Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Како што неофицијално дознава музичкиот портал Музика24, познатата македонска естрадна новинарка Билјана Крнческа, уредничка и новинарка во интернет порталот “Свет Аустралија” ќе се сели во Германија. Дали информацијата е точна очекуваме потврда од Крнческа. Инаку, веќе извесен подолг период нејзината ќерка Адела работи и живее во Берлин, Германија каде заминува и нашата колешка Биба. Им посакуваме мирен и лесен лет, убаво поминувајте и се ...
Оваа сабота, 29-ти јули со почеток во 20 часот, ќе се одржи осмото издание на традиционалниот музички настан “Вино и Џез” со Владимир Четкар Џез-Соул-Фанк Ансамбл во “Monastery Winery” во Село Опеница, Охридско. Посетителите на овој уникатен настан кој од година во година станува се попопуларен ќе можат да уживаат во прекрасните вина на винаријата од охридскиот и тиквешкиот регион како и во авторската музика на македонскиот кантавтор и ...
Можеби една од највпечатливите македонски песни „Едно име имаме” отпеани од грлото на легендарниот Јонче Христовски, која е и своевидна химна и една од оние аманет-композиции со кои се идентификува македонскиот народ, маестро Николче Мицевски во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме” ја спакува во ново руво, а Александар Тарабунов се обиде да ја донесе онака како што тој знае и умее. „Едно име имаме” ја пеам одамна и ми е многу ...
Врвниот македонски пијанист, Бобан Мирковски ја продолжува концертната промоција на неговиот најнов музички проект со наслов „АЛБУМ“, кој содржи 12 најпознати македонски композиции изведени на пијано, овој пат во Охрид. На 5 август (сабота), на магичниот амбинет на Долни Сарај, под небо од ѕвезди, во пијано изведба публиката ќе има прилика да ги слушне најпознатите македонски евергрини, создадени во периодот од 1969 до 2001. Концертот ќе ...
Бритни Спирс по седум години пауза објави нова песна. Станува збор за дует со раперот vill.i.am наречена “Mind Your Business”, а коментарите и реакциите се поделени. Едни се воодушевени, на други не им се допаѓа. Многумина забележаа дека гласот во песната не е на Бритни и дека е преработен. Американските медиуми пишуваат дека добро во целата оваа работа е што поп пејачката конечно се врати на музиката. За потсетување, нејзината последна песна ...
Порталот Celebrity networth (скратено CNW) објави нова, ажурирана листа на најбогатите луѓе во светот на забавата, а меѓу нив има многу личности од Балканот. Први на листата се Дино Мерлин и Драгана Мирковиќ. Оваа веб-страница пренесува дека имотот на босанскиот музичар и фолкерката се проценува на по 100 милиони долари. По нив е Светлана Цеца Ражнатовиќ чија заработка е околу 80 милиони долари. Јелена Карлеуша е трета на листата со двојно ...
Познатиот и мега популарен Саша Ковачевиќ после подолго време, денес во 18 часот на својот YouTube канал ја промовираше својата најнова песна “Грешка”. Како и секогаш во негов стил, истата таа песна ја промовира заедно со интересна, љубовна и помалку хомуристична приказна спакувана во одличен и ексклузивен видео спот снимен во Баку, Азербеџан. Музиката се на Саша и неговиот брат Раде, додека пак за текстот се погрижи Милан Милетиќ. Видеото ...
Легендата на југословенската рок-сцена и поранешен член на бендот Бијело Дугме, Жељко Бебек, всушност има малку поинакво име од она по кое сите го знаат. Пејачот во една прилика го откри своето вистинско име. „Јас сум всушност Желимир, но никој никогаш не ме нарекува така“, рекол пејачот во поткастот на „Вечерњи лист“, а потоа открил дека сите се изненадиле кога во документите го виделе неговото вистинско име: „Тоа е напишано во документите и ...
Како што пишува порталот “Свет Аустралија”, Анета Мицевска после дваест и две годишна брачна заедница со познатиот музичар Џими Мицевски, спогодбено се разведува. Според изворите на “Свет Аустралија” и нашата колешка Билјана Крнческа, оваа информација не е шпекулација или измислен трач, туку е 100 проценти проверена и потврдена од засега анонимниот извор. Додека Анета и Џими се уште одлично професионално функционираат и соработуваат, ...
„Ој, Вардаре македонски” е една од оние песни кои будат емоција уште со првите тактови. Таа е меѓу композициите кои остануваат трајно врежани во македонскиот музички код и песна која ќе остане како вистинско музичко ремек-дело кое ги разгалува срцата и душите на Македонците каде и да се. Оригинално е отпеана од великанот Јонче Христовски, но оваа безвременска тема магично звучи и во интерпретација на Марија Спасовска, млада девојка која ...
Тамара Тодевска не губи време и на публиката повторно и понуди нешто ново и различно по втор пат годинава. Имено, Тамара ја објави својата нова песна „Торнадо“. Интересно е што текстот го потпишува српската пејачка и текстописец Ана Радоњиќ, попозната како Зои Кида, а за музиката и аранжманите беа задолжени Тамара и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател Лазар Цветкоски. Спотот за песната го изработи продуцентската куќа „Дивижн“, а во ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24, “Пивофест” годинава ќе има. Иако поради веќе познати причини истиот се одложи и презакажа за следната 2024-та година од т.н. организатор, од страна на Општина Прилеп тоа го негираат и најнова информација е дека Фестивалот на пивото и скарата годинава во Прилеп ќе се одржи кон крајот на месец август, неофицијално од 31-ви август до 3-ти септември. Градоначалникот на Општина Прилеп тоа го потврди и ...
„Ој, Вардаре македонски” е една од оние песни кои будат емоција уште со првите тактови. Таа е меѓу композициите кои остануваат трајно врежани во македонскиот музички код и песна која ќе остане како вистинско музичко ремек-дело кое ги разгалува срцата и душите на Македонците каде и да се. Оригинално е отпеана од великанот Јонче Христовски, но оваа безвременска тема магично звучи и во интерпретација на Марија Спасовска, млада девојка која ...
Најголемиот рок бенд на сите времиња во Македонија, легендарните „Леб и Сол“, на 5-ти август во Античкиот Театар во Охрид, ќе оддржат целовечерен концерт што дефинитивно покрај фестивалот „Охридско Лето“, претставува најголем културен настан ова лето во Охрид. После фантастичната балканска турнеја, „Леб и Сол“ пред домашната публика ќе се претстават со најдоброто од нивната долгогодишна кариера, а ако се земе во предвид и преубавиот простор, ...
Општина Кисела Вода во четврток ќе го одбележи својот 68 роденден, а по тој повод ќе има низа случувања. Дел од нив ќе бидат со инфраструктурен карактер, како продолжение на бројните проекти, а ќе има и дел посветен на културата, музиката и забавата. „Сакаме да ги повикаме сите граѓани, од Кисела Вода, но и сите оние од другите општини и градови, кои сакат да поминат убава вечер и да бидат дел од манифестацијата „68 години Кисела ...
Со спектакуларен концерт на Нокаут, како незаборавна завршница на Културното лето, Општина Кисела Вода го прослави својот 68-ми роденден. Преку 30.000 жители дојдоа во Расадник и заедно ги пееја најголемите хитови со бендот кој и самиот има историско значење во македонската музика. Во навистина незаборавна атмосфера, “Фатална опсесија”, “Лебедот бел”, “За нас”, “Знаеш каде да ме најдеш” и многу други одекнуваа два часа во чест на славеничкиот ...
Македонската фолк пејачка Сања Цинцева или позната како Барби вчера на социјалните мрежи ја објави нејзината најнова песна со наслов „Срце Балканско“. Барби, која важи за една од нашите попознати музички имиња на фолк-сцената, со овој нејзин најнов музички проект објасни како треба да звучи, но и да изгледа новосоздадениот македонски фолк. Покрај новата песна, Барби со својот тим од соработници се потруди да сними и интересен видеоспот, во ...
„Стара рана“ е насловот на најновата песна во изведба на Боби Павловски. Станува збор за побрза композиција, спакувана во стилот на 80-те години и интересно е дека таа својата официјална промоција ја има на истиот датум како и нумерата „Поносан“. „Музиката, текстот и аранжманот се на Милан Раѓен мојот веќе проверен соработник кога станува збор за аранжманите на нумерите снимени на српски јазик и, исто така, комплетен автор на „Поносан“ која ...
Преку 15.000 илјади посетители вчера вечер уживаа во фантастичната атмосфера на првата вечер од Културното лето на Општина Вода. Настанот го отвори DJ Mats кој со својот добро познат стил го подигна расположението кај сите присутни. Час и половина хип хоп, најпопуларните хитови на кои се играше и пееше на преполниот простор пред салата Расадник, уште еднаш покажаа зошто DJ Mats беше одличен избор за отворањето на неделата во која Кисела Вода ...
Со свечена академија во Центарот за култура – Битола, вчеравечер Камерниот оркестар на Битола го одбележа својот јубилеј – 10 години од возобновувањето. Историјата на Битолскиот камерен оркестар е повеќе од четири децении, но на 4-ти јули 2013 година по неколку години пауза е одржан првиот концерт на новиот состав на оркестарот. На свечената академија беше објавено официјализирањето на статусот националана установа на Камерниот оркестар на ...
Технолошко-забавните компании „МСГ“ и „Сфер ентертејнмент“ почнаа со тестирање на салата „Сфер“, што ќе има 17.600 седишта и најсофистицирани концертни ефекти. Изградбата на куполата почна во 2019 година, а пандемијата и технолошката сложеност ѝ ја зголемија цената до 2,3 милијарди долари. Ова е најскапата градба во Лас Вегас досега, бидејќи стадионот на рагби-клубот Рајдерс чинеше 1,9 милијарди долари. И надворешноста на куполата, според ...
Поп-ѕвездата од Порторико Рики Мартин и неговиот сопруг Џван Џозеф се разведуваат по 6 години брак. „Одлучивме да го завршиме нашиот брак во љубов, почит и достоинство за нашите деца, почитувајќи го сето она што сме го доживеале како пар сите овие години“, објави парот во изјавата за People. „Нашата најголема желба е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и однос заснован на мир и пријателство, да продолжиме заедно да ги воспитуваме ...
Во рамки на новиот студиски албум “Првите 30”, познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов заедно со неговиот добар пријател и соработник Игор Атанасовски (Гуру Харе) неодамна ја промовираа ново обработената македонска песна “Ако умрам ил загинам” од надалеку познатиот македонски пејач, автор, композитор и текстописец Јонче Христовски. Велат, оргиналот си е оргинал, но како звучи преработената верзија на оваа песна од страна на Џамбазов, ...
Пејачката Лепа Брена не сака да ги открива приватните проблеми, но открила дека се соочила со здраствен проблем, поради кој морала да оди на итна операција. Имено, Брена признала низ што морала да помине. „Имав сериозна операција на циста на јајникот во 2010 година. Мојот доктор Саша Љубиќ ми кажа да го направам тој познат БРЦ тест, кој покажа дека имам мутиран ген и големи шанси да добијам рак на дојката. Тумор маркерот ми беше доста ...
Пејачката Дара Бубамара денес живее во изобилство, но тоа не било така кога била мала, па открила дека пораснала на леб и маст. „Пораснав во сиромаштија, јадев маст и леб, а сега сакам да јадам во скапи ресторани и да „бркам“ луксуз! Одмарам во Миконос, во Дубаи… Избирам само скапи хотели, каде понекогаш поминувам само неколку часа затоа што веднаш летам. Купувам добри автомобили и дизајнерска облека. И најважно е што никогаш немав спонзори ...
Озборн вели дека бил оптимист откако му понудиле учество на фестивалот во Калифорнија, но сепак, не би можел да го издржи напорот. Тој требаше да настапи на 7 октомври покрај австралискиот бенд „Еј-си-ди-си“, американскиот „Ганс ен роузис“ и „Ајрон мејден“ од Велика Британија. Во известувањето, Ози вели: „Колку и да беше ова болно, морав да донесам одлука да се повлечам од „Пауер трип“ во октомври. Мојата првична намера и онака беше да се ...
Кога Арета Френклин почина од рак на панкреасот во август 2018 година, сите мислеа дека таа не оставила тестамент за имотот вреден милиони долари. Но, девет месеци подоцна, три рачно напишани тестаменти беа пронајдени во нејзиниот дом во Детроит, Мичиген, вклучително и еден заглавен меѓу перниците на софата во дневната соба. Овој април никогаш претходно слушнати говорни пораки пред смртта на кралицата на соул-музиката за потенцијален четврти ...
На 15-ти јули, на добропознатото кошаркарско игралиште во Влае, Скопје, ќе се случи најмасовниот шампионат во 3×3 баскет – Red Bull Half Court. На кратко, се работи за турнир во 3×3 баскет кој се одржува во 28 држави ширум светот, а завршува со светското финале во Белград, кое ќе се одржи од 16-18 септември на Калемегдан. Со повеќе од 15.000 очекувани натпреварувачи, Red Bull Half Court е најголемиот глобален натпревар во 3х3 баскет. Која е ...
„Болен ми лежи Миле Поп Јорданов” не звучела никогаш помоќно од сега – отпеана од златното грло на Наум Петрески, а спакувана со мерак од маестро Николче Мицевски. „Оваа песна е легендарна за нас Македонците и треба да се негува, впрочем, како и сите патриотски песни кои оставиле трага во нашата историја. Чест ми е што ја пеам во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме”, а уште посреќен сум што можам да испратам една убава порака, ...
„Катаклизма” е насловот на новата песна на момците од Браво бенд, која јавноста веќе има можност да ја чуе после повеќе од 5-годишна пауза од создавање авторска музика. „Не би сакале да звучи како клише, но паузата што ја направивме во изминатиот период одлично ни дојде за добро да размислиме во која насока ќе се движи нашата кариера во иднина, а заедничкиот заклучок е – ова е само почеток на сето она што публиката допрва ќе го чуе и види од ...