Ана Ѓуриќ – Констракта, овогодинешната претставничка на Србија на Евровизија, е предложена за една од најпрестижните музички награди, Греми. Доколку предлогот биде прифатен, Констрака ќе стане првата Србинка номинирана за оваа награда, а како што откри таа, номинацијата ја предложил член на Академијата за снимање уметности и науки. Уметницата преку Инстаграм откри дека е во трка за номинација во категоријата за најдобар нов уметник, а ...

Мими Шербеџија, уметнички Елиот Алма, е ново име на кантавторската сцена и го претставува синглот „Eliot and I“, најавувајќи го првото ЕП издание кое се очекува наскоро да излезе. Мими Шербеџија е ќерка на актерот, поет и музичар Радe Шербеџија, па нејзината љубов кон музичката уметност не изненадува. Откако му се предаде на музичкиот тек, Мими создаде лик Елиот Алма преку кој ќе претстави песни кои зборуваат за нејзините најинтимни и искрени ...

На 28 октомври, петок, Владимир Четкар после подолго време ќе се претстави пред скопската публика со свој концерт во Станица 26. Концертот ќе започне во 21 часот и ќе трае до 23 часот. Билетите во вредност од 600 МКД можат да се набават преку продажната мрежа на купи карти за се. После овој концерт, Четкар заминува за Америка каде ќе ја одржи својата есенска турнеја низ некој од најпрестижните амерички џез клубови и културни институции како ...

„Милион денови“ е насловот на новата песна на ДНК. Станува збор за одлична балада која и овој пат е со потписите на едната половина од двоецот – Панчо и Лазар Цветкоски, односно музиката е на Панчо и Лазар, текстот е на Панчо, а аранжманот на Лазар. Видеото е работено под режисерската палка на Владимир Митревски – Ѓуле, фотографијата е на Кристијан Војдановски, а за продукцијата се погрижи Фокус филм. Кадрите за видеото се снимени на повеќе ...

Во предвечерјето на 11 Октомври – Денот на народното востание, со Медал за заслуги за Република Северна Македонија им оддаваме почит на дел од нашите врвни уметници кои создаваа и интерпретираа песни за животот на нашиот човек низ вековите и неговата борба за слобода и човечки предизвици. Уметниците кои денес ги одликуваме ги посветија животите на промовирање на народното творештво, како суштински елемент на македонскиот идентитет. Преку ...

Red Bull Campus Clutch е повторно во игра. Се работи за глобален студентски турнир во играње Valorant на кој ќе земат учество повеќе од 50.000 студенти од 300 универзитети од 50+ држави. Притоа, истите тие ќе земат учество на повеќе од 400 натпревари низ целиот свет за влез на единственото глобално финале во Valorant. Инаку Valorant или една од најозборуваните, најгледани и најиграни игри во последниве неколку години, е играта која се игра на ...

Младиот пејач Никола Станишиќ деновиве го снима неговиот видеозапис првенче за песната “Единствена“. Никола беше дел од популарните српски Тв шоуа “Пинкови ѕвезди“ и “Ѕвездите на гранд“. Вели дека таму добро поминал . “Во овие тв шоуа барем како пејач ја победив тремата, добив голема самодоверба, што е многу битно за еден естраден уметник. Србија е голем пазар, за разлика од Македонија, таму е голема конкуренцијата и се е тоа ок. Македонските ...

Ангел Спасов е ново име на домашната музичка сцена. Станува збор за младо момче, средношколец кој доаѓа од Струмица. Тој не случајно е во светот на музиката, која покрај медицината му е огромна љубов, и не случајно најавноста ѝ ја промовира својата прва песна со наслов „Ме изгуби ти“,спакувана од веќе докажаниот хит-мејкер Роберт Билбилов. Дебитантската песна на Ангел носи свеж и модерен призвук, а таков е и концептот на видеото, потпишано од ...

Ангел Спасов е ново име на домашната музичка сцена. Станува збор за младо момче, средношколец кој доаѓа од Струмица. Тој не случајно е во светот на музиката, која покрај медицината му е огромна љубов, и не случајно најавноста ѝ ја промовира својата прва песна со наслов „Ме изгуби ти“,спакувана од веќе докажаниот хит-мејкер Роберт Билбилов. Дебитантската песна на Ангел носи свеж и модерен призвук, а таков е и концептот на видеото, потпишано од ...

Најавен со спотот за песната „ Ti si sav moj bol“, штотуку излезе албумот „EKV Unplugged Skopje 1992“ во продукција на Фондацијата „Милан Младеновиќ“. Единствениот акустичен концерт во кариерата на ЕКВ, кој го изведе целиот бенд, се одржа на крајот на ноември 1992 година во камерното Студио М1 на Македонската Радио Телевизија, како дел од мини-турнејата во Македонија на која беше промовиран албумот „Дум Дум“. Концертот се пренесуваше во живо на ...

По одличната „Среќа и несреќа“, Бојана Скендеровски денеска најавноста ѝ ја претставува моќната балада со наслов „Сонце меѓу сенките“.И оваа композиција, како што веќе и најави Бојана, ќе биде дел од новиотстудиски материјал што паралелно се подготвува и за домашниот, но и за пазаротво соседството. „Интересно за оваа тема е што воопшто не ми беше во план ниту да ја снимам ниту да се најде на веќе најавениот албум, но штом ја слушнав буквално се ...

Македонската поп-дива Калиопи по подолга пауза ќе одржи солистички концерт во Македонија. По многубројните концерти во регионот, а на покана од Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, Калиопи подготвува вистинско музичко доживување за македонската публика. Концертот ќе се одржи на 26-ти ноември 2022 година, на големата сцена „Петре Прличко“, со почеток во 20.00 часот. Влезниците се во продажба на билетарницата на театарот. ...

Зарина Првасевда, после успешниот концерт во Националната Филхармонија по повод издавањето на нејзиниот прв албум „ЕХО“ , кој беше распродаден до последна карта, објавува дека ќе одржи концерт придружувана од нејзиниот ансамбл во Битола на 13 октомври. На 13 октомври со почеток од 20 часот во Центарот за култура во Битола ќе има можност нејзиниот концерт да го проследи битолската публика. На овој концерт Зарина Првасевда ќе ги изведува песните ...

Горан Бреговиќ е сослушан во Основното државно обвинителство во Котор поради сомнение дека запоседнал 4 квадрати туѓа земја. Бреговиќ на судењето изјави дека не ја признава вината и извршувањето на кривичните дела што му се ставаат на товар. “На локацијата немаше градба, само ѕидот што беше таму беше саниран. и кога ја купив парцелата вратата која беше поправена исто така беше на ѕидот, бидејќи само така се влегуваше во градината. Единствено е ...

Веќе години наназад на националната Телевизија Сител во рамки на утринската емисија “Ја сакам Македонија”, во вторник и четврток, се емитува добро познатата репортажа “Мое село со Томче” која што главна и основна цел е промоција, презентација и запознавање со македонските села и сите оние помали и поинтересни места во нашата држава кои заслужуваат да бидат претставени и видени од македонската јавност и публика. По неколку месечна пауза, како ...

Горан Бреговиќ е сослушан во Основното државно обвинителство во Котор поради сомнение дека запоседнал 4 квадрати туѓа земја. Бреговиќ на судењето изјави дека не ја признава вината и извршувањето на кривичните дела што му се ставаат на товар. На локацијата немаше градба, само ѕидот што беше таму беше саниран. и кога ја купив парцелата вратата која беше поправена исто така беше на ѕидот, бидејќи само така се влегуваше во градината. Единствено е ...

Традиционалната манифестација „Самун ем татлија“ во Радовиш оваа година повторно ќе се одржи по пауза од 2 години. Програмата започнува на 30-ти септември а ќе трае до 2-ри октомври. За разлика од претходните години, оваа година ќе настапуваат само македонски изведувачи. На 30-ти септември ќе настапат „Бајабо Бенд“, „Викторија Бенд“ и „Брас Брадерс“. Во сабота, на 1-ви октомври ќе пеат Јовче Пандев Бенд, Игор Џамбазов со Гуру Харе и Ибишеви. На ...

Елена Ристеска, една од најпознатите македонски поп пејачки неодамна се врати од Мајами. Кога пак заминуваше натаму на социјалните мрежи напиша: „Мајами, отсега ништо нема да ги раздели“. Сите се прашуваа каде е и што прави Ристеска во Мајами, и по кој повод е замината токму на тоа место. Но дали поради носталгијата која што ги фаќа сите Македонци кога ќе заминат во некоја далечна земја, или нешто друго е во прашање, сите повторно се враќаат од ...

Аца Лукас ретко зборува за своите наследници, бидејќи тие не се дел од јавниот свет. Меѓутоа, во една емисија Лукас зборуваше за децата и посочи по кој пат не би сакал да тргнат неговите наследници. „Не би сакал моите деца да земаат наркотици, само тоа. Ако сакаат, можат да се венчаат осум пати. Не знам што има лошо во тоа. Само да не се дрогираат. Многу е полошо да се омажиш еднаш и да останеш во тој лош брак до крајот на животот, отколку да се ...

Популарниот пејач Ацо Пејовиќ драстично го промени својот изглед. Тој практикувал режим на исхрана кој за него го подготвила познатата нутриционистка Ана Петровиќ. Па токму на промоција на нејзината најнова книга дојде Пејовиќ да ја испочитува. На овој настан по подолго време го виде јавноста, па коментарите беа зачудувачки. Сите беа позитивно изненадени што тој е во топ форма, во каква не бил никогаш досега. Ацо откри дека конзумирал исклучиво ...

Приходите одат за хуманитарни цели, како и парите остварени од продажбата на 24 други лотови поврзани со франшизата, а по повод прославата на 60 години Џејмс Бонд. Предмети од 35 други лотови може да се купат онлајн на аукцијата, која ќе трае до 5 октомври. Репликата DB5, моделот со потпис на агентот 007, е едно од осумте возила специјално дизајнирани и произведени за играниот филм од 2021 година и е единственото возило за каскадер понудено на ...

15 години од последниот концерт на Тоше Проески, Министерството за култура и Спомен-куќата на Тоше најавуваат концерт на 5-ти октомври. Првпат Крушево ќе биде домаќин на сите музички пријатели на Тоше, кои ќе исполнат дел од неговите вонвременски хитови. Ѕвезденото небо за Тоше ќе се случува на платото пред неговата Спомен-куќа во Крушево, со почеток во 19 часот, а дел од него ќе бидат: Каролина Гочева, Бени Шаќири, Јелена Томашевиќ, Бојан ...

Вечерва, 28 септември, со почеток во 21:00 часот, во пријатна и опуштена атмосфера во познатото центарско кафуле Макка, Јон ја кани публиката да биде дел од неговата музика. Тој ќе отсвири и отпее 12 до сега необјавени авторски песни во акустична верзија пред својата публика. За прв пат на нашата сцена, музичар ја вклучува публиката во изборот на песни кои ќе се најдат на првиот албум. Јон, на нашата публика познат по специфичниот вокал и звук, ...

Пејачката Лепа Брена лансираше линија на женски чорапи со хијалуронска киселина и златни наночестички. По тој повод, балканската ѕвезда организираше дружба за медиумите, но и за колегите и пријателите во еден белградски хотел. Ова е всушност идеја и моја голема желба од 1987 година бидејќи чорапите, како што знаете, се делот од модната колекција што најмногу се кине. Кога се родив, беа и чорапите. Таа моја голема желба успеа да се оствари кога ...

Легендарниот бенд Партибрејкерс прослави 40 години постоење, а по тој повод приредија рокенрол забава за паметење на Саемот во Белград, пишуваат српските медиуми. Партибрејкерс ги отсвиреа своите големи хитови, а публиката уживаше во добрата музика и атмосфера, се наведува во написите. „Да направиме заедно едно грејно тело. Одовде изгледа одлично“, изјави фронтменот на бендот на почетокот на концертот. Овој бенд е основан во август 1982 година, ...

Подигнат во 1923 година, познатиот знак поставен во Холивуд Хилс над Лос Анџелес, главниот град на филмските студија, ќе биде изведен за да се подготви за прославата на 100-от роденден. Работата ќе започне утре и ќе трае осум недели, објави Холивуд Сајн Траст, фондацијата одговорна за заштита на локацијата. По темелното чистење под притисок, ќе се префарбаат буквите високи 14 метри, за што се очекуваат приближно 1.500 литри заштитна обвивка и ...

Служењето на воениот рок во Македонија не е задолжително веќе десетина години, односно последната генерација што задолжително мораше да служи воен рок беше во 2006 година. Но од 2011 година граѓаните што ги исполнуваат условите поставени од АРМ можат да се пријават за доброволно служење на воениот рок. Притоа, кандидатите мора да имаат наполнето 18 години, но и да не бидат постари од 26 години. Но после толку време денес постојано се поставува ...

Младата македонска музичарка Дина Јашари со песната „Дома“ е најновиот, четврти лауреат на музичката награда „Милан Младеновиќ“, чиешто доделување се одржа во средата на 21-ви септември во Белград. Видно возбудена Јашари однапред се извини што зборува на македонски јазик, бидејќи не зборува доволно добро српски. „Навистина останав без зборови. Ви благодарам многу што го поддржувавте регионот и не следите нас уметниците во сите области, тоа многу ...

Уапсен е Адмир Арнаутовиќ, менаџерот на познатите босански рапери Буба Корели и Јала Брат, откако службеници на полициската управа на МУП на кантонот Сараево, по наредба на Обвинителството на Босна и Херцеговина, извршиле акција. Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело, повреда на доверливоста на постапката. Уапсен е и член на Дирекцијата за координација на полициските органи на БиХ. Врз основа на наредба на Судот на Босна и ...

Љубовниот живот на Хајрудин Хари Варешановиќ, фронтменот на популарната група „Хари Мата Хари“, во минатото бил доста интригантен. Имено, пејачот во младоста се заљубил во Аида, уште кога имал само 19 години, а се венчале на крајот на 1983 година. Церемонијата на заветување на вечна љубов и верност поминала интимно, без многу помпа, во кругот на пријателите, а две години подоцна (во 1985 година) се родила нивната ќерка Наѓа. Варешановиќ во едно ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
60%
1011
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
66%
1008
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
78%
1008
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
64%
1012
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.08
45%
1010
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
92%
1009
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
0.89
73%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
60%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
40%
1012
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
63%
1010
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
56%
1006
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
68%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641