Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека проблемот со неисправната вода за пиење во Гостивар не е нов, туку, како што наведуваат од партијата, претставува резултат на „децениска негрижа“ на претходните власти предводени од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари. Во партиското соопштение се посочува дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, не треба да ја користи актуелната состојба за политички напади, туку да одговори зошто, како поранешен министер за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов круг разговори со ирански претставници, откако привремено се откажа од нови воени напади врз Иран. Преговорите, според неговата најава, треба да се одржат денеска. Трамп ова го изјави пред новинарите во претседателскиот авион „Air Force One“, додека патуваше од Њу Џерси кон Вашингтон. Тој не откри каде ќе се одржат разговорите, колку ќе траат, ниту кои претставници ќе учествуваат во нив, ...
Мароканската влада ги обвини дезинформациите на социјалните мрежи и мрежите за трговија со луѓе дека стојат зад масовниот бран мигранти кои последните денови влегоа во шпанската ексклава Сеута. Според мароканското Министерство за внатрешни работи, лажни информации објавувани на социјалните мрежи, активностите на криумчарските групи и погрешното толкување на одлука на шпански суд ги навеле мигрантите да поверуваат дека можат да влезат во ...
Сончево и многу топло време со температури до 39 степени се очекува денеска низ Македонија. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, додека во источните предели ветерот ќе биде од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 9 до 19 степени, а дневните ќе достигнат од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево, топло и ветровито време. Минималната температура ќе изнесува околу 18 ...
Необичен и мистериозен настан ги шокираше капачите откако морето исфрли на брегот 700.000 евра спакувани во пластични кеси. Еврата биле спакувани во пластични кеси, ставени во кеса од „Лидл“ и уште една кеса за пазарување со кечап од домати од малтешкиот бренд „Three Hills“. Инцидентот се случил на 28 јули. На глисерот, долг околу 5,5 метри, му снемало гориво недалеку од брегот на Казуца, западно од Марина ди Рагуза. Во него се наоѓале тројца ...
Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер вечерва е почувствуван во Скопје. . Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 21 часот и 54 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентрално подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, Ml2.5. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV ...
Српскиот премиерот проф. д-р Ѓуро Мацут ги повика српските граѓани да штедат струја во наредните 10 дена поради нискиот водостој во земјата. Тој најави дека утре ќе се одржи вонредна седница на Штабот за вонредни ситуации поради високите температури во Србија и ситуацијата со водостојот во земјата. – Темата е водостојот, односно високите температури. Поради тоа и водостојот е низок, но покрај тоа загрозено е, всушност, и производството на ...
Нивото на реката Рајна кај Келн го достигна историскиот минимум од 67 сантиметри, а слична е ситуацијата и на другите мерни локации, соопшти денеска германската Управа за водни патишта и бродарство. Низводно, во Дуизбург-Рурорт, водостојот на Рајна за првпат падна на своето рекордно ниско ниво од 153 сантиметри, накратко дури и малку под тоа, но нивото на водата повторно почна да расте, пренесува неделникот „Шпигл“. Спротивно на ...
Во самоубиствен напад пред полициска станица во северозападен Пакистан загинаа најмалку 14 луѓе, од кои пет полицајци и осум цивили, како и бомбашот-самоубиец. Инцидентот се случил на подрачјето Кабал, во покраината Хајбер Пахтунхва, при што се повредени над 20 луѓе. Насилството на бунтовниците во пограничните области на Пакистан нагло се зголеми изминатите месеци, а армијата и полицијата се главни цели на нападите. Пакистанската влада за ...
Повеќе воени и цивилни разузнавачки неименувании извори тврдат дека владата на Шпанија со денови била предупредувана на ризик од масовно доаѓање на мигранти во северноафриканската енклава Сеута, објави „Евроњуз“. Разузнавачките служби алармирале дека кралот на Мароко, Мухамед VI, по повод Денот на тронот би можел да биде „великодушен“. Веднаш потоа пристигнале извештаи дека луѓе со автобуси се превезуваат до границата, а мигранти пливаат од ...
Почина д-р Никола Стојановски – првиот претседавач на повеќепартиското Собрание и еден од последните живи првоборци од НОБ, долгодишен претседател и почесен претседател на на Сојузот на борците на Македонија. Со смртта на д-р Никола Стојановски, Македонија изгуби сведок на речиси цел еден век од својата современа историја – лекар, антифашист, пратеник и јавен деец, чиј живот беше нераскинливо поврзан со најзначајните настани во државата, од ...
Организаторите на унгарскиот психоделичен фестивал Озора, еден од најголемите транс настани во Европа, денеска одлучија предвреме да го прекинат фестивалот поради смрт на двајца посетители. Американец вчера паднал од една од декоративните конструкции околу главната бина. Властите и организаторот претпоставуваат дека 45-годишниот маж се самоубил. Вчера почина и 39-годишна Унгарка, „најверојатно поради интензивната горештина“. Со оглед на овие ...
Бројот на жртви од експлозијата во ресторанот „Балзи Роси“ на Кудринскиот плоштад во Москва порасна на пет, додека повеќе од шест лица се во тешка состојба, пренесе рускиот сервис на Радио Слободна Европа. Според руските медиуми, две лица починале во болница. Рускиот Национален антитерористички комитет (НАК) претходно пријави три смртни случаи – жена која, според зборовите на истражителите, донела експлозивна направа од домашно производство, ...
Двајца загинати е билансот на несреќата што се случи кога два противпожарни хеликоптера „Бел“ се судрија во воздух, за време на гаснење на големиот шумски пожар кај Псата, западно од Атина. Во несреќата животите ги загубија романски пилот и грчки навигатор, додека останатите двајца членови на екипажите се спасени. Пилотите на двата хеликоптера биле Романци, а навигаторите Грци. Според првичните информации, леталата се судриле при ниско ...
Силен дожд и невреме се заканија да го прекинат концертот на Хари Стајлс во Мексико Сити. Но, британската поп-ѕвезда не дозволи временските услови да го прекинат шоуто. За време на настапот, сцената стана лизгава, а Стајлс во еден момент изгуби рамнотежа и падна, но веднаш стана и продолжи да пее, освојувајќи громогласен аплауз од илјадниците обожаватели. Настанот се случи на 1 август, кога мексиканската престолнина беше зафатена од силен ...
На граничните премини меѓу Хрватска и Црна Гора – Карасовиќи (Дебели Бријег) и Витаљина (Конфин) – од раните утрински часови е забележан целосен сообраќаен колапс. Според информациите од терен, се формирала редица возила долга повеќе од 20 километри, која се протега сè до Чилипи и Жупа Дубровачка. Според официјалните податоци од Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК), објавени од N1 БиХ, чекањето за преминување на границата е повеќе од десет ...
Пејачката Дуа Липа сподели моменти зад сцената на фестивалот „Сани Хил“ по првата вечер од настанот што се одржува во Приштина, а на кој главна ѕвезда беше американската пејачка Кејти Пери. Пред илјадници обожаватели на сцена во знакот на вселената, Кејти Пери и нејзините танчари излегле во костуми како астронаути. Додека Кејти Пери ги изведувала своите најголеми хитови, членовите на танцовата група ѝ подале знаме на Косово, а таа го кренала ...
Светската музичка ѕвезда Рита Ора одржа спектакуларен концерт синоќа на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Рита во Македонија допатува со својот сопруг, познатиот режисер Таика Ваитити. Дел од престојот го искористија за прошетка низ старото градско јадро, покрај охридското крајбрежје и најпознатите знаменитости. Иако потекнува од семејство со корени од Косово, ова е нејзин прв настап во Охрид. Заедно со Ора, на сцената настапија Senidah ...
Битола беше музичкиот центар на Балканот во пресрет на Илинден. Легендарниот Здравко Чолиќ одржа тричасовен концерт на стадионот „Петар Милошевски“, пред повеќе од 15.000 посетители. Публиката, која пристигна од цела Македонија и од соседните земји, пееше во еден глас со балканската музичка икона, претворајќи ја вечерта во вистински спектакл. Градот беше преполн со гости од Македонија и од регионот, а концертот се претвори во собир на повеќе ...
За време на операција за гаснење шумски пожар во областа Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во воздух се судрија два хеликоптера кои учествуваа во гаснењето на пожарот, а во тек е акција за спасување на членовите на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека веднаш беа мобилизирани сили за спроведување операција за пребарување и спасување на членовите на ...
Владата на Унгарија донесе уредба со која се предвидува големите потрошувачи кои нема да ја намалат потрошувачката на струја да можат да бидат исклучени од снабдувањето со електрична енергија, пренесе унгарскиот портал „Индекс“. Унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека мерката стапила во сила синоќа во 19:00 часот. „Во овој момент е објавена владината уредба која стапува во сила во 19:00 часот и овозможува големите индустриски потрошувачи ...
Јапонската компанија „Kakinoki Fireworks“, која произведува пиротехнички средства за огномет, и еден универзитетски професор заеднички развија поеколошки огномет со обвивки кои можат да се растворат во вода и природно се разградуваат по употребата, во надеж дека ќе се намали количеството отпад што паѓа на земјата по испукувањето. Топката на огнометот се состои од слоеви барут во надворешната обвивка, која при експлозијата се распрскува и паѓа ...
Четиригодишно девојче испило дел од капсула за перење алишта и било однесено во Итната помош во Берово. Како што соопшти полицијата, на 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово и се преземаат мерки ...
Холивудската актерка и добитничка на Оскар, 53-годишната Гвинет Палтроу, конечно отвори личен профил на ТикТок, а нејзината прва објава веднаш предизвика големо внимание. Во краткото видео, снимено на различни локации низ Европа, се појавуваат и неколку кратки сцени во кои актерката е топлес, додека лежи во кревет или се релаксира во када. Видеото е направено во препознатлив, самоироничен стил. Палтроу се снима на брод, во хеликоптер, авион, ...
Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, денеска изјави дека нискиот водостој на Дунав предизвикува бројни проблеми во енергетскиот сектор, истакнувајќи дека хидроелектраната „Ѓердап“ никогаш немала помало производство. Според неа, во последните три месеци е забележано рекордно ниско производство на електрична енергија, па така „Ѓердап 1“ работи со 20 отсто од капацитетот, а „Ѓердап 2“ со 30 отсто. – ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека иранскиот режим никогаш не се соочил со претседател како Доналд Трамп, кој е подготвен да преземе конкретни мерки за да го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. Рубио во интервју за „Фокс њуз“ оцени дека Иран во последните 20 до 30 години се навикнал меѓународната заедница, вклучително и САД, да толерира измами, кршење на постигнатите договори и избегнување на преземените обврски, ...
И опозициските партии и политички лидери го одбележаа Илинден со пораки во кои, покрај историското значење на празникот, доминираа и актуелните политички теми – од суверенитетот на државата, преку меѓуетничките односи, до европската интеграција. Од Левица порачаа дека АСНОМ претставува „најголемата обврска преземена пред идните поколенија“ и оценија дека секоја генерација има историска одговорност да ја остави државата посилна отколку што ја ...
Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, друштвото „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ упатија честитки по повод 2 Август – Илинден, порачувајќи дека празникот претставува завет на достоинство и симбол на единството на Македонците. „Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, посветен на Илинденското востание од 1903 година, како и на славниот Илинден од 1944 година, кога беа поставени темелите на современата ...
Пожарите кои зафатија повеќе од 100.000 хектари во американската сојузна држава Вашингтон предизвикаа масовни евакуации и прекини во снабдувањето со електрична енергија во областа на Спокен, соопштија локалните власти. Околу 4.000 луѓе се борат против повеќе од 10 пожари ширум државата, изјави синоќа комесарот за јавно земјиште на Вашингтон, Дејв Аптергров, за време на виртуелна прес-конференција. Гувернерот на Вашингтон, Боб Фергусон, вчера ...
Шпанските власти соопштија дека 53.000 од вкупно 60.000 мигранти кои влегоа во Сеута се вратиле во Мароко, но дека бројот на загинати се искачил на 86 лица, пренесе Скај њуз. Некои од мигрантите кои пристигнале во Сеута им изјавиле на новинарите дека се мачеле да најдат храна и сместување, наведува „Скај њуз“. Неколкумина од нив раскажале дека ноќта морале да ја поминат спиејќи во шумите околу градот, додека други пријавиле тепачки за храна. ...