Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Во Македонија одамна како да важи едно непишано правило: ако украдеш малку, системот ќе те стигне и ќе бидеш дебело казнет; ако украдеш многу, со гаранција ќе имаш доволно пари не само ти, туку и твоите пра-пра-внуци да го надживеете системот и да живеете како грофови. И тука е целиот наш апсурд. Во политиката влегуваат луѓе речиси како голтари, а по неколку години околу нив никнуваат станови, куќи, земјишта, фирми, автомобили, деловни ...
Девет луѓе беа убиени во украински напад врз автобус во источниот руски окупиран регион Луганск, соопштија денеска локалните власти назначени од Москва, пренесе Ројтерс, наведувајќи дека не може да ја потврди информацијата од независни извори. – Во ужасниот напад, осум лица загинаа на местото на настанот, а дваесетгодишна жена почина од повредите во болница – изјави регионалниот гувернер назначен од Москва, Леонид Пашечник, преку руската ...
Голем пожар од попладнево беснее во албанскиот приморски град Саранда, во област, во близина на хотелот „Туризам“, кој го зафати зелениот појас над градот, поточно во областа засадена со борови дрвја во близина на познатиот манастир „40 маченици“. Според извештаите, пламенот и чадот предизвикале тревога во областа, како и меѓу туристите, додека сè уште нема официјални информации за причината за пожарот. Во меѓувреме, се известува дека ...
Ноќеска во 1 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го уапсиле Б.О. (21) од Чашка. Според пријавеното од очевидци, тој без нејзина согласност ја внел неговата поранешна малолетна девојка (17) во автомобил „фолксваген голф” со велешки регистарски ознаки, но по кратко време полицајците го запреле возилото, по што Б.О. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде ...
Спасувачка екипа од Пожарникарската служба на Истанбул спасила делфинче што влегло во реката Алибеј во регионот Ејупсултан, објавија турските медиуми. Според агенцијата Анка, сигналот за помош за морскиот цицач го поднеле граѓани кои го забележале заталканиот делфин. Специјален тим од пет члена од Подводниот тим за пребарување и спасување (SAK) на Пожарникарската служба на Истанбул веднаш бил испратен на местото на настанот. Реката Алибеј ...
Русија издаде потерница по Михаел Мартенс, новинар на германскиот дневен весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ поради „поттикнување омраза и непријателство“, јави ДПА. Новинарот кој известува од Балканот, беше ставен минатата недела на листата од страна на руското МВР, јави ДПА. Дописникот на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за Балканот не беше вклучен во базата на податоци на Интерпол, според меѓународната организација за криминална ...
Бројот на активното население во второто тримесечје од 2026 година е зголемен за 0,8 проценти во однос на истото тримесечје од минатата година, додека бројот на невработени лица е намален за 1,5 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), активното население во земјава изнесува 798.718 лица, од кои 708.698 се вработени, а 90.020 невработени. Стапката на активност изнесува 52,5 проценти, стапката на вработеност 46,6 ...
На територија на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон кракот за село Палиград, како и над село Вражале во Општина Зелениково, каде гори мешана шума. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не смета оти врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хаменеи, е мртов, туку дека е многу тешко ранет. Говорејќи во емисијата на конзервативниот политички коментатор Глен Бек, Трамп истакна дека според неговите информации иранскиот лидер не е починат, туку претрпел сериозни повреди. Моџтаба Хаменеи, син и наследник на иранскиот врховен лидер Али Хаменеи, ја презеде функцијата по смртта на ...
Полициски службеници од Полициското одделение Ростуше вчера вечерта го уапсиле М.Б.(61) од село во општинa Маврово и Ростуше, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа ја затворил неговата 49-годишна сопруга, физички ја нападнал и ѝ се заканувал, информираат од СВР Тетово. Околу 19:30 часот полициски службеници ја ослободиле жената, а тој бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против ...
Земјотрес во Хималаите, проследен со огромна лавина од мраз и карпи, најверојатно го започнал синџирот на настани што во средата предизвика катастрофална поројна поплава долж границата меѓу Непал и Тибет. Водениот бран и огромните количества кал и камења ја опустошија долината на реката Бхоте Коши, однесоа куќи, патишта, мостови и хидроенергетски објекти, а стотици луѓе се водат како исчезнати. Во Непал досега се потврдени најмалку 95 жртви, ...
Технолошкиот гигант Мета ќе плати до 17,1 милијарди долари и ќе направи големи промени на своите платформи Инстаграм и Фејсбук за да го реши големиот судски спор во САД. Мета се соочуваше со тужба поднесена од јавните обвинители на 29 сојузни држави во САД, кои ја обвинија компанијата дека свесно ја нарушувала благосостојбата на младите преку своите платформи. Сега двете страни постигнаа спогодба со која Мета се обврзува да воведе низа ...
Во вториот квартал годинава вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9.219.000 и е намален за 7,9 проценти во однос на вториот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Во градскиот превоз бројот на превезени патници во второто тримесечје годинава во однос на истиот период лани е намален за 11,9 проценти, во приградскиот за 9 проценти, во меѓународниот за 4,3 проценти, додека во меѓуградскиот ...
Поради сушниот период и зголемената потрошувачка во Галичник, од вечерва 26.08.2026, се воведува рестрикција на водоснабдувањето, информира Месната заедница Галичник. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 21:00 навечер до 06:00 часот наутро. „Апелираме до сите жители и посетители водата да ја користат разумно и одговорно, исклучиво за неопходните потреби, и да избегнуваат полевање на дворовите и друга непотребна потрошувачка. Со ...
Градоначалникот на Њујорк Зохран Мамдани и Тениската асоцијација на САД (USTA) ставија на располагање 1.000 билети за Отвореното првенство на САД за 100 долари исклучиво за жителите на Њујорк, во обид да го направат еден од најголемите тениски турнири во светот подостапен за локалните жители. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в среда во 10:00 часот по локално време по принципот „прв дојден, прв услужен“, при што секој жител на градот е ...
Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разорната поројна поплава што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет. Најтешко е погоден округот Расува, каде надојдената вода однесе куќи, возила, мостови, патишта и делови од хидроенергетската инфраструктура. Непалските власти соопштија дека меѓу исчезнатите се и голем број странски туристи и верници кои патувале кон тибетскиот регион. Според ...
Една од последните музички тајни на Доли Партон нема да биде откриена наскоро. Кантри-легендата пред години напишала и снимила песна со наслов „My Place in History“, но наместо да ја објави, ја ставила во временска капсула во својот Доливуд, со строга инструкција да не се отвора до 2045 година. Песната била создадена во 2015 година, кога било отворено одморалиштето Dollywood DreamMore во Пиџен Форџ, Тенеси. Идејата дошла од тимот на ...
Службениците во јапонската префектура Аомори ангажираа 1.800 луѓе, кои со помош на јажиња и тркала, треба да ја поместат палатата Хиросаки, тешка 360 тони. Инаку, ова здание мораше да се премести од неговата првична местоположба, заради реновирање, или поточно за поправка на ѕид оштетен во земјотрес. Работата за зачувување на палатата трае од 2015 година, а ѕидот беше завршен во декември 2024 година. Притоа, сите 2.185 камења се вратени на ...
Со својата репутација на рај за забави, омилен кај познати личности и меѓународни ѕвезди од А-листата, островот Миконос постепено се етаблира како една од најбараните луксузни дестинации за недвижности на Медитеранот. Вилите за продажба на Миконос се одлична инвестиција, идеални за зголемување на капиталот. Луксузот се плаќа и 30.000 евра по квадрат Луксузните вили со клуч на рака на врвни локации на брегот како што се Алеомандра, Свети ...
49-годишен возач на ЈСП Скопје пријавил дека бил физички нападнат додека ги извршувал работните обврски со автобус во централното градско подрачје. Случајот бил пријавен во СВР Скопје во вечерните часови, а според пријавеното, инцидентот се случил на автобуска постојка во Центар. На нападот, според неговото сведоштво, му претходела опасна ситуација. Едно лице се обидело да влезе во автобусот додека тој бил во движење на булевар. Возачот не ...
Србија од 1 октомври воведува законски статус родител-негувател за родители кои се целосно посветени на грижата за деца со најтешки форми на попреченост и зависност од туѓа помош, со месечен надомест од 65.000 динари месечно (554 евра) и платени придонеси. Српското министерство за труд, вработување, ветерани и социјални работи соопшти дека од 1 октомври 2026 година родителите ќе можат да поднесуваат барања за остварување на статусот ...
Против 48-годишен маж од Прилеп е поднесена кривична пријава под сомнение дека во повеќе наврати сексуално ја злоупотребувал својата малолетна поќерка. Според информациите од полицијата, случаите се случувале во текот на август годинава, а жртвата е дете помладо од 15 години. СВР Битола го товари мажот за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Полицијата не открива дополнителни детали за случајот, со цел да се заштити ...
„Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција! Како инженер по информатика, а денес и како пратеник, на дата-центрите гледам како на критична инфраструктура за иднината на Македонија. Прашањето не е дали светот ќе користи дата-центри. Ќе користи! Прашањето е: дали Македонија ќе биде дел од таа инфраструктура или ќе им плаќа на други држави за нивните услуги?“. Вака се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од ...
Во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, при што рударството учествувало со 10,9% во индустриското производство и со 2,8% во вкупниот извоз на државата – истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на одбележувањето на Денот на рударите. Таа посочи дека во истата година приходите од концесиски надоместоци достигнале над 1,22 милијарда денари 19,8 ...
На неделно ниво веќе има тренд на намалување на бројот на заболени од западнонилска треска, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. На прес-конференцијата присуствуваше и Драган Кочински од Институтот за јавно здравје, кој рече дека во 33-тата недела имало пик со 11 случаи, а оттогаш во 34-тата недела бројот се намалува. – Во Драчево има јасна причинско-последична врска со земјеното прскање на критичните ...
Тело на 83-годишен скопјанец е пронајдено во водите на реката Вардар, во близина на подрачјето на Гази Баба. Случајот бил пријавен во СВР Скопје во раните утрински часови, по што на терен излегла екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарникарите го извлекле телото од реката, по што било извршено препознавање од страна на семејството. Било утврдено дека се работи за Т.Г. (83) од Скопје. Станува збор за човек чие ...
Поранешниот премиер и актуелен пратеник на СДСМ, Димитар Ковачевски, со саркастична порака реагираше на одлуката на Советот на Општина Пехчево да ја отфрли иницијативата за урбанистичка документација за изградба на дата-центар, со што испрати поинаков сигнал од актуелното раководство на неговата партија. „Имала среќа Америка што Пехчево не е во Силиконска долина, а богами и Кина што Пехчево не е во Шангај… што би правеле денес со вишокот ...
Нова веб-страница healthalert.mk на која има податоци за состојбата со западнонилската треска, ризичните подрачја и преземените активности, промовира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Опфатени се податоци од Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, а во иднина ќе има податоци и од Агенцијата за храна и ветеринарство. – Со цел да обезбедиме навремено и ...
Според британските медиуми, принцот Хари и Меган Маркл заедно со своите деца, седумгодишниот Арчи и петгодишната Лилибет, слетале во Велика Британија, шест години откако го напуштија кралскиот живот и се преселија во САД. Семејството пристигнало на аеродромот во Бирмингем денес (среда – 26.08) околу пладне, со приватен лет од Калифорнија, објави „Телеграф“, а информацијата ја пренесе и Индепендент. Нивното враќање доаѓа само една недела ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска објави метеоаларм за утре, 27 август, врз основа на кој одредени делови на државата се во портокалова фаза. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала со умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Во Скопје и Демир Капија се предвидува температурата да достигне до 39 степен, во Гевгелија 38, додека во Велес и Штип до 37 степени. За време на ...