Поради одржувањето на Светското првенство во риболов на Мавровското Езеро, риболовот е забранет, како и употребата на пловни средства. Јавното претпријатие Национален парк „Маврово“ информира дека забраната за спортски, рекреативен и секаков друг вид риболов стапува на сила на 26 август и ќе трае до 7 септември 2026 година, односно до целосното завршување на првенството. Одлуката е донесена со цел заштита на рибите пуштени специјално за ...

Вероника Консевиќ ја заокружи убавата македонска приказна од Медитеранските игри во Таранто. Македонската борачка освои бронзен медал, а радоста ја споделила со своето 11-месечно бебе кое њ со неа на Игрите. Консевиќ, единствената македонска претставничка во борење во слободен стил, настапи во категоријата до 57 килограми. Во борбата за бронзата ја совлада српската борачка Милица Перовиќ со 7-5. Успешниот македонски ден го продолжи и Ален ...

Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 го претстави специјалниот јубилеен дрес со кој ќе настапува во новата сезона. Дизајнот е инспириран од големиот јубилеј – 65 години од основањето на клубот, години исполнети со големи победи, европски трофеи и генерации ракометари кои го испишаа името на Вардар во историјата, и на македонскиот и на европскиот ракомет. Во новата сезона, на гостински терен Вардар ќе настапува во дрес со кој тимот ...

Ако постои една реченица што совршено ја опишува Доли Партон, тоа е: „It costs a lot of money to look this cheap“ – „Чини многу пари, за да изгледаш толку евтино“. Таа ја кажувала со децении, толку често што станала нејзин заштитен знак. Иако деновиве повеќе медиуми повторно ја поврзуваат реченицата со филмот „The Best Little Whorehouse in Texas“ од 1982 година, самата Доли во интервју за „Vogue“ во 2016 година рекла дека ја користи повеќе од ...

Вашингтон и Пекинг се далеку пред Брисел во трката за обезбедување на критични минерали кои се неопходни во одбранбената индустрија и зелените технологии, оценува „Фајненшел тајмс“. Претставници од индустријата од Европа прогнозираат дека Унијата ризикува да заостане уште повеќе зад САД во трката за обезбедување на критични минерали, во период кога Западот се обидува да се спротивстави на кинеската доминација во основните компоненти за ...

Акцијата за ослободување на грчките плажи од нелегално поставени предмети продолжува на Халкидики. Екипи на општина Полигирос со булдожер отстранија приватни чадори, лежалки и маси од плажата Каливија, со цел повторно да се обезбеди слободен пристап до јавниот простор. Акцијата започна во 7 часот наутро, а на терен биле отстранети предмети кои со текот на времето останале поставени на плажата и практично го ограничувале просторот достапен за ...

Адвокатите на Ендрју и Тристан Тејт признале дека дел од раскошот со кој браќата се фалеле на социјалните мрежи бил само добро режирана претстава. Суперјахтата од 50 милиони долари не била нивна, додека автомобилот „Астон Мартин“ и двата „Бугати“ биле изнајмени реквизити. Одбраната сега тврди дека Тејтови „играат улога“ за да создаваат прегледи, влијание и приходи. Признанието дошло во судска постапка во Мајами. Браќата се во федерален ...

Силна ненадејна поплава го погоди хималајскиот регион на Непал, по должината на границата со Тибет, каде што водата однесе села и сериозно оштети патишта, мостови и енергетски проекти. Властите предупредија дека се можни многу човечки жртви. Официјалните лица велат дека најтешко погодени области се Сјапру Беси и Тимуре во планинскиот округ Расува, каде што живеат околу 50.000 луѓе. Жителите што живеат по бреговите на реката Бхоте Коши се ...

Норт Вест, 13-годишната ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест, можеби расте во едно од најпознатите семејства во светот, но вели дека следната година сака да има нешто сосема обично – работа во Starbucks. Во интервју за „Dazed“, Норт била прашана што би работела доколку не се занимава со музика. Наместо да избере некоја гламурозна професија, таа одговара дека сака да работи во Starbucks. Објаснува и дека следната година ќе наполни 14 години и ...

Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во акушерското одделение во главниот град на Пакистан, Исламабад, соопштија локалните спасувачки служби. Пожарот веројатно бил предизвикан од дефект во кабинетот за климатизација во раните утрински часови, соопштија официјални лица. Само едно од новороденчињата во одделението било спасено. Одделот за акушерство е дел од Пакистанскиот институт за медицински науки. Најмалку 16 новороденчиња биле во ...

По смртта на Доли Партон, повторно се актуелизира едно прашање за нејзиниот речиси шестдецениски брак со Карл Дин – зошто славниот пар никогаш немал деца? Доли низ годините отворено зборувала за тоа, а нејзините изјави покажуваат дека приказната не била едноставна. Кога се венчале во 1966 година, Доли и Карл всушност очекувале еден ден да станат родители. Во едно интервју таа открила дека дури имале и име за девојче – Карла, според Карл. – ...

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека до граѓаните пристигнуваат лажни SMS-пораки во кои се тврди дека „даночниот поврат е подготвен“, а во пораката е приложен и линк. Оттаму предупредуваат дека станува збор за можен обид за измама и апелира граѓаните да не го отвораат линкот и да не оставаат лични или банкарски податоци. Од УЈП велат дека информациите поврзани со даночните услуги и повратот на ДДВ треба да се проверуваат исклучиво ...

Утрово во 3 часот завршија теренските активности за третото вонредно прскање против комарци на територијата на општина Гази Баба, информира градоначалникот Бобан Стефковски. Во текот на ноќта екипите поминаа низ населбите Керамидница, Смилковци, Црешево, Стајковци, Сингелиќ, Ченто, Инџиково, Маџари, Триангла, Хиподром, Ергеле, Трубарево, Раштак, Булачани, Виниче, Брњарци, Гоце Делчев, Јурумлери, Идризово, Дрма, Колонија, Кирил Петрушевски, ...

Во петок православните христијани го одбележуваат еден од најголемите празници денот на Успението на Пресвета Богородица. Одбележувањето на празникот во манастирот кај Матка посветен на Успението на Пресвета Богородица започнува на 27 август со вечерна литургија, а потоа се одржува сеноќно бдение. Утрото на 28 август Божествената литургија по повод празникот започнува во 8:30 часот, а со неа ќе чиноначалствува митрополитот ...

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, привремено ги суспендира термините за поднесување барања за визи ширум светот, во рамки на заострувањето на имиграциската политика. Портпаролот на Стејт департментот изјави дека е покрената глобална програма за обука во сите американски амбасади и конзулати и дека термините за визни услуги ќе бидат приспособени за да се овозможи нејзино спроведување. Трамп спроведува опсежна кампања за ...

Албанија бележи зголемување на бројот на посетители, кој за седум месеци забележал раст од 6,5%, споредено со истиот период минатата година. Според податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ) во периодот јануари – јули, во Албанија влегле 7.014.168 странски државјани, или 6,5% повеќе отколку во истиот период минатата година. Најголем број странски посетители влегле во јули или 1.955.099 што е зголемување од 7,1% во споредба со ...

Израелскиот пратеник Зви Сукот со чекан удирал по палестински споменик во селото Мадама на Западниот Брег. Крајнодесничарскиот политичар бил придружуван од израелски војници, но неговата акција не била дел од одобрениот план. Сукот, пратеник од партијата Религиозен ционизам, објавил и снимка од инцидентот. На неа се гледа како тој и неговите соработници со чекани го оштетуваат споменикот. Израелската армија потврдила дека ја одобрила посетата ...

Дваесет и три лица останаа заглавени високо над земјата околу три часа откако рингишпил се расипа на саем во северниот германски град Хамбург, соопшти полицијата. Возењето запрело доцна синоќа поради технички дефект, што предизвика голема интервенција на полицијата и пожарникарите во обид да ја спуштат конструкцијата и да спречат паника меѓу заглавените луѓе, јави ДПА. Според весникот „Билд“ (Bild), патниците биле заглавени на околу 30 метри ...

Американскиот претседаел Доналд Трамп нареди знамињата на федералните објекти низ САД да бидат спуштени на половина копје во чест на Доли Партон, која почина на 80-годишна возраст. Мерката ќе трае една недела, почнувајќи од 18 часот на 25 август. Трамп ја опиша Партон како „една од најголемите кантри-пејачки“ и порача дека нејзината смрт е огромна загуба за милиони луѓе. – Никогаш немало никој како неа, и никогаш нема да има. Почивај во мир, ...

На депонијата „Мелци“ продолжува интензивната интервенција по вчерашниот пожар. Екипите ќе работат се додека не биде изгаснат и последниот жар и не се создадат услови за целосно ставање на пожарот под контрола, соопшти доцна синоќа кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. „Станува збор за пожар кој, според досегашните сознанија и начинот на неговото избивање, покажува сериозни индиции дека е подметнат. Ова не е само напад врз депонијата, ова ...

Причината за смртта на Доли Партон е откриена – легендарната кантри-пејачка починала по кратка битка со рак, потврдиле нејзините претставници. Досега јавноста не знаеше од што починала 80-годишната музичка икона, а сега е потврдено дека зад нејзината смрт стоела тешка болест. Сепак, останува непознато од каков вид рак боледувала Доли. Нејзините претставници не откриле ниту кој орган бил зафатен, ниту кога точно ѝ била поставена дијагнозата. – ...

Две лица, жители на Пенсилванија, починаа откако заболеа од морбили (мали сипаници), со што се регистрирани првите такви смртни случаи оваа година во Соединетите Држави, кои се соочуваат со најголем број заболени од оваа исклучително заразна болест во повеќе од три децении, додека стапката на вакцинација опаѓа. Двете починати лица биле невакцинирани и живееле во округот Ланкастер, соопшти Министерството за здравство на Пенсилванија во ...

Големиот пожар кој вчера беснееше над 13 часа кај селата Долно и Горно Чичево, доцна синоќа беше целосно изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, на кои напомош им дојдоа нивните колеги од ТППЕ од Кавадарци и Неготино и пет доброволци од Доброволно друштво од Неготино ангажирани од Дирекцијата за заштита и спасување и четири Огнени тимови со возила ангажирани од ДСЗ, како и три ер трактори и хеликоптер на МВР. Сите ...

Една од таквите приказни е онаа за Словените „од зад Карпатите“: претставата дека во VI и VII век големи популации од источна и североисточна Европа се придвижиле кон Дунав и кон Балканот и постепено го промениле етно-јазичниот состав на регионот, ги поминале Карпатите и за неколку децении ја населиле и асимилирале практично цела Југоисточна Европа. А што се случило со оние што биле таму? Каде се некогашните Германци, Илири, Траки, Македонци, ...

Продолжениот викенд ќе помине во знакот на многу топло време, со температури кои во петок и сабота ќе се доближат до 40 степени, прогнозира УХМР. Во петок се очекува сончево и многу жешко време со максимална температура од 39 степени, а чувството на топлина ќе достигнува околу 40 степени. УВ индексот ќе биде висок – 7, па се препорачува претпазливост при подолг престој на отворено. Во сабота температурата ќе достигне 38 степени, со претежно ...

Украина не треба да напредува кон членство во Европската унија побрзо од земјите од Западен Балкан, кои се подолго во процесот на европските интеграции – рече словачкиот премиер Роберт Фицо по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Братислава. Фицо рече дека Словачка го поддржува проширувањето и членството во ЕУ за сите земји кои ги исполнуваат потребните услови, но дека истите правила мора да важат за сите ...

Во Клиничката болница во Тетово беа доделени 145 решенија за вработување за здравствениот кадар кој со години работел без регулиран статус. На овој настан присуствуваа лидерите на ВЛЕН, заменик-претседателот на Владата, како и министерот за здравство Сашо Клековски. Клековски рече дека овие решенија биле неопходни за функционирањето на болницата и стабилизирањето на кадарот. Тој истакна дека со овој чекор конечно се решава статусот на ...

Шест нови случаи на западнонилска треска се регистрирани во земјава за еден ден, со што вкупниот број на потврдени случаи достигна 50, јави ТВ Сител. Петмина од новозаболените се од Скопскиот Регион. Тројца се жители на Гази Баба на возраст над 70 години, еден пациент е од Зелениково и има 26 години, а еден е од Аеродром, на возраст од 59 години. Прв случај е потврден и во Куманово. Според информациите од тамошниот Центар за јавно здравје, ...

Жител на тетовското село Волковија пријавил во полиција дека некој пукал во неговиот бик со воздушна пушка и го повредил животното. Случајот бил пријавен на 24 август во 12:45 часот во СВР Тетово. Пријавата ја поднел 59-годишниот Б.П. од Волковија, кој информирал дека на неговото домашно животно му биле нанесени повреди од истрели од воздушна пушка. Полициски службеници излегла на местото, извршиле увид и собрале информации за утврдување на ...

Украина се чини дека полека ја губи војната против Русија и има уште неколку месеци да донесе клучни одлуки за да го сврти текот на конфликтот во своја корист – изјави за Ројтерс разрешениот украински министер за одбрана Михаило Федоров, пренесуваат западни медиуми. – Мислам дека сега сме на пресвртница што ќе ја одреди нашата иднина, но изгледа дека постепено, полека губиме – изјави Федоров, значително отстапувајќи од официјалната реторика ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Кобалт

33.53