Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности и спроведувањето на предвидените реформи. Во објава на Фејсбук тој посочи дека посветеноста на реформскиот процес подразбира координиран институционален пристап, јасно утврдени цели и конкретни чекори за унапредување на функционирањето на институциите. „Продолжуваме со посветена работа на реформите ...
Хакерски напади врз системите за ладење во супермаркети низ Европа деновиве предизвикаа сериозни проблеми, уништување големи количества храна и отворија прашања за безбедноста на дигитално поврзаната инфраструктура. Напаѓачите успеале да добијат далечински пристап до контролите на фрижидерите и на замрзнувачите, а во дел од случаите температурите биле подигнати до 50 степени Целзиусови. Еден од најшокантните детали е дека во некои сучаи ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека на американскиот претседател, републиканецот Доналд Трамп, му порачал „Горе главата“ по изборите за Конгресот на САД, на кои Демократската партија освои мнозинство во двата дома на Конгресот. Поранешниот премиер на Холандија рече и дека НАТО е „платформа на која Американците можат да ја покажат својата сила“. – Тоа во голема мера е во наш интерес, имајќи предвид дека ние, Европејците, сè ...
Непријателот нема да може да го спречи Иран да произведува и да модернизира оружје ниту за момент, изјави денеска портпаролот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), бригадниот генерал Хосеин Мохеби. Тој најави дека ако дојде до трет бран судири со САД и со Израел ќе откријат „достигнувања кои ќе го изненадат светот“. – Постои и оружје на иранските Воздухопловни сили кое ќе биде откриено и оперативно во случај на трет бран обновување на ...
Венко Филипче и партнерите од СДСМ треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. – Филипче и неговите партнери свесно шират лаги и манипулации за случајот со Алта банка, случај кој постои во друга држава, но не и во Македонија. Филипче и неговите партнери од петни жили се обидуваат сликите од немирите во другите држави да ги пренесат во Македонија, нешто ...
Заклучокот на Европската комсија за „добар напредок“ и подигнато ниво на подготвеност во областа на дигиталната трансформација е заначаен резултат за Македонија, рече ресорниот министер Стефан Андоновски. Според него, европската оценка е важна потврда, а секојдневното искуство на граѓаните е трајна мисија на Министерството за дигитална трансформација за помалку одење по шалтери, побрзи постапки, побезбедни услуги и повеќе можности за ...
На сцената на Фестивалскиот центар во МКЦ вчера се одржа мастерклас со еден од најуспешните регионални филмски професионалци со длабоко искуство во продукцијата, режијата и во глумата – Драган Бјелогрлиќ. Во едночасовната дебата со директорот на Скопје Филм Фестивал, Томи Салковски, преку пластични примери во спојот на уметноста и комерцијалното, Бјелогрлиќ ја отвори и темата дека без разлика каков филм е создаден, без кино не може да го ...
Македонската ракометна репрезентација го совлада Луксембург со убедливи 41:23 (20:10) на стартот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров доминираа од првата минута, а натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го одбележа и дебито на Дмитро Горига, кој ја испеа македонската химна и постигна три гола. Македонија го отвори натпреварот со водство од 9:1, додека Луксембург го постигна ...
По повеќе од 13 години заедничка работа, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа и нејзиниот тренер Димитар Лабудовиќ ја завршуваат долгогодишната соработка. Лабудовиќ се прости од Ѓорческа со емотивна објава на социјалните мрежи, потсетувајќи се на заедничкиот пат исполнет со успеси, предизвици и историски спортски моменти. Во изминатите 13 и пол години, Ѓорческа освои 62 титули на професионалната тениска турнеја во сингл и во двојки. ...
Кристијано Роналдо објави дека става крај на репрезентативната кариера и дека повеќе нема да го носи дресот на Португалија. Петкратниот освојувач на „Златната топка“, кој со години беше предводник на националниот тим и најдобар стрелец во неговата историја, се прости од репрезентацијата со емотивна порака до португалските навивачи. По 23 години настапи за својата земја, 41-годишниот напаѓач најави дека е време да го предаде дресот со број 7. ...
Непријатен инцидент го одбележа натпреварот меѓу „Сакраменто Кингс“ и „Лос Анџелес Лејкерс“, откако навивач од првиот ред ја фрли топката кон една од судијките и ја погоди во раката. Реакцијата на Лука Дончиќ беше моментална, а обезбедувањето веднаш го отстрани гледачот од арената. Инцидентот се случил во третата четвртина, на две минути и 35 секунди пред нејзиниот крај. По една изгубена топка на домашниот тим, топката завршила кај навивач ...
Голманот на Андора, Хесус Овоно, целосно се изолирал во својот дом по трагичниот судир во кој животот го загуби фудбалерот на Тенерифе, Хесус де Мигел. Овоно не сака да контактира со никого, додека се соочува со расистички навреди и закани со смрт. Шпанија денеска се прости од 31-годишниот напаѓач, кој беше погребан во родниот крај во провинцијата Толедо. – Овоно е скршен. Тој е затворен во својата куќа, отсечен од светот. Во моментов, тој ...
Загадочна порака од сестрата на Кристијано Роналдо отвори нови прашања за неговото повлекување од португалската репрезентација. Катија Авеиро на Инстаграм напиша дека има многу што да каже, но дека времето ќе покаже дали постојат работи што допрва треба да се разјаснат. Нејзината објава следуваше откако 41-годишниот фудбалер официјално потврди дека ја завршува репрезентативната кариера по 23 години. „Би можела да кажам многу, но времето ...
Александер Зверев стана најдобриот тенисер на светот, но наместо честитки доби прашања дали навистина го заслужува првото место на АТП-листата. Германецот не го крие разочарувањето од критиките што го следат неговиот најголем успех во кариерата. По елиминацијата на Мастерсот во Париз, тој порача дека се чувствува како единствениот светски рекет број еден што мора да се правда за сопствениот успех. Зверев го презеде врвот на АТП-листата по ...
Украинскиот ракометар Дмитро Горига покажа колку му значи настапот за Македонија уште пред да го одигра првиот натпревар во националниот дрес. Додека се интонираше македонската химна, тој ја пееше заедно со своите нови соиграчи, а снимката од овој момент привлече внимание во јавноста. Хориха дебитираше во вчерашната победа над Луксембург, на стартот од квалификациите за Европското првенство. Македонија го совлада Луксембург со убедливи 41:23 ...
Т.А. од Скопје е најновиот среќен добитник на Супер милионер на ВЛТ терминалите на Видеолотарија Касинос Австрија. Тој освои џекпот во вредност од 7.418.699 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Спортлајф“ на 02.11.2026 година во Скопје. Среќната игра што ја донесе милионската добивка е „Desert Wealth CAP“. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот и му ...
Францускиот селектор Зинедин Зидан го објави списокот од 23 фудбалери за претстојните натпревари против Италија и Турција во Лигата на нациите, со четири нови имиња во составот и неколку значајни враќања. Најголемото изненадување е повикот за 23-годишниот Пабло Пажис од ФК Париз, кој досега не настапил за сениорската репрезентација. Последните фудбалери на Париз ФК што добиле повик во француската репрезентација биле Луј Флош и Жан-Пол Ростањи ...
Познатиот гитарист и музичар Лени Кравиц мораше да демантира дека загинал во авионска несреќа во Флорида, откако на социјалните мрежи се прошири лажна информација дека славниот рок-музичар бил меѓу деветмината патници и членови на екипажот на приватниот авион „Лирџет 60“, кој се урна во неделата. Гласините добија толкав замав што „Гугл“ накратко го прикажувал Кравиц како починат во својот информативен панел, пред грешката да биде исправена, ...
Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор имала детство обележано со отсуството на татко ѝ, кој ја напуштил кога имала само две години и никогаш повеќе не сакал да воспостави контакт со неа. За болната семејна приказна таа зборувала во неколку наврати, а сега повторно се наврати на неа во делови од емисијата на подкастот „Маме код Лане“. Косор раскажува дека бракот на нејзините родители бил ужасен и дека татко ѝ ја тепал мајка ѝ, а таа ...
Италијански готвач во Австралија останал без работа откако одбил да подготви пица со шунка и ананас, образложувајќи дека ставањето ананас на пица е навреда за неговата култура. Давиде Тамбурела бил отпуштен во мај од ресторанот „Ла Коста“ во Бризбејн, кој во меѓувреме престанал да работи, а случајот завршил пред австралиската Комисија за правични работни односи. Во однос на ананасот, Комисијата забележала дека ова не бил првпат готвачот да ...
52-годишен Британец ќе се соочи со судење во Сингапур под обвинение за криење камера во тоалет на авион за време на лет од Јапонија. Полицијата соопшти дека човекот далечински го активирал снимањето користејќи го својот мобилен телефон. Инцидентот се случил на 7 октомври, а сингапурската полиција ги објави деталите во средата, пренесе „Индипендент“. Според првичната истрага, човекот, чиј идентитет не е објавен, ја поставил камерата во еден од ...
Мистериозни лица облечени во одори на калуѓерки, со бели маски на лицата, кои во последните недели се појавуваат на улиците во градовите низ Србија, ги вознемирија граѓаните, особено родителите и децата, пишуваат српски медиуми. Иако на социјалните мрежи се проширија различни теории за нивното потекло, се покажало дека станува збор за вирален тренд од Тикток, чија цел е да предизвика страв и да собере прегледи и лајкови. Граѓани пријавувале ...
За Бети Котовчевска од Ресен, позната како Бетика или „ледената кралица“, календарот не е пречка за капење. Таа ја отвори сезоната на капење во студени води во реката Црн Дрим во Струга, а фотографијата од ноемвриското капење ја објави на својот инстаграм-профил со кратка порака: – Сезоната официјално отворена. View this post on Instagram A post shared by Betika ✨ (@_betika_) За неа, ова не е само необично хоби, туку начин на живот што го ...
Британскиот комичар, актер и поранешен телевизиски водител Расел Бренд (51) денеска, 5 ноември, е прогласен за виновен за силување на една обожавателка и за сексуални напади врз три жени. Му се заканува повеќегодишна затворска казна, а неговото име доживотно ќе остане во регистарот на сексуални престапници. Поротата истовремено го ослободила од уште две обвиненија за силување и од едно обвинение за обид за непристоен напад. Пресудата за ...
Во периодот од 3 до 5 ноември, Призрен беше домаќин на 15-тото јубилејно издание на регионалниот натпревар „Зелени бизнис идеи од Балканот 2026“ (Balkan Green Ideas). Оваа традиционална платформа ги обединува и поддржува иновативните претприемачи од шесте земји од Западен Балкан, ставајќи го фокусот врз заштитата на животната средина, циркуларната економија, обновливите извори и одржливиот развој. Најдобрите зелени идеи беа наградени со ...
Заклучно со 5 ноември, на второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја се пријавени 413 средношколски тимови, кои со своите креативни и иновативни идеи влегуваат во трката за инвестиција од еден милион денари. Рокот за пријавување истекува на 11 ноември, а повикот е отворен за сите средношколци во Македонија. За учество не е потребен готов производ, разработен бизнис или претходно претприемачко искуство, туку добра бизнис-идеја, ...
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) го уапси 82-годишниот Томас Маркл Постариот, татко на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, под обвинение за поседување материјали што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца. Апсењето се случило во американската сојузна држава Флорида, откако истражителите пронашле сомнителни фотографии и други предмети во две складишта што ги изнајмувал во Калифорнија, јави Ројтерс. Маркл се соочува со едно ...
Поранешната американска актерка и манекенка Кимари Џонсон почина на 4 ноември, на 50-годишна возраст, откако повеќе од една недела се борела за живот по сериозен здравствен инцидент во својот дом во Лос Анџелес. Публиката ја памети по појавувањето во култната серија „Беверли Хилс, 90210“ и во комедијата „Друже, каде ми е автомобилот?“. Веста за нејзината смрт ја потврди нејзината внука Ронда Скот, која за американските медиуми откри дека ...
Популарен моден бренд за облека и костими за капење се најде на удар на жестоки критики откако беше обвинет дека дигитално ги менува телата на манекенките во рекламните видеа. На снимките, според критичарите, им ги стеснувале половините и им ги издолжувале нозете, иако станува збор за жени кои и без тоа имаат изразено витки и атлетски фигури. – Апсолутно одвратно – реагираше фитнес-тренерот Џексон Џонсон, кој го отвори прашањето за нереалните ...
Џастин Трудо (54) ја посети Норвешка со своите синови, 19-годишниот Ксавиер, познат како Ксав, и Адриен. Таму му се придружи на постариот син во неговата серија видеа во кои пробува и оценува различни јадења. Снимката од нивната заедничка дегустација беше објавена на 5 ноември. Главната ѕвезда на дегустацијата беше „Салма“, норвешки лосос со квалитет погоден за подготовка и консумирање како сашими. Ксав претходно веќе го пробал овој ...