Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференцијата на пратеничката група на СДСМ во Собранието, каде во тек е седница посветена на реконструкцијата на Владата изјави дека заканите и навредите кон пратениците се само знак на слабост. Пратеничката група на СДСМ, денеска за време на паузата на собранската седница одржа прес-конференција на која реагираше, за како што велат навредите на премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за ...
) – Македонскиот тенисер Калин Ивановски со поените освоени на турнирите во Скопје и Загреб напредуваше на АТП листата за 438 места и сега се наоѓа на 710.то место. Тој на двата турнира од рангот на ИТФ М25 одигра 10 мечеви и постигна 9 победи притоа едниот турнир го освои (Скопје – 25 поени) и на еден беше финалист (Загреб – 14 поени). Ивановски сега има 46 поени. Ова беа првите два турнира за Ивановски во 2026 година, односно по враќањето ...
Повеќе од половина од Грците во текот на 2025 година учествувале во најмалку една игра на среќа на легалниот пазар, додека пак во нелиценцирани игри на среќа за една година биле потрошени 11,8 милијарди евра, покажуваат податоците од годишниот извештај на Комисијата за надзор и контрола на игрите на среќа во Грција (ЕЕЕП), што денеска беше доставен до претседателот на грчкиот Парламент, Никитас Какламанис, јави дописничката на МИА од Атина. ...
Советот на Европската Унија денеска го назначи германскиот дипломат Дирк Шибел за нов специјален претставник на ЕУ во Косово. Шибел ќе ја преземе функцијата на 1 септември, со почетен мандат од две години, и ќе го наследи Аиво Орав, кој до неодамна беше шеф на Канцеларијата на ЕУ во Приштина. Клучните одговорности на специјалниот претставник на ЕУ вклучуваат следење на напредокот во политичките, економските и безбедносните приоритети, ...
Ист систем, односно сензорот во фудбалската топка, регистрирал допир со косата што не влијаел на летот на топката, но го одлучил победникот на натпреварот Португалија – Хрватска, но не регистрирал удар во кабелот по што бил постигнат одлучувачки гол на натпреварот Англија – Норвешка. Шпанската „Марка“ понуди објаснување кое не е лесно да се прифати. Како е можно сензорот да не го регистрирал контактот што го скратил летот на топката за ...
Во населбата Тафталиџе ноќеска е запален автомобилот на судијата Ѓоко Ристов,дознава „Република“. Возилото е речиси целосно унштено а траги од оганот има во предниот дел и кај моторот. МВР исто така потврди дека е опожарено возило без да го наведе сопственикот. Ристов стана познат во јавноста откако во куќата на неговите родители во Неготино бееа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕидот. Судењето за овој случај е во тек. Во населбата ...
Во моментов во општините низ Македонија се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка од Владата, а целта е да се подобри локалната инфраструктура што директно го олеснува секојдневниот живот на граѓаните, вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, општините со години биле запоставувани, поради што Владата одлучила паралелно со големите инфраструктурни инвестиции да даде ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Владата ќе продолжи со реформите, ќе продолжиме да бидеме први во однос на нивната реализација, а ако некој смета дека земјава, треба да биде дел од Европската Унија, изрази подготвеност да сторат сè што е конструктивно, но не и деструктивно. -Оваа Влада има принципиелен став. Ќе продолжиме со реформите и ќе бидеме први по нивната реализација. Ако некој смета дека оваа држава, која се наоѓа во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до опозицијата на одговорност и на зрелост, посочувајќи дека владината коалиција е усогласена за Изборниот законик, додека од опозициските партии очекуваат текст со предлози за кои вели дека бланко ќе бидат прифатени. Коментирајќи го предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче да се формира експертска група за Изборниот законик и за гласањето на дијаспората, Мицкоски вели дека според ...
Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо, порача денеска од Штип, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски кој одговараше на прашањето дали наскоро ќе се донесе Изборниот законик и кој е ставот на ЗНАМ по ова прашање. Димитриевски посочи дека за нив како партија воопшто не е спорно гласањето на дијаспората. -За нас како ЗНАМ, воопшто не е спорно гласањето на нашите граѓани кои што живеат или работат привремено во ...
Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ од Солун кон Меминген, кој се случи вчера наутро над Македонија е во тек, изјав за МИА претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски. Тој додаде дека се во постојана комуникација со Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТБС) и оти за сите дополнителни информации во врска со случајот навремено ќе ја информираат јавноста. Авион на ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека по завршувањето на посетата на мисијата на УНЕСКО е многу поголем оптимист за изградбата на автопатската делница Требениште–Струга–Ќафасан и посочува дека сега останува само да се одбере трасата. Најважно е, посочи, дека ќе се реализира. Во однос на изградбата на автопатот, веќе не е прашање дали ќе се гради, тоа беше прашање пред да дојдат, имаше одредени размислувања ...
Вистински хорор во воздухот доживеале патниците на авионот на „Рајанер“ што полетал од Солун кон Минхен во Германија денеска наутро. Според сведоштвата на патниците, сè започнало со силен звук сличен на експлозија, по што во кабината настанала паника. Наводно, поради падот на притисокот, воздухот го повлекол човекот што седел до оштетениот прозорец, додека неговата сопруга и другите патници се обиделе да го држат и да го вратат на неговото ...
Следната година ќе бидат готови првите километри од автопатот Тетово-Гостивар, којшто според сегашната динамика ќе биде целосно готов во 2028-ма, а работиме и на железничко поврзување на Скопје со Албанија како продолжение на активностите од проектот „Градски воз“, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. – Добро оди изградбата на автопатот Тетово – Гостивар. Тоа е автопат кој го почна оваа Влада, решени ...
Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, неочекувано беше елиминирана од Вимблдон веќе во осминафиналето, по што, секако, беше видливо фрустрирана и во лошо расположение. Како и по поразот на Ролан Гарос, таа рече дека ѝ е потребен одмор од тенисот, дека следниот период ќе го искористи за „добро да се напие и да се одмори“ и премина од зборови на дела. Додека Вимблдон влегува во финалето, Сабаленка се одмара на Миконос и покажа ...
Вистински хорор во воздухот доживеале патниците на авионот на „Рајанер“ што полетал од Солун кон Минхен во Германија денеска наутро. Според сведоштвата на патниците, сè започнало со силен звук сличен на експлозија, по што во кабината настанала паника. Наводно, поради падот на притисокот, воздухот го повлекол човекот што седел до оштетениот прозорец, додека неговата сопруга и другите патници се обиделе да го држат и да го вратат на неговото ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил објави соопштение по повод лансирањето на платформата „Кој си бре ти?“ на кој граѓаните ќе може да обавуваат закани и неправди од функционерите и политичарите – Пред еден час, платформата www.kosibreti.rs започна со работа! Ви благодариме за довербата! – рече претседателот во описот на соопштението. Претседателот истакна дека е многу возбуден поради лансирањето на оваа ...
Стратегијата за вадење на бугарски пасоши во соседните држави која веќе успешно функционира во Македонија, властите во Софија ја присликуваат и во Србија. Во источниот дел во Србија, во градовите Пирот, Димитровград и Босилеград се отворени канцеларии во кои на жителите им се објаснува процедурата по која може да дојдат до бугарска патна исправа. Како што пишуваат тамошните локални медиуми интересот е голем бидејќи во тие краишта живее ...
– Енергетската независност останува еден од највисоките стратешки цели на Владата, порачува Министерството за енергетика по повод 10 Јули – Меѓународниот ден на енергетската независност. Оттаму посочуваат дека во изминатиот период се преземени конкретни чекори за енергетски независна држава која ќе произведува повеќе домашна, чиста и достапна енергија, забрзување на инвестициите во обновливи извори, модернизација на енергетската ...
Лошите едноцифрени рејтинзи на ниво на статистичка грешка на СДС, Левица и ДУИ е причина што го опструираат и го блокираат новиот Изборен законик, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. Ваквиот нивен однос нема друго оправдување, затоа што консензусот помеѓу политичките партии за носењето на овој закон со месеци се градеше во работната група. Изборниот законик е дел од Реформската агенда и наместо да седнат на маса ...
Репрезентацијата на Франција е првиот полуфиналист на Светското првенство откако синоќа во првото четвртфинале го победи Мароко со 2:0 во реприза на полуфиналето од пред четири години. Противник на Франција ќе и биде победникот од дуелот Шпанија – Белгија. Франција беше подобар противник на натпреварот, а првата голема шанса ја пропушти Килијан Мбапе во 28.минута кога неговиот удар од белата точка голманот на Мароко Боно го одбрани. Сепак, ...
Нема сомнение дека Ерлинг Халанд е една од најголемите ѕвезди на овогодинешното Светско првенство. Сепак, барем за момент, неговата слава ја украде Анастасија, Русинка од Москва е двојничка на познат фудбалер, а нејзиното видео на социјалните мрежи собра десетици милиони прегледи за само еден ден. Само на неговиот профил има близу 4 милиони прегледи. Анастасија Костромитина (24) живее и работи во Москва како модел. Во изјава за руските ...
Премиерот Христијан Мицкоски се уште го чека предлогот на опозицијата за Изборниот законик, со цел тој да биде донесен, а со тоа државата да ги исполни сите од предвидените 10 реформски чекори кои треба да се завршат до средината на месецов, а се од интерес на граѓаните. Пратениците од владејачкото мнозинство, вели, имаат усогласен став дека ќе се прифати секој предлог на опозицијата со вградени препораки на ОБСЕ-ОДИХР и содржано гласање на ...
Неколку дена откако репрезентацијата на Португалија беше елиминирана од Светското првенство, Кристијано Роналдо се врати во својата земја. Изненадувачки, или не, тој не го направи тоа со другите репрезентативци, туку отпатува сам во Португалија, со приватен авион. Како што објавува шпанската „Марка“, Кристијано Роналдо бил срдечен кон вработените и персоналот на аеродромот 🚨 Cristiano Ronaldo was seen arriving in Lisbon this morning on his ...
Премиерот на Албанија Еди Рама кој е познат по својот ектравагантен стил на облекување повторно привлече внимание. На НАТО Самитот се врати во белите патики кои беа негов заштитен знак. Генаралниот секретар Руте му обрна внимание на Трамп, но американскиот претседател не беше заинтересиран. View this post on Instagram A post shared by NOVE VESTI (@novevesti_udarnevesti) Премиерот на Албанија Еди Рама кој е познат по својот ектравагантен ...
Македонскиот лев бек Филип Талески потпиша договор со тимот на Охрид за сезоната 2026/2027 со можност за продолжување за уште една сезона. Поранешниот македонски репрезентативец доаѓа од екипата на Татабања. Потекнува од школата на Металург, а потоа замина во бундеслигашот Рајн Некар Левен, а во Германија играше и за Балинген. Потоа играше и за Вардар и Бенфика. Македонскиот лев бек Филип Талески потпиша договор со тимот на Охрид за сезоната ...
Во рекордно време се заврши карго обиколницата во Скопје со што товарните возови веќе нема да минуваат низ центарот на градот. Тоа значи две работи – прво еколошки е одлично, второ ќе значи кратење на времето, а на тој начин ќе ја направи Македонија уште поатрактивна за карго сообраќај, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, при денешната работна посета во Гевгелија. Пругата од Илинден до Драчево, како што ...
Комесарката за проширување Марта Кос за време на вчерашната посета на Скопје одговараше на прашање како да ја зголемиме доверата со соседите. Таа објасни дека нема рецепт на тоа но даде неколку предлози меѓу кои еден посебно се издвојува-а тоа е почитувањето на меѓународното на меѓународното право. Дали комесарката мислеше на пресудите на Судот за човекови права против Бугарија кои властите во Софија упорно одбиваат да ги спроведат. Довербата ...
Екипата на тетовска Шкендија по ланската успешна сезона во еврокуповите и добриот рејтинг оваа сезона на стартот на има фаворитската улога и во првото коло ќе гостува кај Европа на Гибралтар. Резултатите од лани се обврска за добри резултати и во квалификациите. – Почнува новата европска сезона екипата е подготвена за новиот предизвик. Сите знаеме дека минатата беше фантастична за Шкендија. Најважно е што сите играчи ни се на располагање и ...
Обезбедување европски начин на електронско плаќање, намалување на зависноста на Европската Унија од странските платежни системи, зајакнување на отпорноста на европската економија и поттикнување на иновациите и технолошкиот развој се целите на планот за воведување на дигиталното евро, чија регулаторна рамка доби поддршка од Европскиот парламент. Европратениците го поддржаа користењето на дигитални активи и создавање средина погодна за иновации ...