Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Доналд Трамп за „Фокс њуз“ изјави дека со висок степен на сигурност, напаѓачот врз Чарли Кирк е фатен и уапсен. „Со висок степен на сигурност мислам дека го имаме“, рече тој. „Тој е во притвор“. Трамп исто така рече дека бил пријавен од страна на „некој што бил многу близок до него“. Убиството на Чарли Кирк е најновото во долгата низа политичко насилство во САД во последните години. Ова вклучува обид за атентат врз Доналд Трамп, како и напад ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави итно решавање на проблемот со дивата депонија Вардариште во Скопје. Изрази и сомнеж и неверица дека пожарите кои се случуваат по депониите се случајни,истакнувајќи ја смптоматичноста што ова се случува во претпријатија каде има кадар на опозициската ДУИ. -Тоа што со децении не е санирано, тоа за што никој со децении не водел сметка, ние ќе го решиме за неколку денови, за недела дена ќе го разрешиме. ...
Тројца починати работници и двајца тешко повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, каде утринава од мостот на Балталиска Река, во близина на штипското село Лакавица, излета комбе во кое се превезувале работници. Директорот на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“, Горан Андонов за МИА вели дека медицинскиот тим на Итната медицинска помош на лице место констатирале смрт на две лица, третиот работник е ...
Одделот за јавна безбедност (ДПС) на Јута објави видео-снимка на која е осомничениот за убиството на американскиот десничарски активист Чарли Кирк. На снимката се гледа како осомничениот трча преку кровот на школска зграда и потоа влегува во шума, каде подоцна е пронајдена пушката со која е убиен Кирк. Осомничениот на кровот остава отпечаток од дланката, кој би можел да содржи ДНК, а остава и отпечаток од патиките. Бо Мејсон од ДПС изјави ...
„Чарли Кирк го правеше она што често го правеше, држеше говор и дебатираше во стилот ‘докажи ми дека грешам’, кога фигура облечена во темна облека се појави на покривот и испука еден истрел, погодувајќи го во каротидната артерија. Снимките на социјалните мрежи се морничави“. Вака дописничка на Би-Би-Си го коментира случајот со убиството на сојузникот на американскиот претседател Доналд Трамп кое ја потресе Америка. Американските власти ...
Системот за влез/излез на ЕУ започнува со постепена примена од 12 октомври. Ова е мерка што се презема за зајакнување на безбедноста на сите влезни точки на ЕУ. Ќе биде постепена, но и ќе го олесни процесот на влез во ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас. Во пракса, како што појасни Рокас, тоа значи дека граѓани од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со фингерпринт и фотографии, но откако ова еднаш ќе се направи, ...
За време на минутата молк за Чарли Кирк во американскиот Претставнички дом избувна жестока расправија. „Ве молам, станете за момент молитва за Чарли Кирк и неговото семејство“, ги повика присутните претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон. Додека пратениците стоеја во тишина во речиси целосно исполнетата сала на Претставничкиот дом, за време на минутата молк за влијателниот десничарски активист што беше убиен на универзитетски настан ...
Чaрли Кирк (31), влијателен десничарски активист, близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на организацијата Turning Point USA (TPUSA), е мртов. Тој беше застрелан во вратот околу 12:25 часот по локално време за време на настан на Универзитетот во Јута Вали. Видеата што кружат на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога беше застрелан додека зборуваше под шатор во дворот на универзитетот, пред собрана публика ...
На видеолотариските терминали во Скопје, освоена е најпосакуваната ВЛТ добивка – СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот. Среќниот играч А:А. од Скопје на 09.09.2025 година ја освои фантастичната добивка од 6.903.339 денари на терминалите кај нашиот деловен соработник Клуб Спорт 77 Евротип. 40 Брнинг Хот е неговата среќна игра. Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува уште повеќе радост, исполнети соништа и незаборавни ...
Тешко е да се замисли дека најновото навлегување на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор било грешка, вели Џим Таунсенд, поранешен заменик-помошник секретар за одбрана на американската војска. „Еден дрон е грешка, повеќе беспилотни летала не се грешка“, изјави тој за „Њуздеј“ на Би-Би-Си. „Ни треба повеќе време за Полска да разбере што пронаоѓа и да види каков е нивниот став“, рече тој, додавајќи: „Но, ова најверојатно е тест ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. ...
Службата за општи и заеднички работи на Владата отопочна постапка за брендирање, односно означување на сите службени возила во државата. Целта е до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локалните избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани, односо да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја, изјави директроот на Службата за општи и заеднички ...
Вчера на магистрален пат Гостивар-Кичево, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода П.Д.(26) од Крива Паланка затоа што со патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистарски таблички, кое го управувал, извршил непрописно престигнување на колона возила на непрегледна кривина. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена ...
Патниците кои планираат да ги посетат Соединетите Американски Држави наскоро ќе се соочат со повисоки трошоци бидејќи повисоките такси за визи и влез стапуваат на сила на крајот на септември. Промената ќе ги погоди посетителите од земјите-партнери, вклучувајќи го и поголемиот дел од Европа, објави Си-ен-ен. Главното зголемување на цената е за ЕСТА Главното зголемување на цената е за Електронскиот систем за авторизација на патување (ЕСТА), кој ...
Во катедралниот храм на Православната Црква во Америка „Св. Николај Чудотворец“ во Вашингтон, во вторникот е отслужена заедничка света литургија од Митрополитот Вашингтонски и Архиепископ на цела Америка и Канада г.г. Тихон и Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, пренесува Литургија.мк. На литургијата сослужуваа многубројни архијереи, свештеници и ѓакони од различни помесни православни Цркви. ...
Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога жичницата „Глорија“, стара 140 години, една од главните туристички атракции во Лисабон, излета од шините. Уште 18 лица се однесени во болница, од кои пет се во сериозна состојба, потврдија службите за итни случаи, објави Би-би-си Њуз. Властите соопштија дека меѓу загинатите во несреќата, која се случи вчера околу 18:05 часот, има странски државјани, но нивната националност сè уште не е ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес се обрати на поставувањето на камен-темелник на нов продажен маркет на „Лидл“, проект кој е важен за македонската економија и за македонските граѓани. Порача дека со оваа инвестиција, Македонија добива нова енергија, нови работни места и нова потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите. -Новиот малопродажен објект на „Лидл“ ќе се протега на површина од 3.438 квадратни метри, со модерен продажен ...
На социјалните мрежи е објавено видео со вознемирувачка содржина на кое се гледа како малолетнички тепаат друго девојче. Од МВР информираат дека малолетничките и нивните родители се повикани во полициска станица. „СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојче од Чаир, извршен од страна на малолетнички, кои го снимале настанот и го објавиле на социјалните мрежи. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР ...
Група од десетина вработени на чело со Виктор Димовски, поранешен директор на АНБ и Јовче Ременски, поранешен висок раководител во Агенцијата, имале задача да откриваат непријателски елементи во државата чија цел била да ја урнат актуелната власт и биле против евроинтеграцијата на Македонија, односно биле против францускиот предлог. Главна цел за собирањето на информации за нив биле високи претставници на тогашната опозициска партија ...
Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска е осуден на две години затворска казна поради нападот врз неа. „Основен кривичен суд Скопје известува дека судот на 02.09.2025 година ја донесе и јавно ја објави пресудата по предметот К.бр.1338/25, со која обвинетиот С.Љ. го огласи за виновен за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 вв со став 1 од Кривичниот законик, ...
Вчера во 19:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 16:00 часот од вулканизерска работилница во Струмица одзел мопед „сузуки“ со струмички регистарски ознаки. С.В. бил задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал делото. Од него бил одземен и мопедот и бил вратен на сопственикот, соопшти МВР. Запознаен е јавен ...
Денеска сме собрани околу една идеја која е темел на секоја зрела демократија- отворената власт. Со самото наше присуство овде испраќаме јасна порака: политичката волја и решеноста на Владата да продолжи со реформите во борбата против корупцијата, модернизацијата на јавниот сектор, дигиталната трансформација и јакнењето на демократската стабилност кои што како поими не се декларативни, туку реални и практични, истакна премиерот Христијан ...
Милиони деца од аутистичен спектар би можеле несвесно да патат од недостаток на важни витамини, покажува новото истражување кое ја истакнува поврзаноста на исхраната и аутизмот. Веќе е познато дека децата со аутизам се склони кон пребирање на јадења, како и страв од непозната храна, но конкретните последици на таквите прехранбени навики досега не биле доволно истражени. Истражувачи од Сингапур ги проучувале прехранбените навики кај повеќе од ...
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, а повеќе од 1.500 се повредени, соопштија официјални лица, додека хеликоптери ги превезуваат ранетите на безбедно од урнатините додека тие бараа преживеани. Катастрофата ќе го зголеми притисокот врз јужноазиската земја, која веќе се бори со хуманитарни кризи, од нагло намалување на странската помош до присилно враќање на многу нејзини ...
Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата. Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше ...
Сонце на Мајорка, ладни пијалаци, неочекувано заведување, врел секс и мрачни заплети – тоа е летниот филм „Fall for Me“ на „Netflix“. Во првите четири денови (од 21 до 24 август) еротскиот трилер со Свења Јунг и Тео Требс во главните улоги, собра веќе 16,5 милиони прегледи, според листата на „Netflix“. На листата се филмови кои не се од англиско говорно подрачје, а драмата на режисерката Шери Хорман минатата седмица го зазела првото место, ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, продолжува со интензивна поддршка за модернизација на земјоделството, а посебен акцент се става и на младите земјоделци. Во интервју за „Newsmax Balkans“, министерот ги претстави резултатите од реализираните повици, но и плановите за следниот период. – Како Министерство работиме во делот на модернизација на земјоделството, веќе се објавени низа јавни повици кои што ...
Фудбалската репрезентација на Македонија во првиот овосезонски репрезентативен прозорец ќе одигра два натпревари – еден пријателски и еден во рамки од квалификациите за Светското првенство. Нашиот најквалитетен национален тим ќе игра пријателски меч со Саудиска Арабија и против Лихтенштајн меч во рамките на квалификациите за пласман на СП наредната година. Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за ...
Во неделата вечерта, министерот Абдулкадир Уралоглу објави видео на мрежата X од него како вози по автопат во близина на главниот град Анкара, слушајќи народни песни и делови од говорот на претседателот Реџеп Таип Ердоган. На неколку одделни снимки на кои ненамерно се гледа брзинометарот, јасно може да се забележи како тој достигнува брзина помеѓу 190 и 225 км/ч. Ограничувањето на брзината на тој автопат во Турција е 135 км/ч. Неколку часа ...
Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на ул.„Никола Минчев“ во Кавадарци, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. -Полициски службеници од ОВР Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т.(43) од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт. Набргу ...