Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Судењето за случајот „Државна Лотарија“ само што почна се одложи. Одложувањето е на барање на адвокатите на обвинетите кои побараа повеќе време да ги разгледаат доказите како и самиот обвинителен акт. Со ова се сложи судијката Дијана Шуплиновска Јовески како и обвинителот Даниел Коцев кој најави 231 материјален доказ. Следното рочиште е закажано за седми септември. Бидејќи ова е притворски предмет рочиштата ќе се одржуваат поинтензивно ...
Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, ја објави реакцијата на поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ на неговата драстична промена на имиџот. Норвежанецот целосно ја скрати својата долга коса. – Што направи? Што по ѓаволите направи? О, Боже мој, што по ѓаволите е ова. Дали изгуби облог со некого? Блокирај ме и избриши го мојот број. Жена ми вели дека си луд. Дали сега ќе бидеш побрз или не? – рече Ибрахимовиќ во видеото, ...
ренерот на Аталанта, Маурицио Сари, не е задоволен од изданието на неговиот тим на синоќешниот натпревар со Сасуоло и покрај победата со 2:1. – Победата е секогаш важна. Бевме фокусирани во првите 30 минути и не им дозволивме ништо на противниците, но потоа, како што одминуваше натпреварот, почнавме да се мачиме во одбраната. Треба да работиме првенствено со новите играчи, а ги вклучувам и оние што доцнеа поради Светското првенство. Тоа е ...
Не знам за вас, ама мене ми е многу забавно да ја следам нервозата на Еди Рама. Балканскиот фланер 13 години владее со државата и притоа сериозно се заигра со сили кои се далеку над неговото ниво и нивото на Албанија. Тој силно профитираше од авантурите со светските водачи, на кои им ветуваше и им испорача мигрантски кампови, разни зделки, центри за обоени револуции низ регионот, па дури и бази за обука на герилци за нападот врз Иран. Но, ...
Денеска во Кривичниот суд почнува судењето на Артан Груби и останатите одбинети за случајот Државна лотарија“ вреден околу 8 милиони евра. Поранешниот прв вицепремиер се предаде по една година бегство и ќе му се суд за делото „злоупотреба на службената положба и овластување“ за кое во Кривичниот законик е предвидена затворска казна од најмногу пет години. Првично еше обвинет за потешко кривично дело „проневера во службата“ за кое затворската ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и Вражале во Општина Зелениково, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во ...
Командантот на поранешната УЧК, Насим Харадинај, изјави дека верува оти ситуацијата во Косово, Албанија и Македонија ќе ескалира ако Специјализираниот совет во Хаг ги осуди водачите на УЧК на 16 септември, објавува Харадинај рече дека видел некои предупредувања дека некои луѓе на Косово би можеле да ја слават пресудата за вина. „Но, велам, ако се донесе таква одлука, сè ќе изгори. Мислам дека ситуацијата ќе ескалира многу лошо и ова место ќе ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и излез од државата, додека на ГП Богородица времето на чекање за излез изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања. Денеска најкорисрен е преминот Прохор Пчињски. Автомото сојузот на Македонија апелира ...
Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума. Како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, веднаш по пријавата биле ангажирани сите расположливи сили од Делчево, како и пожарникари и екипи од соседните противпожарни единици. – Неодговорно лице палело гуми во својот ...
За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, и Артан Етеми и тоа условни затворски казни, а казнета ...
Денес, повеќе од кога било, ни требаат заедништво, грижа еден за друг и одговорност кон иднината, порача премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на роденденската прослава на Општинскиот комитет на партијата во Кочани. Како што објави на социјалните мрежи, Мицкоски на вчерашната прослава истакнал дека со вера, работа и љубов кон Македонија продолжува градењето на подоброто утре. – Со вера, работа и љубов кон Македонија ...
Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на Кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот. Наградниот ...
Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. -Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас претстојната сезона ќе настапува за Аталанта. Во моментов најдобриот македонски фудбалер во калчолигашот од Бергамо ќе игра како позајмен фудбалер од Лајпциг. Германскиот клуб и Аталанта може да се договорат за целосен трансфер по крајот на 2026/27 доколку Елмас ги исполни очекувањата. За Елмас, Аталанта е трет тим од Италија. Тој претходно во Серија А играше за Наполи и Торино. Македонскиот ...
Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани се 310.865 прекршоци од кои 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). -Во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци. Во однос ...
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да им се извинат на семејствата на загинатите зашто пет години си играа со нивните чувства и емоции, да им се извинат и на граѓаните зашто пет години ширеа лажни вести и го загадуваа јавниот простор со невистини – рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со вчерашната одлука на Обвинителството да го затвори предметот за модуларните болници. Филипче на прес-конференција истакна и дека СДСМ е ...
Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија реагира зошто покрај македонската не е изведена и албанската химна на вчерашниот фолклорен настан во Пустец – „Преспа 2026“, на кој присуствуваше и премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски. Во соопштението за медиумите, Министерството вели дека иако настанот бил организиран од локално здружение, присуството на високи институционални претставници и локални избрани функционери му ...
Венко Филипче најави дека СДСМ во септември ќе презентира мастер-план за развивање на државата. – Секогаш сме подготвени за предвремени парламентарни избори, и со тим, и со добра програма, и со план, но алиби на Христијан Мицкоски за изборите нема да му дадеме. Тој вели: „Доколку опозицијата бара избори, ние сме подготвени веднаш да одиме на избори“. Се поставува прашањето – зошто не ја слушал опозицијата во други случаи? Зошто, на пример, на ...
Полицијата на границата и денеска на граничниот премин „Табановце“ ги проверува регистарските таблички и, доколку има прекршок, го запленува возилото и издава налог за плаќање на казната преку интернет или преку мобилна апликација. При читање на регистарските таблички на самата граница, системот „Безбеден град“ ја проверува базата на податоци за милисекунда и сигнализира до полицијата дали возачот сторил некој од прекршоците во текот на ...
Предвремените парламентарни избори повторно се вратија во центарот на политичката дебата, откако премиерот Христијан Мицкоски порача дека власта е подготвена за изборно соочување доколку опозицијата официјално побара избори. Мицкоски рече дека Владата има мандат до 2028 година и дека нејзината опција остануваат редовни избори, но доколку опозицијата смета дека треба да има предвремени, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да излезе на избори. „Ако ...
Неверојатни сцени во Картахена.Брод со 62 мигранти пристигна во Кала дел Барко среде ден, додека плажата беше преполна со капачи и туристи. Луѓето го снимаа пристигнувањето на бродот, а некои се криеја од плажата од страв. Според податоците на Владината делегација во Мурсија, меѓу лицата што пристигнаа имаше 45 возрасни мажи, две возрасни жени и 15 малолетници, сите малолетници беа момчиња. По нивното пристигнување, Црвениот крст се погрижи ...
Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО ГОКК предводено од Ислам Абази, аргат на Зоран Заев, Венко Филипче и Али Ахмети, донесе одлука да го затвори предметот за 19-те модуларни болници, велејќи дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Потсетуваме дека предметот беше оформен на 10 септември 2021 година, непосредно по трагичниот пожар во модуларната болница во ...
Фудбалерите на Црвена Звезда ја победија Викторија Плзен со резултат од 3:0 во првиот натпревар од плејофот за Лигата на Европа. Двоен стрелец за Звезда беше Мирко Иваниќ во 36-тата и 52-тата минута. Конечниот резултат го постигна Катаи во 88-мата минута од пенал. Шпанскиот стручњак Алберт Ријера дебитираше со убедлива победа на клупата на црвено-белите. Реванш натпреварот ќе се игра следниот четврток во Чешка. Победникот ќе се пласира во ...
СДСМ нема да биде алиби на власта за предвремени парламентарни избори – изјави денеска лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција. – Ние нема да бидеме алиби. Избори нека закаже премиерот кој има двотретинско мнозинство. Апсолутна власт на секое ниво претседателката, извршната власт, Собранието, мнозинството во општините, централна и локална власт… Може да направи избори кога сака. Избори ќе има кога ќе снема пари за коруптивните ...
Политиката се темели на разговори. Јас сум од оние политичари кои сакаат да разговараат додека не се постигне решение. И во првиот и во вториот случај ние ќе продолжиме да разговараме. Знаеме кои се нашите црвени линии и во рамките на тие црвени линии ќе се обидеме да го најдеме решението, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Амбасадорскиот совет. Истакна дека нашиот Устав нуди апсолутно ...
Јелена Карлеуша одржа спектакуларен настап во еден познат белградски бар, кој беше преполн. Ова беше и прво појавување на пејачката во јавноста, откако нејзините фотографии од нејзиниот роденден, каде што беше во друштво на нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ, се појавија во јавноста. Душко се појави и на настапот на Јелена во друштво на нивните ќерки Атина и Ника. Со овој потег, уште еднаш беше потврдено дека нивните односи никогаш не се ...
Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе заработија стотици милиони преку фудбалот. Фаик Болкија, сепак, е во сосема поинаква приказна – тој е роден во кралско семејство од Брунеј. Фаик Џефри Болкија е роден на 9 мај 1998 година во Лос Анџелес, Соединетите Американски Држави. Иако е роден во Америка и има американско државјанство, тој одлучи да игра за Брунеј во националниот фудбал. Тој игра како крилен играч. Неговиот татко е принцот ...
Во рамките на проектот „Белград на вода“, на јавен увид беа нови измени на Просторниот план за подрачја со посебна намена (ПППН), кои вклучуваа изработка на нови единици од оваа станбена зона. Koмпексот ќе го носи името „Белград на вода 2“ Иако планот веќе е формално презентиран, продолжи развојот на проектот за урбанизација на дел од брегот на Сава во Нов Белград, поточно на делот помеѓу мостот Газела и мостот над Ада. Заедно со земјиштето ...
На Косово постои петиција за промена на името во Дарданија. Покрената е петиција за преименување на Косово во „Дарданија“. Организаторите наведуваат дека Дарданија е античкото име на регионот и сметаат дека треба да се врати како официјално име на Косово – пишува во објавата. Целта на организаторите е да соберат 10.000 потписи, кои потоа ќе ги достават до „Собранието на Република Косово“, со барање Косово повеќе да не се нарекува така. . ...
Oткако српските туристи се заканија дека ќе следната година ќе одат за Грција преку Бугарија, на групите за патување се појавија казните во источниот сосед за пречекорување на брзината. И таму на главните патишта постојат камери. • 25 евра за повеќе од 20 км/ч • 300 евра за повеќе од 50 км/ч. Најважниот совет за возачите е едноставен: почитувајте ги ограничувањата на брзината каде и да сте. Oткако српските туристи се заканија дека ќе ...