Олга Велјановска, дипл. социолог од Охрид. Eдно време … одамна минато свршено… бев често во медиумите. Имав многу улоги во општествено-политичкиот живот сега сум пензионерка посветена на најубавото што може животот да го донесе моите внуци. И не само за време на Ковид -19 туку и претходно бев и сум целосно предадена во нивното воспитување, поддршка и секако прегратки. Така и денеска на овој ден – на мојот роденден ќе бидам опкружена со нивната ...

Денес славам 46 години. Роденденот е ден кога барем за миг застануваме и се сеќаваме, размислуваме за тоа што сме поминале и што сме оставиле зад себе. Покрај успешната кариера, најповеќе се гордеам со мојот син кој оваа година направи 22 години. Роденденот секогаш го славиме скромно со целото семејство и најблиски пријатели. Изминатите две години беа како мал потсетник дека ништо не е загарантирано. Секојдневието, здравјето и слободата ...

Васко Паскали, нотар од Охрид. Роденденот од секогаш сум го доживувал како посебен ден, на кој што со емоции се потсеќам ретроспективно на сите изминати родендени досега. Воедно, ова е ден на кој што имам прилика да се заблагодарам за уште една измината година исполнета со здравје и успех и да наздравам за животот и сите убави моменти што ми ги пружил, како и за сите успешно поминати премрежја оставени зад себе. И оваа година со оглед на ...