Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата. Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1. Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два натпревари ...

Тренерот на Силекс, Александар Васоски не го криеше разочарувањето по елиминацијата во воведното коло во Конференциската лига, откако освојувачот на македонскиот Куп загуби синоќа на пенали во Скопје од Динамо Минск. Силекс го пречека лидерот о белоруското првенство со гол предност од првиот натпревар, а откако реваншот во регуларниот дел и продолженијата заврши со идентично водство на Динамо Минск, белорускиот тим победи во пенал серијата со ...

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата. Од Уставниот суд, информираат дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката, но претседателот на судот Дарко Костадиновски добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши. – До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен ...

Скандал и срам. Само вака може да се опише тоа што се случило со парите на европските даночни обврзници во проектот за канализација во Зајас, родното место на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече Дритон Сулејмани од ВРЕДИ. Народот вели дека сонцето не може да се скрие со сито. Но, некој очигледно мислел дека овој скандал може засекогаш да го покрие со неколку документи и печати, за кои не се знае ниту кој ги потпишал.Пред две недели ...

Со новите законски решенија за урбанистичко планирање и градење надмината е досегашната правна празнина и создадена е рамка за изградба на дата-центри во државата. Иако сè уште нема конкретни иницијативи од приватниот сектор, државата сериозно размислува за изградба на државен дата-центар со цел заштита на институциите и зголемување на кибербезбедноста – посочи министерот за транспорт и вицепремиер, Александар Николоски, денеска, по увидот во ...

Одлично се одвива подготовката за изградба брзата пруга на Коридор 10, следуваат јавни презентации за студиите по што следува изработка на договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финасирање пред Собранието, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој потврди дека рокот за старт на работите останува крајот на годината, како што изјави претходно премиерот Христијан Мицкоски. – ...

Пилешката салата, можете да ја понесете и со себе кога и да посакате како хранлив оброк и да уживате во него каде и кога ви одговара. Состојките можете да ги прилагодите по желба, но преливот да го додадете непосредно пред јадење. Состојки: 300 грама пилешко филе 1 кинеска зелка 1 црвен кромид 1 црвена пиперка 1 краставица 5 шери домати 1 мал морков неколку листови нане свеж магдонос сол по потреба 1 лажица кикирики За преливот: 1 лимета 2 ...

Откако ја победи Англија во драматичната завршница од полуфиналето на Светското првенство, аргентинската репрезентација направи неочекувано откритие зад голот на противникот. Всушност, таму се наоѓаше шишето на англискиот голман Џордан Пикфорд, на кое имаше детален список на аргентински изведувачи и прецизни упатства за одбрана на пенали. Погледнете го целиот состав и тактичките инструкции што Иларио ги подготви за Пикфорд подолу: Меси – ...

Финалето на Светското првенство во фудбал кое треба да се игра во недела на 19.јули во Њујорк со почеток во 21 часот, можно е да биде одложено. Натпреварот ќе се игра на стадионот на во Њу Џерси кој има капацитет од 82.500 седишта. Неколку дена во пресрет на големиот спектакл организаторите имаат причина за загриженост поради најавата за неповолни временски услови. Се очекува температура од околу 28 степени и можност за грмотевици. Стадионот ...

Консумирањето овошни пијалаци во текот на летото, на прв поглед изгледа освежително и здраво. Но, од друга страна, овие навидум здрави напитоци можат да содржат големи количини шеќер, а со тоа да го зголемат нивото на гликоза во крвта. Причина за тоа се скриените шеќери што се наоѓаат во многу популарни летни јадења и пијалаци. Според експертите, проблем честопати не се оброците, туку пијалаците. – Секоја година го слушам истиот муабет од ...

Англискиот селектор Томас Тухел изјави оти ја презема одговорноста за своите одлуки од клупата за време на синоќешниот пораз од 2-1 во полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Аргентина, но наведе дека околностите на теренот го принудиле за дефанзивна игра по водечкиот гол. „Разочарани сме, бевме толку блиску, но по водечкиот гол станавме премногу пасивни и му дозволивме на противникот премногу шанси. Не успеавме да ја вратиме ...

Актуелниот светски шампион Аргентина успеа да се избори за финалето на Светското првенство во фудбал 2026 откако во полуфиналето вечерва со пресврт стигнаа до победата од 2:1. Аргентина титулата ќе ја брани во недела против селекцијата на Шпанија. Првото полувреме мина со премногу тактика и на полувреме беше 0:0. По десет минути игра англичаните поведоа со голот на Ентони Гордон. Во тогаш започнаа нападите на Аргентина, а голманот на Англија ...

Цеца Ражнатовиќ објави на својот Инстаграм профил дека нејзината семејна вила е поплавена.Иако дежурниот тим на водоводната компанија излезе на местото на настанот синоќа за да го реши проблемот со истекувањето на водата, се чини дека дефектот е многу посериозен и дека и покрај големите напори на надлежните служби, тој не е отстранет, па ќе бидат потребни уште неколку дена. Цеца откако се врати од одмор во Шпанија го забележала дефектот пред ...

Апелациониот суд Скопје ја потврдил пресудата за доживотни затворски казни на Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за грабнувањата и свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Вања беше грабната за изнуда на пари од нејзиното семејство, а возилот „ситроен“ убијците го украдоа за превоз на грабнатото девојче во вреќа во гепекот. Како што дознава ...

Задоволен сум од досегашната динамика за изградба на меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, а во следна фаза ќе одиме на финансирање, истакна министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски во одговор на пратеничко прашање поставено од пратеничката Рина Ајдари, во врска со најавената изградба на магистралниот пат од Тетово до Призрен. На денешната собраниска седница, министерот и заменик претседател на Владата, Николоски, најави ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Брисел треба заедно да го прими Западен Балкан. Што сакате да изградите? Посилни граници меѓу сите? Ако сите одиме заедно, нема да има граници меѓу Приштина, Белград и сите други – рече Вучиќ во интервју за „Фајненшл тајмс“. Претседателот на Србија изјави дека се надева на голем потег за приклучување кон целиот регион на ЕУ. – Ни треба регионот да биде обединет. За да не стане нова зона ...

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека Владата ја доведува во заблуда јавноста кога тврди дека измените на Изборниот законик се поврзани со европските интеграции, посочувајќи дека тоа јасно го потврдила и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека ова прашање заслужува коментар бидејќи е важно за граѓаните и за државата. „Не мора мене да ме слушаат, јас сум неважен ...

Веројатно најпознатата топка во историјата на фудбалот повторно ќе биде ставена на аукција, јавија денеска американските медиуми. Станува збор за топката со која беше одигран натпреварот меѓу Аргентина и Англија во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година, кога Аргентинците победија со 2-1 со двата гола на легендарниот Диего Марадона, првиот познат како „Божјата рака“, а вториот прогласен за гол на векот. „Оваа топка беше сведок ...

Политичкиот театар на СДСM, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик и дека свесно го блокираат, напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Денеска е последен ден за договор. Според најавите од опозицијата мали се шансите за усогласен став. Очигледно е дека СДСМ, Левица и ДУИ се координирани и имаат една единствена цел, а тоа е да не се донесе нов Изборен законик. Опозицијата не сака да слушне за ...

Министерството за внатрешни работи официјално потврди дека е лишен од слобода Александар Лазаров (41) од Кочани, кој пред четири дена избега од Полициската станица во Кочани, по што по него беше распишана централна и меѓународна потерница. Лазаров доцна синоќа бил лоциран во Скопје и приведен од полициски службеници. На 14.07.2026, по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, ...

Tрчај трчај кокошке, Брисел те стигна. Овие од СДСМ се како во вицот за петелот и кокошката која не сакала да помислат дека е лесна па трчала неколку кругови пред да му „даде“ .Така и на Бихаќка не сакаат да помислат дека се лесни пред да се согласат на измените во Изборниот законик. Тоа го бара ЕУ, а штом нешто бара Брисел тоа за СДСМ е повеќе од закон. Во новата „Чавез“ прашуваме колку кругови ќе истрча СДСМ? Tрчај трчај кокошке, Брисел те ...

Македонскиот шампион Вардар оствари победа од 3:2 по продолжение во реванш дуелот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите и поразот во Скопје од 0:2 се покажа решавачки бидејќи вкупниот резултат е 4:3 за финскиот првак КуПС. По изедначеното прво полувреме во кое двете екипи имаа шанси за гол, Вардар поведе во 59. минута со голот на Азер Омерагиќ. За продолжение „црвено-црните“ се изборија со голот од пенал на Горан Захариќ во ...

Постарите сигурно ќе се сетат на Светското првенство во 1986 година во Мексико кога играа Аргентина и Англија на популарната „Атстека“. Аргентиците победија со „божјата рака“ на Марадона и тоа е веќе историја. Но, малкумина знаат што се случувало пред мечот со опремата на Аргентиците. Снабдувач на дресови на „Гаучосите“ тогаш бил францускиот „Ле Кок спортиф“. Но, FIFA барала традиционалните дресови сино бели на Аргентина да се разликуваат од ...

Шпанските фудбалери ќе имаат можност да станат светски шампиони по втор пат во историјата. Во првото полуфинале во Далас, Шпанија ја победи Франција со 2:0 (1:0). Црвената фурија ќе игра во финалето во недела против победникот од второто полуфинале во кое се среќаваат Англија и Аргентина. Актуелните европски шампиони ја остварија победата со головите на Микел Ојарзабал во 22-та минута од пенал и Педро Поро во 58-та минута. Иако резултатот ...

Електричен тротинет од денеска не смеат да управуваат малолетни лица, согласно новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од денеска, со ова превозно средство ќе смее да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашната старосна граница од 14 години. На велосипедските патеки и ленти максималната дозволена брзина е 20 километри на час, а на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето од ...

Основниот кривичен суд Скопје, денеска, на јавна рочиште во присуство на сите заинтересирани медиуми и невладините организации, ја објави пресудата за предметот со К.бр. 297/24, во јавноста познат како „Талир 1“ со која за обвинетиот Н.Г. донесе ослободителна пресуда за кривичните дела кои му се ставаат на товар. Заради транспарентно и прецизно информирање на јавноста, судот во прилог објавува дел од изреката на пресудата, причините за ...

Синоќа Собранието со 69 гласа „за“ ги потврди новите министри, со што се заокружи процесот на кадровско освежување на извршната власт. Новиот состав вклучува експерти и политички кадри од коалициските партнери: Јетон Шасивари ВРЕДИ Борче Серафимовски ЗНАМ Агон Ферати ВРЕДИ Сашо Клековски ВМРО-ДПМНЕ Седат Сулејмани ВРЕДИ Ѓоко Велковски ВМРО-ДПМНЕ Иван Стоилковиќ ДПСМ Ерџан Демир ВМРО-ДПМНЕ – Собранието го избра Борче Серафимовски за нов ...

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ се сметала за „ужасна идеја“ само од една причина – дека ја поддржале тој и српскиот претседател Александар Вучиќ”. “Тоа беше ужасна идеја од единствена причина што Вучиќ и јас стоевме зад неа. Ако ги отстраниме нашите имиња и ги замениме со, да речеме, пет други, тоа ќе се сметаше за одлична идеја. Така функционира сè на Балканот“, изјавил Рама во интервју за „Еуроњуз ...

Францускиот селектор Дидие Дешан изјави пред денешното полуфинале на Светското првенство против Шпанија дека најдобриот стрелец на неговиот тим, Килијан Мбапе, е „100 проценти подготвен“ за натпреварот. Мбапе во четвртфиналето против Мароко пред пет дена го напушти теренот во 76. минута поради повреда на десниот глужд, а подоцна на клупата за резерви беше виден како става облога со мраз на повреденото место. „Килијан се чувствува добро, тој е ...

– Собранието денеска ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на дневен ред на 112. собраниска седница. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за нов министер за здравство Сашо ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
24%
1017
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
5.14
29%
1022
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
5.14
29%
1023
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
4.97
25%
1017
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
3.94
28%
1017
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
3.6
33%
1022
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
7.15
30%
1013
weather icon

Тирана

38ᴼ / 38ᴼ
3.6
18%
1014
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
4.69
22%
1015
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
2.68
39%
1019
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
2.06
29%
1023
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
8.23
74%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Сребро

2099.49

Родиум

278907.73

Злато

141562.95

Паладиум

43596.41

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.36

Платина

56263.81

Иридиум

252383.36

Калај

55.56

Бакар

13.39

Кобалт

56.29