремено да ја извршува својата основна функција – да обезбеди правда. Новинарот Васко Маглешов во интервјуто објавено од БИРН го поставува проблемот надвор од ...
Истражувачите пронајдоа начин да се исклучите од социјалните медиуми и да развиете поконструктивен став кон вашето слободно време. Најдобар пристап, според новите сознанија, е да ги победите социјалните мрежи според нивните услови, потпирајќи се на вашата природна љубопитност. Токму овој механизам го користат овие апликации за да нè држат закачени. Секое скролање на екранот ветува нови информации, без никогаш навистина да ја задоволи нашата ...
На 29 јули, со почеток во 20.00 часот, во Музеј на современа уметност (МСУ), ќе биде отворена изложбата „Прекин во тек“ со дела на Игор Тошевски и ОПА (Опсесивно посесивна агресија). Владимир Јанчевски во каталогот за изложбата пишува: Во време кога честопати се повторува дека „ништо не може да се направи“, изложбата тргнува од едно поинакво прашање: што ако токму малите поместувања, прекините, погрешните преводи, гестовите на двоумење или ...
Скопските домаќинства приклучени на најголемиот систем за централно греење од 1 август ќе плаќаат 5,96 отсто повисока цена за топлинска енергија. Според пресметката на Регулаторната комисија за енергетика, просечната месечна сметка за стан од 60 квадратни метри ќе се зголеми од 2.353 на 2.493 денари, односно за околу 140 денари. Но, износот од 140 денари не покажува колкав ќе биде ударот за помалите и за поголемите станови. Пропорционалната ...
За Италија, Коридорот 8 одамна не е само транспортен проект. Во Рим тој сè повеќе се третира како инфраструктура од стратешко значење за економијата, европската интеграција и безбедноста на НАТО. Во таа слика, Северна Македонија има клучна географска позиција, но и најголеми инфраструктурни предизвици, пишува Debuglies.com. Во нивната длабинска и сеопфатна анализа, авторите на текстот посочуваат на и на дезинформациите за коридорот во насока ...
Бензински пумпи во Харков и поширокиот регион сè почесто се цел на руските воздушни напади, а повеќе од 80 објекти биле уништени од почетокот на војната, тврди членот на Харковскиот регионален совет Олександр Скорик. Според него, на делницата од Харков кон Полтава повеќе не работи ниту една пумпа. Последната преостаната бензинска пумпа во градот Валки била уништена во руски напад на 26 јули. Со тоа, возачите што патуваат по важниот патен ...
Да живеете во Флетајрон, една од најпознатите згради во Њујорк, сега може да чини 58,5 милиони долари. Историската триаголна зграда на Менхетн, која повеќе од 120 години служеше како деловен простор, се претвора во комплекс со ултралуксузни станови. Најскапиот стан го зафаќа целиот кат и располага со пет спални соби и балкон. Неговата огласена цена изнесувала 58,5 милиони долари, а станот веќе е под договор. Конечната продажна цена и ...
Германија ги исклучува соларните и ветерните централи или привремено го намалува нивното производство токму во периоди кога тие можат да создадат најмногу електрична енергија. Причината не е недостиг на сонце или ветер, туку спротивното: во одредени часови производството ја надминува побарувачката, цената на струјата паѓа под нулата, а продолжувањето на производството станува финансиски неисплатливо. Во првата половина од 2026 година, ...
Менструално отсуство во Црна Гора ќе можат да користат вработени жени со дијагностицирана секундарна дисменореја, откако пратениците на 27 јули ги усвоија измените на Законот за задолжително здравствено осигурување. Новото право предвидува до два платени дена отсуство месечно, со надомест во висина од 100 проценти од платата. Сепак, законот не воведува автоматски слободни денови за секоја жена која има менструални болки. Правото е ограничено ...
Запленети 2,6 тони кокаин во голема меѓународна операција во Атлантскиот Океан, откако португалските власти пресретнале ултрабрз глисер на околу 90 километри југозападно од ’ртот Еспишел. Во акцијата биле уапсени четири лица, а вредноста на товарот на европскиот уличен пазар можела да достигне околу 500 милиони евра. Операцијата била спроведена во соработка меѓу португалската, шпанската и италијанската полиција. Меѓу уапсените се двајца ...
На Гумење над Крушево, Македониумот е замислен како патување низ македонската борба за слобода, а не само како споменик што се набљудува од страна. Официјално наречен Споменик „Илинден“, комплексот е отворен на 2 август 1974 година, на годишнините од Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ. Негови автори се Јордан и Искра Грабулоски, кои го обликувале како единство на архитектура, скулптура, сликарство, светлина и пејзаж. Локацијата ...
Иако бензинот и дизелот номинално се поскапи во Хрватска, една просечна хрватска плата купува речиси двојно повеќе гориво од просечната плата во Македонија. Новите цени на бензинските станици ја откриваат разликата што не се гледа само преку цената на еден литар, туку преку реалната куповна моќ на граѓаните. Од 28 јули, највисоката малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 во Македонија изнесува 93 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 95 ...
Бројот на заболени во Гостивар не стивнува ниту две недели по првиот наплив на пациенти со стомачни тегоби. Во текот на 26 јули, во Општата болница и во Здравствениот дом биле извршени 127 први прегледи поради симптоми на гастроентероколит, а двајца пациенти биле хоспитализирани. Новата дневна бројка е за двајца пациенти повисока од претходниот ден, кога биле регистрирани 125 први прегледи. Во Општата болница биле прегледани 91 пациент – 41 ...
Иако бензинот и дизелот номинално се поскапи во Хрватска, една просечна хрватска плата купува речиси двојно повеќе гориво од просечната плата во Македонија. Новите цени на бензинските станици ја откриваат разликата што не се гледа само преку цената на еден литар, туку преку реалната куповна моќ на граѓаните. Од 28 јули, највисоката малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 во Македонија изнесува 93 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 95 ...
Државната разузнавачка агенција (ДАР) на Република Бугарија зборува за надворешно влијание и активност на глобални и регионални фактори на штета на интересите на Бугарија во балканскиот регион во 2025 година, се наведува во годишниот извештај на аганцијата, чии делови пренесуваат бугарските медиуми. Проценките се во контекст на глобалната безбедносна средина во 2025 година, која, според бугарската служба, се карактеризира со континуирано ...